Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Македонија

Спаска Митрова го доби детето

Гевгеличанката со бугарски пасош, Спаска Митрова, го врати старателството над четиригодишната ќеркичка Сузана. Вака вчера одлучи гевгелискиот суд на новото судење што го побара скопскиот Апелациониот суд, кој во мај оваа година ја укина првостепената пресуда, која беше во корист на другиот родител, Воислав Савиќ. Пресудата беше изречена во доцните попладневни часови, а во судницата не се појавија таткото и неговиот адвокат.

„По четири години борба, за прв пат судот се произнесе правилно и ми го врати родителското право. Сега чекаме да се потврди тоа и од Апелациониот суд, што значи дека борбата продолжува. Ова е само почеток!“, расположено коментираше Спаска Митрова, која ја даде изјавата на бугарски јазик во едно од околните кафулиња. Таа се појави таму во друштво на својот бранител, скопскиот адвокат Шпенд Деваја, како и претставници од Бугарската амбасада во Скопје. За разлика од порано, на соопштувањето на пресудата ги немаше бугарските медиуми, кои се' досега будно ги следеа сите судски процеси поврзани со „Бугарката“ Спаска и опширно известуваа за тоа.

Видно разочаран, таткото Воислав Савиќ во изјавата за „Утрински весник“ рече дека очекувал ваков расплет и затоа не се појавил на судењето.

„Одлуката е политичка и донесена под притисок. Ја издејствува министерот за правда, Михајло Маневски, кој влијаеше врз претседателот на гевгелискиот суд, а тој, пак, изврши притисок врз судијата, која во март донесе поинаква одлука. Не знам како може да не се земе предвид мислењето на Центарот за социјални работи, кој цело време беше сведок на она што се случуваше околу моето дете“, потенцираше Савиќ.

Вели дека ќе поднесе жалба до повисокиот суд, но не верува дека може да промени нешто, бидејќи е многу јасно како ќе се одвиваат работите. Засега не му е познато како ќе биде регулирано гледањето со неговата ќеркичка, но се надева дека повторно нема да ги има истите проблеми отпорано и оти детето нема да биде однесено во Бугарија.

Малечката Сузана останува во неговиот дом се' додека не добие официјално известување.

Скопскиот Апелационен суд побара повторно судење, бидејќи сметаше дека во првостепената пресуда не било земено предвид психијатриското вештачење од Невропсихијатриската болница во Негорци. Во него беше содржана констатацијата дека двајцата родители се способни за старателство. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 3941 пати.

