Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Британците се повлекуваат од Ирак

Браун во Багдад рече дека британските сили ќе ги завршат задачите во првата половина од 2009 година

БАГДАД - Британскиот премиер Гордон Браун вчера пристигна во Багдад, еден ден откако ирачкиот кабинет формулираше закон со кој се подготвува теренот за повлекување на британските сили, по повеќе од шест години од инвазијата, предводена од САД. Четвртата посета на Браун на Ирак како премиер се случи веднаш по посетата на американскиот претседател Џорџ Буш, кој ги избегна фрлените чевли кон него од страна на ирачки новинар, како знак на навредата што ја чувствуваат многу Ирачани поради секташкиот масакр што започна со инвазијата.

Браун се состана со ирачкиот премиер Нури ал Малики и други официјални лица за да дискутира за идните односи со Велика Британија, главниот партнер на САД во војната и поранешна колонијална сила на Ирак. „Улогата што ја имаат борбените сили на Велика Британија се приближува кон крај. Тие сили ќе ги завршат нивните задачи во првата половина од 2009 година и потоа ќе го напуштат Ирак“, изјавија Браун и Малики во заедничка изјава. „Но, партнерството меѓу двете земји ќе продолжи со нови димензии“.

Законот со кој се одредуваат условите за повлекување на 4.100 британски војници, исто така, го покрива присуството на австралиските, естонските, романските, салвадорските и единиците на НАТО, и мора да биде одобрен од ирачкиот парламент. Со законот, крајот на мај се поставува како последен датум за борбените операции, а крајот на јули како датум за повлекување. „Многу сме задоволни од она што го видовме во договорот, и очекуваме дека ирачкиот парламент ќе го одобри многу наскоро“, рече висок британски претставник кој побара да остане анонимен.

Британски официјални лица јавија дека очекуваат да останат малку војници, за вежби за обука, по официјалното повлекување. Велика Британија во еден период испрати 45.000 војници во војната против Ирак, но огромното јавно спротивставување за војната во земјата ја поттикна владата постепено да ги намали борбените операции. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 175 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Латинска Америка ги обвини богатите земји за кризата
„Бадвајзер“ го загуби правото на името „бад“
Изборот на Обама ги охрабри црните Ирачани да влезат во политиката
Браун прогласи „победа“ во кавгата со Германија
Во експлозии во Багдад загинаа 18 лица
Словенија ќе ја блокира Хрватска за ЕУ
Буш не му е лут на новинарот што го гаѓаше со чевли