Камењата од Вардар излегоа на суво, водата до глуждови
Завчера Вардар го достигна најнискиот водостој за годинава од 6,02 кубни метри во секунда
Снежана Калабакова
Голи камења, дива вегетација и вода до глуждови, е сликата што се забележува деновиве во коритото на Вардар во Скопје. Најголемата река во државава може без никаков проблем да се прегази. Малку поголемо ниво има само кај Ѓорче Петров. Експертите велат дека живиот свет, особено рибите го насетуваат ваквиот сушен период и навреме заминуваат по коритото во деловите со повеќе вода.
Хидролозите објаснуваат дека кога станува збор за водостојот на реките, целокупната состојба во Македонија е на границата на апсолутните минимални вредности кои се очекувни во овој период. Нискиот водостој е резултат не само на екстремно високите температури туку и на зголеменото трошење вода за наводнување и други потреби. На Вардар годинава нема да биде надминат апсолутниот минимум од 5,02 кубни метри во секунда, кој бил забележан во 1990 година и се смета за најмал во изминативе 60 години. Мерењата од завчера покажуваат дека бил достигнат најнискиот водостој за годинава од 6,02 кубни метри во секунда. Слична е состојбата и со нејзините притоки. Поголем пад на нивото на Вардар не се очекува, бидејќи се намалуваат потребите за наводнување, а опаѓаат и температурите, барем во ноќните часови. Во овие летни месеци свеж дотур на вода во Вардар се врши од браната „Козјак“. Таа одржува нормален минимален проток на вода во речното корито, но има и функција да го одбрани Скопје од поплави. Од ЕЛЕМ велат дека од „Козјак“ се испушта онолку вода колку што е потребно во „шпицот“.
„Треска, како главна река која го храни Вардар и има природен режим над акумулацијата, кај Македонски Брод завчера имаше 2,6 кубни метри вода во секунда. Нејзиниот апсолутен минимум во август 1993 година беше еден кубен метар во секунда. Реката Пчиња, пак, кај Катлановска Бања завчера имаше проток од 1,6 кубни метри вода во секунда, додека во август 2001 година беше регистриран апсолутен минимум од 0,1 кубни метри“, вели Јосиф Милевски, раководител на Хидролошкото одделение во Управата за хидрометеоролошки работи.
Мирче Котевски, портпарол на ЕЛЕМ, објаснува дека од „Козјак“ не може стихијно да се испушта вода. „Нашите хидроцентрали работат по потреба, а не постојано. Се вклучуваат во текот на денот кога потрошувачката на струја е максимална. Хидроелектраните ги вклучуваме по налог на диспечерските центри за да се одржува енергетскиот систем“, објасни Котевски.
Според завчерашните мерења извршени на потегот Треска-Вардар до Комплекс банки, во Влае на Вардар биле измерени 5,2 кубни метри вода во секунда. Нивото, пак, кај Железен мост било 8 кубни метри. Хидролозите велат дека за правилно распоредување на водата нужно е да се чисти дивата вегетација во речното корито. Иако се најавува сушен период, тие сметаат дека многу води ќе протечат, па дури и оние кои претходно пресушиле.
ej, pa sega taman moze da se izzidaat betonskite zardinjeri srede Vardar i da se nasadat zalnite vrbi, pa koga vrbite ke zaplacat i voda ke potece po vardar.
Од: Кичево
Датум: 13.08.2008 07:19:49
Македонци не се ситете преземете нешто за нашиот Вардар,не почнувајте пак оддново,оддново со злоба.Веднаш да се навратат водите на Вардар.....
Од: mane
Датум: 13.08.2008 07:54:41
Еве шанса да се очисти наносот во Вардар. Еве прилика да се видат колекторите кои носат фекалии во градското подрачје. Сите колектори од левата страна да се спојат во еден и под средното ниво на коритото да излезат под населбата Лисиче, односно селото Лисиче. Во Аеродром од колекторите не се оди по кејот и по новите патеки, во текот на цела година. Корни од фекалиите од населба Ќерамидна и индустријата. Г-не Трифун Вардар ви смрди, каде се идеите за гумени брани. Барај еколошки минимум од хидроцентралите. Ве нема никаде! Решавајте ги проблемите, нели сте светски човек? Ајде ова е лесна работа, покажи се! Пари од покачениот данок на имот има колку што ви требаше.
Од: nikola
Датум: 13.08.2008 08:48:35
Ова е вкупно количество вода од Вардар,Треска и Лепенец.Време е да се изработи плам за каскадно уредување на коритото на реката.
Од: Stradalnik
Датум: 13.08.2008 10:44:55
Kako pred nepoln mesec se ispusti tolkava kolicina na voda za da se unisti ribniot fond a sega nema voda nitu za miminalen protek?
Од: Стојан
Датум: 13.08.2008 11:42:59
Состојбата на Вардар е огледало на состојбата во Македонија!
Од: Simon
Датум: 13.08.2008 12:33:53
Ме радува што грците нема да добиваат вода без пари, нешто ќе остане во акумулациите, она што
е остане убаво е да се собере во Дојранското езеро. Видете на Гугл Еарт, колку брани маат грците ставено на Вардар и колку вода им даваме како подарок. А тие уште цедат од Дојран, а ако не цедат, се` што се влива или понира кон езерото го црпат.