Испрати коментар

Од: Biljana
Датум: 16.10.2010 12:14:53
I posakuvam se najubavo na maleckata Suzana, sepak, nejzinata sudbina e vo prasanje! Se nadevam deka majkata ke nema da go poprecuva roditelskoto pravo na tatkoto, deka na devojceto nema da mu bide uskratena tatkovata ljubov! Isto taka, posakuvam da zaboravi na makedonsko-bugarskoto prasanje, a da mu se posveti na deteto kako vistinska majka! Zdravej, Spaska, ama Suzana e najvazna, neli?
Од: забеган.
Датум: 16.10.2010 12:48:01
Така одлучил судот,Да несе замериме на Блгарија.Уште едн жител повеќе за Блгарите.
Од: "vodolija"
Датум: 16.10.2010 13:21:15
Da go zavrsam komentarot!Tatkoto trebase da ,,prisustvuva ili negoviot advokat.Da dade obrazlozenie, ZOSTO?Deteto treba da ostane kaj tatkoto, ovaka od strana izgleda, kako da ne e UBEDLIVO i EMOCIONALNO vrzan za deteto,!?Kako da nema uslovi za odgleduvanje i pravilno vospituvanje na deteto!? Medecinskoto vestacenje deka: I dvajcata roditeli se sposobni za staratelstvo, e uste eden relevanten element deka NE POSTOI SUD NA SVETOT KOJ MOZE da mu go odzeme deteto na tatkoto!!! Pogotovo i MISLENJETO na CENTAROT za Socijalni Raboti!!! TREBA da se ima na um, DEKA mislenjeto na Centarot E POJAKA PRESUDA od PRESUDATA na BILO KOJ SUD- ponizok ili povisok sud. Neprisustvoto na tatkoto na raspravata si gi oteznuva okolnostite okolu donesuvanjeto na PRAVILNA I PRAVEDNA ODLUKA NA SUDOT !? SEGA neka mu e Gospod na pomos na tatkoto na povisokiot sud. KAJ STO NEMA LJUBOV NEMA NI ZIVOT , toa e sudbinata na decata !!!???
Од: mihajlo
Датум: 16.10.2010 13:43:15
Vo eden vesnik procitav za problemite so ungarcite vo sosednite Drzavi.Ungarija ,Romanija i Slovacka se zemji clenki na EU.Edino Srbija ne e. NO za zal na vistinata bas vo ovie zemji se desava nesto sto ni malku ne lici na zemji clenki na EU. Slovacka predlaga,.vo kolku nekoj nejzin gradjanin zeme drzavjanstvo na sosedna zemja,slovackoto da mu se odzeme i istiot da se protera.Ako ova se desi kaj nas revolucija ce nastane i Makedonija ce bide rasparcena,politicki i teritorijalno.Zatoa ne zacuduva faktot sto edna vakva spodoba si igra so custvata na makedoncite.Prosto se sramam od samata pomisla dali nie kako makedonci mora se ova da go podnesuvame.Ako navistina ministerot kumuvak na ovaa odluka,togas sekoj vid na komentar e suvisen.
Од: marko
Датум: 16.10.2010 15:17:38
znaci se e jasno ispaga deka bugarofilte go zazimaat so polna polna isla i ,,nezavisnoto ,, sudstvo vo makedonija
Од: cile
Датум: 16.10.2010 22:17:45
samite go ispolitiziravte celiot slucaj i jasno bug e clwnka na eu i preku eu dr mr ce napravi srga svativte sto e eu samo mak se vrsi perenje na mozok eu e kurva ama bug sekogas bila so nekogo nikogas sama...a deteto i treba da e kaj majka tatkoto ne veruvam sam da go cuval bez starci ludje sum proval ova nie mazi nesme sposobni da pravime rucek,banjame deca,da gi pereme sekoj den .............
Од: jovan
Датум: 17.10.2010 10:26:31
Na kraj kraeve, bez da naleguvame sega koj roditel bil "sposoben" koj "nesposoben",bitno e deteto definitivno da si dobie "stalen dom",a ne da bide rasetuvano, te kaj tatkoto,te kaj majkata,kaj babi kaj dedovci.Neka bide i kaj Spaska(koga veke Sudot procenil deka toa e vo red),a normalno i tatkoto da si dobie termini koga ke moze da go gleda i da bide so deteto.Taka e najdobro i za deteto, a i za roditelite.Ne se samo onie razvedeni,ima denes eden kup kako niv,pa decata si rastat i ziveat normalno.Neznam zosto tolku prasina se digna okolu ovoj slucaj,kako da e neresliv.A toa so Ambasadi,mediumi, batalete, toa se samo seirdzii koj poveke stetat i na roditelite,a pogotovo na deteto.
Од: Goran Bitola
Датум: 18.10.2010 01:58:01
Otvoreno prasuvam: dali ce bide povikam na odgovornost i najitno razresen sudijata na gevgeliskiot sud koj ja donese prvostepenata mizerna presuda???
Од: patriotizam
Датум: 18.10.2010 11:48:09
bravo za manevski kako Chak Noris e, site problemi gi razresuva...

Најди! во Утрински
Македонија
Корупцијата ја осиромаши државата за три милијарди денари
Поранешни југохромци бараат плати
Нема кој да го спаси лозарството






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency