Не се сите во Кина под печатот на возбудувањата и воздишките од Олимписките игри. Вчера се навршија 100 дена од катастрофалниот земјотрес во провинцијата Сечуан кога загинаа 70 илјади лица. Најпогоден беше градот Беичуан од кој беа веднаш иселени сите жители и властите буквално го пломбираа влегувањето во него. Во последните неколку денови властите дозволија роднините на загинатите да го посетат градот на кратко. На сликата полна со драматика млада невеста го оплакува загинувањето на нејзиниот сопруг во страшното тресење на земјиштетот.
Од денеска Беичуан е повторно пломбиран град, никој нема пристап до него