Скандалот во Обединетите нации порака до Владата да не си игра со ова прашање
Слободанка Јовановска
Додека ја води битката за името Македонија, по се' изгледа, ја изгуби битката за јазикот и за народот во сите релевантни меѓународни организации. Моментно терминот „македонски јазик“ не може да се најде не само во Обединетите нации, туку и во Советот на Европа и во Европската унија, а исчезна и од вокабуларот на ОБСЕ, иако тоа официјално никој не го објавува.
Без оглед на најавите од нашето Министерство за надворешни работи дека генералниот секретар лично ветил дека „македонскиот јазик“ ќе се врати во регистарот на светската организација, пораката до Македонија останува, а таа е дека за ОН името на јазикот, исто така, е дел од Резолуцијата 817, сакале ние да го видиме тоа или не.
Преименувањето на јазикот и на народот во Советот на Европа беше дочекано како скандал во Македонија, но по сите интервенции од наша страна, тој прирачник како да и' се обраќаат на Македонија, иако беше негирано дека постои, и натаму се применува. Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Хозе Луис Хереро, во интервју за „Утрински“ уште пред десет месеци македонскиот јазик го нарече „државен“, но тоа никој не го забележа, а ЕУ лани го официјализираше бришењето на македонскиот (и народ и јазик) и место тоа напиша народ „на БЈРМ“, а за јазикот дека ќе биде дефиниран во иднина.
Сега ЕК отиде подалеку, па во фамозниот Интеринституционален стилски водич ги избриша англиските верзии за јазиците и стави само „македонски“ на кирилица, што е чекор поблиску до грчката позиција што го предлага истото тоа, само напишано на латиница. За волја на вистината, за разлика од ОН, ЕУ се повикува на истата страница на ИСО-стандардите, иако во нив јасно стои англискиот термин „маседонијан“, користејќи ги како политички „појас за спасување“ од евентуалните напади дека и таа фатила страна во спорот, иако тие стандарди не ги применува.
Македонски аналитичар, кој е упатен во спорот околу името, го оцени како чудна коинциденција извинувањето на евроамбасадорот Ерван Фуере со бришењето на името на јазикот во ОН. Според него, можно е двата потега да биле координирани т.е. откако амбасадорот тврдеше дека ЕК ја следи политиката на ОН околу ова прашање, од Њујорк ни пристигна веста за новата политика на светската организација за името на јазикот. Според овој извор, македонскиот јазик стоел како термин во регистарот на ОН, но е тргнат последниве денови за да и' се стави до знаење на владата дека не може да си игра со ова прашање, бидејќи ќе следат реперкусии.
Зошто ЕУ и ОН си дозволуваат да не ја почитуваат општо прифатената ИСО-стандардизација на имињата само кога е во прашање Македонија, е друго прашање за анализа. Според експертите за меѓународно право, Грција се обидувала да го отстрани терминот „македонски“ и од оваа листа, но до денес тоа не и' успевало. Регистарот на ОН е упатство за внатрешна употреба, но, според експертите, иако на него јасно стои дека не е резултат на официјални политички одлуки, сепак, има исклучително влијание и надвор од светската организација, па често е предмет на контроверзија.
Иако Атина од почетокот ги спореше јазикот и името Македонци, на ова прашање почнала да работи агресивно по самитот на НАТО во Букурешт, поради процената дека е време за финална пресметка со Македонија и поради процесот во Хаг. Цел на Атина, според оцените, е да го смени начинот на кој се чита Резолуцијата 817 на Советот за безбедност, која, според општо уверување, не бара преговори за идентитетските прашања, па не бара ни промена на името на државата, туку на референцата. Тие притисоци најмногу дадоа резултат во Европската унија, а овие случувања во ОН потврдуваат дека Грција не спиела ни во Њујорк и дека сите што можат и треба да кажат нешто за јазикот се престроиле на грчкиот предлог за спорот.
