|
|
|
|
|
|
Си велам
Турски синдром
Ерол Ризаов
Станува ли Македонија вечен кандидат за влез во ЕУ
Ја префаќа ли Македонија турскиот синдром на вечен кандидат и повеќедецениски преговарач со Европската унија за рамноправно членство. Влегуваме лека-полека во шестата година на кандидатура само на хартија, а ни трага ни глас, ни какво било навестување за почеток на преговорите со Брисел. Сосема обратно се зголемува притисокот врз Македонија да направи отстапки и да прифати промена на уставното име со географска додавка. И со НАТО работите стојат во место. Факторот време станува пресуден за иднината на Македонија и само тој момент потсетува на турскиот замрсен случај. Се' друго е сосема различно и неспоредливо со Турција.
Република Турција веќе 47 години е т.н. придружен член на Унијата. За рамноправно членство аплицираше пред 24 години. Со официјален кандидатски статус е од 1999 година - рамно 12 години, а веќе седма година е на преговарачка маса со Брисел. Преговорите според некои релевантни процени ќе траат уште најмалку 10 години. Турција е моќна членка на НАТО од 1952 година. Распослана на два континента со излез на четири мориња, Турција со своите 70 милиони жители и стапка на годишен развој од 11 отсто, со своите природни ресурси и геополитичко и стратегиско значење, стратегиски партнер на Америка, е земја со силен економски подем која има повеќе алтернативи. Деновиве премиерот Ердоган и' фрли отворено ракавица на Европа, повикувајќи ја да каже дали ја сака Турција во рамноправно членство или не.„Ако нејќете“, вели Ердоган, „тогаш оставете не' намира и не кажувајте ни што и како треба да правиме“. Турција за 20 години ќе има 100 милиони жители, од кои 65 отсто под 35 години и ќе биде меѓу 15 најразвиени земји во светот. Во европскиот дел на Турција живеат над 20 милиони жители. А, во сама Западна Европа работат и живеат близу 10 милиони Турци, чии компании веќе прават обрт на годишно ниво над 15 милијарди евра. Во Европа, сериозни политички и економски аналитичари во последно време драматично предупредуваат дека Турција повеќе и' треба на Европа отколку обратно. Турција се ослободува од комплексот Брисел. Сега Европа се преиспитува.
Што е со Македонија. За 20 години ниту еден македонски релевантен политичар, ниту еден меѓународен силен фактор или потенцијален стратегиски партнер не излегол ни со најмала сугестија дека Македонија има друга алтернатива освен евроатлантските интеграции. Таква понуда нема ниту од Запад, а ниту од Исток, освен од несериозни и маргинални недефинирани извори и поединци. Напротив, сите укажувања одат во спротивна насока дека Македонија како и целиот Балкан е составен дел на Европа, дека единствениот природен пат на економски и демократски развој на земјата се Европската унија и НАТО. Сите досегашни активности на македонската политика и економија се насочени кон двата светски најмоќни сојуза. Досегашните политички и економски реформи не' донесоа до кандидатски статус. Почнувањето на преговорите за рамноправно членство во ЕУ и во НАТО е условен со ултмативниот став на соседна Грција - нема ЕУ и НАТО без промена на името. Таквата подредена позиција долго можеше да се толерира и да служи за тактизирање, бидејќи Македонија имаше многу незавршени работи што ги условуваше Брисел и без проблемот со името. Но, од пред пет години, кога Македонија требаше да ги почне преговорите, времето станува најпресуден фактор за иднината на граѓаните и за опстанокот на самата држава. Преговорите со Брисел се последен статус пред рамноправно членство. Тие обично во просек траат пет години и даваат огромни можности за развој. Јасно е дека ако преговорите почнеа со кандидатскиот статус, денес Македонија или веќе ќе беше рамноправна членка на ЕУ или ќе беше пред прием. А ќе одбележевме три години од членството во НАТО.
