Број 2987  сабота, 16 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Груевски во Елисејската палата

Средба на Груевски со Саркози. Франција дала поддршка да се укине шенгенската бариера

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Париз - Премиерот Никола Груевски вчера во Париз ја имаше една од најзначајните државнички средби досега - во Елисејската палата разговараше со францускиот претседател Никола Саркози. Оваа средба дојде неколку месеци откако Саркози покажа многу повеќе разбирање за позицијата на Атина во грчко-македонскиот спор за името.

Разговорите во Елисејската палата траеја околу 25 минути, доволно време за брзиот и динамичен француски претседател да се запознае со македонските ставови и позиции.

Веднаш по средбата, Груевски за печатот изјави: „Имавме пријатна средба со претседателот Саркози на која ги искажавме нашите позиции во однос на повеќе прашања. Со Франција имаме одлични билатерални односи и немаме отворени прашања. Франција е држава која игра клучно влијание во ЕУ и во НАТО, затоа разговаравме за сите овие прашања. Се разговараше и за визната либерализација, при што од наша страна беше речено дека Македонија ги заврши сите подготовки и дека ја очекува одлуката за укинување на визите за македонските граѓани.

Се чини дека во сите средби што ги имав денеска за ова прашање нема спорни моменти. Како и на други места, така и овде ни беше честитано за резултатите што беа направени за визната либерализација. Исто така, истакнав дека Македонија вложува силни напори да ги започне преговорите за полноправно членство во ЕУ и во тој правец да добие датум за преговори кон крајот на оваа година, исполнувајќи ги претходно сите реформи. Не бараме да ни биде дадено нешто што не го заслужуваме. Во тој правец истакнав дека и покрај попречувањето што го имавме од страна на Грција за влез во НАТО, остануваме цврсто на патот за зачлeнување на Македонија во НАТО и во ЕУ. Продолжуваме и со реформите, но продолжуваме и со разговорите за барање решение за тој спор.

Наш интерес е тој спор со Грција да се реши. Се разбира, не ни е сеедно какво ќе биде решението и на тоа сме многу фокусирани. Побaравме и Франција да има поголема улога во тој процес, повеќе да помогне за да може процесот да се придвижи и да биде побрзо решен“, изјави премиерот Груевски.

На прашањето дали се разговарало со претседателот Саркози за прашањето за името на Република Македонија, Груевски одговори: „Ги објаснив проблемите во детали, ја објаснив позицијата на Грција, нашите проблеми во тој однос, така што претседателот Саркози е добро запознат со целата работа, што ни беше и целта, за да може соодветно во иднина да помага за придвижување на овој процес“.

Не сакајќи да навлегува во детали, Груевски во врска со проблемот со името рече:

„Јас сум задоволен од неговите позиции и искажувањето подготвеност да вложи повеќе напори за разрешување на спорот и за влез на Македонија во ЕУ иво НАТО. Воопшто не е тајна дека Франција го прифаќа зачленувањето на балканските држави во НАТО и во ЕУ, во што се подразбира и Македонија. Тој став Франција го има искажано од поодамна и постојано го повторува“.

На прашањето дали Саркози се ангажирал да разговара со Грција за да се убеди да се најде решение во врска со проблемот на името, Груевски нагласи дека Саркози покажал волја процесот да се придвижи и да се реши за да може Македонија да оди напред. „Тој сака да ја види Македонија да оди напред“, рече Груевски. Во тој контекст, македонскиот премиер упатил покана до Саркози да ја посети Македонија, а можно е во наредниот период и други високи функционери од Франција да ја посетат Македонија.

По инсистирањето на француските новинари дали тој лично е подготвен да се промени малку името на Македонија во „Горна Македонија“ или „Северна Македонија“, Груевски категорично одговори: „Имаме наши национални позиции, денес ова не е прес-конференција за решавање на проблемот со името, дозволете да ги продолжиме разговорите со Грција, да бараме соодветни решенија, кои нема да бидат на штета на државните и националните интереси на Република Македонија“.

Груевски не сакаше да одговори дали претседателот Саркози ја променил неговата позиција во однос на прашањето за името на Македонија, која да потсетиме, одеше до целосна поддршка на грчката позиција.

Прв знак дека односите меѓу Франција и Македонија се затоплуваат дојде по завчерашната средба меѓу премиерот Никола Груевски со францускиот министер за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој, Ерик Бесон. При разговорите, Бесон го информирал Груевски дека Франција ќе го поддржи укинувањето на визите за македонските државјани. Односно, Париз ќе ја даде својата согласност за укинување на визите откако Европската комисија ќе назначи дека се исполнети условите утврдени од ЕУ.

