Број 3533  четврток, 17 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Го допре ли дното слободното новинарство

Се' поизразена е поларизираноста на медиумите, кои се обвинуваат дека се од овој или од оној табор

Жаклина Ѓоргевиќ


Плукања, навреди, па дури и закани за физичка пресметка меѓу новинари и уредници. Исплива ли на површина поларизираноста на медиумите што меѓусебно се обвинуваат дека се од оној или од овој табор, во услови кога егзистенцијата на дел од нив е доведена во прашање од различни причини. Го допре ��и дното слободното новинарство? Постои ли воопшто слобода на говорот во земјава, на која постојано и' се упатуваат загрижувачки тонови дека е загрозена слободата на изразување? Се изгуби ли вистинското значење на професијата што би требало да биде столб на демократијата во една држава? На оваа тема побаравме мислење од експертите, кои само потврдија дека новинарската фела се' повеќе тоне и се задушува во притисоците што ги трпи.

„Политички и економски притисоци имало и ќе има врз медиумите. За тоа да го видиме не ни се потребни ни ’Фридом хаус‘ ни ЕУ. Прашање е дали и што сакаме да видиме на медиумската сцена во Македонија“, вели комуникологот Климе Бабунски. Според него, она што се случува со медиумите влијае и претставува притисок врз професионалната слобода на медиумите. „Не може само неплаќањето данок, на пример, да биде причина за да се тренираат строгост и дисциплина кон некое трговско и радиодизуфно друштво, а да се премолчуваат прекршувањата на некои други закони, според кои не е дозволено политички лидер да биде сопственик на медиум“, смета Бабунски.

Негово мислење е и дека логиката на штедење не смее да значи напуштање на професионалната автономија, а токму тоа, смета тој, на еден или на друг начин се вградува во дисциплинирањето на медиумите во Македонија.

И странците не ја кријат загриженоста за состојбата со медиумите. Холандската амбасадорка Симоне Филипини во изјава за „Утрински“ нагласува дека во врска со ова прашање „се придружува кон забелешките на Европската комисија во последниот извештај за напредок во полето на информатичкото општество и медиумите, како и согледувањата на организациите ’Новинари без граници‘ и ’Фридом хаус‘“.

Само за потсетување, во последниот извештај на ЕК се вели: „медиумите и натаму се поделени по етничка и по политичка линија, а самоцензурата е широко застапена. Сопственоста на печатените медиуми се' уште не е транспарентна и високо концентрирана. Не постои механизам за саморегулирање за мониторинг на професионалните стандарди што би требало да се поддржат. Заплашувањето на новинарите, кои се соочуваат со политички притисок и закани, е сериозна загриженост“.

„Секако дека постои поделеност на медиумите. Прво, постои партиска поделеност, а потоа и поделеност за улогата на медиумите“, тврди експертот Петар Арсовски. Тој предупредува дека медиумите ја губат својата улога како сервис и стануваат бизнис-алатка во рацете на своите газди, па поради тоа е неопходно итно да се засили улогата на здруженијата и на синдикатите и да се создаде заеднички индустриски комитет со претставници од повеќе професии, кој функционира и во други држави. „Мора да се засили јавниот сервис. Се' додека не се засили јавниот сервис, новинарите наместо да произведуваат информации, ќе произведуваат публика“, смета Арсовски, кој предупредува дека поради бизнис-ориентацијата на медиумите тие ќе стануваат се' „пожолти“.

Билјана Петковска, извршна директорка во Македонскиот институт за медиуми вели дека се неопходни коренити, суштински промени во начинот на кој е поставен и функционира медиумскиот систем во Македонија. „Зарем сите случувања околу медиумите во последниов период не се доволен доказ дека вака не може натаму“, прашува Петковска. Според неа, професионалните стандарди вртоглаво паѓаат, присутно е заплашување на новинарите и автоцензура, а медиумите не функционираат врз принципите на слободната пазарна економија. „Потребна е заедничка акција на новинарите, на регулаторот и на граѓанскиот сектор со која ќе им се спротивставиме на овие лицемерни обиди на политичарите за пазарење со и во име на медиумите, со кое добиваат само политичарите, а губат сите други, особено граѓаните“, вели таа.

И за Ѓунер Исмаил од Форумот за стратегиски истражувања состојбата во медиумскиот простор е очајна.

„На медиумскиот простор постои само еден крупен играч, а тоа е политиката. Оние што годиниве наназад молчешкум ги прибираа народните пари и глумеа дека се сопственици на медиуми, уредници или директори на медиуми се извршители на волјата на политиката“, ни изјави Исмаил, кој тврди дека новинарството никогаш не било подолу отколку што е сега. Тој вели дека се знае кој во моментов е доминантен во политиката и кој располага со реална моќ (пари) за да диригира. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 2610 пати.

Испрати коментар

Од: ghj
Датум: 17.03.2011 12:08:19
на која страна во тие делби е утрински?
Од: karpos
Датум: 17.03.2011 12:19:53
Da mizerija se poveketo novinari,so cest na isklucoci
Од: Марковски
Датум: 17.03.2011 12:23:25
Еве, на пример, јас сум симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ, како впрочем и поголемиот дел од граѓаните во Македонија. Мене многу ми пречи тоа што Утрински Весник толку критички и необјективно (да не речам плукачки) се однесува буквално кон сите проекти на Владата. Според мене и Утрински весник, сосема исто како и речиси сите други медиуми во Македонија опасно се приближува кон новинарското дно. Сериозно размислувам да не го купувам повеќе. Апелирам и се надевам дека ќе се поправите. Би било подобро за сите. Поздрав.
Од: jovan
Датум: 17.03.2011 12:40:15
Nekoj novinari(ili potocno taka nareceni novinari) go doprea dnoto od damna, ama za beljata imalo duplo dno, pa prodolzija i nakaj toa dno. Tragicnoto e sto drzavata nekoj novinari i gi podrzuva kon ovaa trka kon dnoto.
Од: SPIRIDON
Датум: 17.03.2011 12:40:41
E zašo pa novinarstvoto i novinarite da se porazlični od zemjodelieto i tutunarite,lozarite,od penzionerite,od stečajnite rabotnici,od .....običnio gragjanin na vaa,kakva da i e ama ušče e naša,a šom e naša možeme da ja doterame u red,zašo i oni da ne sa u eksperimento kolku e niskata granica na izdržlivos,na politička nekultura,na egzistencija,pa dur i kontejnerska,a?Šo mislete?U Makedonija odamna "mečkata igra" u site dvorove.Taka i svirat i taka e vodena.Ne samo od portokalliite.I od porano e zaigrana ama sea počna nogu da se oseka,ta i na naša koža.Čare?Site go znaeme,ama moj Stojče da si dojde,ponataka...
Од: ervin
Датум: 17.03.2011 12:42:31
mnogu ni e jako novinarstvoto, sto da kazam! se nekoi kolumnisti-filozofi po vesnicite i televiziite i umisleni novinarski iminja. razocaran sum od mkd-mediumite, a najmnogu im veruvam i se zabavuvam so tabloidnite novinari i nivnite textovi. najfer se vo pisuvanjata i nikomu ne mu se dodvoruvaat, a deka se zolti eeee bas ne se, najzolti se tokmu ovie drugive umislenite koi kako babi na pazar megusebno se plukaat i raspravaat....sramota!
Од: Dejan
Датум: 17.03.2011 12:46:15
Еве како се пере мозок: ФОСИМ (Фондацијата Институт Отворено Општество) на својата интернет страница објави КОНКУРС : читај повеќе » „за новинари практиканти за работа во следниве медиуми: ТВ А1, ТВ Алсат, ТВ Алфа, ТВ Ера, радио Канал 77, Утрински весник, Љајм и Време во Скопје; ТВ Менада во Тетово и ТВ Тера во Битола. Цел на проектот: Проектот има за цел градење на капацитетите и на вештините на новинарите-практиканти за покривање на прашањата за ЕУ интеграциите на РМ.“ Запази кои се медиумите и за што одат парите од сорос. Истото е со аналитичарот Арсовски кој се јавува во колумнава со стручен коментар, истиот тој кој со проектот ФАБРИКА беше платен и работеше за СДСМ заедно со Борјан, Сабина, Герман, Геро... Ете така се пере мозок и се работи по директива, така се контролира и злоупотребува медиум!
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 17.03.2011 12:52:19
Slobodno novinarstvo !!?? Kade go ima toa !! Vo Makedonija !! Ajde ve molam !! Kako moze da ima slobodno novinarstvo koga nema sloboden pazar za novinarskiot trud i znaenje !! Novinarite kako i site nie grebeme so seta sila da se dofatime do nekoja poeksponirana i poisplatliva rabota !! A vo denesnive uslovi toa e mozno samo ako se slozis na nepristojni predlozi od sekakov vid !! Samo vo sekoja nesreka ima sreka,se pomalku se cita oti inaku moze da poludis !! Sekoj pisuva kako gazdata ke mu kaze a toj obicno laze isklucivo za svojot interes. A za dnoto,pa novinarite odamna se na dnoto,cudo kako toa ne go sfatile dosega,ili pak se optimisti, ima uste za kopanje,ima !!
Од: забеган.
Датум: 17.03.2011 12:55:57
Навистина некои Новинари се за Жалење.Кога ги глеам посебно на телевизи како ломотат се прашувам што им е.Дали го направиле ЛИЦЕТО-ЃОН,,,,,КОПИТО????????.Само да му ги исолнат желбите на Газдата,,,,,,,Кој заглибил и мора да се ваѓа и прави контра услуга,Да него стинат газда Велија.
Од: baba roga
Датум: 17.03.2011 13:03:39
Tocna e konstatacijata deka krupen igrac vo mediumite e politikata. Za zal takvoto ogromno vlijanie na politikata, pred se vo ureduvackite politiki na site mediumi, go unistuva osnovnoto nacelo na demokratijata,a toa e objektivno i kriticko novinarstvo. Sega, ako zgasni A1 Vreme, Utrinski vesnik i Spic, vo MK kje zavladee TOTALITARIZAM, polos od onoj na Stalin i na Causesku, ili po svezo od onoj na Hugo Caves i slicni na nego. Krajno vreme e novinarite da prestanat da go sledat patot na Latas i Mirka ( jadi burek ne e novinar)
Од: do Markovski
Датум: 17.03.2011 14:57:44
A zosto gospodine tvoeto mislenje da ne go ocenime kako neobjektivno. Ti imas pravo da ne go prifakas pisuavnjeto na Utrinski no ne i da nosis sud za objektivnost, od pricina sto treba da si ja smenis matricata. Kritikuvanjeto na nekoi drzavni greski vie gospodine vodejki se od maksimata "Drzavata toa sme nie" ja citate kako partiska kritika. A osven toa od kade 15-16 otsto znaci "поголемиот дел од граѓаните во Македонија". dali ostatokot od 85 otsto ne se gragjani na Makedonija.
Од: BRAVO ZA UTRINSKI
Датум: 17.03.2011 16:01:29
alal vera na utrinski sto si drzi do vistinata i izvestuva mnogu objektivno i visoko profesionalno za razlika od nekoj drugi dnevni vesnici !! BRAVO
Од: Кирил
Датум: 17.03.2011 16:25:58
Кој македонски новинар е со професионален и личен интегритет за нацијата да му верува? Ако нема таков, нема ниту новниарство и затоа луѓето не купуваат весници. Читателот сака да ја прочита вистината кога станува збор за дневна вест и сака да прочита сериозна, непристрасна анализа на позначајна тема. Њујорк Тајмс е лево оринтиран, но за една невистина се добива отказ, веднаш! Многумина не ја сакаат партијата на власт, но ја сакаат Македонија и имаат респект кон сопствената нација. Утрински не ја прави таа разлика, плука по националните институции и се залага за национална капитулација, што е равно на национално предавство. Мислењето на Ѓунер ли треба да стои како заклучок на напис за слободата на пишувањето?
Од: sime
Датум: 17.03.2011 16:55:44
Tocna e konstatacijata na Gjuner deka mediumite se vo funkcija na vlasta i nema ni N od nezavisni mediumi
Од: Сергеј
Датум: 17.03.2011 18:43:41
Мене ми се чини дека дното ќе биде допрено во моментот кога ќе згасне Утрински. Не дозволувајте тоа да се случи! Ја имате нашата поддршка! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: abvgd
Датум: 17.03.2011 19:35:31
a vie od cij tabor ste?
Од: Редовен читател: до Марковски
Датум: 18.03.2011 00:15:44
Слобода на медиумите подразбира постоење на телевизии и весници во кои ќе се изразува поинакво мислење, особено поинакво од она на партиите на власт. А тебе ако ти пречи, читај ги оние весници чие мислење ти одговара, не знам зошто воопшто го читаш Утрински па се нервираш, и не се грижи, има кој да го купува. Зарем ги заборави познатите зборови на Волтер: „Не се согласувам со твоето мислење, но до смрт ќе го бранам твоето право да го кажеш.“
Од: Marshalov napad
Датум: 18.03.2011 08:09:58
Poosodveten bi bil naslovot "Go dopre li dnoto objektivnoto novinarstvo", zatoa shto sekoj moze da "fakja strana", pa i novinarite, no pritoa vodejki smetka za ulogata shto ja imaat vo kreiranjeto na atmosferata vo edno opshtestvo.... ke bidat smiruvachi ili raspiruvachi na i onaka nepodnoslivata polariziranost na Makedonskiot narod. Inaku, slobodno novinarstvo ne postoi nikade na svetov, sekoj e zavisen od neshto ili nekoj, zarem ne?!

Најди! во Утрински
Политика
Изборот на Кондарко во рацете на ДУИ
Политиката не треба да биде печалба
ВМРО-ДПМНЕ и рејтингот
Нулите на Гешковска ѕидаат кули од грешки!
Уште една контра од ВМРО-ДПМНЕ до ДУИ
Тачи се смирил со Тачи
Големо признание за македонскиот генерал
Грција ја обвини Македонија пред Хаг

"""