Македонската политичка елита нема рационален одговор пред сопствената и светската јавност што треба да се прави во ваква ситуација. Грчкиот ултиматум повеќе служи за меѓусебна политичка пресметка и за собирање поени за задржување и освојување на власта отколку да се донесат визионерски одлуки. Историјата на проширување на Европската унија и воопшто поновата светска историја укажуваат на потезите што треба да уследат кога нациите и државите се исправени пред вакви тешки и значајни прашања, кои засегаат не само во чувствата, достоинството, националниот идентитет, туку и во натамошниот развој, стабилноста и опстанокот на една држава. Во тој случај, потврдена историска вистина е дека политичкото лидерство е клучниот предуслов за донесување вистинска одлука. Државничко лидерство може да се постигне на повеќе начини во зависност од историските околности и односи на сили. Во случајот со Македонија, со оваа позиција, која ја има надвор и дома, најприфатливо решение е општ консензус, заеднички став, на сите политички партии и лидери, интелектуални и деловни елити, потврдени во парламентот. А зошто да не и на референдум ако власта и опозицијата заеднички го повикаат народот на судбинска одлука со сите неопходни аргументи за иднината на државата. Во тој случај, и резултатот од референдумот ќе биде на ниво на историската одговорност.
Друго поприфатливо решение, како разумна алтернатива, досега не е понудена. Сигурно е дека постојат и други алтернативи, меѓу кои и самостоен развој за што се' погласно се зборува. Но, сите тие паѓаат во вода пред факторот време. Дваесет, триесет години е огромен период во човечкиот живот. Времето е најскапата работа. Тие што не го знаат тоа ја плаќаат највисоката цена. Замислете, ако следниот ноемвриски извештај на Брисел не' врати назад пред кандидатскиот статус. Нешто многу смрди на тоа. Штом претседателот на ЕУ, Ромпуј, во Скопје ни вели дека има уште работа во заштита на човековите права и слободи, дека медиумите се под силен економски и политички притисок, дека судските реформи не се завршени... Тоа Ромпуј го кажа јавно, ама дипломатски, а што му кажа во четири очи само на премиерот Груевски сигурно ќе дознаеме најдоцна до ноември кога ќе го прочитаме извештајот на ЕУ. Најлошо ќе биде ако по ноември не биде виновна само Грција што не ги почнуваме преговорите. Дотогаш не е лошо Груевски да задолжи некого чесно да пресмета колку не' чини што доцниме веќе шеста година со преговорите за влез во ЕУ. |
#
|
Статијата е прочитана 4289 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Aaron |
Датум: 22.10.2010 12:52:07 |
|
Erole, ti si pameten chovek, sam vidish deka ova e nashta idnina-vechen kandidat, zloben kako pincher, koj lae protiv seki. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nikola-Germanija |
Датум: 22.10.2010 13:22:16 |
|
Simptomaticno e sto sekoja DPMNE-vlada go sobira kajmakot (=zasluga od prethodni SDSM-ovski vladi), n.p.potpisuvanjeto dogovor za asocijacija vo 2001, koj bese plod na vladeenjeto na Crvenkovski pred da stapi Georgievski na vlast;status kandidat od 2005 koga bese SDSM uste na snaga,za na kraj DPMNE sekogas da gi rasturi tie postignuvanja barem na nadvoresen plan! Preporakata za pristapni pregovori ne bese zasluga na DPMNE,tuku del od igrata "stap i morkov" odnosno kako avansna doverba,deka vladata konecno odlucno ke se fati za rabota i reformite.I sto sto vidovme od togas?Tocno.Nisto.Bukvalno nisto.Sekoj sto veruva deka vladata go brani imeto,e uslovno receno,IGNORANT od 1.klasa;naprotiv,vladata svesno se kocka so imeto i identitetot,pa taka so idninata na Drzavata.Znam deka masata narod ke se razbudi od segasniot zanes,no se plasam deka ke bide kasno i cehot ke ja plati kako i sekogas vo ponovata MKska istorija-SDSM,obiduvajki se barem da spasi sto moze od rasipnickata DPMNE-politika! |
|
|
|
|
|
|
Од: aj pak jas |
Датум: 22.10.2010 13:23:23 |
|
E moj Erole statijava tie super kako i obicno . Za zal ne sme silni kako Turcija a nema da ni da bideme priblizno razvieni kako niv ni posle sto godini, znaci na EU nema dai bideme interesni uste dolgo vreme. Predlogot za zaednicki nastap na site partii i referendum za imeto zvuci ubavo samo vo slucaj narodot da se soglasi za promena na imeto, no koja e alternativata posle NE na referendumot . Mislam ovoj status ni na nebo ni na zemja im odgovara na site politick ipartii vo republikava. Za zal........ |
