|
|
|
|
|
|
Идниот амбасадор во Турција со скандалозно експозе
За Бучковски, испраќањето на Тасковски е срам за земјава и навреда за Турција
Тамара Грнчароска
Mакедонија го допре дното во надворешната политика со именување на Горан Тасковски за амбасадор во Турција и најдобро е тој да се повлече пред да и' се нанесе штета на земјата со неговото испраќање, реагираа претставниците на СДСМ во собраниската Комисија за надворешна политика откако го ислушаа скандалозното експозе на новоименуваниот амбасадор во Анкара. Тасковски, кој од својата 25-минутна презентација, десетина минути посвети на опишување на своето патување во Турција за да ја запознае земјата каде што ќе амбасадорува, чувствата што го обзеле притоа, но и да се пофали дека тоа што тој е од Битола, која има специјално место во срцето на Турција, е предност за Македонија. Тасковски многу прозаично го опиша моментот кога го видел плацот каде што ќе се гради македонската амбасада во Анкара и каде што имало табла со натпис „сопственост на Р. Македонија“, на што тој бил горд. Потенцираше дека таму присуствувал на свечени ручеци �� вечери, но и дека учел турски. Тасковски на оваа позиција доаѓа од функцијата директор на поштата во Битола и беше еден од оние што мораа да враќаат функции од ВМРО-ДПМНЕ откако го побара тоа Антикорупциската комисија.
Владо Бучковски го нарече срамно именувањето на Тасковски и побара тој да се повлече од позицијата како преголем залак за него и да си ги задржи политичките амбиции на локално ниво. Според Бучковски, во случајот не се виновни поединците, туку политиката на власта, која никаде во „преродбата“ не напишала дека вака ќе ја партизира дипломатијата. Игор Ивановски реагираше уште поостро, велејќи дека со испраќање на Тасковски во Анкара ја навредуваме Турција, која спаѓа во првиот круг земји за Македонија. „Помисливме дека сме во реално шоу и не сакав да поверувам дека тој сериозно го мисли тоа што го зборува“, коментираше тој, според кого неподготвеноста на Тасковски ја надминала и онаа на Треневски. „Со кој акал министерот го одобрил ова“, запраша Ивановски, кој, исто така, побара Тасковски да се повлече пред да и' нанесе штета на земјава како амбасадор. Според него, власта нема кадри штом го испраќа него за амбасадор. За Ивановски тезите на Тасковски се како расказ од прво одделение во стилот: „бело теле, бела крава, бело млеко дава“.
Пред Комисијата вчера својата теза како иден амбасадор во Бугарија ја бранеше и Благој Ханџиски, според кого со земјите со кои немаме отворени големи политички прашања приоритет е економијата. По опширниот приказ на општественото-политичко уредување во Бугарија, Ханџиски ги наведе работите за кои ќе се залага како амбасадор и тоа: информирање на бугарските институции и јавноста за пријателските чувства на граѓаните на Македонија, решавање на статусот на македонското малцинство според меѓународните конвенции, како и потпишување на Договорот за добрососедство како еден избалансиран меѓудржавен акт со кој некои отворени прашања меѓу двете земји ќе станат ирелевантни.
Коментарот на Бучковски за експозето на Ханџиски беше повеќе од персонална отколку од професионална природа, наведувајќи дека го почитува како амбасадор, но не разбира како прифатил да биде амбасадор на оваа влада и политика. Ивановски пак оценувајќи го Ханџиски како еден од луѓето кои придонесоа за спроведување на ригидната надворешна и внатрешна политика на Груевски додека беше амбасадор во Атина, запраша дали тој сега истото ќе го прави и во Софија,т.е. да ги влоши односите место да ги унапредува. Според Ивановски, изјавата на Ханџиски дека Бугарија нема да ја помага интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ наместо да ги приближи земјите, става нови сопки пред тој и да замине во Софија.
|
#
|
Статијата е прочитана 3207 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Jakov |
Датум: 24.12.2010 12:22:03 |
|
Da e samo ovoj, nema da bide strasno. Vaka na vremeto gi simnuvaa partizanite od planinite i gi postavuvaa za ministri,direktori, pa kako zavrsi taa drzava dobro ni e poznato.Vo dolgovi vo gusa i na kraj raspad, a vo meguvreme klatea vrata i zemaa plata.Nekako se povtoruva istorijata,samo sega ubrzano. |
|
|
|
|
|
|
Од: SEAT |
Датум: 24.12.2010 12:36:35 |
|
Bese interesno izlaganjeto na idniot ambasador vo Turcija. Mnogu interesen sostav za 5 oddelenie |
|
|
|
|
|
|
Од: nidzo |
Датум: 24.12.2010 12:46:11 |
|
Komentarite na I.Ivanovski se zlonamerni i zlobni.kamo sreka da imame uste nekolku takvi ambasadori kakov sto e B.Hanziski. I.Ivanovski ne moze ni cevlite na Hanzo da gi cisti. |
|
|
|
|
|
|
Од: P. |
Датум: 24.12.2010 12:55:18 |
|
Ке биде по правилно да се мисли на гредата во своите очи а не на сламката во тугите очи. Бевме сведоци кои и какви амбасадори испорачуваше и што стори СДСМ додека беше на власт со животот во Македонија . Наместо некој да се прави многу умен, ценет и способен, подобро е за подолго време да си се потури со пепел и остане во хибернација 100 години. Така барем за извесно време од него нема да трпиме штети. |
|
|
|
|
|
|
Од: b |
Датум: 24.12.2010 13:09:07 |
|
Срамота за Турција! На ваков човек да дадат агреман! Срамота! Инаку, од нашиве, нможе ни повеке да се очекува. |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 24.12.2010 13:47:28 |
|
Ajde, ajde toa e samo vo stilot na nasata umesnost, kolku imse Branko koga stana premier, kolku imase Gruevski, ministrite... 20 godini Makedonija ja vodea pilistarci. Mora da se prodolzi taka samo taka ke stignete do dnoto na Evropa! Za potsmev. Zemja so plemensko ureduvanje. So masovna sado-mazo psihologija. So sreka. |
|
|
|
|
|
|
Од: simbol |
Датум: 24.12.2010 14:42:53 |
|
Abe koj vi e filmot so ovie demek eksperti za diplomatija pa buckovski e najglasen a poima nema sto znaci diplomat on e pravnik.
I ke se prakaat uste pomladi diplomati barem nema da ne brukaat ovie penzionerite od vremeto na sdsm. |
|
|
|
|
|
|
Од: odi setaj |
Датум: 24.12.2010 14:52:41 |
|
Procitav vo Vest deka noviot ambasador se izraduval na granicata vo Turcija koga mu rekle tamam(demek go razbral zborot)E eve togas uste eden zbor rezil za Makedonskata diplomatija. |
|
|
|
|
|
|
Од: pop |
Датум: 24.12.2010 14:55:34 |
|
A edno prasanje za site "plukaci" na mladite kadri....Pa so godini imavme tipovi kako Stojan Andov Tito Petkovski i sl... vecni politicari i sto tie napravija na Makedonija???
Andov e pedeset godini vo politikata i sto se vrti kako soncogled pravi koalicija so koj stigne isto vazi i za Tito se so cel da zacuvaat pozicii....neli e taka e taka |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 24.12.2010 16:46:57 |
|
Kolku ubav folklor ni e i nasiot odnos kon drzavite pa po sto ke ne prepoznavaat neli ?
Pa nema duri da ne srami kako starine.....oti bil aren.
Ni gospod nemoze da ni pomogne a ne ARNITE. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® |
Датум: 24.12.2010 16:52:22 |
|
Трагичен,но вистинит е фактот дека,македонската дипломатија,ниту досега не беше на некое завидно ниво.Но,уште потрагично е што,наместо напредок во оваа област,имаме апсолутно назадување!На местото за претставници на нашата држава се сместуваат луѓе „кои биле воодушевени“ што ја виделе турската граница и горди на моментот,кога на неонско осветлување,на турските погранични службеници им го покажале својот македонски пасош!Каков зенит на „патриотизам“и „бистрина“!Со излагање,кое доликува на првооделенец во основно училиште,никако на личност која би требало да нè претставува некаде во светот,сакаат да ги протнат партиски полуписмени војничиња во висовите на дипломатијата!Овој,јадниов,не знае ниту проста реченица да состави,за посложена,ќе треба да се изначекаме! |
|
|
|
|
|
|
Од: marika cair |
Датум: 24.12.2010 21:00:57 |
|
buckovski preteruva nemi e jasno sto sposobnost ima hanzdiski?mlatese prazni govori vo sobranie vo 90etite se pokaza kako neodgovoren vo atina kade ostavil dokumenti na nasi ludje vo vozilo i pokrale i nikoj i nisto.......a i zapad praca ambasadori po partiska linija koi vrska nemat od iskustvo za medjunar politika............... |
|
|
|
|
|
|
Од: Ја |
Датум: 24.12.2010 21:34:52 |
|
Сметам дека е подобро за државава сите партиски војничиња-дечишта,именувани за амбасадори а заедно со се министерот да бидат испратени на еден подолг дипломатски одмор на Малдиви,Сејшели и сл.(додека се на власт овие .дРпмнеовски дечишта) тамо како амбасадори бидејќи и онака ќе одат само на шетање и барем нема да ни ја брукаат државава а на нивно место да се испратат сериозни професионалци.Верувам дека така ќе биди многу поисплатливо за РМ. |
|
|
|
|
|
|
Од: dobrivoje |
Датум: 24.12.2010 23:22:33 |
|
Што имавме амбасадори во Србија се појавуваа само на сланинијада во Качарево и одеа по банатските села и им делеа одликувања на селаните , а тие се вчудоневидуваа кога ќе добијат такво одликување.А ист е сегашниот, не се меша во својата работа |
|
|
|
|
|
|
Од: BOZO |
Датум: 25.12.2010 02:23:20 |
|
Ajde dosta veke naogate maani sto sakate kakov narod takvia i ambasadori kakva drzava takva i administracija nikoj nenie kriv sto nemame SPOSOBEN I PISMEN KADAR sto ima veza koj ke bil ambasador samo da gi imame na broj da ne sedat zgradite prazni bostom nekoj nesto raboti ajde ista pesma nasekade KLATI VRATA ZEMAJ PLATA .KOMU SME NIE MAKEDOCITE POTREBNI I KOJ NE SVAKA ZA OZBILNI NESE KARAJTE ZABADIALA SITE STE ISTI LOPOVI . |
|
|
|
|
|
|
Од: Djoko |
Датум: 25.12.2010 09:57:56 |
|
Зошто објавувате само убави текстови, а не и оние кои пишуваат за вистината и каква е реалноста. Ние коментатори сме многу пообјективни од вас новинарите. |
|
|
|
|
|
|
Од: berlin |
Датум: 25.12.2010 10:42:26 |
|
da se prestane so amaterizamot vo diplomatilata,
vreme e za promeni, golemi promeni |
|
|
|
|
|
|
|
|