Брoj 2762  четврток, 14 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Граѓаните во чудо како да се преживее

Споредбата на платата и трошоците покажува дека просечната плата е доволна само за неопходна храна

Александрија Стевковска

Месечните издатоци за основните десет производи од прехранбената кошница во јуни годинава, во однос на јуни минатата година, се зголемени во просек за 500 денари, пресметано за килограм од тие производи. Реалната слика за процентот на поскапување на храната и на пијалаците кои месечно ги троши едно четиричлено семејство покажува дека месечно се трошат по неколку килограми од овие десет производи, што значи екстра-трошоците за храна годинава се многу поголеми од минатата година.

На тоа треба да се додаде фактот дека потрошувачката кошница не се состои само до десет производи, туку многу повеќе, статистиката брои 63, кои на крајот ја даваат горе-долу вистинската математика за потребите на едно семејство која, пак, излегува од рамките на статистичките пресметки на трошоците.

Заводот за статистика ја составува месечната кошница врз основа на просечните потреби на населението, кои често се многу помали од реалните.

Така, според статистичарите, едно семејство месечно троши по 26 килограми леб, 13 килограми млеко, 1,6 килограми месо, 2,3 килограми сирење, 700 грама кашкавал, 6 литри зејтин, а секојдневното живеење покажува дека тие количини се поголеми.

„Потрошувачката кошница се составува врз основа на просекот на потрошувачката на количествата на производите. Тоа значи дека со методологијата на испитување сме пресметале дека толку може да си дозволат граѓаните, што не значи дека тоа е доволно за живеење“, велат во Заводот за статистика.

Ова на некој начин го поништува податокот дека со издвојување средства за просечната потрошувачка кошница од една просечна плата на семејството му остануваат вишок средства во висина од 3.395 денари овој јуни или 3.837 денари минатиот јуни. Овој вишок практично е стопен од честите поскапувања на храната и екстра-трошоците што треба да се издвојуваат за парно, струја и за други комуналии, па на крај излегува дека просечната плата е премала за се' друго, освен за неопходната храна.

Поскапувањата на храната различно се одразуваат врз различна категорија граѓани. Не е исто зголемувањето на цените на храната за оние што земаат, на пример, 20.000 денари плата �� за оние што земаат 8.000 денари плата, кои се наоѓаат на егзистенцијален раб, велат социолозите.

Со ваквите движења на примањата и издатоците за храна, Македонија спаѓа во редот на земји каде што сиромаштијата зема замав, со оглед на тоа дека трошоците за храна се индикатор за мерење на оваа појава. Растечките цени на храната се закануваат уште повеќе да го оптоварат семејниот буџет на граѓаните.

Рекордно зголемување на цената на храната во последните десет години е забележано и во Европа. Според Европската агенција за статистика „Еуростат“, тешката финансиска криза на светскиот пазар и високите цени на нафтата се причина за „неподнослива инфлација“ во некои земји од Источна Европа, каде што одделни продукти поскапеле и за 86 проценти.

Она што е страшно е тоа што меѓу поскапите производи се и оние најнеопходните, леб, млеко, сирење, јајца, овошје и зеленчук. За помалку од една година цената на храната во Бугарија е зголемена за повеќе од 25 отсто, во Литванија за 22 процента, во Унгарија 14, во Романија и во Словенија 12 отсто и 10 проценти во Чешка.

Излез од ваквата ситуација, според домашните експерти, е зголемување на производството на храна, со цел да се амортизира ударот врз потрошувачите. Проблемот со недостиг од храна е од светски размери, кој уште посилно се рефлектира врз Македонија, каде што за купување храна и пијалаци едно македонско семејство издвојува околу 80 отсто од просечната плата. Тоа е далеку над просекот во ЕУ, каде што средствата што се даваат за храна се движат во рамките од 10 до 20 отсто од просекот на примањата.

Анализата на европските истражувања покажува дека Македонците плаќаат поскапи производи отколку жители на земји-членки на ЕУ. Германците, на пример, ја полнат месечната потрошувачка кошничка за 160 евра, а граѓаните во земјава за основните продукти за живот треба да платат 200 евра. Грчкиот весник „Та неа“ неодамна објави дека потрошувачката кошница со 86 производи ги чини Грците 215,7 евра и потенцираше дека жителите на Грција купуваат за 168 отсто поскапи производи во споредба со Германците или со Холанѓаните, што земјата ја прави европски лидер според скапотијата. Според грчко истражување, килограм кисело млеко во Берлин чини 0,93 евра, во Атина 2,49 евра, а кај нас од 0,5 до две евра. Шише газиран пијалак Грците ги чини 0,74 евра, Германците 0,39 евра, а Македонците 0,73 евра. Европските аналитичари сметаат дека во последните две години најмногу поскапеле прехранбените и млечните производи, маслото и нафтата, што важи и за нашата земја.


Статијата е прочитана 2290 пати.

Испрати коментар

Од: Chichko Stoilko
Датум: 14.08.2008 09:11:40
Prerodbata prodolzuva.
Од: jimmy1
Датум: 14.08.2008 09:36:25
Nema sto da e cudo, ova se ocekuvase od ovaa fasisticko-teroristicka vlada. Po se izgleda ova e samo pocetok. Vazno zaniv si izglasaja sve sto im e potrebno a za graganite bas im e gajle iako site tie ziveat kako trutoj na grbot od rabotnikot. Cudo e sto tolu narodot trpi i posmatra sto ni se slucuva, namesto da se zavzeme vladata i sobranieto pa da se proteraat site ovie magarinja od kade sto dosle. Narodot gi izbra i narodot ima sila da gi izbrka. Toa ke se sluci samo prasanje e koga. Ama pred toa treba da im se blokiraat podzemnite hodnici da nema kade da begaat ovie staorci.
Од: jocew
Датум: 14.08.2008 09:43:14
ubavina samo sto gopodata ministri neznajat kakoje dase ziveje so 100e kade prvo da gi dadat za drzavata za hranata vo semejstvoto kade ako moze nekoj neka dade svoj kometar a bas bi sakal nekoj minister segasen ili poranesen da go cujam nivnijot kometar pozzzzzzzz
Од: Marija
Датум: 14.08.2008 09:43:59
E pa nie mladite lutame so diplomite po kafici i sme izrevoltirani a tie ni pustaa mornicavi reklami za 3 dete,starecot od reklamata e od FSRJ,OD rezim na Tito,zatoa ne znae kako e da rastis i da se obrazuvas i da baras vrabotuvanje u zemja u tranzicija so ceka posledna u vagonot za EU!Ama ne mu ja mislam mn, vladata neka se zagrizi za 5 god zosto nema natalitet i kaj se maldite, za 2 meseci ke ve citam od stranstvo ;)
Од: Aleksandar od Minhen
Датум: 14.08.2008 09:45:26
Taka e, znam deka hranata e poskapa koga odam vo Makedonija. Zalno za nasiot narod, treba da se investira vo zemjodelie, site bi sakale "vo ministerstvo" da rabotat
Од: jovan
Датум: 14.08.2008 09:49:26
Zarem se uste se veruva deka nie prezivuvame? Nie narode izumirame, se pomalku i pomalku sme. Nema kvaliteten zivot, skapata hrana go dovede vo situacija golem del od naselenieto da se hrani nesoodvetno, pa imame zgolemen broj na bolni i prerana smrtnost. Brakovi ima se pomalku, deca se ragaat se pomalku i pomalku. Ako vaka prodolzi za 5-6 godini maximum ke bideme malcinstvo vo sopstvenata drzava t.e Makedonci ke ima pomalku od 50% od vkupnoto naselenie vo drzavava. Situacijata so standardot i ishranata na naselenieto e alarmantna. Veke ne e mal ni brojot na luge koj navecer legnuvaat gladni ili jadat po edna dve biskviti. Toa e cista bolest.
Од: mane
Датум: 14.08.2008 09:55:06
