Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Груевски го спаси Јанакиески од „давење“

Опозицијата и власта поделени за потегот на премиерот да не ја прифати оставката на Јанакиески

Светлана Унковска

Опозицијата вчера жестоко го критикуваше потегот на премиерот Никола Груевски да не ја прифати оставката на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поради несреќата во Охридското Езеро, во која загинаа 15 бугарски туристи. Истовремено, опозицијата смета дека со самото тоа што го амнестира министерот, премиерот автоматски ја презема одговорноста за несреќата. Владејачките партии, пак, сметаат дека самата оставка на министерот Јанакиевски е високо морален чин, но сметаат дека таа не треба да биде прифатена затоа што тој немал директна вина во несреќата. Пред да биде испратена веста на премиерот Никола Груевски дека не ја прифаќа оставката на министерот Јанакиески испратена завчеравечер, откако замина во Кина, претходеа информации дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ оваа одлука му ја сугерирала на премиерот. Од друга страна, пак, министерот Јанакиевски си ги продолжи министерските должности и веќе вчера беше во Белград на средба со својот српски колега.

СДСМ смета дека Македонија, под водство на Никола Груевски, станала банана-држава во која никој од ВМРО-ДПМНЕ не понесува одговорност за ништо.

„Стана јасно дека наводната морална оставка на Миле Јанакиески беше само смислен блеф за замајување на македонската и светска јавност. Сведоци сме на уште еден кукавички обид на премиерот Груевски да избега од одговорноста и избра срамно од Кина да брифира дека не ја прифатил оставката. По ова нема никакви дилеми дека целата одговорност ја презема Груевски и никој друг“, истакна портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ. Тој наедно и јавно праша што е тоа со што Јанакиевски го држи својот шеф Груевски за да не му ја прифати оставката.

Претседателот на ЛДП, Јован Манасиевски, вели дека воопшто не бил изненаден од разрешницата на, како што рече, „ваквата сапуница“ со оставката затоа што е јасно дека во кругот на луѓе блиски до премиерот кои се повластени и за кои не важат законите е и министерот Јанакиески.

„Во тој круг на неколку блиски соработници, покрај Јанакиески, е и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и досега како и во иднина не може да се очекува да се применуваат исти аршини како и спрема други функционери. Она што е комично и жалосно во оваа ситуација е што во одбрана на личните пријатели на премиерот беше функционализирана цела пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Манасиевски. Тој со иронија забележа дека сега очекува истата пратеничка група да заседава и да ги одбие и најавените оставки на министрите на ДУИ.

Новите социјалдемократи сметаат дека премиерот со одбивањето на оставката му нанел само штета на министерот Јанакиески. „Чувството на морална одговорност е многу повеќе од констатирање каква било вина и тие мора да се прифатат. Сакајќи да го заштити министерот, премиерот Груевски само му нанесува штета на неговата кариера“, вели Горан Мисовски од НСДП.

И пратениците на Нова демократија го осудија потегот на премиерот Груевски, оценувајќи дека сето тоа било една смислена игра меѓу министерот и премиерот.

„Ова значи дека одговорноста сега целосно паѓа на премиерот и со ова се потврдува и критиката на премиерот на Бугарија, кој рече дека и премиерот Груевски треба да одговара за овој случај“, оценува Абедин Зумбери од Нова демократија.

Љубе Бошковски директно ги повика на одговорност и побара оставка да поднесат не само министрите Јанакиески и Јанкуловска, туку и премиерот Груевски.

„Срамниот театар со оставката на Миле Јанакиески беше нешто што од оваа власт можеше да се очекува. Наместо истиот ден Јанакиески да замине со наведната глава, чекаше Груевски да направи сценарио, па така по негов налог се јави пратеничката група со препораката да не ја прифати оставката. Ако министерот нема одговорност, тогаш логично би било тој да ја преземе одговорноста. Барам итна и неотповиклива оставката од двајцата министри и го повикувам Груевски и тој да поднесе оставка“, порача Бошковски, претседател на Обединети за Македонија.

Меѓутоа, владејачките партии не гледаат ниту вина, но ниту потреба од самиот чин на поднесување морална одговорност на министерот за транспорт и врски.

„Сметаме дека оставката на Јанакиески е високо морален чин, го цениме тоа, но сметаме дека оставката не треба да биде прифатена, бидејќи министерот нема директна вина во настанот што се случи“, истакна вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Таа вели дека и на самата координација што ја одржале за да му препорачаат на премиерот да не ја прифати оставката, сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ биле единствени во тој став, затоа што увиделе дека министерот презел многу мерки и донел закони со кои се ставило ред на Охридското Езеро.