Францускиот министер во разговорите му предложил на Груевски двете земји да ја продлабочат соработката со склучување договор за заедничко раководење на миграторските текови. Овој договор посебно би ја фаворизирал мобилноста на младите, студентите и младите професори. Ерик Бесон најави дека е подготвен да ја посети Македонија до крајот на годинава.

По завчерашното одложување на средбата, поради добро познатите технички проблеми на авионот со кој премиерот Груевски требаше од Брисел да допатува во Париз, неговата средба беше презакажана за вчера попладне.


#
Статијата е прочитана 2147 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 16.05.2009 00:21:15
Pres konferencijata na Gruevski traela podolgo od sostanokot so Sarkozy. Gruevski e mnogu zadovolen so rezultatite. Ako se procita vnimatelno sto ni prenesuva Gruevski: se po staro. Stavot na Francija ne e promenet - Gruevski e zadovolen.
Од: западна
Датум: 16.05.2009 00:27:13
Одлично благодарност до м.е Саркози.Поздрав до Премиерот.И треба д се залага Македонија да биде Европска земја.Народот веке ни е смачено да не можеме да излезене никаде од својата држава,а и сакаме да ни биде напредна државата.Нели сите земји во нашето опкружување веке се во подем.Албанија,Бугарија...Па нема ние да бидеме последна дупка на Балкан,поради некој олигарх што мисли дека сите ке избегаме..Па работни визи се други нема врска со овие визи да излегуваме и да функционира државата.Позз
Од: MKD
Датум: 16.05.2009 00:38:22
Vozot kon EU i NATO poleka pocnuva da se zabrzuva.Prvo ukinuvanje na vizite,pa vlez vo NATO,pa potoa dobivanje i datum za pregovori so EU,po sto ke zapocne edna seriozna rabota za polnopravno clenstvo vo EU.Seto ova bi trebalo da se sluci za kratko vreme,se razbira vklucuvajki go tuka i resavanjeto na problemot so imeto,kako i izlez od svetskata ekonomska kriza so sto e mozno pomalku posledici,za sto iskreno se nadevam deka ke uspeeme.Ke ni bide potrebna i bozja naklonetost zatoa sto ovoj narod go zasluzuva toa.Dokolku seto ova se ostvari brzo i so mudra politika na vladata,SDSM na izbori nema da go spasat ni 100 BC,ni septemvriski scenarija,ni sabotazi na drzavnite interesi,ni kodosenja,ni NVO,ni krsenja casi od glavi,ni sisofrenicnoparanoidni kvalifikacii fasisti,Kastro i sl.Nisto. Samo tezok inaetcija nema da i oddade priznanie na vladata za takvite uspesi i da gi nagradi so nov mandat na izbori,koga i da se slucat tie.
Од: lenin
Датум: 16.05.2009 02:10:48
malku e cudno chto barame pomoch od zemja koja otvoreno se stavi na stranata na Grcija .Za francuski kompromis da si go smenime imeto ne treba pomoch toa mnogumina go posakuvaat i doma no za sreca makedonija ne e samo navna.
Од: realen
Датум: 16.05.2009 08:15:59
Ovojpat, kosmodisk upotrebi Gruevski i, sosema normalno, pojde kaj Sarkozi. Zarem i pomisli deka ke bide obratnoto. Koj bara, ke moli. I zitelite na Makedonija se zalat i molat da imaat podobar zivot pa odat kaj Gruevski i toa e magicniot krug. Imeno, trijumfalno niz trijumfalnat kapija (traumatiziran od slucajt si lindjerot) se vrati so - nisto.
Од: Orient ekspres
Датум: 16.05.2009 08:47:39
Malku e cudno kolku bile ekspeditivni. Vo 25 minuti Gruevski mu gi razjasnal site raboti okolu sporot so imeto, razgovarale za viznata liberalizacija, mu gi istaknal site postiganja vo vrska so istata, sa razgovaralo i za ispolnuvanje na 'benc markovite" za odreduvanje na datum za pregovorite za vlez vo EU i seto toa za 25 minuti. Pa tie prv pat se srecavaat , samoto poozdravuvanje i prestavuvanje na sorabotnicite odzema 5 do 10 minuti. Navistina za tolku kratko vreme da se elaboriraat tolku vazni prasanja e cudno!? Alal mu vera! Ne znam dali imal vreme da mu kazi nesto i za istorijata , za spomernicite i prerodbata.?
Од: Natasha Paris
