Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
На прво место

Протестот на стечајците произведе политичка бура

Стечајците се поделија, едни пред Владата и Собранието, други пред кабинетот на Црвенковски

Александра М. Митевска

Протести пред канцеларијата на поранешниот шеф на државата Бранко Црвенковски и пред седиштето на опозицискиот СДСМ како одговор на протестите на стечајците пред Владата и пред Собранието. Така помина вчерашниот ден за митинзи во Скопје, дополнет со препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој зад кои протести стои. Во меѓувреме, се создаде сообраќаен хаос во центарот на градот, на еден протестант пред зградата на парламентот му се слошило и бил пренесен во Градската болница, а друг бил полесно удрен од автомобил додека се движел во колона. Протестантите од Куманово обвинија дека полицијата не ги блокирала улиците каде што се движеле, иако протестот бил најавен во МВР.

Вмровската химна ечеше од мобилниот телефон на еден од протестантите пред сдсмовскиот штаб, кои бараа Црвенковски да замине од политиката и да престане да ги замајува граѓаните. „Жртвите на транзицијата“ и вчера повторија дека на Црвенковски му е важна само фотелјата. Тие немаа одговор зошто за своите проблеми не се обраќаат до Владата. Само кажаа дека СДСМ и Црвенковски, иако се во опозиција, практично, се' уште се на власт, бидејќи нивни кадри биле инсталирани во судството.

Не помина ниту деноноќие откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека социјалдемократите имале сценарио за политичка дестабилизација преку поттикнување штрајкови и демонстрации, а група протестанти од Куманово со автобус пристигнаа и пред кабинетот што го доби Црвенковски како поранешен претседател на државата. Тие објаснија дека не ги поддржуваат протестите на своите сограѓани - стечајци, кои подолго време незадоволството го искажуваат пред Владата, а вчера демонстрираа и пред Собранието. Отцепените стечајци му се лути на Црвенковски затоа што во 2006 година како претседател не го потпишал указот на Законот за стечајците, што го изгласаа 77 пратеници. Тие сакале да му порачаат на Црвенковски дека нема да дозволат да бидат политички инструмент за неговите амбиции и дека не се негова партиска играчка.

„Со другите стечајци не се согласуваме, бидејќи ние сметаме дека пензија треба да добијат само оние што имаат повеќе од 25 години стаж и 55 години старост“, објасни еден протестант, информирајќи дека оние што штрајкуваат пред Владата биле организирани од СДСМ, а преку синдикатот.

Од кабинетот на Црвенковски реагираа дека владејачката партија ја злоупотребува маката на граѓаните, во обид да се неутрализира незадоволството од Владата и да се скријат нејзините лоши резултати.

Кабинетот на поранешниот претседател апелираше до владејачката партија, место да троши енергија на организирање вакви паради, да се зафати со решавање на проблемите на граѓаните.

Лилјана Георгиева, која ги предводи протестите на стечајците од Куманово, рече дека протестите пред Владата и пред Собранието не се политички мотивирани.

„Ние немаме друг избор освен со протести да дојдеме до нашите права.

Нашата агонија трае со години. Ние не сме против Владата, само ги бараме нашите права. Зад нас не стои никој, но прифаќаме сечија поддршка“, рече Георгиева, посочувајќи дека се сомнева оти групата стечајци што се одделиле од нив била поттикната од пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека социјалдемократите не се откажуваат од реализацијата на сценариото за политичка дестабилизација, со цел да се амнестираат за сите грешки направени во време на нивното владеење. Блокадата на Скопје, според ВМРО-ДПМНЕ, е само продолжение на тоа сценарио.

„СДСМ со ова покажува и докажува дека не се реформира и дека, место да нуди решенија и предлози, продолжува со деструктивност и неконструктивност“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

Од СДСМ, пак, оценија дека вчера во Скопје имало две категории протести: нормални - на луѓе што имаат реални проблеми и ненормални - на група платеници на ВМРО-ДПМНЕ, чија намера е да ја манипулираат јавноста. Според потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, очигледна е намерата на Груевски да се предизвика инцидент со испраќање контрамитингаши пред седиштето на опозицијата. Во таа работа, како што рече Георгиев, Груевски воопшто не се разликува од Милошевиќ, на пример.

„СДСМ не стои зад протестите пред Владата. Кога ние ќе стоиме зад такви протести и кога СДСМ ќе излезе пред Владата, тоа ќе му биде последен ден на Груевски во Владата“, изјави Георгиев.


#
Статијата е прочитана 6499 пати.

Испрати коментар

Од: Pero
Датум: 24.04.2010 00:18:26
Ja razbiram makata na stecajcite, no ne mozam da gi svatam kako moze seuste da go podrzuvaat onoj koj sto gi upropatsti onoj koj sto gi ukrade 100 % od firmite i im gi dade na svoi bliski rodnini i prijateli takov covek poveke ne i potreben na Republika Makedonija, vo ovaa ekonomska kriza vladata se obiduva da im pomogne i na niv zatoa sto e vlada na site gragjhani na republika Makedonija, so toa sto ke se obidat da ja destabiliziraat makedonija nema da si gi resat problemite zatoa neka se strpat malku i se ke bide vo red Pozz
Од: ја
Датум: 24.04.2010 00:19:30
Предлагам „контрамитингашите“ кои протестираат пред седиштето на опозицијата да ја погледнат добро уште еднаш вчерашната емисија „Во центар“ со В Ефтов за да видат дека само ронки од краденото им даваат и дури и тоа што им го даваат за да протестираат е помалку од тоа што им го земаат.Срамота,али сепак на овие добро нафатирани портокалови преродбеници ИМ СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ.
Од: pedro
Датум: 24.04.2010 00:29:52
Grujo mnogu naucci od Branko. Duri stana i polukav.Kolku i da se trudi BC da ja povtori 2001 nema da mu uspee. Nikola ne e ljubco, a u DUI velke go mrzi da puka. Ostanaa samo steccajcite. Ama tie gi ima mnogu i tessko e da bidat masovno mobilizirani protiv vlada na VMRO. Liderkata od Kumanovo barem neka naucci malku makedonski i neka ja skrie omrazata kon Makedonija. kakva takva taa e i nejzina drzzava vo koja sekoj na svoj naccin e zzrtva na tranzicijata.
Од: Gox
Датум: 24.04.2010 00:35:45
Zatoa nikogas i ke nemame drzava.Poglup narod od makedonskiot nemoze ni da se izmisli poveke.
Од: Сергеј
Датум: 24.04.2010 00:38:51
За жал, ваквата пракса на владата на Груевски да организира „противмитинзи“ станува редовна појава кога некој во Македонија ќе се обиде да јавно искаже незадоволство од власта. Грујовите „стечајци“ и „жртви“ за својот премиерски шеф го прават она кое тој самиот се’ уште не се осмелува да го направи отворено и јавно - целосна забрана на било какво опозиционо делување! Некои коментатори овде ми замеруваат што Груевски го споредувам со Хитлер. Во право се. Грујо не е Хитлер. Тој е бетер од него. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: Минувач
Датум: 24.04.2010 02:26:45
Точно е дека сообраќајот не беше на време запрен и пренасочен, туку голем број автобуси останаа заглавени пред Собранието и патници кои платиле билет мораа да излегуваат од нив и да се снаоѓаат. Сочувствувам со стечајците и со нивните семејства, и јас останав без работа и ги разбирам. Инаку, сметам дека улиците не треба да се блокираат, илјадници граѓани што не се виновни за ништо и не можат да помогнат се малтретираат кога од разни причини се блокира сообраќајот.
Од: t25 kicevo
Датум: 24.04.2010 04:22:50
go molime branko crvenkoski da se izjasni javno kolku rabotnici se ostanati bez rabota vo periodot na privatizacijata koja bese napravena koga toj bese premier-----i za kolku pari gi prodade fabrikite -i na komu mu gi prodade...
Од: Mendela
Датум: 24.04.2010 06:14:32
Pred faktite i bolgovite molcat. Branjata na stecajni rabotnici pred vladata se legitimni Ustavno vtemeleni, potkrepeni so Medjunarodno pravo i Ecropska socijalna povelba od 2003 so validna dokumentacija od vodenje na stecajna postapka deka proizleguvaat od Drzavni firmi. Nivnite argumenti i faki se kolku Sar Planina. Drugite, so resen status, poznati lica, penzineri, politicki vojnici so ednodnevna dnevnica im go unistuvaat zivotott i dostoinstvo na vistinski gladni ex vraboteni. Za zal ova moze da se sluci somo vo Makedonija. Kolegi po vokacija da se taka odnesuvaat, ova go nema i vo najprimitivni pleminja vo Afrika. Vistinata ce izleze samo vistinski stecajci ce gi nema. Umiraat sekojdnevno za jadenje i za lekovi.
Од: Крт
Датум: 24.04.2010 06:49:06
Членовите на ДПМНЕ кои се н а привремена работа во владата на РМ,кога-тогаш ќе одговараат пред лицето на правдата затоа што на граѓаните им ги организираат барикадите и така свесно ги туркаат во конфликти.Едните си ги бараат своите права, а другите прават пародија на секојдневното живеење.Една работа не ми е јасна-што направија со кравата и телето.Тие им беа најсвесните елементи.
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 24.04.2010 08:01:30
Samo ja gledam slikava i ne citam podolu. Nema zosto. Mi pagja mnogu maka za ovie kutri dusi, ograbeni i bez perspektiva. Na sekoe moe doagjanje vo stariot kraj naogjam bolka, i samo bolka. Kako moze taka da go plukate svojot rod? - Pa toa se nasi majki i tatkovci, cickovci i tetki....Neka izdrzi vladata uste malku. Ova se preostanatite nekolkumina mrtvi dusi niz ulicive. .
Од: do Pero od Dime
Датум: 24.04.2010 08:18:11
Normalno e vo site demokratski zemji da se protestira i da se bara od Vladata da gi resava problemite na gragjanite NE E NORMALNO da se protestira pred sedisteto na BILO KOJA OPOZICIONA partija i da se bara nekoj opzicioner da se povlece od politikata. Toa se pravi na IZBORI. Kazuvas deka treba narodot da se strpi i se ke bilo vo red. DO KOGA? Pominaa 4 godini, narodot e se posiromasen i posiromasen EU i NATO stanaa mislena imenka, a ovaa Vlada stana REKORDER VO BESMILOSNO TROSENJE na parite na SVOITE gragjani samo za SVIO LICNI CELI i POTREBI. Ne da e mnogu, PREMNOGU E!!!!!!!!!!!
Од: Ристо Тетово
Датум: 24.04.2010 09:13:42
Воопшто не ги сожалвам стечајците. Тие си го бараат своето и нив во целост ги ПОДРЖУВАМ. Ги сожалувам портокаловите безрезервни подржувачи . Перо и Педро се најверојато иста "генетика". Меѓутоа вината не е кај нив(Господ е тука во прашање-ТОЈ дава ТОЈ зема). Воопшто не го бранам Бранко ако се огрешил во нешто. Меѓутоа за приватизацијата најверојатно неговата вина не е 100%. каде е тука Грујо. Ако е така тогаш зошто Gрујо чека- нека го прифати амандманот за промена на уставот во тој дел. Нека се потруди заедно со неговите експерти да го подобрат како би бил 100% применлив и секој нека си го "папа "своето. Вака , организирајќи контра митинзи на кои присаствуваат луѓе кои како да се на модна писта само ги иритираат и отрезнуваат непределените и реалните да ја увидат и исправат грешката за своето (зло) дело кога гласале за ДПМНЕ.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 24.04.2010 09:16:40
Пинпонг комедијата продолжува со истите актери и испициенти.Има мала разлика што немаше минофрлачки реквизити и крупно забест добиток.Испициентите седат во позадина и ја следат ситуацијата и се прават недоветни и противникот го обвинуваат за манипулирање. Инаку заканите за ако виножитните организираат протест поморанџестите истиот момент ќе паднат никој сериозно не ги сваќа,па тие ветувањата не ги исполнуваат( влада во сенка,вработен еден,октопод и др) камоли заканите.