|
|
|
|
|
|
Од: venstar |
Датум: 22.10.2010 13:34:40 |
|
Srbija, koja NATO ja rasipaa vo vojna pred 12 godini ke vleze vo NATO i EU pred Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 22.10.2010 15:03:37 |
|
Se ceka prvo Srbija da vleze, pa potoa nie zaedno so niv ili odma posle niv. Celata igra e okolu Srbija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Kavadarcanec |
Датум: 22.10.2010 15:19:37 |
|
Megunarodna vistina e zosto Turcija e vecen kandidat, a ista e situacijata so Makedonija. Neznam zosto vi e potreben volkav tekst, osven ako celta vi e druga a ne analiza. |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 22.10.2010 15:21:29 |
|
Erole, ti si i pameten i hrabar. Da ne e vo nesto drugo nasiot problem so sosedite, narocno so Grcija. Dali imeto, diplomatski, ne go krie vistinskiot problem: nasite teritorijalni pretenzii? Zosto Predsedatelot deneska go odlikuva Cento, na kogo sto pred nekoj mesec mu se napravi spomenik kako na Kil Il Sung? Po sto se razlikuval on od drugite komunisticki vodaci? Po toa sto sakal da go "osloboduva" Solun! Ce dozvoli li Grcija Makedonija da vleze vo EU, kade sto se odlucuva so koncenzus, drzava sto ne gi priznava granicite, pa makar da bila mala i sirota? |
|
|
|
|
|
|
Од: pameten |
Датум: 22.10.2010 16:28:06 |
|
Македонската политичка елита нема рационален одговор пред сопствената и светската јавност што треба да се прави во ваква ситуација.Makedonskiot narod nikogash ne zhiveel podobro od vremeto na SFRJ. I logichno mnozinstvoto sakat da ja zachuvame Makedonija takva kakva shto taa se definirala vo SFRJ. No ochigledno ovo e nemozhno. Torerancijata sprema SFRJ bila konjuktura koja shto nema da se povtori. Srbite ne veruvaa deka Zapadot je dozvoli Jugoslavija da se razpadne, mnogumina kaj nas ne veruvaa deka Zapadot nema da podrzhuva se' shto kje go sprechi golemobugarskiot fantom. Mora jasno da sfatime deka nasledstvoto od SFRJ e mrtvo i da pobarame nova strategija vo 21 vek. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 22.10.2010 16:59:50 |
|
ItriotPejko нема појма,Ченто никогаш не бил комуниста.Нека провесла по интернетот и може да провери.Зошто почитуваниот г-дин Ризаов никогаш не ги опсервира максималистички желби на соседот преку фамозната ерга омнес употреба на географското идно ново име.Зошто не опсервира за незадоволството на народот кој одбива влез во ЕУ со сменето име.Сигурен сим да знае да влезот во ЕУ не зависи од промената на името,тоа важи само за НАТО. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pejo glupaviot |
Датум: 22.10.2010 22:48:50 |
|
Dobro e sto ima tuka FELIXI da ni gi objasnat rabotite. Cento, onoj so titovkata na slikata od Wikpedia, ne bil komunist. Zatoa komunistite i go stavile da im bide sef. |
|
|
|
|
|
|
Од: penzioner |
Датум: 23.10.2010 00:11:13 |
|
Narodecu jaden,osvesti se.Na nasiot vozd da mu ponudat priem pod ustavno ime i bez nikakov drug uslov,toj nema da prifati. Zasto?Evropa ne saka,spahii koi pravat sto sakaat.Tie ne sakaatda se gradat smizli,fraeri,lavovi,kipovi,crkvi,dzamii na grbot na narodot koga e toj siromasen i nema za leb.Evropa ne saka mracnastvo vo elektronskite i pisanite mediumi,ne saka da se trosat pari na neproduktivni raboti.Nasiot lopatar od toa ne moze da se odtrgne.Nie se deklarirame kako sekularna drzava,a de fakto sme Iran.Ahmedinnedzat e cveke vo sporedba so propadnatiot bokser.Ne pravi nisto bez da gi povika popovite okolu nego.Toj pravi crkvi,Pasko kopa grobovi,koj samo ke ne turne vo niv.Zatoa toj ne saka vo Evropa.Makite na narodot e samo negova duhovna hrana,toa mu e zadovolstvo.Narodot place stenka,leleka,a toj Monaliza tainstveno se smeska.Turcija napravi mileniumski reformi,no toj se vikase Ataturk.Nasiov ,od pred nos ,i od svojata familija podaleku ne gleda.Na zdravje |
|
|
|
|
|
|
Од: ohrigjanec |
Датум: 23.10.2010 01:01:15 |
|
abre Makedonce! (Nikola od Getrmanija) i slicni!
