Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
21.04.2013, 21:54

Жерновски и Села повторно победници

Вчерашното прегласување измина во напрегната атмосфера и обвинувања за нерегуларности

ГОРДАНА ДУВЊАК

Без инциденти, но со многу обвинувања за изборни манипулации, особено во скопската општина Центар, помина вчерашното гласање во четири општини. По усвојувањето на преговорите од страна на Управниот суд, се прегласуваше вториот изборен круг на 29 гласачки места во Центар, едно место во Ѓорче Петров, 9 во Струга, додека вториот изборен круг за прв пат се одвиваше во сите 39 гласачки места во Долнени.

Резултатот од прегласувањето во скопската општина Центар повторно е во полза на опозицискиот кандидат Андреј Жерновски. Вкупниот број на гласови што ги освои тој во местата на прегласувањето изнесуваше 14.566 а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ 11.760. Во овој збир недостасуваат гласовите од избирачкото место на Водно, но од опозицискиот штаб триумфално јавија дека Жерновски победил со 3038 гласови разлика.

Демократската партија на Албанците во Струга прогласи победа на нивниот кандидат за градоначалник Зијадин Села. „На овие локални избори за кандидатот Зијадин Села гласаа 20.728 граѓани, а за Кочоски 14.676 или разликата е 6.072 гласови , изјави портпаролот Албрим Хоџа.

Во Долнени ДУИ призна пораз од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој добил 300 гласови повеќе. Меѓутоа веднаш најавија голем број на приговори за нерегуларно гласање во селото Црнилишта.

Како што соопшти Државната изборна комисија на прес-конференцијата одржана во 18 часот, одѕивот на гласањето во четирите општини изнесуваше 53,73 отсто. До 16 часот, на гласање излегле 22.921 граѓанин од вкупно 42.663 колку што според избирачкиот список имаат право на глас.

Според портпаролката на ДИК, Билјана Јовановска најголем одзив е регистриран во Долнени -63,50 отсто. На вкупно 39 избирачки места во општината на гласање излегле 6.680 граѓани. Во мултиетничката општина Долнени, во трката за градоначалник беа Боше Милошески од ВМРО - ДПМНЕ и Абдула Бајрамоски кандидат на ДУИ и досегашен градоначалник во оваа општина.

Во скопската општина Центар каде што се прегласуваше вториот круг од локалните избори на 29 избирачки места, одѕивот на гласањето изнесуваше 53,71 отсто, односно на гласање излегле 12.321 избирач од вкупно 22.939 запишани во избирачкиот список.

Во Струга, пак, каде што исто така се прегласуваше на девет избирачки места излезноста беше 43,40 отсто, односно на гласање излегле 3.422 граѓани. Се избираше меѓу Зијадин Сеља од ДПА и заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Владимир Кочовски.

Во Ѓорче Петров се прегласуваше на едно избирачко место во Волково и таму одѕивот е 37,73 отсто, односно гласале 498 граѓани. Се избира меѓу досегашниот градоначалник Сокол Митревски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Наумовски од опозициската коалиција на чело со СДСМ, кој се откажа од натамошна трка по дознавањето на одлуката на Управниот суд да прифати само еден приговор. Тој обвини за политички притисоци врз Судот, бидејќи како што рече, не сака да биде дел од изборно сценарио и да послужи како алиби, затоа што не се прифатени истите забелешки во останатите приговори.

Од ДИК соопштија и дека гласањето се одвивало без прекини, а до нив не пристигнале официјални забелешки за нерегуларности

Жерновски му се заблагодари на Црвенковски

Возбуден од убедливата победа со повеќе од 3.000 гласа, Жерновски им се заблагодари на целосната поддршка која ја имал денеска од колегите пратеници од опозицискиот блок, но и од дипломатскиот кор, кои, како што рече, ја штителе демократијата на гласачките места. „Мојата победа е изборена по трет пат со тоа што во првиот круг противкандидат ни беше Владимир Тодоровиќ, во вториот круг Никола Груевски, а денеска противник на власта и беше народот. Оваа победа е јасен доказ дека волјата на народот насила никој не може да ја смени . Многу му благодарам на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, чии драгоцени совети доведоа до оваа наша заедничка победа“", рече изјави Жерновски.

