|
|
|
|
|
|
Касарната „Илинден“ горчливo наследство
Денационализацијата паѓа на административни бариери и на бирократски формалности
Катица Чангова
„Животот ми го скратија. Осум години умирам. Барем да ме отепаат, па вистински да умрам“, вели разочарано и огорчено Неџмие Ариф. Таа повеќе години води битка со државата за да го оствари правото по основа на денационализација, за суператрактивна локација во Скопје, вредна милиони. Ариф е единствена наследничка на имот од 840.000 квадратни метри, поточно на најголемиот дел од просторот каде што се протега касарната „Илинден“ (помалиот дел е во Визбегово).
Меѓутоа, нејзините напори за враќање на тие 84 хектари во згради и земјиште досега останаа безуспешни, барем во првостепената постапка, поради многубројните административни бариери и бирократски формалности. Но, не се откажува од наследството на своите дедовци. Случајот не е ни прв ни последен.
„Ме отфрлија како да не постојам“, вели револтирано Ариф, незадоволна од негативниот институционален одговор за нејзиниот случај. Свесна е дека тоа што го поседува е навистина крупен залак. Имено, Владата пред една и пол година одлучи дел од земјиштето на воената зона „Илинден“ да го даде за изградба на амбасади на Русија и на Кина. Во игра беше и изградба на станбени комплекси.
Без оглед на околностите, Ариф со уште поголема енергија и елан подготвува документација за да поведе спор пред Управниот суд. Но, за правда ќе оди и подалеку. Ако не успее да го врати имотот преку македонските судови, тогаш Стразбур и' останува како опција.
„Мојот случај мина низ рацете на пет референти во Комисијата за денационализација во Чаир. Почувствував како да удирам в ѕид. Сите се правеа невешти. Бев и во многу кабинети. Ништо. Оваа папка, преполна со документи, кажува што се' ми побараа како докази. Но, нема да застанам тука, ќе продолжам, не се откажувам. Имам поддршка од сопругот и од синовите. Но, тие не се грижат за имотот, туку за моето здравје што го изгубив од грижи“, вели 64-годишната Неџмие Ариф.
Првото барање за денационализација го поднела во 2003 година, до Првостепената комисија во Чаир. Одговорот стигнал во 2005 година, кога е известена дека нема оставинска постапка, што значи нема право на наследство. „Постапката за денационализација е запрена затоа што кон барањето не е поднесено решение за прогласување законски наследници со право на денационализација“, образложува Комисијата во Чаир.
За да докаже дека е правен наследник, долго време барала документи во Министерството за внатрешни работи. „Таму одев дваесетина пати. Поднесував барања, но парите ги враќаа. На моето инсистирање се смилуваа и ме пуштија во правливите подруми со документи. Таму најдов умреници за бабата и за дедото. Но, кога почнав да наоѓам докази, кои беа неопходни за комплетирање на барањето, повеќе не ми дозволија да влегувам“, раскажува Неџмие Ариф.
Откако била одбиена од Првостепената комисија, се жалела до владината Второстепена комисија за денационализација, која нејзиниот предмет одново го вратила во првостепена постапка. До службениците во Чаир во 2007 поднела и второ барање за враќање на имотот кај касарната, поткрепувајќи го со известување дека води постапка за оставинско решение.
Со две судски решенија од 2007 и од 2008 година е прогласена за наследничка и ги доставува како доказ на барањето.
Но, Комисијата за денационализација во Чаир го отфрла барањето на Неџмие Ариф како недозволено, бидејќи не се одлучувало два пати за иста работа.
Експерти од оваа сфера велат дека комисиите за денационализација практикуваат да спојат две барања во едно, а останува нејасно зошто чаирската комисија не направила така. Тие коментираат дека и формални работи можат да бидат причина за одбивање на барањето. „Ако и Управниот суд одлучи негативно, тогаш останува жалбата до Врховен суд. Но, постои и институт што се вика обнова на постапката, кога барателот ќе дознае за докази што не ги знаел во текот на постапката“, објаснуваат познавачи на денационализацијата.
Имотот за кој се надева дека еден ден ќе го добие е сопственост на браќата Сулејман Ефенди Мехмед и Азис Хаџи Мехмед од 1911 година, двајцата дедовци на Неџмие Ариф. Таа има десет оригинални тапии за сопственост напишани на турски, а преведени на српски.
„Дедо ми Сулејман почина во 1930 година, а баба ми останала со татко ми“, вели Ариф. По ослободувањето, 1945/1946 година, сопствеништвото на секој имот требало да се пријави. Кога нејзиниот татко се осмелил да праша какви докази се потребни, тогашната власт демонстрирала рецепт за храброст. „Што живот видовме за нашиот имот. Удбаши го држеа татко ми еден месец во вода само затоа што се осмелил да пријави сопственост. Потоа се разболе од туберкулоза и почина во Велес, во санаториум“, вели Ариф.