Анализата е добра, но треба и лебот да се анализира како и другите производи во килограми. Па така леб од 350грама со мешавина од пченица и р`ж чини 32 ден, односно 1 килограм чини 91,42 ден. Па можете ова на повеќе врсти на леб да го прорачунате и ќе добиеме слика дека лебот е многу скап. Играта е во грамажата и на сметка на производителите на жито и на граѓаните. Пекарите и мелничарите ги уништија селаните, земајки им ја и поледната капка пот.Им нудат 13 ден. за килограм пченица, седејки во заветрина и нудејки само трошки на производителот.
Од: Mile
Датум: 14.08.2008 09:58:20
Јас ќе ви кажам,надградено и проширено.Со овие дечиштата назат ни е зимата.
Од: Otidete da vidite na aerodromi i granicni premini dali ima zima za nas
Датум: 14.08.2008 10:18:44
So diplomite steknati vo Makedonija mozete da dobiete rabota samo za 250Evra, dokolku cekate nekoj tamu da ve vraboti gadno ste se zafrknale. So tie plati ne moze nitu da se prezivee, pa makar da se kupuva i od ovaa kosnicka za na Parastos sto ja presmetuvaat od Zavodov za statistika. Vo nitu edna ama nitu edna zemja statisticarite ne se bavat so potrosuvacka kosnicka, od kade na ovie nasi experti im istekna ovoj termin ic ne mi ide na pamet! Zemete diplomite, zemete internetot vo race i pocnete da barate rabota nadvor od Makedonija, konkurirajte borete se, sega pazarot vo EU e otvoren kako nikogas i ima potreba od kvalifikuvana rabotna sila. A toa deka vo MKD nema sto da se jadi, za toa da go proverete otidete na Bogorodica sprema Grcija, vo Crna Gora ili vo Turcija i videte kolku Makedonci tamu odmaraat i se luksuziraat. Neko ovde vara, ili statisticarite ili novinarite ili site nie lazeme kako kinezi!
Од: daniel
Датум: 14.08.2008 10:34:51
katastrofa luge pa nasiot premier napravi odredena grupa luge koi ke imaat evropski primanja a ostanatite maka macat da preziveat neka i napravi platite na site evropski pa neka bidat i cenite evropski ama cenite tuka gledam se pogolemi i od evropskite vo germanija 1 litar maslo e 1 evro znaci 60den. a kaj nas duplo .Of lele tesko nas i so ovaa vlada
Од: Trajko od Shtuka
Датум: 14.08.2008 10:47:10
Makledonski narode,raduvajte se na frlenite kovchinja od nasiot ni premier Koljo.Koljo i familijata ke bidat pobogati i od prethodniot oligarh Ljubco a vie odete slepo po slepiot vodac.Prerodbata prodolzuva na steta na obicniot graganin.Volna ke ima se dodeka ima ovci za strizenje.Veruvajte im deka skapotijata se dolzi na svetsko nivo.I sekoj den cukajte se po prazniot stomav dodeka nekoi kupuvat imoti vo stranstvo.
Од: conax
Датум: 14.08.2008 11:10:02
se sekavate na 1939.....БЕЗ КОМЕНТАР... оној кој знае повеке историја....на што ви наликува ова ????
Од: Ристе
Датум: 14.08.2008 11:12:58
Се обидувам да ги пресметам дадениве потребни количини на храна на месечно ниво и од сето ова само маслото ми влегува некако во математика.Што е бре луѓе 1,6 кг месо месечно?До кога ќе ги кријат реалните цифри додека не почнеме да стануваме неухранети и анорексични?
Од: Daniel-Irak
Датум: 14.08.2008 11:14:53
Ovaa go pisuvam do gore navedenite komentari !!! Dali site vie sto plukate po ovaa vlada razmislivte malku za poskapuvanjeto na naftata na svetskata berza, dali razmislivte deka so ovaa poskapuvanje cenite ke ostanat isti? ne ja krivite vladata i ne davajte nesoodvetni komentari zasto verojatno nemate soodvetno obrazovanie okolu ekonomijata.........uste mnogo vreme ke ni treba dodeka ne se iscisti ovaa nasa drzava od post radikalniot komunistickiot rezim i sfacanja, e togas Makedonija ke moze vo evropa i vo svetot.