Од: don kihot
Датум: 24.04.2010 09:50:24
Politickite nadmudruvanja go doprea dnoto, so manipuliranje na najzagrozenite sloevi vo Makedonija.Ova veke nema smisla nitu lici na demokratsko opstestvo.Slobodno bi mozelo da se narece (ciganska rabota) ili barem nalikuva na takva.Inaku lesno e da se manipulira so osiromaseniot narod, koj tokmu ovie dve partii smisleno go kradea i omalovazuvaa veke 20 godini.Sega samo se prefrla vinata od eden tabor do drug, za da se zaraboti po nekoe siten politicki poen.Makedonski narode osvesti se veke ednas i sledniot pat razmisli na kogo ke go dodelis svojot glas na izborite.Inaku i ponatamu ke bides izlozen na vakvi ili slicni socijalni torturi, i politicki perverzii, koi ne dolikuvaat za edno sovremeno i normalno opstestvo.
Од: Regaconi
Датум: 24.04.2010 10:15:19
Stecaite se slucija pred 10 - 15 godini a protestite sega?????
Од: gv
Датум: 24.04.2010 10:19:24
Zosto Grujo bega od soucuvanje so Branko pa neka vidi ovoj makedonski narod koj e prav ili kriv.Ke se vidi kakva privatizacija e napravena vreme SDSM i za vreme VMRO kplu vraboteni se ostanati bez rabota.
Од: До Перо „жртва на транзиција„
Датум: 24.04.2010 10:47:50
Еве СТЕЧАЈЦИ Pero ви даде трошка надеж.Да се стрпите УШТЕ МАЛКУ.Перо ,сонце нема, па да ти удри во глава ,еве оној што ги затвори фирмите 100% ,оној што им ги даде фирмите на блиски и пријатели, еве сега шанса да се изведе пред лицето на правдата . Ама верувај, еден ден овие теми ќе се отворат сигурно и секој ќе се тркала таму каде што заслужува. А стечајците заслужиле подобар и похуман однос од институциите , од власта и граѓаните. Сите неправди, еден светол ден ќе се разрешат и стечајците ќе се изборат за своите права. А ти Перо сигурно си од тие „транзициони стечајци „пред опозицијата ,замислете изјавата од „транзицискиот „не им стигнувале пензиите од сопругата и негова, да си ги платат сметките .Каква хипокризија, наспроти стечајците кои бараат минимални стретства кои ги заслужиле со својот работен стаж и годините.
Од: Трпе
Датум: 24.04.2010 10:56:29
Девизата на ова блада е раздели па владеј,испокарај па владеј.Добро тие кажуват дека Бранко се борел за фотелјата,а тие се бореле да ја зачуват власта.Која е разликата?Дали тие се сметат дека владејат квалитетно.Што имат остварено?Зарем го имат подобрено квалитетот на живеење.Но сега ме плашат што толку го палат народот што граганите ќе започнат и да се тепат меѓу себе.Нешто многу смрди.Но народот мора да ја исчисти смрдеата.Да сватат дека опозицијата мора да биде критизер и коректор на владата а власта треба да работи и да го подобрува квалитетот на животот.Но нивните неспособности ги кријат со онаа апашот кога повикал држете го крадецот.
Од: Бик
Датум: 24.04.2010 12:13:56
Ме зачудија протестите на портокаловите жртви на транзицијата.Без кравата како водач,изгледаа изгубено.Каде е кравата?Дали можеби доби амбасадорско место и чека агреман?Навистина не би ме зачудило,беше најдобра меѓу портокалчињата.А Феликс,не само што нема да стане амбасадор,туку и станот во стокатниците не му е сигурен.
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 24.04.2010 12:19:48