Датум: 16.05.2009 09:08:03
za djabe tolku radvanje , nisto posebno ne mu bese obekano , samo mu bese potvrdeno deka Sarkozi i cela francuska diplomatija se javno od strana na Grcite.Inace cisto samo za informacija , vo nieden francuski meidum ne bese spomnta posetata na nasiot cenet primier, a koga ke dojdat Grcite po cel den se zboruva za toa.Ednostavno , samo na pauzta posle rucek Srkozi go podcukna Grujevski po grbot i sega Francija , saka da ni pomogne.Stvano nekoi luge treba da svatat deka dostaveke so tie izdeformisani informacii , ni se serviraat raboti kako na koj mu odgovara a realnosta se ignorira.
Од: Стечаец
Датум: 16.05.2009 09:11:32
Работата на премиерот е да патува и врши државнички работи тоа и Уставот му налага. Меѓутоа, во четврток на 14 мај стечајни работници имаа уредно закажана средба со премиерот или некој владата. За жал на портирница ни рекоа да почекаме да видат кој ќе не прими. Чекавме околу половина час да ни кажат дека во владата нема кој да не прими? Значи ако премиерот не е тука во владата нема министри , нема шефови на кабинети , нема советници? Каква е тоа држава кога влада не работи ако не е премиерот тука. За жал и мас медии немаше кој да ја објави веста дека преставници на стечаците (40.000) нема кој да ги прими од владат. Срамота за една држава што се стреми за ЕУ. А медиумите барат слобода на говорот а несмеат да објават веста дека влада не работи ако не е премиерот во државата. За таа цел ќе бидат известени амбасадори и преставници на ЕУ во Р.Македонија.
Од: mkd
Датум: 16.05.2009 09:30:10
Makedonija mora mnogu pootvoreno i poveke da odi vo Evropskite zemji i da gi zapoznava so nasite pozicii.Narodski kazano toj sto dosaga toj i dobiva nesto.I na kraj kraevi nie vsusnost ne pregovarame so Grcija koja realno e so Ludi idei tuku so SAD koj od site lobiranja treba da izgradi stav i presece
Од: sengen
Датум: 16.05.2009 09:38:42
Samo glupite i naivnite mozat da mislat deka sega Francija ke gi zasuci rakavite i sesrdno ke pomogne vo resavanjeto na nasite problemi.Sredbata traela 25 minuti,a Gruevski veli deka vo DETALI go zapoznal francuskiot Pinokio za nasite problemi...hahahaha Ako zemete vo predvid deka i ona sto Gruevski go \boruval,i ona sto Sarkozi go z\boruval se preveduvalo na francski i na makedonski,ispaga deka dvajcata nemale sansi da kazat poveke od 10 recenici.......Toa kazuva se za odnosot na Francija kon nas i tretmanot sto go Dobil Gruevski
Од: sandokan
Датум: 16.05.2009 10:14:01
Neli spored analitičarite na utrinski, makedonija e izolirana zemja.....
Од: Mende.Damevski
Датум: 16.05.2009 11:04:06
Cestitki za premierot Nikola.Gruevski sto uspea da gi ubedi Francuskite vlast da zastanat zad R.Makedonija cestitki samo do Nikola.Gruevski
Од: Димитар Од Битола
Датум: 16.05.2009 11:34:40
Ха, Ха, Нашито најценет политичар со највисок рејтинг, патуваше од Брисел до Парис со воз за да се сретне со Саркози 25 минути. Навистина многу значајна посета. Сигурно го потчукнаја по рамена и му го покажаја патот за решение на спорот со името. Што ќе им каже на своите гласачи дома, дека Република Македонија не може да биде решение? Добро утро господине Груевски!!! Добро утро Македонијо. Добро утро гласачка машинеријо на ВМРО ДПМНЕ.
Од: Trocki
Датум: 16.05.2009 12:22:31
"Gruevski mu ja objasni pozicijata na Grcija vo odnos na prasanjeto so imeto".... Hmmm, mozebi ce pocnat poseriozno da ne sfacaat koga ce im ja objasnime NASATA pozicija vo ovoj problem. A Grcija si ja objasnuva svojata pozicija mnogu poverodostojno. Normalno, ce veruvaat na onoj koj zboruva za sebe i gi objasnuva svoite stavovi. A nie NEMAME pozicija. Vsusnost nie NE SAKAME NIKAKOV KOMPROMIS, a pred javnosta (i domasna i megunarodna) velime deka sme za RAZUMEN KOMPROMIS. Pa ajde vece da kazeme sto e toa RAZUMEN kompromis??? Za da ne razbere svetot i da ne sfati seriozno. Ama ce si tapkame vo mesto uste sto godini, i bebinjata ce oslepuvaat radi nemanje na soodveten lekarski kadar i novi inkubatori! Ama nam ne ni treba EU i NATO, toa ne e prioritet, neli e taka, dragi sovetnici na pretsedatelot Ivanov???
