Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Преговарајте, не чекајте спас од горе

Чешкиот претседател не ја знае адресата во ЕУ каде што би дал совет како да се реши проблемот со Македонија

Тамара Грнчароска



Светот, Европа и земјите од регионот имаат низа поважни прашања, така што спор за име што си го избрала самата држава мене ми се чини сосема недостоен, е оцена на чешкиот претседател Вацлав Клаус, кој од вчера престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Според Клаус, треба да се преговара за решение, „но да се чека на спасение одозгора, тоа не е можно“. „Не е можно да се примени решение однадвор со кое не би се согласиле граѓаните на двете држави“, смета чешкиот претседател.

Претседателот Ѓорге Иванов, пак, го радува тоа што во последно време се интензивирала комуникација меѓу премиерите на Македонија и на Грција, што значи дека се враќа довербата меѓу раководствата на двете држави. „Но, сепак, решението мора да го најдеме во рамките на ОН, каде што се водат овие долги разговори“, рече Иванов. Според него, не е потребна лидерска средба за да се постигне консензус за спорот во земјата, бидејќи процесот се води во ��Н и оттаму се очекува предлог од Нимиц. „Кога ќе дојде таков предлог, тогаш треба да го хомогенизираме општеството и да дојдеме до заеднички став“, изјави тој. Се' додека не се добие она што е официјална постапка во ОН, нема за што да се разговара, е став на Иванов.

Иванов рече дека Македонија е подготвена да се дојде до решение кое ќе биде заемно прифатливо и кое нема да посегнува по нашиот идентитет, јазик и достоинство. Иванов потенцираше дека треба да се најде нешто што ќе биде заемно прифатливо за двете држави, нешто што треба да го прифатат и граѓаните од двете држави, бидејќи во спротивно, тоа ќе создаде дополнителни проблеми. „Ние сме подготвени да дојдеме до такво решение“, изјави македонскиот претседател.

Одговарајќи на новинарско прашање како да реагира Европа во случај кога влегувањето на една држава во ЕУ е спречено од билатерално прашање, Клаус рече дека тој нема смелост да ја советува Европа. „Не знам кого да советувам во таков случај. Дали тоа да биде претседателот на ЕУ или на ЕК. Дали тоа да бидат двете доминантни држави, кои ја определуваат политиката во Унијата - Франција и Германија, или би требало да мислам дека ЕУ е се' уште заедница на суверени држави, кои соработуваат заедно, па ако тоа е вистина, во таков случај би требало да и' дадам совети на Грција. Во таков случај претпочитувам никому да не му давам совети“, рече Клаус.

Чешкиот претседател, кој е деклариран евроскептик, вчера проговори и за кризата во Грција и за турбуленциите околу еврото. Според него, како што се покажало, еврото може да функционира само во убаво време, додека „на првото невреме“ се покажа дека заедничката валута не е соодветна. Тој вели дека ова што се случи со Грција е само логичен исход од тоа и работите на тој план се' уште не се завршени.

Двајцата претседатели вчера заемно ги потврдија добрите политички и економски односи меѓу двете земји, при што Иванов ја посочи Чешка како пример од кој Македонија учи, но и применува искуство во реформирањето на својот општествен систем. Клаус возвратно порача дека со посетата се дава и јасна поддршка од Чешка на аспирациите на Македонија во европските структури.

Двајцата претседатели денеска ќе учествуваат на македонско-чешкиот бизнис-форум на кој ќе се формира и македонско-чешки бизнис- совет. Клаус вчера оствари средба и со премиерот Никола Груевски и го посети македонското Собрание. Најавена е и средба и со експретседателот Бранко Црвенковски, со претставници на верските заедници и со градоначалниците на Скопје, Сарај и на Тетово.


#
Статијата е прочитана 1954 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 22.06.2010 00:12:51
Verojatno Ivanov mu bjasnil na Klaus sto e toa "razuen kompromis". Kompromis za koj sto nie ne pregovarame tuku razgovarame. Bidejci nie sme reseni naseto vekovno ime FYROM da ne go menuvame pa zatoa so Gcija razgovarame da dojdeme do zaednicki pifatlivo ime. Jas mislam deka Klaus uste ednas nema da dojde vo Makedonija
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 22.06.2010 00:17:41
Ovoj, ova go rece i Ostana Ziv Vo Sred Skopje,,,Светот, Европа и земјите од регионот имаат низа поважни прашања, така што спор за име што си го избрала самата држава мене ми се чини сосема недостоен, е оцена на чешкиот претседател Вацлав Клаус", Kој од вчера престојува во дводневна официјална посета на Македонија. P.S Pa zarem treba li im, na Site VMROV ci pogolem NOK OUT od ovoj!
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 22.06.2010 00:30:13
Predsedatele Ivanov treba da prestanete so demagogijata, cela Evropa saka da vi kazhe, deka Makedonija za da vleze vo EU kje mora da go smeni imeto, a problemot za imeto go zaostri vashata partija so prisvojuvanje na grchka antichka istorija, pa im dadovte mozhnost na grcite da se pravdat pred svetot. Cel svet znae deka antichkite makedonci zhiveele samo vo Egejska Makedonija i bile asimilirani od helenite.
Од: mitko mrazi da mu se smeat
Датум: 22.06.2010 01:47:59
Prosliot pat koga Klaus bese tuka so cinicna nasmevka gi prosledi teoriite deka Makedoncite na se Slavjani i deka poteknuvaat od Bukefal. Steta sto ne e gotov spomenikot na biseksualecot da videvme dali Klaus ke uspeese da se vozdrzi samo na nasmevka ili ke puknese vo glasna smea. Dali Djole mu ja objasni teorijata za Pak-ti-stani?
Од: nacional-patriot
Датум: 22.06.2010 04:35:46
Ej kultiviran aziec,antickite Makedonci ziveele vo site delovi na Makedonija,a ne samo na eden del.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.06.2010 06:13:14
Види богати колку добро го разбрале виножитните коментатори преседателот на Чешка а посебно оној отаде Вратницу,,Спорот со името е недостоен чин,,кој тука спори ние и или соседот,значи кој што спори тој е нодостоен.Ова личи на директ во брадата.Другите коментатори преќутуваат за советот да граѓаните а тоа значи топтан и тие да бидат прашани преку референдум за решението.
Од: pameten
Датум: 22.06.2010 06:32:50
Edna i ista istorija ja slushkame 1000 pati. Sekoj razumen stranski politichar kazhuva: "спор за име што си го избрала самата држава мене ми се чини сосема недостоен". T.e. del od soverenitetot e pravo sam da si izbersh ime. No nashite lideri ne se fakjat za ovo ochigledno pravo, toku odat ponatamu: 'да се дојде до решение кое нем�� да посегнува по нашиот идентитет, јазик и достоинство. " No neli jazichniot spor beshe reshen pred 12 godini! Nikoj ne go negira pravoto na sekoj vo drzhavava da se opredeluva kako shto saka? Ovo shto nashite lideri sakat e da se odzeme pravoto na tie koi shto ne veruvat vo prikaznata deka Makedonskiot narod i jazik postoele so vekovi da izjavuvat svoite stavovi! Ovo e velepredavstvo, poshto povrzuva dostojnstvoto na deneshniot Makedonski narod so otbrana na prikazna vo koja shto nikoj pameten chovek ne veruva.
Од: Едно име имаме
Датум: 22.06.2010 07:34:05
Сите овие “европјани“ ни кажуваат едно, а после сите гласаат за Грција!
Од: Strastven
Датум: 22.06.2010 08:02:40
E pa sega ke treba so godini da im dokazuvame na zapadnjacite deka sme Makedonci. Se toa, blagodarenie na VMROvcite sto sakaat da gi ispruzat nozete podolgo od krevetot. Ne gi boli Evropejcite za nas, naprotiv tie baraaat nacin kako da ne 'ISTREBAT' skroz! Sitna riba ili muva vo oko - kako sakate recete - toa sme nie pred svetot - site si imaat svoi problemi - a i uste edna vojna samo ke im donese profit od prodazba na oruzje - kako ke go svrtite - za nas ne odgovara ....
Од: нерон
Датум: 22.06.2010 08:56:11
клаус дошол тука затоа што рускиот претседател заборавил да му каже уште нешто на иванов.. не кажувај дека ние словените сме браќа... и зошто крадете од грчка историја кога ги имате албанците таму... а никој нема да ги брани крадете од нив,... и обвинете ги за тоа што се и што биле.. а името не го мењајте,,,