Sramota za VMRO-DPMNE.Nie sme edinstevenata drzava vo svetot kade se odrzuvaat protesti pred opozcijata sto mok ima koga VMRO-DPMNE im apsolutna vlast-parlament, sudstvo vo koj se poveke se instalirani kadri na VMRO-DPMNE,vlada, pretsedtel na drzava. A za privatizacijata Crvenekovski ubavo kaza ako se najde krminal vo bilo koj firma koja bila privatizirana si ima sud koj mnogu lesno preku Manevski ke se kazni i ke si snosi posledici. I za toa koga ke kazete krminalna privatizacija da ama kazete kade deka koj a ne VMRO-DPMNE i Gruevski da dobivaat partiski poeni koga i toj bese del vo eden del na privatizacija i toa so mnogu pari kako OKTA i Makedonski telekomunikacii, Nacionalna platezna karticka i sl kade okolu 700 milioni evra se dobija, a kade otidoa...prasajte go Gruveki..????
Од: SSS
Датум: 24.04.2010 12:23:42
Ja ne mozam da sfatam kako moze nekoj vo ovaa drzava (pa neka e i stecaec) da bara Crvenkovski ili bilo koja da si odi od politikata!!! Pa toj ne e nitu pratenik, nitu minister, nitu gradonacalnik ili bilo sto drugo. Ako gresel neka go sudat, a nikoj ne moze da mu zabrani da bide pretsedatel na SDSM. Dosta prestanete so gluposti. Barajte da si odi Gruevski, toj e ba vlast ili pak povtorno glasajte si go!!! I posle CACKO E KRIV. Inaku, zal mi e za stecajcite i posakuvam nivnoto prasanje da se resi. Ama ne vaka. Pozdrav
Од: tayipov abdula-turk(MK)
Датум: 24.04.2010 12:36:41
stvarno nekoj treba da zamine od politickata scena na RM ama ne Gruevski.Ovie protesti ne se za dobrobit na RM,koga od sekogas mu treba edinstvo na site gragjani koji ziveaat vo makedonij. Turskata multietnicka zaednica sme krajno zadovolni od politikata sto ja vodi denesnata vlada na megjunaroden i domasen plan ako se zeme celosnata svetska kriza i krizata kaj nas.
Од: MIKI
Датум: 24.04.2010 12:49:33
si igrate so narodot, nie rabotevme, iskra vo ku-vo ja zemaa bez peri, i sega eve sedime doma bez nikakva naknada.toa e fakt..a sega, preku nasite maki se borat dvete partii za fotelja.sramota e i greota, oti vistina e deka ima ludje sto nemaat za osnovni prehrambeni namirnici. samo sit gladniot ne mu veruva...ce si pati ovaa drzava i narodot nejzin..ne sekoj, onoj so svitkani pleci po koi udiraat
Од: vrba
Датум: 24.04.2010 14:37:29
Abe vakva prosta masa nema nikade na zemjinava kugla DPMNE go unisti narodot so davacki vo ime na drzavata a narodot pisti od SDSM ,koga pobedno i pobezvredno se custvuvale gradjanite zarem ne gledaat deka se propadja i tone vo dupka sem vrabotuvanjata vo Javnata administracija i drzavnite pretprijatija na partiskite vojnici na vlasta koj na drugo mesto se vrabotil ja iscicaa drzavata pa i vremeto od pred desetina godini ce im bide zlatno vo odnos na toa sto mu sledi na ovaj narod bez svoe ego.
Од: Atanasija
Датум: 24.04.2010 14:47:55
Ostanuva soznanieto deka Makedoncite se politicki nepismen narod.Ako ovoj narod imase politicko obrazovanie,iliti obuka vo partiite kon koi prilegnale,ke znaeja deka opozicijata ne im e vinovna za bedata sto gi snasla.Togas -se spomnuva 2006-ta,koga stanale stecajci,ne glasaa za SDSM i ovaa partija gi izgubi parlamentarnite izbori:narodot se svrte kon onoj sto najmnogu vetuvase,kon VMRO-DPMNE,i sega 4-ri godini otkoga g.Gruevski e na celo na vladata kade sto se vodi ekonomska politika,mesto od nego da baraat otcet,tie lugje odat kaj opozicijata-za povtorno da ne dosla na vlast i da ne gi unesrekila nivnite deca!Pa zar ne naucija deka ako pogolem del od narodot ne glasa za edna partija-taa nema da dobie vlast.Poprosto nema.I sega neka se krie VMRO-DPMNE deka preplasena od masovnosta na sobirite na SDSM,ne gi animira nemustite da protestiraat pred kancelarijata na B.Crvenkovski i na SDSM.E,pa do tolku narodot i ne e neucen:znae kade da odi,a znae i kade e turkan.
Од: eu
Датум: 24.04.2010 17:27:33
sto se bunete be stecajcinja neli ne sakate vo eu se udirate vo gradi za imeto pa vlezete vo eu i ce ima pari za vas ne penzija tuku od socijalna programa toa e taka na zapad stom ostanes bez rabota pa makar imal i 64god odis na socijalno a ne penzija na 50god znam vo amked socijala e 700den ama ajde povelete vo eu i ce zemate 200evra socijala cao da se vidime vo eu maked da stane na nivo na eu a nepomaga da se tepate penzija nikoj ni na zapad ne dava na 50god dokloku neste invalid.
Од: citatel
Датум: 24.04.2010 18:54:23
Sepak FELIKS e najdobar:pinpong komedija,ispicienti,vinozitni,pomorandzesti..... Kakva darba!?Nadarenost!? Kakov um!?Pa i gi razbira covekov rabotite!?Samo ne e toj kriv!!!!! Do Gospod e,a i do vas.Uste nekolkupati ako go objavite,ne ce ima koj da ve cita!!! Steta.
Од: забеган
Датум: 24.04.2010 19:04:45
Абре КРТ прашуваш кај им биле КРАВАТА И ТЕЛЕТО.Ги имат шитнато да им дадат на Портокалите за сендвич.Не ќа седат гладни пред седиштето на СДСМ џабе.Толку им е Акалот цел ден ќе акат само за еден сендвич.
Од: r.d.-Germanija
Датум: 24.04.2010 20:19:40
Do stecajcite od Makedonija,dobro e site da dobiat edna penzija dali e taa invalidska ili starosna,ama za seto toa ima zakon a zakonot e jasen.na penzija se odi so 65 godini ili dasi stvarno nesposoben za na rabota,a ako e slucajot kakvo vi e sega -Stecajci ke treba nekoja NADOKNADA. Nikade vo EU zemji nema penzija so 55-godini.
Од: neutral
Датум: 24.04.2010 21:23:17
Narednata faza od ovaa losa kopija na veke videnoto na sever od nas e SLIKI na pastirot vo sekoj avtobus i potoa KRAJ Da sme zivi i zdravi ne morase vaka ama ako bilo pisano ke go gledame i toj film
Од: nekoj
Датум: 24.04.2010 21:35:39
A da se svrtevte protiv politicarite opsto i da gi isterate na kloci SITe bez isklucok? Site se vinovni za ova sto se slucuva...Ubavo vika "don kihot" ova e veke nezdravo manilpuliranje..Dajte dosta so gruevci i brankovci, blokirajte toa izbori, barajte Luge sto ke promenat nesto, treta opcija, novi luge...
Од: cirkuzant
Датум: 24.04.2010 22:34:00
Циркузанти се овие од ВМРО-ДПМНЕ, но и опасни властодршци.Го набилдаа народот како да е да се биде или не, Грујо -несмее да падне.Го поделија народот,измислија надворешен и внатрешен непријател,и сите се виновни само тие на власта не? Да гледаш и да се крстиш.При вакви партизации на системот,непотизми,часовници,вработувања на некадарни,пропаст на економијата,задолжување на граѓаните за нивното владеење( досега ) зголемено за 62%, губење на поголемиот број на пријатели на Македонија,зголемување на цените ,доцнење на платите... Владата е добра - виновни се работниците што нема што да јадат. Заборавив, ете им најдоа и нов синдикален водач!....
Од: mimi
Датум: 25.04.2010 01:13:32
DA vladata se obiduva da pomogne zatoa grozjeto ne ni e plateno a ti PERO ne ja razbiras makata na stecajcite ja nemas oseteno na svoja koza zatoa nemozis ni da svatis koga ke ti ja isklucat strujata i koga ke nemas pari leb da si kupis e togas ke svatis i toa mnogu ubavo pozzzz

Најди! во Утрински
На прво место
Милошоски се сретна со Клинтон во Талин
И вицепремиерот Наумовски доби интерпелација