Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Македо��ија

Сите ветуваа, но никој не го посвои малиот Бошко

По��усти беа најавите на медиумите на разни семејства од државата и од странство дека ќе го посвојат беспомошното детенце

Битола - Малиот Бошко, своевиден херој пред неколку години, беспомошно детенце над чија судбина тогаш трепереше речиси целата нација, сега е веќе пораснат во Домот за доенчиња во Битола. Но, за жал, иако во тоа време беше главна медиумска атракција, се' уште никој не донесе одлука да го посвои тригодишниот Бошко, од кого се откажаа сопствените родители.

Момчето од Битола, кое на 8 јануари 2008 година се роди со тешки аномалии на ’рбетниот столб, поради што беше напуштено од родителите, никако да се удоми. Попусти беа најавите на медиумите на разни семејства од државата и од странство дека ќе го посвојат малиот паталец. Тој на нецели два месеца пред неговиот трет роденден, и натаму е во рацете на државата наместо во топлината на мајчина прегратка.

А таму, во Домот за доенчиња во Битола, заедно со Бошко уште 109 дечиња патат за мајчина љубов и топол родителски дом. Домот е преполн со деца. На едната страна, уште со самото влегување во ходниците, ве разнежнува и во исто време растажува мирисот на бебе, плачот на новородените. Од другата страна се слуша џагорот на повозрасните деца. Учат песни, рецитираат на глас, цртаат и се милуваат со негувателките. Срцето ќе ви се распара со само еден поглед. Но, за да биде несреќата поголема, државата со новите измени во законите со месеци го кочи посвојувањето на овие деца.

Последниве недели низ Битола се пренесе веста дека малиот Бошко, конечно, бил посвоен од семејство во странство, како и тоа дека за неговото посвојување биле платени „дебели“ пари. Но, тоа било само измислена приказна или можеби нечија пуста желба. Откако минатата година спласна медиумската заинтересираност за овој случај, Бошко ниту некој го посетил ниту, пак, посакал да го посвои.

Од Домот за доенчиња во Битола потврдуваат дека малиот херој се' уште е кај нив. За него со посебно внимание се грижат вработените. Велат дека има толку убави сини очи и милост во него како за целиот свет. Убавата вест е дека Бошко го има постигнато нивото што е соодветно на неговата дијагноза и возраста. Се обидува да комуницира на свој начин со останатите штитеници и вработените, а брбори и по некој збор.

„Бошко се' уште нема наполнето три години, возраст која е максимална граница за излегување од нашата институција, што значи се' уште е сместен кај нас. Сите тие шпекулации дека детето е посвоено се невистини. Во изминатиот период, благодарение на поддршката на стручниот тим и медицинските сестри за нега на децата, тој ги има сите предуслови за убав потенцијален психомоторен развој. И со гордост можам да кажам дека во заедничката соработка помеѓу нас и Центарот за социјална работа во Битола, за ова дете имаме остварено максимални резултати“, вели директорката на Домот за доенчиња и мали деца во Битола, Наташа Младеновска-Лазаревска.

На приказната за малиот Бошко секој од нас веднаш ќе се сети. Тоа е бебето чии родители кусо по раѓањето го напуштија поради вродените аномалии на ’рбетниот столб. Државата ја презеде натамошната грижа. По нецел месец од почетокот на неговиот живот, тој беше опериран на Клиниката за неврохирургија во Скопје, а потоа префрлен во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Тамам закрепна, бебето беше дадено на згрижување во семејство во Прилеп, но тоа траеше само десетина дена. Бидејќи семејството го покажа пред телевизиските камери, експресно беше вратено во Домот за доенчиња во Битола. Од личен каприц на некој си државен службеник или поигрување со судбината - малиот Бошко и ден-денес е дел од подстанарите на Домот во Битола. Досега не се случило дете да се врати во Домот од згрижувачко семејство, ама на Бошко и тоа му се случи.

И тука секој би се запрашал што ќе се случи со Бошко по навршувањето на трите години од неговиот живот. Правилото е токму по оваа возраст децата од Домот за донечиња да ја напуштат оваа институција. Дали Бошко по третиот роденден ќе ја имаа таа среќа да биде посвоен или, пак, згрижен во семејство. Дали некој ја крои судбината на Бошко и каква ќе биде таа, засега не откриваат од Центарот за социјални работи во Битола, кои се старатели врз детето. Директорката на Центарот, Виолета Гаџовска, одби да зборува за овој случај. Што ќе се случи со Бошко по 8 јануари не знаат ниту од Домот за доенчиња. Директорката Младеновска-Лазаревска е категорична дека плановите за иднината на Бошко не се нивна обврска, туку на старателот.

Инаку, до пред десетина го��ини, пред да почне процесот на деинституционализација, децата по три години старост ја напуштаа оваа установа и според нивниот психофизички развој беа сместувани во соодветна институција. Животот го продолжуваа или во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје или во специјалните заводи во Бања Банско и во Демир Капија. Но, со актуализација на деинституционализацијата и со нејзиното официјализирање како национална стратегија, нема трансфер на деца од Домот за доенчиња во други домови. Новите алтернативни методи претпочитаат децата по тригодишна возраст да бидат сместени во згрижувачки семејства или во мали групни домови.

Меѓутоа, и покрај напорите на центрите за социјална работа да ги исцрпат сите ресурси во пронаоѓањето згрижувачки семејства, тоа се одвива тешко. Во Битола на оваа обврска се нафатиле само шест семејства. Состојбата е малку подобра во Прилеп.

„Тоа е причината што дел од децата и по три години остануваат во Домот за доенчиња. Најчесто тоа се деца што имаат потешки пречки во развојот. Децата кои се со лесни пречки во развојот мошне лесно успеваат да си го најдат својот пат кон згрижувачко семејство“, вели Младеновска-Лазаревска.

Моментно во Домот во Битола се сместени 110 деца. Бројката е висока како никогаш досега, но од ова институција велат дека, сепак, капацитетот не е сосема исполнет. Од вкупниот број штитеници, 65 се здрави деца, а 45 со пречки во развојот, и тоа од лесна преку умерена до тешка ментална и физичка ретардација. Цели пет месеци не е посвоено ниту едно дете. Каде заглавило посвојувањето деца во Македонија?

„Се' уште не чувствуваме некој голем притисок, зашто Домот е со 120 легла. Моментно преадаптиравме и дел од просториите што беа за друга намена. Меѓутоа, направивме контакти и со центрите за социјална работа дел од нашите деца да се сместат во згрижувачки семејства. Во последните две недели три деца отидоа во семејства. А планирано е уште пет деца да се згрижат. Така ќе направиме баланс со влезот и излезот на децата, се' додека не се дорегулира материјата врзана за подзаконските акти околу промените што се донесоа во Законот за посвојување и воведувањето електронско посвојување“, смета Младеновска-Лазаревска.

За да биде судбината на овие деца уште понеизвесна и уште потешка, искуството покажало дека никој од посвојувачите не сака чедо со инвалидитет, туку здрави деца. За сите оние деца чии биолошки родители ги напуштиле поради нивната ретардација, единствената шанса да имаат свој вистински дом, родителска љубов и грижа е згрижувачко семејство. Сепак, од Домот потенцираат дека досега успешно одработиле во многу случаи мајката да си го земе детето назад, да не се откажува од него, односно да го врати во биолошкото семејство, ако навистина таму има услови за нормален живот. (А.Б.)




#
Статијата е прочитана 4810 пати.

Испрати коментар

Од: ane
Датум: 15.11.2010 12:15:24
Нели е жалосно?!!?! го читам текстот и плачам, а се сеќавам дека беше усовен кај едно семејство, кај кое од ИКС причини го одземаа дететото! Жалосно е! За тие деца има луѓе кои се заинтересирани да им дадат љубов и топол дом, е таа љубов не може ниеден вработен ниту институција да ги замени!
Од: Vasko
Датум: 15.11.2010 13:36:17
Zalosno e ova ako e navistina vistina! Semejstvo da go zele i udomilo , pa potoa pak da mu bilo odzemeno,Zalosno navistina.Bez razlika na se, dali detenceto ima problem ili ne, ama sepak e zivo malecko covecko sustestvo, ima pravo na zivot i na roditeli i roditelska griza! Ako navistina nikoj ne go zel deteto i ako e navistina se cisto so tie nacini kako moze da se posvoi, jas bi go zel detenceto.Nemam deca, a sakam da imam najmnogu na svetot! Zalosno e detenceto da ostane samo i da nema nikoj koj da go gleda i poraste!
Од: родител
Датум: 15.11.2010 13:43:42
Се прашувам како реагираат безмилосните негови биолошки мајка и татко..... Дали имаат трошка душа или спокојно ги читаат статиите за нивниот син во весниците????
Од: TRAJANKA
Датум: 15.11.2010 14:20:03
Drzavata mora da pomogne na mladite Majki koi dosle vo situacija da se otkazuvat od svoite ceda poradi nemanje uslovi za zivenje . Sosijalnoto koga na mladata majka bi i obezbedile postojana rabota so smestuvanje , mislenje sum deka malku koja bi se otkazala od bebeto . Mnogu mladi devojcinja pogotovo od vnatresnosta koga ke dojdat vo situacija na ne sakana bremenost , togas se otfrleni od naj bliskite doma , bez podrska i razbiranje , zavrsuvat na ulica .Zatoa ima mnogu ostaveni novo rodeni deca , majkite posle se kajat , i cel zivot gi prati pomislata deka ostavile nekade del od sebe . Gospod neka im e na pomos na site ...
Од: pere
Датум: 15.11.2010 14:41:00
Dole Vlada
Од: matej
Датум: 15.11.2010 15:28:21
se veli deka nad 100 deca cekaat na posvojuvanje. Zosto cekaat? Znaete li kolku lugjecekaat da posvojat dete so godini ( od licno iskustvo)? Sigurno deka ima 100 molbi a posvojuvanje. Moze li nekoj da odgovori zosto se ceka tolku. Pocituvani novinari, istrazete malku zosto e toa taka, koj li pravi biznis od zivotite na ovie nesreknici kon koi zivotot e nefer od prviot den. Ke vi bidat blagodarni i decata i tie sto cekaat da posvojat dete.
Од: svetle
Датум: 15.11.2010 15:53:46
Domot e poln so decinja. A ludzeto koi sakaat da posvojat decinja maki macat da dojdat do niv. I tie sto sakaat nemozat da dojdat do niv . Dali stanuva zbor za Bosko ili pak za nekoe drugo dete postapkata e ista. Znaci ne e toa deka nekoj ne saka da posvoi deca. PROBLEMOT E VO BIROKRATIJATA
Од: Mene
Датум: 15.11.2010 17:10:52
Новинарот треба да знае дека и да сака(л) некој да го посвои, како што работат службите за посвојување, Бошко може да стане полнолетен! Семејства чекаат со години за да посвојат дете, а ниту едно дете не е дадено на посвојување со месеци! И никој не му ја мисли дека тоа се човечки животи, тие изгледа децата ги гледаат како бројки, како проблем... Срамота за службите, не за луѓето кои со душа и срце веднаш би го земале и Бошко и многу други дечиња, ама јавна тајна е што чекаат тие што одлучуваат за ова... за жал.
Од: majka
Датум: 15.11.2010 20:16:03
Ziveam vo dalecna zemja kade sto pri otkazuvanje na novorodence od strana na majka ili roditeli nema domovi za smestuvanje na deca ami vednas se davat na posvojuvanje. Taka da decata voopsto nemozat da gi pocustvuvat tie traumi deka se otfrleni od nekogo. Rastat srekni vo semjstvo opkruzeni so sjubov i najmili.
Од: riko
Датум: 15.11.2010 22:17:28
bez tatko siromav.bez majka sirak ijas bev domsko dete nasata tragedija i bolka zapocnuva posle 40 togas ni se zatvoreni site vrati
Од: Realist
Датум: 15.11.2010 23:13:27
Po se izgleda posle citanje na komentarite,deka ovie zavodi za da zemaat plata mora da imaat odreden broj deca pa taka ako ne se donese novo dete nema ni da otide nadvor za da imaat broj,kade e ministerot ovde da reagira pa ako treba i zakon da se donese i da se skrati procedurata,za zal znam luge koi zemaa dete,od dom pred mnogu godini i koi mi rekoa ako ne platevme ne doagase vo obzir da dobieme dete pa sega razmislete sto se slucuva zalno ama vistina.
Од: violeta
Датум: 15.11.2010 23:15:47
I vrapcite znaat zosto decata tesko se posvbojuvaat,baraat pari toa e vistinata,pas neka demantira nekoj,
Од: greota
Датум: 16.11.2010 04:01:10
Sramota e ova , tolku decinja cekaat na topol dom a istovremeno tolku roditeli molat za istite , pa ova e poveke od paradoks, sramota i greota
Од: Dama od London
Датум: 16.11.2010 11:17:00
Jas i mojot soprug se obiduvavme za dete veke 7-8 godini, no bez uspeh. Sakame da posvoime dete (ili bliznacinja, ili 2 deca, odnosno brat i sestra) i gi imame site uslovi za ubav zivot vo London, megjutoa celata rabota se koci koga ke dojdesh do instituciite vo Makedonija .. i dodeka procesot se zavrsil, decata veke porasnale; ili se ima drugi pricini koi sprecuvaat da se izvrsi posvojuvanjeto. Konkretno pomagav okolu dokumentite na druga zena, Anglicanka, koja isto taka otide vo Makedonija i sakashe da posvoi devojce od Bitola - ama imaa premnogu problemi, zatoa sto Vladata sakashe da diktira koe dete da go posvojat - zenata pretrpe sekakvi predizvici i stres vo tekot na procesot.

Најди! во Утрински
Македонија
Во Лешок обнова на храм стар неколку векови
Гостиварската полиција корумпирана?
Нема веќе кредити, само стипендии за студентите
 


'Wrong answers' on Kosovo could block Serbia's EU candidacy
Ally threatens to abandon Borisov over praise of Zhivkov
EPP president criticises commission's report on Albania