Број 3148  понеделник, 30 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Владата отсега знае колку пари ќе собере од казни

За 2010 година државата предвидува дека ќе собере 2 отсто или 46 милиони евра од глоба и од такса

Александрија Стевковска


Владата отсега планира колку ќе ги казнува граѓаните во наредната година. Имено, во буџетот за 2010 година државата предвидела дека 2 отсто или 46 милиони евра, во рамките на планираните 200 милиони неданочни приходи, ќе собере токму од глоба, судски и од административни такси. Точната сума што ќе биде прибрана само од казни не е дефинирана, но се најавува дека државата планира и во наредната година да собира пари од казни и тоа во одредена финансиска рамка, поголема од годинешнава.

За дел од упатените тоа значи дека државата ќе се труди со сите сили да ги собере овие пари во буџетот, што ќе подразбира норма што ќе мора да ја исполнат службите кои ќе казнуваат за да ја исполнат одредената квота. Експертите сметаат дека тоа значи дека државата со сила ќе се обидува вонредните приходи во буџетот да ги планира како редовни.

„Ставката за глоба воопшто не треба да се планира како таква, бидејќи како може државата сега да планира колку ќе казнува наредната година. Станува збор за тенденција, вонредните приходи да се планираат како редовни, што значи дека државата очекува и во 2010 година да има слаб прилив на приходи во буџетот, па планира со вакви мерки да прибира пари во државното кесе“, вели професор Мирољуб Шукаров. Според него, тоа укажува дека власта ќе продолжи да го цеди стопанството и граѓаните, покривајќи дел од своите непродуктивни трошења со арач прибиран од казни.

Дека државата се обидува да ги „набилда“ приходите во буџетот,

покажува сликата на терен изминатиов месец, која покажа дека масовно се казнуваа фирми за минорни пропусти, пајаците собираат автомобили без пардон, сообраќајците сопираат и собираат пари од возачите за непропуштање пешаци, за недавање знак за вртење итн. И граѓаните не останаа имуни на вакви казнувања, па плаќаат арач што не поминале на пешачки, што фрлале отпушоци или отпадоци на несоодветни места и многу други постапки, за кои и не знаеле дека се казниви.

Казнувањето како санкција на одредено законски неприфатливо однесување, држи, меѓутоа, она што Владата го прави со ваквите своите буџетски проекции, со кои планира слевање пари од казни, е неприфатлив. Се наметнува заклучокот дека државата спроведува класичен државен рекет, само да покрие дел од своите апетити за мегаломанско трошење. Искуствата од другите земји зборуваат дека казните ,на пример, за паркирање се пониски од оние што се во сила кај нас, а ние имаме далеку понизок стандард од европскиот.

„Казнувањето станува политички проблем на репресивна држава. Треба да ги подготвите граѓаните дека казните ќе продолжат и во наредната година, бидејќи сите се надеваа дека тие се фабрикуваат сега поради годинешнава криза и дека во 2010 година ќе се редуцираат. Со идните буџетски ��роекции станува јасно дека не само што казнувањето ќе остане практика, туку тоа ќе биде во поголем обем од годинава, а полицајците ќе продолжат на норма“, вели Јован Манасиевски од ЛДП, според кого, државата не може да ги надомести приходите во буџетот со казнување.

Она што некои го истакнуваат како транспарентност на Владата е што таа во буџетот за идната година за првпат ја издвојува сумата што се планира да се прибере со глоба, но загрижува фактот дека државата се' повеќе ја зголемува ставката на неданочни приходи од 145,7 милиони евра годинава на 200 милиони евра за идната година. Тоа ќе значи дека државата предвидува да собира се' повеќе пари од граѓаните и од фирмите преку разни форми на принуда.


#
Статијата е прочитана 3758 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 30.11.2009 00:11:01
А граѓаните дали знаат од каде да најдат пари за да ја заситат ненаситната власт? Голема работа врши оваа влада - од една страна дава, од друга ни ја симнува кошулата од грбот. Ќе проплачеме по турското. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: Petre
Датум: 30.11.2009 00:20:36
ima i drugo, veke nekoe vreme policija ne dovaga na uvid za polesni soobrakajki.. pa ova i zonskoto parkiranje ima nabrgu da ja namali ovaa euforija na kupuvanje avtomobili...
Од: bale
Датум: 30.11.2009 00:20:42
Тешко на таа држава која плански прибира пари од ГЛОБА.......не се криви тие.... криви си сме ние кои ги гласавме...... Наздравје Македонијо...........Напред Тања со бумбарите..... Напред Латас, Миленко и Јанко во нови победи со Грујо и компанија......
Од: Boban
Датум: 30.11.2009 04:37:53
Samo napred Grujo ,sobiraj Arac od rajata .,....a raja ko raja ke jade stap i ke kuti ....Makedonceto kuburata ja cuva za loso vreme ...neli???
Од: petko
Датум: 30.11.2009 05:42:06
sedat dvajca soobrakajni policajci vo kafana i se dumaat pa nesto pisuvaat . Im priogja meandjiata i gi prasuva , sto e bre prijateli problemot . E kako sto e imame naredba bez 5 kazni dnevno da ne se vrakjame nazad , a nie imame samo tri . Pa toa li e problem kaznete se i dvajcata pa ke imate 5 . E toa ne mozi toa go storivme vcera . Ova bi trebalo da e vic ama kaj ovaa vlada nema vicevi se e vistina . Neka vi se nazdravje kaznite vo novata godina .
Од: Sofre New Jersey
Датум: 30.11.2009 06:39:13
Makedonskiot narod nema da bide kaznuvan dokolku si vozi pristojno po propisite. Policijata ne kaznuva za dgabe mora da ima nesto.Narodot treba dago zaboravi prijatelstvoto so policajcite kako porano deka nekoj ke ja skine kaznata.
Од: zabegan.
Датум: 30.11.2009 08:12:07
Трпи си народе на МАКЕДОНИЈА,Нели ти останало во Генот?.Од турското РОПСТВО до сега само да те дерат.Но сепак биди задоволн ако остане на КАЗНИ??.Ако не почнат овиа со плаќајне данок во к.в????.Нели повика за некаква пресметка со неисто-мислениците.
Од: goran
Датум: 30.11.2009 08:17:16
Site dosegasni vladi se isti,ma koj saka neka bide na vlast pak si ja tera po svoe,duri se na predizboren miting obecavaat se i sesto a koga ke sednat vo fotelja udri po ovcite,mislam narodot..
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.11.2009 08:59:09
Ептен провидна замена на тези ,имено на обвинувањата на опозицијата да ќе се полни буџетот со казни Ставрески врз предходни искуства одговори да само 2% е полнењето со казни.Итекако знаат опозиционерите преку што се полни воглавном буџетот,а тоа се даноците. Со сиот свој јад и неспособност пробаа да купат евтин поен,тоа ли се дичните познавачи на економијата.Верувам да странските посматрачи ( затоа што сме под стална опсервација) добија неконтролиран напад на смеење од вакво упразнување на економијата како наука,во делот на формирање на буџет на една земја.
Од: баба Бота
Датум: 30.11.2009 09:10:55
Ми се повраќа од коментарите на разни неписмени белосветски мангупи, кои ни држат предавања дека ете така треба, дека секаде во светот казнувањето е нешто најнормално. Но забораваат дека тука се живее со 50, 100 или во најдобар случај околу 200 евра месечни приходи по семејство, а со кој проблем се соочува околу 70% од македонскиот народ. И јас сум за ред во државата, но факт е дека висината на казните воопшто не соодветствува со домашниот баџет на 2/3 од народот. И какво е превентивното дејство на казната за еден ист прекршок со иста висина, за некој газда за кој претставува п....н дим и за некој стечаец за кој е цело богатство. Едно знам, а тоа е дека на овие и Чавез може вода да им носи.
Од: Millky Way
Датум: 30.11.2009 09:18:03
Me zagrizuva faktot sto nasite dzandari(inace najgolemata bagra sobrana po ulici so clenski na vmro)pocnaa da ucat matematika i da pravat ravenki od tipot:izminat pat x vreme=300 evra!Stanuva zbor za represivni kazni sto gi izmislile policajcite vo Bugarija i Turcija, za koi kazuvajki nasite nenamernici se cudevme slusajki!E sega toa se slucuva po nasite patista!Jas sum patalec:Me zastanuva dzandar i mi veli deka sum pretical na polna pred tri kilometri i deka vo sumata imalo skrien dzandar koj me videl i mu javil na mobilen?!?Bravo!Najloso od se e dodeka ti ja napisat kaznata ke pomine polovina sat, zasto polovina od siromasnite se nepismeni!Imam edna kazna od 300 evra(neplatrena posto nemam kako da ja platam), napisana e na kirilica, latinica i po nekoja albanska bukva, sto nikako ne mozam da ja identifikuvam!Cekam da me povikaat na sud pa tamu mozebi sudski ke razjasnime na koj jazik e pisuvana i dali Policaecot ima zavrseno cetvrto oddel.i koj mu ja popolnil clenskata od VMRO!!!
Од: kiki
Датум: 30.11.2009 09:19:11
Toa se samo 110.000 evra dnevno
Од: kkk
Датум: 30.11.2009 10:03:07
bale!!!!!! nemoj latas da go spomnuvas zs mi se losi od samoto ime .ne pak da go gledam....ima edna izreka kako sme nadrobile taka ke srkame............
Од: vetar niz vetki
Датум: 30.11.2009 10:09:53
nie makedoncite sme silen narod za trpenje nepravdi,ama najsilen e koga svojot te tupa po glava,a ovaa vlada go pravi so nas evevi leb i sol i poveke pendreci po glava. dodeka ni se smaci i nesemoze poveke zosto vladata e pojaka isto kako turcite nekogas , i taka nasite vojvodi so svoite kuburi se se tepaa sami isto taka sega ide vremeto koga neke mozeme podaleku od zidot i ce si go izvadime kuburot od pod jastuk i pravo vo glava ete taka ¨! a sto ke bide so decata malecki nikogo nego boli glava , a najmalku na VMROfcive sto se vo vlada zaedno so tie miljonerite sto gi ispokradoja . trpi jadna sirotinjo
Од: Nureev
Датум: 30.11.2009 10:11:11
Ova e navistina interesno. Imeno, ova samo go potvrduva faktot deka zakonite MOZEA sto pati da se sprovedat do sega. Za zal (ili srekja) vladata e sega vo zort, pa e "primorana" da go pravi ona sto ionaka trebase da go pravi. Kakva komocija...
Од: загрижен
Датум: 30.11.2009 10:55:30
imam eden predlog. zoshto policijata da se trudi cela godina da gi sobira tie 42000000 eura koga moze site nie 2000000 milioni ziteli vednash da uplatime po 21 evro.shto e toa po chovek neli .koga sekoj bi pomislil deka e potencijalen kandidat za plakanje na kazna a moze bi i dve od po 300 evra,siguren sum deka nikoj nema da ima protiv da gi plati tie 21 evro .taka policijata nema da treba da ostvaruva nikakvi normi.tuku bi im pomagala na iznemoshteni lica i mali deca da pominat ulica,bi simnuvale uplasheni machki od drvja i mnogu drugi humani raboti. znaete isto kako vo amerikanskite filmovi .a od druga strana,ke se ostvari zamisleniot priliv na pari vo buzetot. neli e fantastichen predlog
Од: zapad
Датум: 30.11.2009 11:17:05
mi se gadi toa li e tranzicija?namesto da vlezat vo eu i dobijat pazar i pari tie odat nazad pa tuka na zapad kazna e pola dnevnica a kazna za banalni raboti plukanke,mocanje ne ni postojat a kazna tuka 35god nesum dobil a vo mak mn pati i påokraj toa sto doadajam 2pati god po 15dena ce te zaustavi zaustavi nema sto ce te kazni za prljavo voziolo ili prlja tablici i toa staro avto i koga ce me vidat zatoa retko zaustavuvat a onie so novi koli gi zaustavat a nas so stri propustat ,poradi kazni i placanje za parking izgubiv volja da kupam novo pezo vo mak mak de pov nalikuva na belorus i ukraina a se pomalku na evropa.
Од: Трпе
Датум: 30.11.2009 11:20:40
Од глаата си патиме.Ние сме научен народ да си трпиме.Точно е дека во државата треба и некој ред да се постави.Но рибата смрди од главата.Треба да се казнува но каде се олигарсите кои продолжуват да крадат заедно со функционерите.За вистински собракајни прекршоци треба да се казнува,а дали казните се реални тоа е друга работа.Оваа ЕПП влада си ја познава само веселата математика.Шумите ги соголија нивни подржувачи и око не им трепнува од казни.А што е ова и си личните карти(картите за идентификација) ке казнувале и за нив.И тоа ке биде едно изворче за полнење на буџетот.Незнам кога ке ги воведат и казните за тие кои дишат повеке воздух.Тоа што си го баравме и ке си го трпиме.Полошо е и од турско.Но нивните амбари ненаситни мора да се полнат.
Од: Казнет
Датум: 30.11.2009 11:20:41
Од лично искуство можам да кажам дека казните не се извршуваат за тие кои се поврзани со ВМРО или имаат врски со акуелната власт. На овој начин се тероризираат неистомислениците и се уништува опозицијата.
Од: Makedonec
Датум: 30.11.2009 11:31:25
Pa normalno ke kaznuva. Kako bese onaa " za tugjiot dvor komentira a svojot ne go gleda kakov e " Epa ajde narode makedonski so kakvi idei ste vie? Vi smeta sto kaznuvaat ...??!!!! Epa ajde ne plukajte, ne vrlajte gjubre, registrirajte gi vozilata, pocituvajte gi soobracajnite znaci,... pa nema da placate kazni !!!! Ete od dekemvri ke nema vizi pojdete vo nekoja evropska drzava i ne pocituvajte gi kaznite pa ke vidite kako ke projdete !!! nema zbor da se cue od vas ke molcite site !!!! Pa posle ke kzaete ama tooa e evropa..bla bla.. Ete vo slovenija mala zenja ko nas povelete ne pocituvajte zakon !!! Ima da platite i ke si molcite da ne ve doznaat ;) Zatoa ne ne biduva bas zatoa...
Од: Do Feliks
Датум: 30.11.2009 11:35:59
Abe Feliks, ekspert za ekonomija, ama glata slabo ti fakjat. Poentata na tekstot e deka prihodi od globa se vonredni prihodi i ne moze da se planiraat vo Budzetot. A i nadvor od normalna logika e toa - mozda site ke rabotat po propis pa nema da ima kazni, ili obratno.
Од: od sopa
Датум: 30.11.2009 11:47:52
narode posle raspadot na jugoslavija se naviknavte na anarhija pa sega koga zakonite pocnaa da se sproveduvat pocnavte da leelekate i da plukate po vladata .da vladee red i zakon toa e najgolemoto bogatstvo sto postoi ,ja podrzuvam vladata so ovoj poteg. toa e za nase dobro.blagodaram na razumevanje.
Од: terezija
Датум: 30.11.2009 12:38:13
Po kojznae koj pat prashuvam...1)Dali mozi da se ima progres bez vistinska Ekonomija,Stopanstvo i skoro nikakvo proizvodstvo..?! 2)Dali e mozno nekoj - bilokoj, da potroshi POVEKE odoshto uspeal da OSTVARI t.e. ZARABOTI...?!Sekako deka NE !!! Iako nekoi "miluvaat" da kazat -DPMNE i se' e mozno...Za zal braka i sestri i ovojpat, ovaa Kanibalska Vlada - koja opstojuva iskluchivo JADEJKI go sopstveniot Narod;definitivno ja prekardashi so najnovite izmisleni Arachi...Za shto se "plasham"deka SVESNO insistira i tezi kon "NEKAKOV ODGOVOR" od izrevoltir. Narod i samata "ZACHUDENA" shto seushte go NEMA..?!Samo GRAGJANSKA NEPOSLUSHNOST e praviot i vistinski odgovor,ne - nasednuvajki na 'provokaciite' odnapred smisleni,kako ALIBI za Vladinoto EKONOMSKO FIJASKO,koe doprva ke go osetime na veke 'sogolenata' ni koza...
Од: sani
Датум: 30.11.2009 12:46:30
do koga vaka ke trpime vladata ke si go tera kejfot a narodot ke strada mene me kaznija 3800EVRA.za sto nemalo prenos vo trgovska kniga kade nigde ne pisuva za toa ama taka ni treba samo neznam do koga misleme da trpime
Од: gricko
Датум: 30.11.2009 13:04:51
narodaot dava vlast narodot zema vlast ako im e ubo da si plakat kazni i da trpat tortura neka ja glasa pak ovaa vlada am se mi se cini deka nema da se izdrzi uste mnogu kaj i da e ke pukne obracot od premnogu steganje
Од: tihi
Датум: 30.11.2009 13:19:13
Eve vi sansa na site , sto ja mrazite vladata , da inapravite pakost .Ednostavno ne pravete prekrsoci i taka nema da go polnite bugetot.
Од: nebo
Датум: 30.11.2009 13:47:45
sve e ok meguto konkretno policijata ne gi znae bas kaznite slucaj so mene mi pisaa kazna od 200 evra go prasav dali ke odam na sudija za prekrsoci i mi vika ne nema potreba posto e platena kaznata a sega mi stigna pokana za sud i pisuva deka sum go priznal deloto pa kako inace ke se potpisam na zapisnikot odma te sudat e policajci uste vi treba skolo da ucite
Од: jimmy1
Датум: 30.11.2009 14:21:45
Predvreme e isplanirano kolku ovci ke ostrizat. Do toj od Amerika. Mori ovco edne zarem si slep i negledas deka istoto se slucuva vo zapadot, ako ne kaznat onolku kolku sto im e predvideno dobivaat odkaz. Jas ne se slozuvam so toa, no toa e taka, strizat nasekade koga nasle ovci i samo molcat.
Од: MAJA
Датум: 30.11.2009 15:52:53
strasno!!!

Најди! во Утрински
Економија
Јакне конкуренцијата во осигурувањето
Слаб одѕив за откуп на тутунот во Прилепско
Поголеми плати во образование од март
Неделковски нов претседател на Трговската комора
Албанија со буџет од 4,47 милијарди долари
Хрватска ќе вложи 550 млн. евра за ЕУ-стандарди
Протести во Љубљана за зголемување на платите