Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Медведев и Обама започнаа „ресетирање“

Московскиот самит на претседателите на Русија и на САД почна оптимистички

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Претседателите на Русија и на САД, Дмитриј Медведев и Барак Обама, вчера попладне во Кремљ започнаа „ресетирање“ на односите на двете велесили, најавувајќи оптимистички не само намалување на атомскиот арсенал туку и нормализација на политичките и економските односи. Дека самитот ќе биде успешен се дозна вчера наутро од дипломатски кругови, бидејќи во неделата доцна навечер преговарачите го усогласија „рамковниот документ“ за намалување на атомското оружје, а вчера по преговорите во Кремљ го потпишаа Дмитриј Медведев и Барак Обама. Заедничка е желбата новиот дневен ред да се „ресетира“ со побогата соработка, не само во политичката туку и во економската и научно-културната сфера.

Американскиот претседател и неговото семејство пристигнаа на аеродромот „Внуково-2“, кој е предвиден за доаѓање странски делегации. Во Кремљ, Обама беше пречекан од Медведев и додека тие преговараа, нивните сопруги ги разгледуваа црквите и музеите во Кремљ. Обама и Медведев првпат се состанаа во април во Лондон, во рамките на состанокот Г-20. Ова е втор престој на Обама во Русија, бидејќи пред неколку години беше во посета на сибирскиот град Перм. Претседателите во првиот дел од преговорите разговараа во потесен круг, а потоа им се придружија делегациите.

Отворајќи ги преговорите, Дмитриј Медведев рече дека „доаѓањето на Обама значи отворање нова страница во односите меѓу двете земји“. „Сакаме да се затвори онаа страница на сложени односи меѓу Русија и САД“, нагласи Медведев, алудирајќи на периодот на владеење на претседателот Буш. Претседателот Обама изрази надеж дека ќе се подобрат односите на двете ��емји за главните прашања на соработка. „Во низа области од безбедност, економија, енергетика, екологија, меѓу САД и Русија има многу повеќе општи работи отколку разлики и ако се заложиме деновиве, можеме да постигнеме успеси“, рече Обама.

Освен „рамковниот договор“ за намалување на атомскиот потенцијал, вчера во Кремљ беа потпишани договори со кои на Американците им се дозволува да превезуваат воен и друг товар во Авганистан. Договорена е соработка во областа на здравството. Конференцијата за печатот на двајцата претседатели требаше да се одржи подоцна.

За време на дводневната посета на Обама на Москва, бизнисмените ќе потпишат договори од 1,5 милијарда долари. Американскиот произведувач на земјоделска техника „Џон Дир“ планира во идните шест години годишно да инвестира во Русија по 500 милиони долари. Компанијата „Пепси“ ќе го зголеми својот капитал во Русија од 3 на 4 милијарди долари. Фабриката за авиони „Боинг“ има намера да создаде заедничка компанија со најголемиот произведувач на титан во светот, рускиот „Ависмо“. Обама денес ќе присуствува на руско-американскиот бизнис-форум.

Денес ќе продолжат преговорите меѓу Медведев и Обама. Покрај тоа, Обама првпат ќе се состане со рускиот премиер Владимир Путин. Спроти доаѓањето во Москва, Обама даде две различни изјави за Путин. Во интервјуто за американската агенција АП, Обама рече дека „Путин со едната нога стои во минатото, а со другата во иднината“. Од друга страна, во интервју за руската ТВ, Обама рече дека „Путин е силен и влијателен лидер“.

Американскиот претседател ќе го заврши својот престој во Москва со уште една средба со Медведев вечерва. Утре Обама и Медведев ќе заминат за Италија, на самит на големата осумка.


Статијата е прочитана 673 пати.

Испрати коментар

Од: Emil
Датум: 07.07.2009 12:00:00
Rusija e mnogu vlijatelen faktor i Grujo,Branko, Ivanov ne ja zaboravete taa nasa slovenska zemja vo odbrana na identitetot. Mnogu malce ja neguvame politikata kon Rusija. Grci ne' potiskaat.
Од: Ghostdog
Датум: 07.07.2009 16:55:18
Русија нема да помогне во праведното решавање на македонското прашање, туку (како и секогаш) ќе игра на страната на нашите соседи (оската Москва-Белград-Атина) и нормално во своја корист (за трговија со Запад).

Најди! во Утрински
Свет
План за Кипар до крајот на годината
Џо Бајден го храбри Израел против Иран
„Глобал зеро“ - утопија или реалност?
Московска реанимација на довербата
Во Туркменистан сакаат симбол како Ајфеловата кула
Ујгурите против Голијат
Во насилства во Кина загинаа 140 лица
„Бетмен“ на чело на бугарскиот кабинет
Санадер бил автократ и пречка за реформите, пишуваат медиумите