Зградите и земјиштето на Неџмие Ариф фигурираат во историскиот преглед на запишување во катастарските книги од 1929 година, кога е воведен катастарот. Квадратите земјиште во згради и пасишта се појавуваат со децении, но спорно е тоа што имињата на сопствениците, браќата Мехмед, не се запишани. Во зависност од времето се менуваат институциите. Најчудно е тоа што во 1929 година, во време на Кралството Југославија, кога е направена поделба на бановини, а тука е и Вардарска бановина (Скопје), ка��о сопственик на површина од 307.388 квадрати во пасишта и 9.470 во згради стои Државен секретаријат на народна одбрана?! Невозможно е тогаш да постои ваква институција.
„Очигледно некој не сака да ја каже вистината“, нагласува Неџмие Ариф, која е сигурна во идентификацијата. Татко ми, вели таа, ме носеше на ритчето од каде што го гледавме имотот и велеше „ова е наше“.
Во 1964 година парцелите за кои сопственичката од Скопје има тапии се запишани на „Водовод“, општина Кале, во 1970 година на Државен секретаријат на народна одбрана, во 1975 година на Собрание на Град Скопје, во 1976 година на државата СФРЈ - Сојузен секретаријат за народна одбрана - Белград..., а во 1992 година парцелата од 471.830 квадратни метри е на Република Македонија - Министерство за одбрана. Од 21 април 2008 година други промени нема. Во овие години не се појавува ниедно име како сопственик, освен Панче Ќаја, но за нива од 3.000 квадратни метри.
Во Министерството за финансии не коментираат поединечни предмети поврзани со денационализацијата. Но, Владата очекува овој процес да финализира во средината на оваа година. Според податоците што ги објави лани, во средината на декември, останати се уште 40 нерешени предмети во прв степен, односно пред комисиите за денационализација. Притоа Владата соопшти дека стотина предмети од денационализацијата се наоѓаат пред Второстепената владина комисија, а уште стотина се во Управниот суд. (К.Ч.) |
#
|
Статијата е прочитана 2866 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Moris |
Датум: 04.01.2011 12:14:35 |
|
pa kade e Gruevski, Crvenkovski i drugite koi vo programite na svoite partii na TAA i TAA stranica imaat staveno deka ke gi pocituvaat zakonite i deka zaonite ke vazat za site isto. Gi nema da ja branat so partsiki soopstenija pravdata na obicen gragjanina. More Lazgovci treba SDSM i VMRO d agi napravime vonparlamentarni partii nema drugo. |
|
|
|
|
|
|
Од: еден |
Датум: 04.01.2011 14:11:51 |
|
Земјишта кои станале добра во општа употреба (улици, паркови, болници, стадиони, па и касарни) не се враќаат. Така пишува во Законот, а така и треба да биде затоа што би настанал хаос ако некому на пример би се вратила улица (!?). На оваа госпоѓа треба некој да и објасни. Знам дека и сторена неправда, но тоа е... |
|
|
|
|
|
|
Од: Ivan |
Датум: 04.01.2011 14:31:14 |
|
Parite koi gi zarabotile nejzinite predci mozebi bea zaraboteni dodeka Makedoncite robuvaa 5 veka vo Otomanskata Imperija. Denes dojdovme niv da im vragame imoti, a ne da barame nie osteta od Turcija, Srbija i Bugarija, koi ova parce zemja go eksploatiraa. nAVISTINA SE E KAJ NAS NAOPAKU. Ne e cudo so SPC gi bara site crkvi kako nejzini... |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 04.01.2011 14:51:36 |
|
Redno vreme e tie sto pljackaa da se deprivatiziraat od kriminalnata privatizacija, i da se isplatat lugjeto za denacionalizacija, pa togas ke bideme drzava.