Произлегува дека меѓународната заедница се обединила околу решението за сите аспекти на спорот и од сите страни ни испраќа пораки, додека ние се занесуваме дека водиме битка за Република Македонија и дека можеме да ги игнорираме преговорите во ОН. Па, дури и да се врати терминот „македонски“ во регистарот на ОН, тешко дека станува збор за саботажа на некој грчки функционер во светската организација.
Тоа значи дека заканата, ако ОН не го врати јазикот Македонија ќе ги прекине преговорите со Грција, ги носи на лизгав терен македонската Влада и дипломатија, бидејќи отвора фронт и со ОН, и со ЕУ, и со Советот на Европа и со ОБСЕ. Надвор од оваа епизода засега се САД, кои си имаат свои правила и се надвор од ИСО-стандардите, па кај нив се' е јасно и е политичка одлука.
Наспроти силната реторика за името произлезе дека нашата Влада е само посматрач на настаните околу спорот, што не го спречи МНР и вчера да тврди дека решително ќе се бори за промоција на македонскиот национален интерес.
„Ги преведовме сите дипломатски активности и испративме силна ургенција до генералниот секретар, Бан Ки-Мун и до Секретаријатот на Обединетите нации. Македонската мисија во Њујорк доби уверување дека ОН остануваат на своите принципи и ќе ја почитуваат воспоставената практика во однос на употребата и именувањето на македонскиот јазик. Корекцијата на ваквото неовластено техничко интервенирање ќе следува во најскоро можно време“, соопштија вчера од Министерството. (С.Ј.)
Penja fativteod plukanje po Vladata i uzzasnite poraki koigi dobivme od medzzunardonata, a zivotot vednas ve demasntira. "Impotentnava" diplomatija go vrati Makedonskiot vo UN.
Од: Riste
Датум: 16.11.2010 12:33:30
Zar ne gledate sega deka makedonskiot jazik postoi i deka nacijata e makedonska samo treba da se resi imeto . Drugari VMRO vci.
Од: kulemk
Датум: 16.11.2010 12:42:59
Па, дури и да се врати терминот „македонски“ во регистарот на ОН, тешко дека станува збор за саботажа на некој грчки функционер во светската организација.
nazalost , ima i vakvi avtori na tekstovi koi se tendenciozni so paushalni teorii za primena na ISO standardi , veruvam deka avtorkata nema poim shto e toa . Sramota e da so vakvi ozbilni prashanja se bavat vakvi diletanti.
Од: Akademik, MANU, Profesor na pravo
Датум: 16.11.2010 12:53:20
Nashive politichari i diplomati se vinovni za OON, NATO, SE, kako i EU. Koga od ekspertite im beshe ponuden praven LEK vo OON, Vlada go odbi istiot. Sega dobivme po zasluga. Slednoto e jazik, ime na narodot, kultura, lichni dokumenti itn. Koga ne se branish zasluzhuvash poraz. Imeto treba da ZASLUZHISH ili nema da go imash!
Од: do cane
Датум: 16.11.2010 14:05:43
Dragi gospodine, spored vasta logika treba da mu se aplaudira i vecno da mu se zablagodaruva na lekar koj poradi dolgotrajna gresna terapija donel pacient na rabot na smrtta i kij sepak vo posleden moment so hiruska intervencija mu go spasil zivotot. Kade e preventivata be bate.
Од: velgosti
Датум: 16.11.2010 14:45:04
makedonija e geografska oblast.svatee ednas i ne se zanesvajte.cel svet vi se smeit.
Од: zoran
Датум: 16.11.2010 14:51:01
Makedonija kako pacient trebase za tri meseci da se izleci ama nekoi politicari i den denes uste ekspirmentiraat so imeto(mislam od togashnite i denesnitepoliticari makedonci)
Од: ratko
Датум: 16.11.2010 14:55:24
ne mozam da go razberam likuvanjeto i seirdzistvoto vo tekstot,dali na ist nacin sme vospituvani na samopocit?
Од: do cane
Датум: 16.11.2010 14:58:07
abe cane ti ne ne gledas podaleku od nosot na laznite patrioti. tie rabotat za tudji interesi ne za makedonski. vmro na luBco bese pro bugarska...a ovie na grujo se pro srpska struja. krajnata cel im e raspad na makedonija
Од: Bogomil
Датум: 16.11.2010 15:26:38
Провокациите што одвреме навреме ќе ни случат во врска со името на нашиот јазик во некои сцетскли институции, слободно може да им се припише на нашите ,,добри,, соседи -Грците и Бугарите. И тоа колку да не тревожи, треба да го сфатиме како рецидив на нивниот традиционален и болен антимакедонизам. Нас посебно треба да не загрижува тоа што во нашата Македонија се помалку се води сметка за шистотата на говорот, за заштитата на јазикот од влијанијата од надвор. Едноставно, загрижувашка е јазичната (НЕ)КУЛТУРА НА НАШИТЕ НОВИНАРИ,посебно на оние од електронските медиуми, на ПОЛИТИЧА��ИТЕ, НА НЕКОИ КУЛТУРНИ РАБОТНИЦИ. Ако зами го цениме, негуваме и заштитуваме мајчиниот јазик, никој туѓинец не ќе може да нио го уништи.
Од: bojan
Датум: 16.11.2010 15:34:02
A imeto na nacinalnosta kade e?
so sme nie?
Од: Makedonska Misija vo OON ne izrabotila svoja internet stranica
Датум: 16.11.2010 15:43:00
Po ne znam koj pat denovive ka prasam: Zosto vo OON nema internet stranica za Makedonija? Potocno zosto misijata na Makedonija ne izrabotila svoja stranica kako site drugi? NAmesto toa kaj sto ima link za drzavata vo spisokot na clenki na OON ima link od "slepo sokace" kade sto stoi stranicata e vo izrabotka, ili ne e plateno za uslugite i t.n..Ova ne e od ovaa misija samo, ovodi nazad do kogaaa?
SIte da odgovaraat pred Sud, pred sudot na javnoto mnenie i pred narodot.
Од: BOG do Velgosti
Датум: 16.11.2010 16:22:15
G-dine tri cisti nemate od Geografija...Ova ne e Petrino ili Korabica...ne sramis site Velgostani....Nauci ja geografijata podobro i ne plukaj nagore...
Од: nacional-patriot
Датум: 16.11.2010 21:23:41
Na nekoi novinari kako avtorkava na ovoj tekst kako da ne im e milo sto jazikot se vrati vo grafata na ON.Isto taka cudno e sto vo vestite na A1 ovaa vest se objavi recisi pri krajot na vestite i toa so pogresna informacija deka do imeto na jazikot se uste stoi referencata vo zagrada.Tocno e toa Riste deka postoi makedonski narod i makedonski jazik i zatoa postoi imeto Makedonija koe e priznato od 130 drzavi i koe na recisi site listi na internet(i ne samo tamu) e napisano so Macedonia.Tuka nema sto da se resava.Treba velgosti da znae deka imeto Makedonija e i nacionalno ime koe ovaa teritorija go dobila pred mnogu vekovi od makedonskiot etnos i poradi makedonskiot etnos koj e star so vekovi.Imeto Albanija bese geografski poim vo minatoto kaj kavkazot,kaj Azerbejgan.
Од: Трпе
Датум: 16.11.2010 23:34:55
Наш Ѓоле,толкав голем напор направи,за враќање на македонскиот јазик во ОН,што за малку и војна на светот ке му отвореше.Зарем првата светска војна не започна со атентатот во Сараеево.Браво за Ѓоле,така на светот се покажуват заби.А не се свесни дека до овој проблем немаше да дојде ако власта не направеше Македонија да биде карикатурална држава.Со која цел свет веќе се мајтапи.