Од: biljana
Датум: 14.08.2008 12:20:50
Gi citam komentarite i mnogu mi e tesko da slusam deke sostojbata vo Makedonija e noizdrzliva za odreden broj od Makedoncite. Ama se prasuvam,zasto nikoj nisto ne pravi. Pa ako e taka izlezete na ulica i zalete se. Ne samo da ja napadjate vladata. Vlada kako sekoja vo svetot ako ne im gi podnesete problemite nama nisto da napravi. I steta sto nekoj ludje mislat deka e mnogu polesno ako odis nadvor od Makedonija. Veruvajte ne e lesno. Vie kako narod zaedno mozete da promenete se. Pozdravi
Од: Apostol
Датум: 14.08.2008 12:28:29
Ocigledno e deka cenata na hranata vo mnogu zemji vo svetot se zgolemuva. Medjutoa, vo mnogu ekonomski porazvieni zemji, hranata vo odnos na primanjata moze da se rece deka e eftina. Mnogu vazen pokazatel na produktivnosta i standardot na vrabotenite e i potrebnoto vreme za zarabotka na odredena suma pari so koja moze da se kupi eden prehramben proizvod. Vo RM, za zal, site dosegasni vladi ne napravija mnogu na ovoj plan. So otvoranjeto na povisokodohodovni rabotni mesta i pokacuvanje na produktivnosta na trudot ne se uspea. Na site ni e jasno deka i odnosot kon trudot treba da bide kako i vo podobro ekonomski razvienite zemji. Uspesna ce bide sekoja vlada koga prosecnite rabotnici so zarabotka od eden cas rabota ce mozat da si kupat 6 - 8 litri maslo za jadenje.
Од: ekonomist
Датум: 14.08.2008 12:30:56
do Daniel-Irak, Ima i ovde ekonomisti, ne se sekiraj. Pratime shto se sluchuva i vo svetot. Vo evropskata zaednica, cenite se zgolemeni najmnogu do 3,1 % poradi porastot na surovinite i naftata. Samo kaj nas e poveke od 10%. Kade odi razlikata. Budjetot e poln neli? Od kogo se polni, od nas, shto sekojdnevno plakjame poskapi proizvodi. A kade se troshi, na marketing na reklama na vladata i.t.n
Од: citatelka1
Датум: 14.08.2008 12:53:48
Do Daniel od Irak Sedi si Daniel vo Irak i jadi trici za postkomunisticki radikalizmi i sl.gluposti. Ti ocigledno sakas ovoj narod so 100 - 200 evra plata da izumre zaradi tvoeto "poznavanje" i poimanje na ekonomijata i svetskite trendovi. Pa nemojte posle da vikate po drugite deka se nepatrioti, zatoa sto ponehristijanski i ponecovecno od ova, bujrum!Togas zosto voopsto birame vladi osven da ni obezbedat podobar zivot vodejki smetka tokmu i za tie svetski trendovi.
Од: Do Daniel-Irak
Датум: 14.08.2008 13:01:47
Даниел ако не знаеш прошетај до Грција ке видиш дека бензинот е тамо 67 ден на просечна плата од 1500 евра . Од кампањи инвестирајте во Македонија и трошење народни пари а притоа да нема една единствена и права инвестиција нема развој така како што одиме ке нема пари ни за леб единствено што ни останува е само да апсиме и да ги претвараме лугето со лисиците напред и тоа обавезно пред ТВ камерите на СИТЕЛ и легендарниот ЛАТАС.
Од: zabegan
Датум: 14.08.2008 13:04:57
do;DANIEL koga pa ti si naucil nesto vo zivotot pa ne paseme treva jademe skap leb.znaeme naftata deka skapi no vo germania i drugite evropski zemji cenata na benzinot e kako i kaj nas.no tie be tokmak ne zemat 100eura plata.o smotan plus imat rabotna raka od nadvor.a ovde kolku ne vraboteni ima.e pozabegan si bil i od mene.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Велјановски му подаде рака на Црвенковски
Рамковниот е патоказ за иднината на Македонија
Работодавците не се расположени за бруто-плата
Груевски поканет да учествува на гала-банкет во САД