Од: eu
Датум: 22.06.2010 09:15:13
vo ev nikoj nemoze da sfati edna tolku siromasna zemja bi rekol najsiromasna vo ev nema ni za lek,ni za bolnici ni za deca ni za stari ni za hendikepirani na za nevraboteni a diga tolku opas kako da e svajcarija pa tie kao havel i obicni ludje od ev koga ce vidat kakva siromastija vikat kao i klaus kako i jas vo eu necakajte tuku vednas i sige dragi zemjaci mnogu stesiromasni bi rekol ultrasiromasna ,nee promena na ima tuku pridavka i manu da kaze otvoreno ne na antika no vmro gi ima vo dzep ce i dade otkaz kako na blazete crna makedonijo kazi ne vmro branko kakov takov nese tolku trpese za negovo vreme i e razumen za pridavka.
Од: Nikola-Germanija
Датум: 22.06.2010 09:37:27
Pa dobro kazal.Stom tolku "izgorevte" za EU,togas mora da bidete i spremni da platite cena,mada na smetka na nacionalniot identitet.Kolku sto znam,vo MK postoj izreka:"Brza kucka slepi ragja" i toa ke ja najde MK,ako so izvesno trpenie za sredno- ili dolgorocno clenstvo preku trajni sistemski reformi vo site opstestveni oblasti ne i se nametnuva na EU,pa taa da nema izgovor deka "trebalo da se resi sporot so GR".Pokazete i na Evropa deka MK se refomira zaradi sopstveno dobro i ne poradi EU-fondovite-no tuka lezi zajakot:Od nemanje koncept za dolgotrajna izgradba na MK,site dosegasni vladi,tuka ja vklucuvam i aktualnata vlast,barem oficijalno,gadno i se umilkuvaa na EU.Sporot so GR treba da se resi za dobroto na MK,inace ke ostane FYROM!Ne sum bas siguren dali toa go posakuvate?Jas mislam "Nova MK" -ako treba erga omnes- bi bilo najsoodvetno resenie kako sto e i Nov Zeland na primer,ostavajki im na Historicarite da si cukat glavite za Ace i negovata druzina.No,vie si znaete.;-) Pozdrav.
Од: Среќко пак плаче!
Датум: 22.06.2010 11:25:27
Среќко,Калимеро мој несреќен,уште ли плачеш. Решето го проблемот,ги имате сите полуги на власта !Се некој ви е крив,сега се криви чичко Стоилко и Зуко семкарот што собраа повеќе приврзаници ид вас на митуингот.Право во штабот и барај прекин на преговорите!
Од: United Christians
Датум: 22.06.2010 11:51:19
Ne si igrajte so imeto, zasto Makedonija nikogas nema da vleze vo EU. EU ke bide zemja na Hristijani, a za zal vo Mkd na popisot (vestacki) poveke od 30% od naselenieto se izjasnuvaat kako pripadnici na muslimanski zaednici. Taka da ... Najvazno ke bide da se napravi nov (realen) popis.
Од: ne e bitno
Датум: 22.06.2010 11:58:28
Tokmu taka, ultrasiromasna vo sekoj pogled. OTKAZETE SE OD ANTIKA, BIDETE GORDI SLOVENI, SOCUVAJTE SI GO IMETO, e porakata na Kalus! Megutoa GRuevski igra na karta da ja unisti Makedonija! Pa sega sami odlucete, nkoi raboti se tolku ocilgedni, a nikoj, bas nikoj da mrdne so prst! Ne gi obvinuvam onie koi ne znaat ili se nedoskoluvani, tuku, imate li vie voospto intelektualci?!?! Ako vi se site kako onoj Ivanov, ke trpite uste dolgo.
Од: Tito
Датум: 22.06.2010 12:51:28
Абе тапоглавци зошто треба да преговараме?Ако тоа е услов за влез во некакви здруженија тогаш што е страшно како ќе се вика народот кој сака да влези таму може да се вика ако сака "тонгомалококош" но тогаш нема да биде македонија или македонскиот народ, не зборавјте територијата постои заради народот кој како се изборил така и добил денешна македонија баш е толкава зосто секој мислел дека еден ден ке ни донесе правда и ке ни ја врати територијата оти ние сме македонци е па господа изгледа заборавате дека не сме иако така се чувствувате иако така се чувствуваат во егејска Македонија ...................
Од: Vrancuzo
Датум: 22.06.2010 14:14:51
Е па со среќа нека му е при "хомогенизирањето на општеството".
Од: Komentator
Датум: 22.06.2010 15:11:57
Vidi go ti nego...Klaus..pa zaboravil kako dobar hristijanin trebe da ocekuva da barame pomos od gorniot ..a ne da go negira mislam gorniot ..e sega Papa..mu e ..majkata....!!

Најди! во Утрински
Втора страница
Велосипед на синџир
Вербатим
Конференцијата за НАТО била успех, а не дебакл
Милошоски прави приоритет од човековите права
Името главна тема на средбата Папандреу - Ки Мун