Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Северна Кореја се заканува дека ќе има војна

Инцидентот ја стави Кина, главниот сојузник на Пјонгјанг, под огромен притисок

ПАЏУ - Северна Кореја вчера соопшти дека претстојните воени вежби на Јужна Кореја и на САД го туркаат регионот кон војна, само неколку дена откако го изведе најжестокото бомбардирање од Корејската војна во 1950-1953 година. „Ситуацијата на Корејскиот Полуостров се приближува до работ на војна поради безобѕирниот план на елементите што се брзи на чкрапало повторно да почнат воени вежби насочени против Северот“, соопшти државната новинска агенција КЦНА. „Армијата и народот на Демократска Народна Република Кореја (ДНРК) сега се многу гневни поради провокацијата на марионетската група (Јужна Кореја) додека се подготвуваат да испорачаат дожд од страшен оган и да го кренат во воздух бастионот на непријателите, ако се осмелат повторно да го повредат достоинството и суверенитетот на ДНРК“.

Попладнето накратко се почувствува паника во главниот град Сеул, кога телевизијата објави дека се слушале звуци од артилериски оган во близина на Јеонпјеонг. Но, Армијата соопшти дека артилерискиот оган бил далеку и ниту една граната не паднала во Јужна Коре��а. Изгледа дека станува збор за севернокорејска вежба.

Јужнокорејските медиуми објавија дека претседателот Ли Мјунг Бак може да именува човек со кариера во Армијата да го замени министерот за одбрана, кој поднесе оставка по критиките дека власта е пребавна во одговорот на гранатирањето што се случи во вторникот. Власта соопшти дека се' уште решава за тоа прашање.

Соединетите Американски Држави го испратија носачот на авиони на нуклеарен погон „УСС Џорџ Вашингтон“ во Жолтото Море за воените вежби со Јужна Кореја што ќе почнат утре. Планирани пред овонеделниот напад, четиридневните маневри се покажување на сила покрај гневната Северна Кореја, кои веќе ја вознемирија Кина, нејзин сосед и главен сојузник.

Официјален претставник на Белата куќа изјави дека американскиот претседател Барак Обама, најверојатно, деновиве ќе разговара со кинескиот претседател Ху Џинтао. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека фокусот на вниманието треба да биде насочен кон оживувањето на замрените шестпартитни разговори меѓу двете Кореи, Русија, Кина, Јапонија и САД. Тој, исто така, изрази загриженост во врска со американско-јужнокорејската воена вежба.

Кина долго време го помагаше раководството на Пјонгјанг, загрижена дека колапсот на Северна Кореја би можел да донесе нестабилност до нејзините граници. Пекинг, исто така, е загрижен дека обединета Кореја би била под доминација на САД. (Ројтерс)




#
Статијата е прочитана 1965 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 28.11.2010 04:02:46
Amerika deneska ,barem tamu vo toj Geopolitiski domen ,moze samo da blefira.Ne bez razlozno,a S.Korereja go znae toa! Severna Koreja ja granitirase Juna Koreja ,vsusnost ;Namerno go Iritira americkoto blefirane! De fakto i De Jure ,Severna Koreja i objavi Rat na Juzna Korea po amerikanskata propaganda. Severna Koreja saka,da im pokaze ,da i Nivniot Kamion kolku i da ne e sovremen,vo sudir ce mu donese takvaa osteta, da i moderniot kamion ne moze podaleku da se vozi! Vo eden vakov Rat; Severna Korea nisto ne Gubi-[nema ni sto] , ama Juzna Korea se,

Најди! во Утрински
Свет
„То Вима“ се збогува со печатеното издание
Преживеаните камермани се сеќаваат на нуклеарните проби
Космонаутите безбедно слетаа во Казахстан
Русија бесна по европскиот предлог за визи
 


Former Bulgarian minister denied US entry visa
Second Bulgarian commissioner awarded European of the Year
Croatia spends millions on improving transport network