Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

Бошкоски: Мијалков крие дека заработил половина милион евра

Трошната куќа на Љубе во Пула прерасна во вила со базени, враќа директорот на УБК

„Директорот на УБК, Сашо Мијалков, во анкетниот лист за имотната состојба на функционерите не пријавил дека има половина милион евра, кои ги заработил откако на крајот на минатата година продал акции од чешка фирма“, обвини вчера лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски. Тој го праша Мијалков дали во анкетниот лист за имотната состојба го има пријавено целокупниот имот што го поседува - во Македонија и надвор од неа.

„Според информациите со кои располагаат ОМ, Мијалков бил сопственик на фирмата ’Сервис поинт’ со седиште во Прага до декември 2009 година кога ја продал за половина милион евра на босански државјанин. На официјалната веб-страница на Државната комисија за спречување корупција до денес не е евидентиран приходот од 500 илјади евра“, обвини Бошковски. Според него, борецот против организираниот криминал, како што го нарече првиот човек на УБК, имал можност со својот чешки пасош да купува имот во сите земји-членки на Европската унија. Затоа Бошкоски очекува о�� Мијалков да му одговори на прашањето дали и уште колку имоти, приходи, акции и фирми нема пријавено.

Од партијата на Бошковски како доказ на новинарите им приложија и копии од документите за, наводно, извршена купопродажбата на акциите на чешката фирма и најавија дека наскоро ќе обелоденат и други вакви документи.

„Апсолутно е неточно дека поседувам чешки пасош и дека со него купувам имоти низ Европа. За мојот удел во фирмата, која датира многу години пред моето стапување на функција, точно е дека е склучен договор за купопродажба, но промената на имотната состојба ќе биде пријавена во моментот кога тој ќе се реализира“, реагира Мијалков. Тој тврди дека целиот имот со кој располагал пред стапувањето на функција е пријавен во анкетниот лист и јавноста може да изврши увид во него.

„Би сакал да верувам дека оваа несреќна епизода на Бошкоски е само последица на грижата на совест, поради фактот дека неговата трошна куќа во Пула, за време на неговото министерување, прерасна во вила со базени, вредна милиони евра“, се наведува во реакцијата на директорот на УБК. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 1591 пати.

Испрати коментар

Од: trpe od gradcko
Датум: 06.11.2010 15:04:58
Samo napred brat LJUBE...razotkri gi site profiteri i lazni patrioti koj se infiltrirani vo DPMNE...za edna podobra Makedonija....podrska oti borbata so Gruevski nema da bide lesna...
Од: perica
Датум: 06.11.2010 20:59:58
Не заборавајте и дека спомнатиот господин е еден од најголемите (ако не и најголемиот) малцински акционери во Стопанска Банка. Толку од патриотството, изгледа не им смета да купуваат акции во грчки фирми.
Од: zoki
Датум: 06.11.2010 23:39:51
Trpe od gradsko... Dali voopsto te zagrizuva faktite izneseni pri krajot na statijata? Dobro e sto sakas da se ischisti korupcijata no optuzitelot vomomentov ne ni e bas cist.Otvoreti gi ochite malku posiroko od evtinoto partisko prepukuvanje, ako si za pravda, bidi pravichen sekade ne samo na tvoite tesnopartiski interesi, Pozdrav
Од: ace vmro
Датум: 06.11.2010 23:51:40
Za koi ligje zboruva Filip vo OM deka bile site tie se treta liga so se nego, site sto vredea ne ni vlegoa vo taa partija.Vas vi trebase tolku vreme de gi vidite rabotite,sramota.

Најди! во Утрински
Политика
Исчезнатите документи не биле за „Скопје 2014“
Нашите обвиненија не доживуваат фијаско
Војниците се изборија за подобар статус
Љупчо се враќа со слоганот од ’98
Без утврдување на фактите, нема помирување
ТВ Пинк ја купи Алфа?
СДСМ препозна признавање кај министерката
ДУИ плаши кокошки на погрешно место