do koga so "ovcite" i so "istite"?
ednus za sekogas nadminete se sebesi! |
|
|
|
|
|
|
Од: Brian, Canada |
Датум: 23.10.2010 04:07:06 |
|
Zelbata na opoziciskite megafoni za promena na imeto e beskrajna, no za sreka na Makedonija nema da se sluci. Znaenjeto e sila, dobro veli vladata, no Itar Pejo ne slusnal za toa. Aj sto go napravi Cento komunist, ne napravii agresori, imerijalisti. Dobro e sto nikolce od germanija, ke go ceka narodot da se razbudi od zanes. Milina od komentari. |
|
|
|
|
|
|
Од: Феличита |
Датум: 23.10.2010 09:34:15 |
|
Ченто комунист?Ма,немој.Тој се маскирал во комунист,затоа му е петокраката во чело.Тоа е фолклор кај нас.На пример„,Гоце ми се сторил црно ќумурџиче“!Комунистите ставале на раководни места исклучиво некомунисти!Зар е територијална претензија следниот конгрес да го одржиш во Солун (па не е во Атина),едвај во секоја втора песна да пееш „...има уште два-три дела,па да биде цела“,премиерот да се слика пред карта на Голема Македонија (мала карта беше,не голема,па не ја видел) и многу такви „безначајни“ работи!„Итар Пејо“ измислува,тоа просветлено,посветено,виножитно и визави му го објасни Среќко! |
|
|
|
|
|
|
Од: SAM |
Датум: 23.10.2010 10:20:06 |
|
Se soglasuvam so mislenjeto na penzionerot. Na bokserot da mu ponudat priem vo EU i pod ustavno ima ce najde "racka" da go izbegne, bidejci vakvo " selo bez kucinja" za grabez , placka i vladenje vo stilot na feudalski despot i satrap nema nikogas da mu se dozvoli vo EU. tamu vladeat drugi odnosi i drugi razmisluvanja , a ne apsolutisticko vladenje na edne kriug od negovata familija i nekolku podlizurkovci i poltroni, podrzani so nekolku it.n. intelektualci so lakejska poslusnost,(sramno se prodavaat za sitni pari i beneficii) so podrska na srednovekovniot crkoven kler, koj razmisluva vo stilot na 16 vek Ete toa se vlastodrscite vo " prerodbenicka Makedonija. Zatoa mozebi treba da gi prifatime imeto SAM( Satrapska Avtokratska Makedonija. Toa najpovece ce n i odgovara prema stilot na vladeenjeto.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Стојко |
Датум: 23.10.2010 12:28:05 |
|
Споредувањето на Македонија со Турција е смешно. Турција е велесила а Македонија земјичка за која не се знае дали утре сеуште ќе постои. Ако не биде примена во НАТО и ЕУ единствена алтернатива за Македонија ќе биде соединувањето со Бугарија. Мој впечаток е дека сегашната политичка гарнитура работи на таа опција. |
|
|
|
|
|
|
Од: Амар |
Датум: 23.10.2010 17:27:00 |
|
Две различни тези презентираш Ероле. За прашањето за Турција , Европа е (како и што е) ороспија, а за Македонија - Европа е конструктивна а македонската политичка елита не може да ги сфати пораките од Европа. |
|
|
|
|
|
|
|
|