Од: до МКД
Датум: 16.05.2009 13:08:20
Кога би се реализирале сите овие работи,верувам дека не само БЦ,туку и НГ,и сите во МК,би се жртвувале како курбан,во чест на земјата,така да тогаш слободно нека пукне ѓаволот кој влегол меќу нас и никако да излезе.Толку далеку отидовте со разидуванјето вие од БЦ и НГ што,поголема е шансата сето горе речено да се оствари одколку да се оствари концензусот меќу вас.Од сето ова следи заклучокот,дека секогаш и уште живее комплексот,наречен *во нивно време ништо добро не смее да и се случи на МК*,а запад па навистина тоа од кога го има сватено,и никако не сака да им го расипе *кејфот*.Сето тоа ми е некако сватливо.Чудно ми е по таа аналогија како не му љубоморат на АМ и сега ке градат споменик...
Од: Boshko
Датум: 16.05.2009 13:11:11
Odlichno kazano od Gruevski no nishto praktichno ne storeno. Mizi Asan da ti baam.
Од: stinik
Датум: 16.05.2009 16:30:18
kako sto razbrav francija ke ni pomogne da go smenime imeto
Од: Makedonija vredi 25 min
Датум: 16.05.2009 17:51:33
Sredbata so Sarkozi bila okolu 25 minuti, posle desertot za ruchek!!! Ete za kolku vreme mozhe se' da se kazhe za Makedonija! :( Ete, kolku vredime od vremeto na nekoj mokjnik! Kolku da ne se zanesuvame. Sledeshe i najvazhniot del za nashiot Nikola: slikanjeto so drugiot Nikola,dokaz za semejniot album i za makedonskata javnost kako dokaz deka ne sme izolirani (?), ama, 25 minuti si se 25 minuti, a ich?! Of, mori majko
Од: Стојо
Датум: 16.05.2009 17:51:57
До МКД: Ај признај, кој ти го напиша ова?
Од: dime
Датум: 16.05.2009 22:29:46
ajde be francuzi pomozete da se ukinat vizite....
Од: OF LELE -Ljubotan
Датум: 17.05.2009 05:04:19
Zamislete 25 Minuti, A be jas so sudoperkata sekoe utro povece od 25 minuti pootrosim. Edno kafe i Nekolku slikana. e sedni tuka namestise ;vaka i Taka i 25 minuti pominaa! Otidna Moma samo , da ne e Domaq!
Од: Risto
Датум: 17.05.2009 13:45:13
Bidejki "Vecer" ne mi go objavi mojot komentar , si go kazuvam moeto i samo moeto mislenje na Utrinski. Mi e zal sto do vcera golemiot srbo-komunist Latas ja smeni kozata i gi reducira mislenjata na ostanatite vmrovci koji ne se soglasuvaat so politikata na premierot. Poentata vo Vecer mi bese , sakam da znam dali premierot uste na startot go pogazi i ponizi pretsedatelot na R. Makedonija i voedno ja zadusi funkcijata pretsedatel. Ako nekoj trebase da se sretne so Sarkozi toa morase da bide siromaviot Gorgi ivanov po sluzbena dolznost ,a ne premier so pretsedatel. Na zalost ova e samo pocetok na nasite stradanja. Te molam gospodine Ivanov odi si vednas. Makedonija ke ti bide blagodarna , dosta ne branese ....
Од: Dolno Vodno
Датум: 17.05.2009 14:14:41
Bez mnogu nepotrebno plukajne; pokraj se, vazno e sto nekoj od nasata Vlada uspea da dojde do Sarkozi. Ovaa sredba so godini bezuspesno e molena, se dodeka ambasadorot na Fracija vo Mk. ne ja turna rabotata. Deka 25 minuti ne bea nisto za da objasni nesto Gruevski, ne bea nisto, a i interesot na Sarkozei ne bil nesto pogolem. Ne e nisto kazano, ne e nisto veteno, ne e objaveno takareci NIKADE vo FR medija, odnosni vo Pariz. Da ne se lazeme, Fr.ostanuva kako i do sega,tvrd orev za nas ; dolgo zaboravene od Makedonija (po nasa vina), prestavuvana "od vreme na vreme" "bilo kako",redno e da se prevze RAZMISLEN nacin za sorabotka so ovaa zemja, na koja kako da i go zavrtevme grbot odamna!

Најди! во Утрински
На прво место
Заменикот на Клинтон денес во Македонија
Разногласието е штетно во спорот за името