На страната на ВМРО-ДПМНЕ застанаа и пратениците на ДУИ, според кои одлуката на премиерот да не ја прифати оставката е поради тоа што тој ја поднел од морални причини, а не поради тоа што има професионални пропусти.

„Премиерот има право да не ја прифати оставката на министерот Јанакиески затоа што тој нема направено пропусти. Тука не гледам дека има политичка одговорност, иако за тоа повикуваат и надвор од нашите граници. Несреќа може да се случи каде било“, вели Сафет Незири од ДУИ. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 2848 пати.

Испрати коментар

Од: A
Датум: 11.09.2009 00:27:25
Povtorno ke kazam, deka Mile treba da odgovara krivicno, bidejki ne gi sproveduva vo celost zakonite propisani spored Ustavot, pa poradi toa se ni odi vaka kako sto e. Ova e sramota za Makedonija, stvarno za nisto ne ne biva, ni za politika, ni za sport, ne biva samo za kukanje.
Од: bramoni
Датум: 11.09.2009 00:46:20
Arno veli pratenikot od deka nesreka moze da se sluci sekade, se sluci i vo Makedonija, po avionot sto padna Atnoni Pesev podnese ostavka, se slucuva vo Japonija ministerot podnesuva ostavka ( eden duri i se samoubi- nie nemame takva etika i sreka), arno ama od kakvi nekadarni sebeljupci ni e sostavena Vladata nisto cudno. Kako sto izjavi prviot forenzicar na RM: Makedonija sme bile organizirana drzava, znaci turisti povelete, ke vi izvrsime obdukcija cakum-pakum... Mi se losi od vakvi lica i vakvi izjavi...B.Sejdiju bil vo depresija ( a drugite gragjani se vo depresija ama bez smetki vo stranski banki), a policijata -uspesna kako sto e, fakja nekogo sto prodaval 20 steki svercuvani cigari....a novinarite kako onoj od sitel ja velicaat kako da gi iscistila site kolumbiski karteli zaedno...
Од: Dobre od Stip
Датум: 11.09.2009 01:31:29
g-din premier, Do koga so ovakvi cirkusi. regiravte vo minatoto na Frckovski za atentat a sega zaginaa 15 lica na organ pocija ingirencija direktno e ministero Mile Janikievski i nj prifakate ostavakata. Pa dali taka ke mislivte ako se slucese na minister od SDSM, sigurno ne. Ova e farsa i sramota. I izgleda deka voopsto ne vi e griza za 15 lica sto zaginaa tuku da zadrzite eden vas dobra poslusnik. dali ste vie premiere na site gragani na R.Makedonija.....????
Од: TOTO
Датум: 11.09.2009 03:04:54
Кога опозицијата, вклучувајќи го и градоначелникот на охрид ПРЕДУПРЕДУВАА каде може да не одведе политиката на партизација на сите нивоа, политиката на неспроведување на стандарди, политиката на неспособни кадри но со партиска книшка, лошите законски решенија и сл., тогаш власта реагираше во стилот ‘знаеме што правиме‘. Сега кога имаме толку недолжни жртви! А што сакаат МЕДАЉИ за толку човечки животи што зедоа на душа? Но без разлика дали дале или не дале оставка, душите на несреќниците доживотно ќе ги потсетуваат на нивните грешки.
Од: rezigniran
Датум: 11.09.2009 05:01:54
Sramota no sepak ocekuvano.Amnestijata na ministerot si e zasluzena brkajkji gi valkanite raboti na premierot Gruevski.Samo kaj nas v ovaa napatena i namacena drzavicka moze da se sluci ova.Zamislete kakva ironija.MVR isprakja finansiska inspekcija vo Ministerstvoto za transpotr i vrski koja pokraj golemite nepravilnosti vo rabotenjeto na istoto ne naogja potpis na ministerot na ni eden pokrupen proekt.So pravo reagjira opozicijata koga ova ministerstvo go narekuva centrifuga za perenje pari. Vo edna normalna drzava rabotite treba da stojat vaka:zaradi nepravilnostite vo rabotenjeto na ova ministerstvo, kako i ovaa srtasna tragjedija koja isto taka e pod kapata na istoto,Janakjievski trebase da si podnese neotpovikliva ostavka i da go dovede Gruevski pred svrsen cin a ovaj da mu prosti i zablagodari za site ispereni pari vo izminative tri godini.Taka za javnosta Mile kje bese heroj i prv minister koj od moralni pricini se povlekuva od funkcijata.No vo normalna drzava.
Од: Za Mile Janakievski i Drzava se prodava
Датум: 11.09.2009 06:23:03
Ova e nevidena BRUKA. I vo tragicni momenti Gruevski naoga vreme da stokmi nekoja LAGA i da go izmanipulira narodot. Jas ni vo prviot sekund ne poveruvav deka Janakievski seriozno dava ostavka.Takva serioznost ne mozes da vidis kaj VMRO-DPMNE pogotovo kaj Gruevaski, pa uste na pocetokot mi bese jasno deka toa e samo uste edna LAGA i igra so narodot. Tacno e deka Janakievski ne ja napravil taa nesreka so brodot no TOJ kako Minister za transport i vrski e najodgovoren i prv covek na kormiloto na site nesreki vo nasava drzava i dali slucajni ili namerni nesreki TOJ ja nosi odgovornosta. Ako imase dobles i ako bese covek so vistinski i visoki politicki maniri toj vednas ke si pondnesese NEOTPOVIKLIVA OSTAVKA a ne da glumi odnapred smislena i dogovorena "ostavka". SRAMOTA za cela Makedonska Drzava. Koj drug ke ja obruka Drzavata ako ne VMRO-DPMNE i Gruevaski! Borisov ni ja ispopluka Drzavata a "patriotskava nasa Vlada" ne mrdna so prst da si ja odbrani. Koj ja dupci Drzavata Mile e povazen!
Од: nikoj i nisto
Датум: 11.09.2009 07:32:32
Ova e prostitucija ,a ne visoko moralen cin.
Од: Трпе
Датум: 11.09.2009 07:46:15
Нормално е да мистер Рејтинг да не го дава Миленце.Тој му носи најмногу пари за фамилијата.Затоа беше ова рекламата СЕ за 1 евро.Причината за оставка или замена не Миленце не е само несреката има голем број на пропусти.Но по се излегува дека мистер Рејтинг,пак се припрема за предвремени избори.Тој гога вели Не во суштина тоа е Да.Но се од нас зависи.Ако народот смета дека му е добро нека одбира тоа што смета.Затоа племиелот пак се фати за лопата.Иако тој веке три години е во кампања се гледа дека ја заострува кампањата.Кога некој се бриши,ние треба да се скамиме.Народот ке си добие тоа што си заслужува.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 11.09.2009 07:52:39
Моралната Оставка Секако Не е Доблест на Неморалните Сподоби!!!
Од: realen
Датум: 11.09.2009 08:22:38
Ponudenata, a ne neotpoviklivata ostavka na Janakievski otvori prostor za vakvo nedolicno odnesuvanje i na pratenickata grupa (koja i nema sto da se mesa vo tie raboti) i kaj Gruevski, koj, ocigledno trgnuvajki od sopstveni slicni potencijalni situacii, postapi diletantski i nedrzavnicki. Gruevski, kolku i da go forsiraat odredeni mediumi i izvestai e del od aparaturata koja se vika drzavna administracija, a nekoi bladanja za ublazuvanja proagjaat samo kaj navistina, i spored svetskata statistika, sekoj 4-ti nepismen na zemjinava topka.
Од: jovan
Датум: 11.09.2009 08:23:23
E pa ajde SDSMovci, eve vi sansa, eve uste edna glupost od Vladata, sto cekate? Deka cela drzava ja napravija teatar znaeme site, no ovoj teatar trae veke predolgo, a vo toj teatar i vie od SDSM ucestvuvate. Neznam kolku glupi da bevte do sega vakva glupa Vlada ke ja urnese i najslabata opozicija. Znaci dosta so placenje ,pokazete sto znaete, i prestanete i vie veke ednas so vaseto placenje da ni prireduvate teatar
Од: ФЕЛИКС
Датум: 11.09.2009 08:23:42
Многу се гласни од опозицијата за оставката на Јанакиевски при тоа пренебрегувајќи го моралниот аспект.За потсетување како прво 1995 год.атентат на преседател на држава понудена одбиена оставка на министерот на внатрешни работи.Како второ2001 год.Карпалак сегашниот ептен активен опозиционер а тогашен министер за одбрана ни на крајпамет не му паѓа оставката за десетината изгубени животи еден куп ранети.А како трето преседан од светски размери министер да рани новинарка и во целата траги- комична ситуација нема оставка.И јас сум за оставка но не од дневнополитички причини.
Од: andrej
Датум: 11.09.2009 08:45:22
Smesni ste!!Mile uste mnogu milioni treba da ispere za VMRO, do togas ke mu trae mandatot!
Од: Ivana
Датум: 11.09.2009 08:58:57
Naslovot vi e apsolutno nevkusen i ne na mesto. Imajte respekt sprema žrtvite i nivnite semejstva.
Од: Ратко
Датум: 11.09.2009 09:17:17
Колку Бугари требаа да се удават за Миле да каќе дека оставката му е неотповиклива? А колку Бугари требаа да се удават за оставката да му биде прифатена? А што ќе беше ако патниците кои се удавија не беа Бугари туку Американци?
Од: Партизанот
Датум: 11.09.2009 09:31:14
Што да ви кажам,зајакот му се смеел на магарето за големите уши па така и овие за бананата само што овие првите ги јадеа малку позелени и им е криво што сега овие другите научија да јадат пожолти.Е, кога ќе научат како се зреат банани можеби ке преминат и на смокви само што се се плашам дека пак ќе ги јадат зелени а на народот како по инерција нема да им дадат ни од тие затоа нека си седат мирни и нека учат како се работи оти што повеке се на тел. се повеке губат од тој рејтинг што им останал. А брат Љубе нека се држи подалеку од бате Х. К. оти пак ке го снајде истото кутриот.
Од: drug
Датум: 11.09.2009 09:47:13
dobro be kako ne svakate pa pratenikot od vmro koj ucestvuval v o spasuvanjeto izjavi deka mile ne e direkno vinoven t.e ne govidel da ja seci sajlata prema toa zosto covekot da podnesva ostavka.
Од: iki
Датум: 11.09.2009 10:06:32
Kakov MILE bil kriv ako vo ovaa drzava nekoj za se e kriv za VMRO i za GRUJO samo BRANKO e kriv Alooooooooooooooooooo svestete se drzavava ne e privatna svoina bidete malce pristojni ,kako ne bil kriv Mile koga negovite sluzbi koj toj treba da gi kontrolira napravile prekrsok za toa li go plakame za drugi da mu se krivi STRAMOTA samo mi e zal kapetanceto i nekoja druga sitna riba ke odat jabana uste ednas STRAMOTA, MILE ne bil kriv CACKO VI E KRIV, pak Premjerceto od KINA ja dava izjavata sto podaleku da e od narodot ne znae deka tamu vo dalecniot istok m inistrite si davaat ostavka za sitnici a kaj nas na MILE mu se prevrtuva brod ima 15 zrtvi a premjerot ne mu prifaka ostavka STRAMOTA.
Од: mimi
Датум: 11.09.2009 10:18:18
a koj e kriv ako ne ovoj Dudukov, nikakvi zakoni ne se sproveduvaat da imalo zakon kolku luge smee da prevezuva eden turisticki brod i da plakale lugeto kazni golemi nemalo do ova da dojde ... e nee kriv samo Mile tuku I Nikola i celiot narod sto dremat nisto ne prevzemaat da se smeni nesto ....
Од: farko
Датум: 11.09.2009 10:32:04
Bruka i sramota. Pa zatoa glasavme protiv sdsm, bidejci imaa slabosti, a sega? Moralen cin od nemoralni ludje, mozno li e? Gledate deka ne e mozno. Narodot belezi.
Од: Makedonka
Датум: 11.09.2009 11:03:06
Ocigledna i mnogu prozirna izvedba od g-n Gruevski od dalecina da izvestuva odluki.İ na obicniot graganin koj bil za VMRO ke mu se zgrozi.G-n Gruevski na kogo mu se odmazduvate?Sigurno ne na SDSM tuka na nas narodot!Vasiot nacin na odnesuvanje e navistina detski i nedozrean a najmalku politicki.Dozvoluvate nasiot sosed koj i taka mnogu ne ne saka da ne dotolci.Daj napravete nesto pozrelo.Koga ke vidat beli denovi graganite na Makedonija?
Од: Zoki
Датум: 11.09.2009 11:51:56
Zosto ste se fatile za Janakievski. Koja e pricinata on da podnese ostavka?? Ako e minister ne znaci deka mora da odi licno i da gi proveruva site brodovi vo Makedonija. Edinstveno lice sto treba da odgovara e kapetanot na brodot poradi toa sto dozvolil da se kacat poveke patnici od dozvolenoto. A lugeto kako nego go pravat toa zatoa sto vladee siromastija i gledaat da zarabotat kako sto mozat. Vsusnost celata situacija e nesreka, nesreki se slucuvaat i ne mozat da se predvidat. Ako se slucila poradi greska pri upravuvanje togas treba da odgovara kapetanot
Од: Pavle
Датум: 11.09.2009 12:11:12
Кога министер ќе си поднесе оставака од “морални причини“ тогаш премиерот треба да ја констатира и да ја прифати.Арно ама сепак ова е Македонија а не развиена демократија.Плус и ревизорот беше пронашол и незаконско трошење државни пари во неговото министерство.Што треба да ни се случи па овие сите топтан да си заминат.
Од: мене
Датум: 11.09.2009 12:55:34
Театарат на Груевски
Од: marice
Датум: 11.09.2009 13:34:13
pod hitno ostavka inaku pak ce ima slicni nesreci treba covek koj ce zavede red a ne kriminal,barame etika,moral odgovornost da imase red i zakon nemase do ova i do haosot vo ohruid da djdit.
Од: verag
Датум: 11.09.2009 13:40:02
Ова сооставката знаев дека вака ќе заврши- една спремена претстава за широките маси ( демек ние имаме морал) но статистите за мене беа неочекувани. Бидејќи пратениќката група на ДПМНЕ знае кој не е виновен, да почекаме неколку дена па ќе ни соопшти ко�� е виновен. Така ќе заштедиме пари за вадење на потонатиот брод. Само нешто се мислам- ова проаѓа кај нашите возљубеми празноглавци од ДПМНЕ и нивните обошаватели, но далиуќе пројде кај Бугарите?
Од: Antonio
Датум: 11.09.2009 13:55:30
Pa zarem nekoj ocekuvase deka crni grujo ke go zrtvuva svoeto domasno milenice?!
Од: Donald Duck
Датум: 11.09.2009 14:04:18
Do: Pavle Pavle, samo revolucija....portokalovive kmeri samo so sila kje si odat. PS. Cudno kako ne se oglasi Bicikliski, da kaze deka i za ova e BC kriv
Од: Бато
Датум: 11.09.2009 14:16:25
Оставките се морален чин на секој министер кога се случуваат трагедии со загуби на човечки животи. Точно така , ФЕЛИКС (ПРИЈАТЕЛУ НА ШУТРАЦИТЕ)но и морален чин за оставка на министерот беше и трагедијата со загуба на животите на мировниците кај Блаце,така да треба да се биде објективен и неполитизиран и секако во овие сите години на самостојност на нашата држава само во еден случај оставката беше прифатена ,за жал истата пракса се повторува и ние стануваме банана држава каде човечкиот живот невреди ништо во споредба со функцијата и власта.За жал!
Од: ПОЕДИНЕЦ -от
Датум: 11.09.2009 15:00:50
Слушам Брат Љубе ја сакал јапонската култура. Тој смиот е ПОЛИТИЧКА ГЕЈША, наместо да прави политичка кариера тој си направи КАМИКАЗА
Од: kiki
Датум: 11.09.2009 15:54:17
Na filipini se prevrte traekt so 1000 luge a samo 9 zaginaa
Од: kumanovec
Датум: 11.09.2009 16:43:28
ovaa e cuvaj boze nego tesko na tie zaginatite i na nivnite rodnini a ste se fatile za ministrite kako coravi za stapot drzi i ne pustaj , kako toa da ke gi vrati zaginatite , nema nisto nazad nego samo steta sto zaposlenite na ministrot za transport ne si ja rabotat svojata rabota tamu vo ohrid vo toj sektor treba da gi pritisnat malku a ne tie da lapaat pari za se i sesto nego kako na preminite so policija pikni gi i tie vo zatvor pa lugjeto lopovi moze ke pocnat da mislat
Од: од мене
Датум: 11.09.2009 17:24:10
Се уште не можам да разберам зошто не е помош побарана и од Грција, која е исто така земја со големо искуство во поморството, а министерот ја нема јазичната бариера ( знае грчки ) , поблиску е а можевме и да се зближеме. При една друга трагедија тогашниот премиер помош ( авион) побара од сите соседни земји и притоа никој не го одби.
Од: perica
Датум: 11.09.2009 17:26:14
A sega uste zaedno i ke organiziraat rusvet da zemat od vadenjevo na brodov. ovie dvojca se genijalci narocito na moralen plan
Од: Mene
Датум: 11.09.2009 17:45:45
Ova e kako epizoda od K15... I togas Mile mu rece na Toso di daj a ja ke recam ne ne moze... Aman luge, cela vlada da si dade otstavka, ali ne SDSM da dojde pak na vlast, ne se tie niso poarni od ovie...de premieru mil nas, mozes li da sklucis nekoja zdelka pa da si uvezeme nie vlada od Zapadno Evropska drzava, hm ako ne neke evropa, nie ke si ja doneseme doma...

Најди! во Утрински
На прво место
И конфискацијата на имотот алатка за политичка пресметка
Херцог