Број 2946  четврток, 26 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Ќе паднат ли спомениците на Аларова на плоштадот

Засега е извесно дека мнозинството во Советот ќе биде во рацете на опозицијата

Деспина Трајковска

Општина Центар во наредниве четири години очигледно ќе функционира поразлично од досега, ако се има предвид дека мнозинството во Советот, кој е втор одлучувачки фактор покрај градоначалникот, е речиси во сигурни раце на опозицијата. Досегашниот исход од изборите укажува дека од 23 советнички места 11 освоиле кандидатите од СДСМ, едно помалку има ВМРО-ДПМНЕ, а се влезени и по еден советник од НСДП и ЛДП, партии поблиски на левицата.

Ваквата ситуација речиси и да не остава простор за евентуално коалицирање на ВМРО-ДПМНЕ со некој од советниците, како би го добила мнозинството. Така, независно дали во градоначалничката фотелја ќе седне Владимир Тодоровиќ, или Мирослав Вуиќ, како ден е јасно дека во Центар нема да има реприза на претходните четири години кога сите владини визии за централната скопска општина поминуваа без никакви пречки. Ревизија на урбанистичките планови и преиспитување на суштински, но можеби и некои минорни одлуки, се само дел од очекуваните чекори на советнички состав, имајќи предвид дека опозицијата и во претходниот мандат постојано контрираше на одлуките на мнозинството и на претседавачот на Советот, но редовно безуспешно. Очигледно нема да се повторуваат „простувања“ на комуналии за објекти кои не се од голем јавен интерес, не е за верување дека подмачкано ќе поминуваат одлуките за поставување нови споменици, ниту пак дека Советот ќе разгледува одлуки предложени единствено од желбите и визиите на градоначалникот.

Овие прогнози во двете најбројни партии се' уште не сакаат да ги коментираат, иако признаваат дека веќе почнале да ги разработуваат „шемите“ за функционирање на Советот во наредните четири години. Од партиските штабови велат дека се сконцентрирани на исходот од вториот изборен круг и разрешување на дилемата кој ќе биде градоначалник. Од ВМРО-ДПМНЕ дури и се надеваат на изедначување во Советот оти, како што велат, очекуваат Државната изборна комисија да им ги прифати поднесените приговори, по што ќе добијат уште четириесетина гласа, токму колку што е потребно да добијат советник плус.

Инаку, во случај да се репризираат резултатите од првиот изборен круг за градоначалник, односно да победи фаворитот на владејачката партија, а мнозинството во Советот да остане кај опозицијата, Општина Центар ќе функционира слично како пред два мандата. Иванчо Вучевски, тогашен претседател на Советот, се присетува дека политичките разлики на двата органа (градоначалник од ДА во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и Совет од СДСМ), тогаш воопшто не се забележувале.

„Функциониравме беспрекорно, но првенствено се водевме со девизата дека ги браниме интересите на оние кои не' избрале, на граѓаните, а не на партиите чии членови сме. За жал, сега работите стојат поинаку, така беше и во последниве четири години“, вели Вучевски, кој во изминатиов мандат партиципираше во Советот на Центар како член од НСДП, а истата улога ќе ја има и во наредниве четири години. Вели дека очекува напорна и тешка работа на Советот и дебатирање за кое не може да суди дали ќе резултира од објективноста или субјективноста на неговите членови.


#
Статијата е прочитана 5904 пати.

Испрати коментар

Од: miki
Датум: 25.03.2009 23:10:49
shukjur imalo nadezh
Од: Nedoveten
Датум: 26.03.2009 00:12:11
Super e spomenikot na PITACHOT. Sega bi trebalo da napravat i spomenici za "chistachot na konduri" , "prodavachot na vrvki za konduri", "prodavachot na pecheni koshtani", "shitkachot na dvd filmovi pred trgovski" i ostanati poznati faci od ploshtadot.
Од: Odgovor do Gruevski
Датум: 26.03.2009 02:53:01
Vo Noemvri ke gi vidite spomenicite narode.Mozda na vas lesno im prodava demagogija Gruevski,no na Evropa i SAD nemoze!Vo toa sum siguren.Za se vo ovoj zivot ima lek.Ako ne narodot,togas Golemite Sili ke go vrazumat Gruevski zaedno so narodot vo Noemvri!Jas imam ednas kazano,deka Golemite Sili koga gleat deka vlasta i narodot ne doagja pri svest,togas gi vrazumat! ili so mila ili so sila!Neznam kako moze eden Gruevski da manipulira so vas narode?!!Ednas frli lopati,a od druga strana se zadolzuva,ima prazen budzet,kakvo licemerstvo??Pa vie ne gledate deka silni evropski drzavi bankrotiraat,a ne Makedonija??Toj kazuva deka treba da se trosi budzetot?Treba,no ne da izgradis sportski sali,filharmonija,prevedes knigi,spomenici,gluposti..i toa pred izbori,i plus ke kaze pred novinarite:se predvideni vo 7g. plan na vladata.Aha,znaci site bez nikakov obraz gi predvide pred izbori?!!No taka e koga svesta na gragjanite e mnogu niska i spijat,isto kako i opozicijata!Zaedno so novinarite..
Од: darko
Датум: 26.03.2009 08:50:48
Abe znaeme deka za rasturanje ste prvi! A da napravevte nesto za razlika?
Од: zabegan.
Датум: 26.03.2009 09:02:11
Е шуќур и од мене двапати.
Од: makedon
Датум: 26.03.2009 09:50:48
vie predavnicite to sakate ali nema da vi se ispolni zelbata
Од: Струмица
Датум: 26.03.2009 09:53:59
Браво за граѓаните на Центар.Овие апаши немаат мерка,а овој прост народ гласа за нив.Ајде нека направат споменик што ќе се вика „Македонија“(споменици се прават на некој што е мртов).
Од: Димитар
Датум: 26.03.2009 10:03:48
Добро бе, толку ли го мразите ВМРО? Па дури и на советничките 11:10, како 12:7 да се, сте ги претставиле.
Од: Gox
Датум: 26.03.2009 10:18:05
Hmmm..da ne sakas da imas spomenik od Aleksandar Makedonski,Goce Delcev,Pitu Guli i drugite,treba da si totalno lud.Da ne se lazeme...pogolemi antimakedonci od sdsm-ovcite nema,mnogu pati ste go dokazale i pokazale toa..A deka ste ludi,pokazuva i radosta na Emilijan Stankovic koj sto se raduva na samo 4 osvoeni opstini,a toa vo sloboden prevod e deka gubat 100:0 :)))
Од: intelekt
Датум: 26.03.2009 10:35:17
uste crkva ni fali sred plostad..grozno izgleda i ne korespondira so objektite okoli..pak promasuvanje,ili greska vo cekori.luge,sto gradite crkvi i dzamii dajte mu na narodov rabota!!!!!!ne molitva tuku motika!!allooooooooooooooooooooooo!
Од: Davor Kamenko
Датум: 26.03.2009 11:25:04
E Makedon znaci stvarno si golem seljak!!! Eve edno sukjur i od mene, tripati!!!
Од: z
Датум: 26.03.2009 11:40:46
bravo,narodot bil prost,a sto ste vie sto pisuvate vakvi gluposti...samo preku kulturata,sportot moze da se podigne nacionalnoti cuvstvo...i ostavete gi lugeto neka rabotat...
Од: Petar, Germanija
Датум: 26.03.2009 11:58:39
Ovakov prostaluk nesum videl na Svet!!! na zivi Luge li sepravat spomenici!? ve molam vas Strumica pa koj vidal komjuter!!! Boze sacuvaj!!!!!! grckiot arhieposkop vo Amerika bara od Obama da bide "Aleksandar Makedonski" zadaja spasuva Grcija ,a nie go negirame deka nas! sramota!!!!!!
Од: Do clenovite na sdsm
Датум: 26.03.2009 12:46:18
Pa ova e vrv na vasata glupost , ve lazi BC kako mali deca (naesen izbori) ha ha ha me iznasmeavte. Ocigledno nema dr. nacin da ve motivira da rabotite pa ve lazat so predvremeni izbori .Navistina ste za zalenje
Од: Trpre
Датум: 26.03.2009 13:12:51
Изгледа комуњјарскиот Атеистички притисок на забрана преку Лоповската катарза на праење на религиозни и секакви споменици да се смири сопствената совест и испразни заедничкиот џеп нема крај. Башка што градот стана ругло набилдано со хаотична архитектура. Времето ќе ги обезличи сите лоповлуци на алчноста и себичноста на сите протагонисти кои се декларираат во името на народот! Камо среќа тоа што е украдено да се врти во оваа напатена земја и опустошен народ со времената стогодишна транзиција и пљачка на столетието! Во името на народот се покажаа сите ругобни конструкции за што порано или покасно ќе се платат сметките. Народот споро памти ама никоаш на заборава како станаа голтари и кулаци во својата држава. Политичарите забораваат дека балонот ќе се издува и дека нивната тобожна улога ставени над законот и врз народот за лично богатење исто е веќе излитена фраза. Затоа многуте од господата шетани по светските метрополи се лутат кога не ставаат во ист кош со Афричките земји. И најпе
Од: ilija
Датум: 26.03.2009 13:22:36
Makedon, Od takvi ko tebe razmisluvam da fatam dzade od zemjava....
Од: Petre
Датум: 26.03.2009 13:31:00
pa ako go sprecat Aleksandar, bistata koja veke e izliena ke se postavi vo Bitola, barem ke ja gledaat Grcite sto idat na Shoping...
Од: risto
Датум: 26.03.2009 14:02:40
Ти од германија ако е толку добро во македонија зошто не ја напуштиш германија и да дојдеш во македонија да работиш,штом толку сакаш да солиш памет,ела па види си го дереџето а не со германски плати и работа ќе продаваш памет.Памет имаме ама џабе е кога си затворен од четири страни.
Од: Irina
Датум: 26.03.2009 14:05:27
Znaeme deka rasturate za pocetok dobro bi bilo da napravite nesto...poddrska za vmro-dpmne
Од: sonja
Датум: 26.03.2009 14:13:26
dajte sega i vujik da go izglasame za da se spasime barem nie vo centar od lesinaristana.
Од: koki
Датум: 26.03.2009 14:49:29
Redno bese GRAGJANITE na Centar da napravat prav izbor,se nadevam deka i za izbor na gradonacalnik ke go napravat istoto da moze vistinskiot covek da gi otkrie site nepravilnosti napraveni od predhodnata vlast.
Од: miki2
Датум: 26.03.2009 15:05:46
60 godini maka od komunisti
Од: zoki
Датум: 26.03.2009 15:08:31
Pa zarem ne im e dosta na site od Alarova so celiot nejzin kriminal minative godini pa sega glasaat za nejzin naslednik od istata partija, mnogu cudno, ocigledno treba da se podzamislime
Од: Strana Gledano
Датум: 26.03.2009 15:47:28
Pa Vie se raduvate ako se odi kontra na Gradonacalnikot, nikako edinstvo ne vi se dopadja samo kontra, zatoa i odime tolku napred!
Од: btw
Датум: 26.03.2009 15:54:24
Tesko na gragjanite ako sovetnicite na SDSM se zanimavaat samo so banalni raboti kako sto e postavuvanjeto na modernite spomenici niz centarot na Skopje. Kade se sustinskite zalozbi na SDSM za otvoranje novi rabotni mesta, za spas od siromastijata, koja im bese top-tema vo ovie lokalni izbori, koi spored temite od lokalni gi pretvoraa vo “parlamentarni”?

Најди! во Утрински
Скопје
Нови 50 бора на Средно Водно
Нови контејнери за општините
ВМРО-ДПМНЕ со најмногу места во Градот
Костовски со непосредна спогодба ќе избере фирма за трамвајот