Број 3597  сабота, 04 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економиј��
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Пред историски испит

Гласањето в недела се случува во атмосфера на големи поделби на политички, етнички и на национален план

Оливера Војновска


Македонските граѓани утре втор пат за три години излегуваат на вонредни парламентарни избори, кои може да значат историска пресвртница за иднината на земјата и за остварување на децениските надежи за нејзина евроатлантска интеграција. Гласањето в недела се случува во атмосфера на големи поделби на политички, етнички и на национален план. Според сите процени, ова се најнеизвесните избори досега, оптоварени со огромна доза на гнев. Иако во изборната кампања немаше крупни инциденти, таа беше исклучително валкана и тоа во македонскиот блок. А еден ден пред гласањето Македонија беше и во фудбалска треска со значително зголемен адреналин поради натпреварот со Ирска. Па, се чини дека барем за момент изборите паднаа во втор план.

Парламентот што ќе се формира по 5 јуни првпат ќе брои 123 пратеници. Во него, покрај 120 парламентарци што ќе се изберат од шест изборни единици, премиерно ќе има и тројца пратеници од дијаспората - по еден од трите изборни единици во странство - во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија.

Прогнозите се дека политичката слика на ова Собрание ќе биде прилично фрагментирана и најмногу ќе личи на првиот парламент (од 1990 до 1994 година) во кој седеа претставници од девет политички партии и тројца независни кандидати. Овој пат се очекува влез да обезбедат шест партии од македонскиот кампус и четири партии на Албанците во Македонија. Предвидувањата се дека во новата влада ќе учествуваат најмалку по две партии од македонскиот и од албанскиот блок и таа ќе потсетува на италијанските влади.

Избирачките места ќе се отворат утре во седум часот, гласањето ќе трае до 19 часот, а Државната изборна комисија првичните резултати треба да ги соопшти во рок од 12 часа по затворањето на гласачките кутии. Право на глас имаат 1.821.122 граѓани, кои на 2.976 избирачки места ќе можат да се изјаснат за 18 листи со 1.679 кандидати. Редоследот на листите со кандидати за пратеници што беше одреден со ждрепка во ДИК е ист во сите изборни единици. Според податоците во Избирачкиот список што го заклучи ДИК, право на глас во Првата изборна единица имаат 302.864, во Втората 312.720, во Третата 291.140, во Четвртата 292.596, во Петтата 303.686 и во Шестата изборна единица 318.116 гласачи.

ДИК соопшти дека се завршени сите подготовки за изборите, а гласачките материјали веќе се доставени до органите задолжени за нивно спроведување. Денеска гласаат затворениците, болните, изнемоштените и раселените лица. Избирачкото право можат да го остварат 2.222 лица кои се во притвор или на издржување казна затвор, како и 407 внатрешно раселени лица.

Претседателот Ѓорге Иванов вчера повика на достоинствено гласање во слободна и демократска атмосфера. „Во овие две децении во многу наврати докажавме дека сме рамо до рамо со сите напредни демократии. Денес за мене е неприфатливо ништо помалку од фер, демократски, слободни и чесни избори. Никој во нашата земја нема право воден од тесни интереси да ги стави во залог интересите на граѓаните, на државата. Секој оној што ќе се осмели да ги наруши изборните правила, секој оној што на кој било начин ќе ги загрози интересите и перспективите на граѓаните и државата, ќе се соочи со најсилна можна институционална и општествена реакција“, порача Иванов.


#
Статијата е прочитана 1700 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
На прво место
Дијаспората првпат го дава својот глас
Ќе се издаваат документи и в недела

"""