Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Мислења

Мислења

Плашете се за својата безбедност!

Филип Петровски

Се' си мислам дека е ова еден одличен инженеринг: не гледајте не' што правиме - плашете се за својата безбедност!

Состојбата во Македонија драматично и рапидно се влошува. Некако сме склони преку показателите и сигналите да поминеме како ништо да не се случува, што и не значи, сепак, дека навистина ништо не се случува. Тешко е од позиција на мислење кое се појавува еднаш неделно да се направи реконструкција на политичката состојба и на сите движења во оваа област. Па, сепак, ќе се обидам да дадам една согледба која ќе ги сублимира најбитните елементи за да се покаже, односно да се укаже на поголемата слика.

Прво и, секако, најбитно е да се укаже дека безбедносната состојба станува загрижувачка. По убиството на четворица Албанци кај скопското село Радуша, сериозно се зголемува нервозата на сите страни. Едни велат дека со ова фитиљот се запалил, додека, пак, други отворено изјавуваат дека по ваков настан, нема да помине работата без вратка. Односно дека како што било во минатото, и за ова ќе мора да падне жртва на македонска страна. Е, ако ова не загрижува, тогаш не знам што треба да не загрижи. Одозгора на ова, пред некоја недела беше откриен голем бункер со оружје на македонско косовската граница. Така, обидот на четворицата кои загинаа да донесат во Македонија оружје е само алка во низата, која никако не е случајна.

Нешто се случува. Препознавам намера во овие настани. Граѓаните затоа оправдано се вознемирени. Сите се прашуваат - што е следно. Дали е ова дел од она сценарио за влошување на меѓуетничките односи, за кое наголемо се зборуваше околу Нова година, за да можат ДУИ и ДПМНЕ од тоа да направат политички профит, односно да си создадат предуслови како вистински радикали да одат на избори по уште еден мандат? Ќе ве потсетам, се зборуваше дека и двете владејачки партии заклучиле дека од заедничката соработка имаат само една придобивка, а тоа е пад на рејтингот. Па, затоа морало да се смисли начин како да се поврати имиџот на сериозни националисти кои се непопустливи, односно се борат „искрено“ за својот дел од „трлото“. Како поинаку да се сфати она што ДУИ цело време лелека, плаче, се заканува, но не ја напушта Владата. Тие се навртени, прикачени на делот од буџетот, кој им е препуштен и се' што прават, се чини, е само копирање на стратегијата на ДПМНЕ во сферата на пропагандата и креирањето привид кај гласачите.

Дефинитивно, радикалите се радуваат на можноста да заигра повторно оружјето. Но, секоја капка крв е бесценета. И општеството, сосема спротивно, од атмосферата којашто се создава, треба силно да се спротивстави на таквата можност. Смртта на никој не смее да е радост на друг. Никој не пишува за ова. Сите ја сместуваат смртта во контекст на вест, информација. Негативната енергија во која зацапува нашето општество некој мора да ја регистрира веќе еднаш и да се поработи сериозно на намалување на тензијата и на фрустрациите, со укажување на нив. Се' ми се чини дека луѓето, нашите граѓани, се станати автомати кои на секоја дразба реагираат по однапред утврдена шема, без да имаат мисловна акција. Затоа велам да се поработи на дигање на свеста за значењето на животот, контра значењето на смртта. И да се размисли за сериозна акција за освестување на сите, но низ призма на поединец. Колективитетот, нужно, води кон изолација, кон огради, кон лесно создавање омраза кон секој што е надвор од него. Свесни граѓани, единки, нема да си дозволат да бидат водени, злоупотребени од каква било „елита“, која има планови за себе, преку употребата на нашите животи.

Во таа смисла, добро е да се посомневаме дека нешто се крие од јавноста, нешто се договара зад параваните, а човечкиот живот повторно е на пат да стане безвреден. Да не се доведеме во ситуација да се повтори 2001 година, кога македонските синови гинеа, за потоа, трансформираната УЧК, во изминатите осум години, шест години да биде на власт. Тие наскоро ќе добијат и пензии од државата којашто ја нападнаа. Ако е така, а така е, тогаш зошто да се војува, зошто да се гине?

Да резимирам, потребно е да се свртиме кон граѓанинот во нас, кон поединецот, кој, работејќи за свое добро, ќе придонесе за доброто на општеството. Да се дестимулира секоја групна, колективистичка, таборска, етничка акција. Да не се разбереме погрешно. Секој нека си биде тоа што е или, пак, тоа што сака да е. Нека си го почитува, обожава својот господ, своето потекло, својата определба. Но, тоа нека си биде негова лична работа.

Не го кажувам ова случајно. Напротив. Во контекст на влошувањето на безбедносната ситуација, секако, влегува и најавата за започнување на градење црква и џамија на плоштадот. И едните и другите ми ти биле големи верници. Па, верата ја мерат по тоа кој повеќе знамиња или бајраци ќе донесе. Или кој повеќе ги мрази другите. Во контекст на времето, сега е морално да се гради црква и џамија. Само на плоштад и никаде другде. Право да ви кажам, мене ми е сомнителна тоа количество вера кое се појави одненадеж. Сега сите станаа верници во контекст на нејзино ушто поголемо јавно изразување. Во 2010 година, која беше споменувана, опишувана сосема поинаку од Артур Кларк, ние се закопуваме во ровови. Наместо да мислиме за други светови, за освојување на бесконечните пространства, ние се бориме за неколку илјади квадратни метри во центарот на Скопје. Кој повеќе знамиња ќе развее и кој повисоко ќе ги крене - за да се запише во историјата. Боже, па има и други начини за запишување во историјата.

Сериозно, сите очекуваат кулминација на тензијата при поставувањето на темелите на црквата и на џамијата. Сите знаат дека тогаш работите можат да излезат од контрола. И сите здушно работат на тоа што повеќе да се искомплицираат работите. Не ми е јасно какви верници се тоа. Не ми е јасно ни какви политичари се тоа. Нели верата е поврзана со толеранцијата? Нели е политиката работа во интерес на граѓаните?

Како што сме тргнале, нема далеку да стигнеме. Вртиме ли вртиме - ама во место. А светот јури напред. Па и политиката, односно нејзиното разбирање. Наместо да се дебатира за трошењето на јавните пари, за намалувањето на притисокот на државата кон поединецот, за подобрување на квалитетот на образованието, здравството, животот, ние везден за безбедноста, ризиците, стравот, насилството. Се' си мислам дека е ова еден одличен инженеринг: не гледајте не' што правиме - плашете се за својата безбедност!

(Авторот e доктор по политички науки)

http://filippetrovski.blog.mk/


#
Статијата е прочитана 4316 пати.

Испрати коментар

Од: skopjanec
Датум: 15.05.2010 00:50:12
pametno realno razmisluvano..
Од: Blue fighter: DPMNE,DUI i pileto PILKO
Датум: 15.05.2010 00:58:55
Zaednicko im e i toa sto Makedonija ja gledaat kako pile shto e fateno do kozha da se iskube.No, pileto PILKO ima mal rok za sveza konsumacija.Potoa kje zamirisa poradi nenavremenata podgotovka.Zatoa im e predizvik sistematskoto kubenje.Megju taa trajna aktivnost se natprevaruvaat povremeno i koj kje bide prviot shto kje gi isprati signalite za nova vojna("kontrolirana" spored planot,koj se izjalovuva otposle) po terkot na Ljubco i Dzaferi.Togas za prikrivanje na Golemoto uvo i zastita na Dosta i Aleksandar,denes za popragmaticna cel:da se ostane na vlast dodeka ima sto da se kube.Za taa cel se vpregnati i nekoi mediumi,no sepak se e mnogu poznato i prepoznatlivo.Prodavaat gol patriotrizam i se nudat kako edinstveni zashtitnici na svoeto nacionalno stado na smetka na drzavniot interes.Moze e srekjna okolnost sto Ahmeti e so mnogu puter na glavata i mora da slusa i drugi.No,nasevo covece e uste vo filmot za cekorite so koi ja oddalecuva Makedonija od EU i NATO perspektivata.Bez prekin.
Од: Vangel
Датум: 15.05.2010 04:06:40
Seto ova sto go pisuvas, Filipe, i se sto se slucuva e delo na BC i tvojot kebapcija boss.
Од: ne davam ime
Датум: 15.05.2010 04:53:07
Samo edna mala observacija. Tie shto zaginaa vo policiskata akcija ne se nedolzhni civili chija smrt site treba da ja oplakuvame, tuku okoreli i seriozni kriminalci. Na takvite ne smee da im se prostuva, pa ne znam kolku da se obiduvaat da vozvratat (samo neka povelat). Ko shto rekol Benjamin Franklin, narod shto e spremen da ja prodade svojata sloboda za malce bezbednost, ne go zasluzhuva ni ednoto ni drugoto i kje gi zagubi i dvete. Makedoncite ne spagjaat vo ovaa kategorija.
Од: pod uplav
Датум: 15.05.2010 09:00:14
Како поинаку да се сфати она што ДУИ цело време лелека, плаче, се заканува, но не ја напушта Владата' Da se svati poinaku i te kako moze.Bas da se vidi kako bi izgledalo eden koalicionen partner da dogura eden cel mandat,bez stafetno trcanje.Interesno i poucno za site. 'Ако е така, а така е, тогаш зошто да се војува, зошто да се гине?' Pa koj navistina saka da vojuva i gine.Nema potreba.(“ Боже, па има и други начини за запишување во историјата.”) 'Сериозно, сите очекуваат кулминација на тензијата при поставувањето на темелите на црквата и на џамијата' I,toa interesno.Bas da vidime koj e ZA a koj PROTIV(za kuluminacijata) Dobro izbrani karakteri.Resenieto lezi samo vo pravilata na zaklucuvanjeto i taftologiite.Ama,zivoto pusto ne e sekogas apstrakcija,tuku realnost. (izvinete,ova nesakav da go kazam,ama ete morav,samo vam i n ikomu drugomu пука-загрозувањето на безбедноста е во правопропорционален однос со плашењето.Има ли друг лек за нас одсем плашето.Да или не,прашање е сег
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.05.2010 09:44:49
Многу е изместено писанието на оној кој припаѓал на власта која со својата несмасност доведе да на ,,зелена маса,, изгубиме 2001 год..И сега ни соли памет како имаме лоши меѓуетнички односи и како рецидив на тоа е пронајденото оружје.Инаку ставот кон пронајденото оружје му е диаметрално спротивен со ставот на певливиот негов лидер кој во ,,КОД,, тврди да е подметнато од власта.Странскиот фактор ја поздрави акцијата тој и опозиционерите молчат и се прават дека ,,не се одтука,,.Се на се мизерно растревожување на сопствениот народ.
Од: sabedin
Датум: 15.05.2010 10:27:43
Se e politika.Denes Filip pisuva edno a vo vremeto na demonstraciite kako student,za albancite na Pedagoska ne sakase da cue deka i tie studenti treba da se skoluvaat na majcin jazik,za da mozat da skoluvaat novi generacii.Na Filip,Vlatko i Aleksandar,potpomognati od nivniot VOJVODA toa im bese neprifatlivo.A denes,Filip zboruva za sozivot.Filipe ti si volk vo jagneska koza.Taa koza dodeka si ziv ne ce mozes da ja sobleces.Pisuvaj za drugi traboti,no pisuvanjeto za medjuetnickite raboti za tebe e odnapred procitana tema i ne Ti veruvame.Ne mozeme da veruvame na personi kako trebe.Duri i vo politikata ima nekoi kodeksi.Ti toa go rusi zasekogas i zatoa nemoj da ne ubeduvas vo nesto sto i samiot podsvesno sosema sprotivno mislis.
Од: od apoliticen
Датум: 15.05.2010 11:52:13
Filipe mnogu si blizu do vistinata.Ako nesto seriozno ne se prezeme,a ne veruvam vo toa,naskoro ce se cujat zvucite na edna stra melodija : "tike,tike tacke nema vise vracke...se se vraca i se se placa,a koj drug ako ne narodot .
Од: spire
Датум: 15.05.2010 14:42:23
Eden od retkite svesteni VMRO-vci... neli Felix??? Koga ti ke se svestis?????
Од: mene-63
Датум: 15.05.2010 14:58:23
Abe ovoj se znae , vidi, vidi so pameten e. Mi se cini deka ovoj FILIP bese clen na VMRO DPMNE za vreme na LJUBCO . AAAAAAAAAAAAAAAAA ete od kade znae se. Spored nego se povtoruva scenarioto od 2001 god. Mozebi e vo pravo a mozebi i nee , odcenete sami.
Од: od mene
Датум: 15.05.2010 19:27:05
koga ke si zamines od funkcijata koja ja trosis vo vremeto na ovaa vlast,togas moze da ti se veruva. vo sprotivno ne.
Од: Se tece se se menuva
Датум: 15.05.2010 20:46:29
sabedin i drugi kako nego toa sto Filip go pravel poranu ne mora da znaci deka Filip ne moze da se izmeni ili da gi sogleda rabotite kako sto se pa da trgne po praviot pat patot na sozivot i samo pocit. Ne treba da gledame pozadi treba da gledame napred i da gi ukazuvame greskite na vreme.Dali ste vie istite kako pred 10 godini. Vremeto pokazuva deka omrazata i nepopustanjeto nacionalizmot ne se elementi na eden progresiven zivot tuka na ovie prostori i zosto ne bi se smenil Filip ili Branko ako sakaat ti i mnogu drugi da spijat mirno i da se raduvaat na denot sto doaga.Razmisli lugeto semenuvaaat -Pogledni se i samiot.
Од: gragjanin
Датум: 15.05.2010 21:28:43
Zadocneta pamet imash Filipe! I ti i vojvodata Ljubcho shto ke praveshe kongres vo Solun. Ne ima shto odamna znaeme deka na lugjeto ne treba da se gleda kako na kolektivitet tuku kako na individua, gragjanin, ama vie togash ne sakavte ni da chuete za takovo neshto. Ubavo shto se evoluiral, no shtetata na Makedonija shto i' ja napravivte e nenadomestliva! Zatoa vo sledniot napis ochekuvam vo naslovot da stoi: IZVINETE za site moi greshki so shto i' nashtetiv na drzhavata!
Од: Паце
Датум: 16.05.2010 00:16:40
Најголема закана за безбедноста по Македонија е ВМРО-ДПМНЕ
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 16.05.2010 10:00:11
Филип на времето беше инструменатлизиран како што денес се голем дел од вовлекувачите на власта.За среќа призна: - младост лудост.Има респектабилни написи и анализи.Да ни беше тој ум немаше да ни се случи 2001г.Очекувам овие со писанијава за подршка на власта да се изјаснат по кратко време - младост - лудост ( не се битни годините). Национализмот кој е и нешто повеќе од шовинизмот и кој се доближува до фашизмот, може само да не одвлече во бездна. Но што знае дете што се 500 кила. Кога ќе дознае - ќе се окилави, ако веќе не е "килаво".

Најди! во Утрински
Мислења
Антонио, quo vadis?