Мост: Гласачи од други општини

Граѓанската асоцијација Мост, која го набљудуваше прегласувањето на локалните избори 2013 со 130 набљудувачи соопшти дека нивните претставници до 18 часот забележале реакции на партиски набљудувачи во општина Центар, за појава на гласачи за кои постои сомневање дека не живеат во општината, а поседуваат важечки биометриски документи и се запишани во Избирачкиот списо��.

Оваа појава, како што наведуваат, е забележана на дел од избирачките места во ОУ „Коле Неделковски“, ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридск“, ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Фудбалски Сојуз на Македонија на улицата „8-ма Ударна бригада“ како и Дом на градежници, каде, исто така посочуваат, е забележано зголемено присуство на полицијата, гужва и напната атмосфера во и пред избирачките места.

Во општина Долнени биле забележани случаи на семејно гласање, и тоа на избирачкото место 1472 - 12 случаи, на 1473 - 10 случаи, и на местото 1476 се забележани 15 случаи. (П.Р)

Не знаеја дали има гласање

Прегласувањето во општина Центар не мина без проблеми. Тие се јавија на гласачките места во Фудбалската федерација на Македонија и во Домот на градежните работници. Наша екипа вчера посети неколку гласачки места во Центар и од она што можеше да се констатира на самите гласачки места, многумина не знаеја дали има прегласување во нивните изборни единици.

„Не сум единствениот кој дојде да гласа, а се покажа дека немало потреба од доаѓање. Народот е неинформиран каде има прегласување, а дополнителна забуна внесе и пропагандиниот материјал кој што ни беше оставан во поштенските сандачиња“, раскажува жител кој дојде на гласање во основното училиште „Јохан Хајнрих-Песталоци“.

Еден ден пред гласањето, на жители на Центар им бил оставан гласачки материјал со кој што граѓаните ги информираат дека треба да гласаат следната недела. Станува збор за црно-бели флаери, слични на оние кои ги делеше опозицискиот кандидат Андреј Жерноски, со кои што тој ги повикуваше на победа на гласањето, но пишувало дека тоа ќе се одржи на 28 април, односно следната недела. Освен флаери на граѓаните им е поделено и писмо кое што е потпишано од кандидатот Жерновски и на кое исто така стои датум од следната недела. (Љ.С.)

И Волерс на избори

За време на посетата на новинари на „Утрински весник“ на избирачкото место во ФФМ, нешто пред 14 часот, се појави и американскиот амбасадор Пол Волерс. Негов претставник реферираше за се' она што тој го регистирал на гласачкото место, а потоа амбасадорот Волерс се упати кон Домот на градежните работници.


Статијата е прочитана 5254 пати.


Испрати коментар



Редици од Пустец!
Ако сакате работа, учете за бравар или заварувач
Излез од косовскиот жабарник
Златото го губи сјајот
Опомена од Стејт департментот
Учи сине за да работиш помалку!
Долговите на општините испливаа на површина



