Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

За чешкиот премиер изборите се матурски испит за Македонија

Македонија ги исполни сите услови за симнување на визниот режим, рече Тополанек

Тамара Грнчароска


Со порака дека Македонија ќе мора да го положи матурскиот испит, а тоа се изборите во март, чешкиот премиер и претседавачот со Советот на Европската унија, Мирек Тополанек, вчера во Скопје изрази очекување дека изборите ќе бидат добри и оти инцидентите ќе останат исклучок од минатото.

Тополанек, исто така, изрази надеж дека Македонија ќе ги исполни осумте препораки од Европската комисија, како услов за добивање датум за старт на преговорите за членство, „по што ќе остане само несреќниот спор за името“.

Во контекст на спорот со Грција, тој изјави дека „ако некое претседателство на ЕУ каже како може да се реши тоа прашање - лаже“. „Тоа е билатерален спор, и како во спорот со Хрватска и Словенија Европската унија може да биде медијатор, но тоа ќе остане билатерален спор“, рече Тополанек. Според него, Грција е членка и тешко е да се замисли дека некоја земја би зазела страна, лоцирајќи го проблемот во спорот околу името на нашата земја со Грција како длабок ментален, историски и психолошки проблем. Потенцирајќи дека спорот се одвива под медијаторство на ОН, чешкиот премиер изрази надеж дека тој ќе се реши до крајот на годината. „Ви држиме среќа да најдете решение, но не може да ви помогнеме“, рече Тополанек.

За очекувањата на нашата земја за визната либерализација тој изјави дека Македонија ги исполнила сите услови за симнување на визниот режим, „но ако има проблем, тој би бил политички“. Тополанек укажа дека ќе се обиде заедно со Шведска, како идна земја-претседавач со ЕУ, терминот за укинување на визниот режим кон Македонија да биде 1 јануари идната година.

Говорејќи за актуелното претседавање на Чешка со ЕУ, Тополанек рече дека тоа е едно од најкомплицираните претседавања во последно време, и не само поради кризата со гасот, Газа и финансиската криза туку и поради амбициозните цели кои чешкото претседателство си ги има поставено. „Наш приоритет е Западен Балкан да се вклучи во ЕУ“, изјави Тополанек, кој рече дека неговата земја чувствува голема одговорност за оние земји кои останаа надвор од Унијата. „Оцените на Европската комисија во 2004 година беа многу позитивни и беше кажано дека и старите и новите земји добија многу од проширувањето“, рече Тополанек, со надеж дека тоа така треба да остане. За грчкото вето за Македонија во Букурешт тој изрази големо жалење, велејќи дека „од таму јас заминав нерасположен“. Со пофалба до македонските војници и за нивното учество во мисиите на НАТО, чешкиот премиер потенцираше дека подготвеноста на Македонија за влез во НАТО „е без никаква дискусија и ќе пробаме да го решиме проблемот за зачленувањето“.

Македонскиот премиер Никола Груевски за посетата на Тополанек рече дека доаѓа во значаен момент, во предвечерјето на изборите и оти со Тополанек имале содржајни и корисни разговори. Претседавачот со ЕУ на македонскиот премиер му ги пренел очекувањата во земјава да се одржат фер и демократски избори и таа да продолжи со својот пат кон ЕУ и НАТО. Груевски рече дека го информирал Тополанек за нашите заложби за членство во двете организации, исто така, и дека за нас е важна и либерализацијата на визниот режим. Притоа, Груевски ги потенцираше позитивните извештаи на трите оценски мисии на ЕК за визната либерализација, како и тоа дека нашата земја очекува поддршка од Чешка и другите земји до крајот на 2009 година да се укине визниот режим.

Груевски на прашањето за спорот околу името со Грција изјави дека „се надеваме да најдеме решение“. Како што рече тој, по јунските избори кај нашиот јужен сосед ќе се интензивираат разговорите и ќе се најде решение кое нема да ги загрозува националниот идентитет и интересите на Македонија.

Тополанек, одговарајќи на новинарско прашање за Лисабонскиот договор и неговата ратификација, рече дека Чешка, како и сите други земји, имаат свои сопствени уставни процедури и дека ќе се држи до тоа при ратификацијата.

Чешкиот премиер и актуелен претседавач со ЕУ вчера се сретна и со претседателот Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, се обрати и пред Националниот совет за евроинтеграции, а имаше средба и со претседателите на собраниските комисии за европски прашања и за надворешна политика.

Црвенковски, како што соопшти неговиот кабинет, се заблагодарил што Чешка Република и во минатото и сега на Македонија и' дава значајна поддршка за нејзините евроатлантски интеграции. Тој истакнал дека ЕУ е единствената алтернатива за Македонија и во исто време тоа е алтернатива и за Унијата. Тополанек се заблагодарил за приемот, нагласувајќи дека е во посета на Македонија во својство на премиер, кој настојува да ги унапреди билатералните односи, но и како претседавач, чија обврска е да придонесува за подобрување на глобалните процеси во ЕУ. Чешка Република, потенцирал Тополанек, и понатаму останува силен поддржувач на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан, вклучително и со Република Македонија.

Велјановски, како што соопшти неговиот кабинет, ги истакнал добрите билатерални односи помеѓу двете држави и меѓу двата парламента и укажал дека македонското Собрание многу сериозно работи на хармонизација со европското законодавство и остварување на реформите.


Статијата е прочитана 786 пати.

Испрати коментар

Од: ана
Датум: 11.03.2009 02:09:26
Дали опозицијата ги гледа овие посети на дипломатите и за која изолација зборат? Ама ги разбирам во недостаток на идеи се ќе направат за власт.
Од: gragjanin na RM
Датум: 11.03.2009 04:31:03
Aman, fala im na Cesite, neka prestanat da ne "branat..." Kutrite doprva se dokazuvaat, a imaat kup problemi...I tie maltretiraat za viza... A od druga strana, pak, ne znam sto ke pravam ako padne sengenskiot zid...Pa jas ne mozam do Bitola da odam, nema prevoz, osven skapanite avtobusi (kupeni 1967) na nekoja krimialka od resen sto go kupi "Transkop"...Aj belki ke kupi nekoj nov avtobis, ama molam Boga da ima i rezervni gumi...(Patalec sum i zatoa snam deka avtobusite osven sto se "anticki' NEMAAT NI REZERVNI GUMI") vPROCEM VO rm NAJEVTINE COVECKIOT ZIVOT
Од: blaze strumica
Датум: 11.03.2009 09:44:36
abe golema rabota dosol nekoj od ceska pa bilo koj da e sigurno on i plus hunzite ni se edinstveno prijateli,za zal e makedonija so takvi kako grujo firerot
Од: Makedonec vo EU
Датум: 11.03.2009 10:28:08
Maturata e eden od uslovite za upis na fakultet. Potoa sleduva priemen ispit, na koj treba da se polozi - a ne da se kritikuvaat kriteriumite na fakultetot, da se raskazuva deka fakultetot ke se raspadne, ili da se narekuva fakultetot fasisticki, dvolicen, itn.
Од: vlado
Датум: 11.03.2009 11:36:20
bez kometar, denes vo 11h bev svedok na soobrakajka kaj crven krst, policaec ke ubiese trudnica vo A6 i nakrajot uvidjajna saka da zataska posto im bil kolega, sramota i zalosni za ludjevo od audito. a ke zataskaat.Sramota
Од: eleni
Датум: 11.03.2009 11:38:54
Za vreme na izbori mora da bide kako na teniski mec pred serva.Posle moze da raspalis : policaec i dva vojnika vo sverna Irska, familija od 4 vo Ceska ,denes najmalku 9 so tendencija na porast vo Studgart vo uciliste a pukacot e uste na sloboda i ponatamu puka , i site se zatvoreni doma ?????
Од: blazo0870
Датум: 11.03.2009 12:28:25
pa do sega sto ne polagale,ili sega za se nesto ke se izmisluva ,kako za decentralizacijata,sega ili gotovo,ne odnese voda.komunisticka propaganda.
Од: analitichar
Датум: 11.03.2009 14:20:53
Koga chitam vakvi komentari mi pagja maka do kade ne dovedoa dedo Kiro,BC i LjG.Jas prv pat bev vo togashna CHSR vo '85 god i toa vreme imaa megjunarodna valuta TUZEKSI koi se razmenuvaa mi se chini5:1.Navistina bea ponapredni od Bugarite i Rumunite,ama mnogu nazad za taa "skapana Jugoslavija".Tie se razdvoija so Slovacite na miren pat i vlegoa vo EU,Shkoda vleze vo sistemot na VW,a Taksi Fiti istiot toj koncern go izbrka.Za Bugarite i Rumunite bevme"Amerikanci",Egejska Makedonija ja razvivme(Leptokarija,Platamona,Larisa,Katerini,a sega tie ke ni ja krojat sudbinata i ke ni kazuvaat koi sme i shto sme.Ungarija(Magjarska) e vo EU,a se naogja vo ogromna kriza-ekonomska i na kraj chovek ne moze da zakluchi koja starna da ja fati.Sepak mnogu zaostanuvame zad ovie zemji.
Од: Трпе
Датум: 11.03.2009 16:36:39
Владата на чело со мистер Рејтинг си игра топло,ладно.Ке менува име,нема да менува,ке прави компромис нема да прави компромис.Тоа го прави од несакање или од незнаење.Но по се изгледа од незнаење.Тоа го прави континуирано,од време на време често не нон стоп во континуитет и се така вти ,вти,вти и паричката се падна во поштениот македонски граганин поради некои деца да страда.

Најди! во Утрински
На прво место
Јавноста изненадена од нехристијанските клетви на Иванов
Дискриминација со стимулирање на наталитетот