Abe u Grcka poprvo ke gi vratat imotite na Egejcite otkolku tuka na nasive lugje... Pa koj ni bil pogolem dushman... |
|
|
|
|
|
|
Од: Od strana gledano |
Датум: 04.01.2011 14:56:03 |
|
Od danokot so krv, dedovcite go kupile imotot, site janicari se napravija bogatashi so taa denacionalizacija, se shto kodoshelo shto grabalo vo minatoto od napateniot Makedonski narod, sega nekoi si naslednici ce se usrecuvaat! |
|
|
|
|
|
|
Од: l |
Датум: 04.01.2011 16:16:47 |
|
Sto ima vrska Gruevsk Crvenkovski so ovoj imot.....Sega drugo prasanje e sto ovoj imot ne bil steknat po pat na kupuvanje ili sl....tuku bil steknat vo tursko pod pljackanje i slicno.....Ovoj imot bil NACIONILIZIRAN napraveni se ulici kasarni inftastruktura i slicno......Bi bilo totalna glupost sega sve ova da se dava na nekoj sto misli deka toa nejze i go ostavile dedovcite....... |
|
|
|
|
|
|
Од: Зевзек |
Датум: 04.01.2011 19:23:06 |
|
не и следува касарна, ама и следуваат пари, односно обврзници.... а поголем арамија од државата нема... барем на овие простори... само Стразбур��... но штета што и наследниците на егејците не можат да си го бараат имотот, односно за таму треба огромна пара, башка ниеден грк адвокат нема да квалитетно ги застапува а странец нема право... |
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® |
Датум: 04.01.2011 21:44:55 |
|
Очигледно е-државата е најголем поттикнувач на криминалот!Очигледно е и тоа дека целиот случај,како и повеќето кои се предмет на денационализација,намерно се одолговлекува и замрсува во корист на Намерниците-мршојадци кои им фрлиле око на ваквите имоти,со намера бесплатно да ги „откупат“(„приватизираат“)!Криминалното размислување (на државно ниво) наликува токму на она изразено во дел од коментарите:„Земјишта кои станале добра во општа употреба не се враќаат“„Makedoncite robuvaa 5 veka vo Otomanskata Imperija“„site janicari se napravija bogatashi so taa denacionalizacija“…На истиот начин размислува и власта!Жално!Менталитетот не ни е мрднат подалеку од ’48-ма!Да,таму каде никнале згради и фабрики,имотот,не може да се врати,но барем Чесно (по реална цена) да се обештетат сопствениците!Властите во МК не успеаа ниту тоа да го сторат!Оние на кои им е национализиран имотот,повторно се Ограбуваат со благослов на криминалната држава,по пат на абузивна денационализација! |
|
|
|
|
|
|
Од: R.. |
Датум: 04.01.2011 22:54:44 |
|
Zalni se i sramni poedini komentari vo vrska so odzemenoto zemjiste na ovaa gospogja koja so pravo bara da i se vrati nasledenoto,po pat na denacionalizacija. Kako nejzinite dedovci toa go steknale, ne e na nas da sudime. Toa sto trebe da podrzuvame, toa e da ni bide drzavata PRAVNA vo kojake ke imame doverie. Ako toj teren , okulu kasarnata "Ilinden"nekogas sakale da go dadat na upotreba za edna ili druga gradba, znaci deka toa ne e ulica ili park. Vo sekoj slucaj, drzavata e dolzna da i go nadoknadi odzemenoto zemjiste pa makar preku Strazburg. Vprocem, nejziniot slucaj ne e edinstven. Vo posledno veme, mnogu slicni pobaruvaci se odbieni kako parta,l so smesni objasnuvanja, kako nadleznite da ocekuvaat nekoja poticka promena, pa toa gajle go ostavaat nekoja driga Vlada da go resi.
resi ovoj problem |
|
|
|
|
|
|
Од: skopje |
Датум: 05.01.2011 01:03:56 |
|
da bese makedonec odma ke go dobiese sporot ama kako po obicaj za nas drugite ne vazi zakonot nazalost..ama pravdata kasni nikogas ne zaborava.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Johnny |
Датум: 05.01.2011 01:12:07 |
|
Ama kakvo vracanje zemjiste na okupatori,da bese taka odamna trebase da se vrati imotot na Karadordjevici(medju ostanatoto vinarskata vizba Tikves). |
|
|
|
|
|
|
Од: Tonja |
Датум: 05.01.2011 01:44:21 |
|
Ocigledno dobar del od makedoncite nikako da se izlecat od sindromot spored koj sekoj koj ne e makedonec e kriv.Slepci niedni zarem m islite i za vreme na Osmanliskoto vladeenje na lugeto taka im se poklonuvalo zemjiste ili imoti. Zemi od Trajko daj mu na Hasan. Kako sto e napraveno po osloboduvaweto so denacionalizacijata.Koga golem broj imoti na Turcite bile odzemeni i na nekoj nacin bile primorani da se iselat za Turcija,a nivnoto mesto go zazedoa vasite denesni kosopstvenicvi na drzavata.Ne zaboravajte deka za tie imoti turcite i na svojata vlast plakale so tesko zastedeni dukati.Ama ve oslepuva vasata omraza kon turcite a zaboravate deka blagodarenie na Turcite ste go zacuvale identitetot i religijata.5227 |
|
|
|
|
|
|
Од: genci |
Датум: 05.01.2011 07:44:52 |
|
gospogata da ne gubi vreme tuku strasburg go reshava ovoj problem, nema da bide prv pat |
|
|
|
|
|
|
|
|