Itar Pejo, 22.04.2013 00:06:21
Kako e tolku siguren? Od kade znae deka DIK ili Upraven sud nema da go ponistat glasanjeto?
Има надеж, 22.04.2013 00:49:46
Со Андреј Жерновски како Градоначалник на најважната општина во државата и со Зоран Јовановски како иден Претседател на СДСМ има огромни шанси да се победи Груевски и фамилијата на следните парламентарни избори и економски да се оправи оваа држава! Само храбро Андреј и Зоран, сплотени, со многу труд и работа, победата сама ќа си дојде, верувам во вас!
razmo, 22.04.2013 03:46:59
Dimovski od DPMNE mu ja cestita pobedata na ANDREJ ZERNOVSKI , za nov gradonacalnik vo opstina CENTAR. Trebase tri pati da mu cestita ,oti ZERNOVDKI tri pati pobeduva vo CENTAR,ako i ovajpat muja osporite negovata pobeda ke treba Dimovski i po cetvrti pat da mu cestita na ZERNOVSKI. Veruvajte, PUSTEC go ZAPUSTI DPMNE ,neznam dali ova mu e jasno na LATAS,sigurno i za ova B.CRVENKOVSKI ke mu bide kriv na LATAS.POZDRAV.
do nadezot, 22.04.2013 05:57:30
Tuf!Tuf!Komunjarite pobedile vo Centar.A toa sto VMRO dobi uste edna opstina,Dolneni i sega ima vkupno 58 opstini,toa ne e vazno za komunjarcijata.Ne e vazno za niv i sto VMRO pobedi vo Kisela Voda,Gazi Baba,Butel,Aerodrom so razliki od 8 do 10 000 glasovi,a vo Centar razlikata za Zernovski e samo 2 do 3 000 glasa.Nadezta na SDS pak ke pukne.
До Itar Pejo иако знае, 22.04.2013 06:00:42
Мислам дека овој пат нема да го поништат гласањето затоа што и покрај донесените жители на Пустец да гласаат тука противкандидатот Жерновски освои повеќе гласови. Така што ако има нов круг, може да изгубат со уште поголема разлика бидејќи ги налутија жителите на општина Центар. Не мислеа на време кога ние се жалевме, па сега тоа е резултатот. На пример во општина Аеродром не мораа да прават никакви манипулации, градоначалникот ја уредуваше населбата и правеше паркови, езерца, а во општина Центар го уништија сето зеленило што постоеше и таа штета не може да се надомести.
Ајван Доктор®, 22.04.2013 10:14:30
Јаден Гwујокио,се сопна од спомениците!Сега неговине ќе ги испрати у Пустец! =:0))
m.m, 22.04.2013 10:21:17
Sakam da kazam ,ziveam vo Centar ,ne na plostad ,ne na Vodno ,ne vo Kapistec ...Toa e opstina ,a moe mesto na ziveenje ...a ne na prepukivanje i arogancija ...i samo dokazuvanje .Noviot dradonacalnik neka obrne vnimanie na zitelite na opstinata,nivnite problemi ,iako se rabotese dosta na tie problemi ,sekako toj ne nasleduva pusta opstina .Denes ,ponedelnik ,opstina Centare dobro mesto na ziveenje ,da ne zaboravime ,ne pocnuva se od nas .....se slusame posle eden mesec...!!!!
Кај дуњата!, 22.04.2013 10:23:27
Честитки до новиот градоначалник Жерновски и неговиот тим, и на Центарци за победата. НО , што треба уште ,покрај аудио и видео снимки ,пред изборите за непочитување на изборниот закон , за уцени ,закани, поткуп ,па се до гласачи од р. Албанија ,за вадење на лични карти “за една употреба“ , за ОБСЕ/ОДИХР ,ЕУ ги прогласат изборите за “мирни“ ?. После ваков циркус ,се губи желбата за гласање. Да не треба “јунак“ да се замозапали, за да скрене внимание ,колку изборите беа лажни и нефер во сите општини во Македонија . Гледајќи што се случуваше во општина Центар, пред очите на набљудувачи, полицијата, новинарте, ,граѓаните и медиумите (само на две ТВ куќи ) толку беа осоколени “Центарците од Пустец“ ,што некој од медиумите можеше и модринки да ќари! А може и на адресите на кои што се запишани во л.к. , еден светол ден , да им заѕвонат на домаќините ,и така “храбро“, како пред новинарите, да им кажат кој е “газда“ на станот . А и јас гласав во Центар ,зошто живеам кај дуњата.
цобе, 22.04.2013 10:46:10
Чекај, чекај Андреј !!!?? Не сили се многу, Грујо така лесно не го пушта центар.......
Сталинград, 22.04.2013 10:54:24
Во право се тие што се согласуваат со верувањето дека оваа победа во Центар има повеќекратно значење и симболика. Покажа дека сепак, има светло на крајот на тунелот и ја врати надежта меѓу граѓаните дека ВМРО може да биде победен, наспроти сите нивни уцени, закани, валкани трикови и манипулации. Со вистинска кадровска и програмска политика истово може да се оствари и на централно ниво. Цврсто сум убеден дека единствената личност, која може да ја победи оваа ненародна власт е Зоран Јовановски. Уште еднаш, честитки до Жерновски и сите трпеливи и упорни жители на Центар.
Жител на Центар, 22.04.2013 11:15:24
Се согласувам со „Има надеж“! Две центарски деца-Андреј Жерновски и Зоран Јовановски: паметни, образовани, културни, сталожени, чесни особи можат многу да направат за оваа држава! Само напред!
Drz se brat!, 22.04.2013 11:46:01
Bravo brat, neka ti e chestito pobedata po tret pat! Ako Prozor beshe prozor za pobedata na NOB, neka Centar bide prozor za pobedata na demokratijata, pravednosta, chesnosta i chovechnosta. Vo domenot na moznostite/ovlastuvanjata, odime da go raschistime kriminalot tokmu vo i okolu Centar. Potvrdeni rezultati, bez bilo kakva greshka i somnez, chas poskoro! Mnogu uspeh i srdechen pozdrav!
wd40, 22.04.2013 11:48:05
Има надеж, 22.04.2013 00:49:46 Najvaznata opstina vo Makedonija ti mora da se sheguyvash .... Skopje e najvazno a ti mislam znaesh koj e vo Skopje pobednik
ФЕЛИКС, 22.04.2013 12:32:08
Во целава оваа работа мојот став беше дека немаше потреба од трикратни прегласувања. Се виде уште по вториот круг дека работите ќе течат исто.Затоа и напишав дека резултати од 7 април се валидни се друго беше ,,идими-доѓими,,Немаше потреба ни од омаловажување на гласачите од Пустец,ниту графитологијата во корист на двата опонента,ниту со лифтовидно малтретирање на поедини станари и др. безобразлуци во кој учествуваа видни партиски членови од двете страни.Добро е што се поздрави победата на политичкиот опонент,оти тука ваквото нешто е скоро исфрлено од употреба.Тука може да се изгуби и со десетици иљади гласови разлика,па изборниот губитник не смогне сили да честита.На овие локални избори се случија неколку битни работи.Опозицијата ги изгуби изборите со се лидерот во пакет ама го доби Центар како седатив за ублажување на изборните болки.По терк,,танте за кикирики,,кој како ги разбира работите погрешно.
pozdrav do Feliks, od EU, 22.04.2013 19:42:31
ODVRATNO; Feliks ne e vo sostojba, ama bas vo nikoj slucaj,da ne go upotrebi svojot zmiski jazik.Mora da e mnogu nesreken ovoj covek, za da se izzivuva i kade odi i kade ne odi! Zalno za eden Makedonec koj smeta deka i pripagja deneska,na najmakedonskata partija!
Vitamin C, 23.04.2013 04:00:34
So silenjeto, manipuliranjeto i maltretiranjeto na graganite da preglasuvaat tri pati iako jasno kako den bese koj e pobednikot vo Centar, Gruevski i negovata parija napravija ogromna greska i si nametnaa neizbrishliva damka na nivnite lica. So cinot *poshto-poto* mora da go zememe Centar, samo si gi pokazaa pravite lica i ja raskrinkaa maskata pred neutralnite gragani ne samo na Centar nego i na cela teritorija na drzavata. Maskite padnaa, krazbite i lopovlukot okolu Skopje 2014 ke izleze na videlina i ultimativno so ovoj cin i defakto otpocnuva padot i ultimativno porazot na VMRO i negovoto otstranuvanje od vlasta. Veke deneska sme svedoci na informacii od tipot deka Skopje 2014 koshtal 202 milijona. Posle nezavisnite kontroli, siguren sum deka ovaa brojka ke bide barem duplo povisoka. VMRO tone no ke vidime sto ke se sluchi so gluvcite na brodot.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 12°C

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Кој бил виновен за бомбардирањето на РТС
Шеснаесет лица загинаа во НАТО-бомбардирањето на српската национална ТВ, но се' уште се бараат одговорните...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |