Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Фељтон
Политика
18.08.2013, 18:09

Мoe ќоше

Да го спасиме Охрид

Ерол Ризаов

Премиере, доколку не го спречите бришењето на Охрид од картата на Светското културно наследство на УНЕСКО, станувате соучесник во злосторство

Почитуван премиере, господин Никола Груевски. Како што Ви е добро познато, на македонскиот духовен центар му се заканува голема опасност поради вашата погрешна политика. Охридското Езеро, нашето најголемо богатство, и древниот град на повеќе цивилизации - славниот Охрид можат да бидат избришани од картата на Светското културно наследство на УНЕСКО. Очигледно само Вие и вашите министри не сте изненадени од оваа вест, бидејќи тоа го знаете подолго време, а молчите за големиот срам и го криете тоа од домашната и од светската јавност. Од Париз стаса веста, а не од вашиот кабинет, како што беше редот, дека на Охрид и на Охридското Езеро му се заканува бришење од најзначајниот список на светската културна оставина. Обединетите нации меѓу 981 бисер распослани низ планетата пред повеќе години го сместија и езерото како ретка природна убавина и Охрид како град со голема историска важност, културен центар, на овој дел на Балканскиот Полуостров.

Поради изградбата на грандомански објекти што ја нарушуваат природната околина и историскиот пресек на Плаошник - Имарет и поради големиот проект на индискиот бизнисмен Субрата Рој кај Свети Наум, во седиштето на УНЕСКО во Париз кај покровителот има сериозна загриженост што се случува во градот под негова заштита. Петја Точарова, раководителка на Одделението за Светското културно наследство во Европа и во Северна Америка, за „Утрински весник“ даде шокантна изјава: „Загрижени сме за она што се случува во Охрид и што може да ја намали вредноста поради која градот е ставен на листата на културно наследство на светот“. Експертите на УНЕСКО успеале со обемна преписка, која сигурно Ви е позната, да ги убедат одговорните во Министерството за култура да испратат официјална покана за да дојдат и да видат на самото место што се случува. Комисијата на УНЕСКО, според нивна најава, ќе стаса во Охрид негде во септември-октомври. Неопходно е дотогаш креаторот на Плаошник да се подготви да им објасни на експертите на ОН која е идејата да се смени јадрото на стариот град и покрај Светиклиментовата црква да се деградира голем простор за Светиклиментовиот универзитет, да се урнат повеќе објекти, да се исече дел од шумата и да се измени околината.

Почитуван премиере, уште пред да стапите на оваа должност, сигурно како министер Ви е познато дека беа потребни многу енергија и работа, многу ветувања да се смири УНЕСКО затоа што беше минирана единствената султанска задужбина - џамијата „Султан Мехмед“ на Имарет, која беше долги години до пред самото уривање под заштита на државата. Сигурно Ви е познато дека во образложението на УНЕСКО зошто ги става Охридското Езеро и градот Охрид на својата импресивна ранг-листа на светските убавини буквално пишува: „Охрид е културен центар од голема историска важност не само за овој дел од Балканскиот Полуостров, туку за сите нации кои го користат словенскиот јазик и за светската историја и литература. Овој град и неговата историско-културна околина е со извонредна убавина, а неговата архитектура ги претставува најдобро зачуваните и најкомплетни јадра на старата урбана архитектура на словенските земји“. Почитуван премиере, ако се избрише ова од документите на ОН и ако за Вас и Владата е поважно Плаошник да биде граден надвор од стандардите на УНЕСКО, а езерото да биде нападнато со грандиозни објекти, коцкарници, хидродроми и слично, значи дека ја прифаќате Вашата лична одговорност. Мисијата на УНЕСКО ќе стаса со добра намера и со цел да можат да се избегнат негативните ефекти што можат да го снајдат Охрид и Охридското Езеро и угледот на Република Македонија.

Почитуван премиере, Ваша должност и на Владата, според Уставот, е да ги штитите државните интереси и духовни идентитетски вредности. Уште пред да стаса Комисијата на УНЕСКО, етичките и моралните принципи налагаат да ги прекинете сите преговори и разговори со контроверзниот милијардер Субрата Рој, кој во својата земја се соочува со судски истраги. Ниту една влада, ниту еден премиер на демократска и правна држава не преговара и не разговара со личности кои се под сомнение дека се огрешиле од законите. Ова се премногу големи аргументи за заштита на државните интереси кои императивно налагаат брза и ефикасна владина реакција да се спасат Охрид и Охридското Езеро со решенија донесени под стручен надзор и рецензија на УНЕСКО. Премиере, отстранете ги сите политички и комерцијални булдожери, шлепери и проекти од Плаошник, Љубаништа и Свети Наум кои го сквернават градот на УНЕСКО, духовниот центар на Македонија и најголемото наше природно богатство, водите на езерото и Црни Дрим и крајбрежјето, и придвижете ги механизмите на власта да се испита одговорноста за направените штети. Секое прикривање на ова злосторство ве прави соучесник.

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот


Статијата е прочитана 4369 пати.


Испрати коментар



Во „Пошта“ разбојниците влегувале како дома
Вработените тешко пријавуваат мобинг
„Уловен“ имотот на беровските ловџии
Балкански реформски медиумски трнлив пат до Брисел
Ставрески во септември ќе пресече за ребаланс на буџетот
Предвремени избори - стратегијата на Груевски?
Kако се искачував на Монт Еверест (7)
АРМ почитувана и - сиромашна
ВМРО-ДПМНЕ ќе бара ребаланс на буџетот на Центар
Груевски - Извештајот за 24 декември е речиси готов



Zaludno Erole, 19.08.2013 00:19:14
So izborot na *niven* gradonachalnik, go spasivme Ohrid!? A i da beshe od sprotivniot tabor, pak ke si teraa po svoe. Poglednete go Centar! I seto toa go krstat demokratija, koja im ja narushuva nekoe senishte. Verovatno BC, po doadjanjeto od odmor, gi povikal/izvestil ovie od UNESKO. Dodeka beshe na odmor, ovakvi zaebancii navistina nemashe. Neznam, zoshto pri tolku pokradeni pari, ne mu platat na senishteto godishen odmor do *daljneg* t.e. se dodeka se oni na vlast, pa da si na raat vladeat i prodavaat magla, pardon, demokratija.
Jon, 19.08.2013 03:17:30
Kasno palis Erole. Tebe te zabole za sultanovata dzamija a ne za da se spasi ohrid.Dokolku sakas da se spasi Ohrid,kade bese da reagiras so kolumna da ne se zloupotrebuva starata avtobuska stanica i poligonot za mali sportovi dvete belodrobni krila vo gradot od koi Ohrid se odrzuva vo zivot.Bezbrojnite dozvoli za gradba bez obezbeden parking prostor. Toa e bolnoto za gradot i za Unesko a ne Plaosnik jasno si zapnal da gi stitis osmanliskite dzamii koi se gradeni nadvor od voljata na naselenieto po site gradovi nekade na temeli na crkvi. Kakov cinizam vo tvojava kolumna,tebe ne ti smetaat sto se vozilata po trtoarite a lugjeto pesacat po kolovoznite lenti. Lugjeto od unesko koga ke dojdat deka ke vidat kupista gragjevinski materijalpo patistata i po bregot na toj biser ezerski. ovie ludorii ti Erole ne gi gledas od koj moze da se najde gradot nadvor od Unesko ti si zapnal da go sprecis izgradbata na plaosnik.
ohrigjanec, 19.08.2013 09:15:19
Navistina e neprocenliva steta Ljubaniste biserot na Ohridsko ezero da se grtadi od Subrata.
chainasaw, 19.08.2013 09:31:26
Ako e najgolemo prirodno bogatstvo toa definitivno ne se tretirashe kako takvo do sega, bash naprotiv. Znachi istorijata ni kazuva deka ke prodolzi da se tretira na istiot nachin, nezavisno dali ima ili nema stranski investicii. Edinstvenata razlika e shto so investicii opshtinskiot budzet bi imal poveke sredstva da go zashtiti toa prirodno bogatstvo. Ne moze postojano da se povikuva na toa kako ohridskoto ezero e prirodno bogatstvo, biser itn itn a vo pozadina nishto da ne se prevzema osven ako mrchenje za se i seshto e ednakvo na prevzemanje neshto :)
Pero USA, 19.08.2013 09:35:55
Залудно Ероле нема спас од овие.Ги мислевме прости има испаднаа многу појаки отколку што можевме да замислиме.Секоја чест што друго да кажеме.Им симнуваме капа.
Dve opsanosti se otstraneti, 19.08.2013 09:39:46
Nekoi merki za spas na Ohrid vece se prevzemeni. Najgolemite opasnosti za negovo obezlicuvanje se otrstraneti.Ete Pasko e uapsen i podignato mu e obvinenie, a isto taka i Indiskite vlasti eve go zavrza vo jazol golemiot i nesuden investitor Subrata Roj.
mile, 19.08.2013 09:42:36
Јасно како ден !!! ДПМНЕ-овците се водат од профитот, а за УНЕСКО и не слушнале, а кога ќе не избришат се знае канонада од Јанко, Латас, Мирка, Миленко - дека БРАНКО Е КРИВ !!!???
GO SAKAM SKOPJE, 19.08.2013 09:50:14
NEKOGASH,vo vremeto na ednoumieto,beshe retkost da se isprati otvoreno pismo na onie koi*mislat namest nas*.Ne za toa sto ne bilo mozno,tuku sto otvoreno pismo beshe sram za onoj /onie komu e upateno!Ako se pojaveshe javno glasot na narodot, problemot brgu se reshavashe na najpogoden nacin za da gi udostoi barateliete, vo kolku bea vo pravo, ili kurazno se izleguvashe da ni se objasni( ne) moznoto .Sega, vo *demokratijata* takvo nesto ne e mozno, licnostite na koi im se obrakjame, ili molcat ili odat na *sluzben pat* ili se krijat vo nekoja domashna dupka. Vashiot povik Erol,ke bide izguben pomegju kuloarite na nivnite licni planovi koi ne se usoglasuvaat so opshtite na narodit.Po sé,odati na toa,da bideme sramno isfrleni od UNESKO, za da mozat poedinci da bidat zadovolni! Toa sto narodot moli i place, nisto ne pomaga kako sto ne pomogna petociite*Skopje2014*, tepanite od *Ploshtad Sloboda*sramot*Bristol*, drvoredite Ilindenska,GTC , no nie DA NE OSTANEME CEKAJKI so skrsteni race
Viki, 19.08.2013 10:09:35
Македонија стана земја на чудесии тешко кој нормален може да ги разбере освен да ги поврзи со продавање на света земја за личен интерес. А такви како предходниот душебрижник, кој нема врска за што станува збор го одобрува и ја префла топката на нешто што не е битно. Не можам да се начудам како глатко се прифаќа светски познат узурпатор од Индија кого во неговата земја го осудуваат, а од страна на Грујевски да му се дозволи градење и уништување на Охридското езеро, освен ако нешто друго е во прашање као што се шушка по чаршијата.
Mirko, 19.08.2013 10:23:40
Pocituvani Rizaov! Poveke pati imam napisano komentari vo vrska so Ohrid i negovata ubavina. Za zal, tie sto treba da odlucuvaat za zacuvuvanje na negova ubavina i vrednosta se luge, so niska kulturna i obrazovna vrednost, vklucuvajki go i premierot. Zar e mozno, premier da ima sovetnici so takov nizok koeficijent na intelegencija i znaenje? Sekako, nesme stignati do ono - i po mene potop!
George, 19.08.2013 10:27:50
Ерол го штити Охрид. (Видено од Valter brani Sarajevo.)
Дамјан, 19.08.2013 10:29:18
Зошто таков патос, зарем навистина се што е изградено во минатотот треба да има третман на ,,света крава,, како да е исклучително и вечно. Овој свет денес брои 7 милијарди. Просторот мора да добива нови функции, за да се задоволат потребите на денешниот човек, според стандардите на современите цивилизациски критериуми. Ниту Плаошник за сите времиња треба да биде простор за катакомби, потиснати во утробата на земјата, за да го доловуваат времето на Св. Климент, ниту Охриѓани своите живеалишта денес ги градат според урнекот од времето на оние во кои домувале нивните претци и ученици на првопросветителот. На Плаошник никој ништо не урива, но се подигнуваат нови монументи, во кои треба да продолжат да живеат и да се надградуваат просветителските пораки на втемелувачот на првиот универзитет. А секако не во катакомби и келијни училишта. Современите просветители и естети, не се деградирана умна маса. Тие настојуваат да го продолжат делото на Св. Климент, таму, каде што тој го запали огнот
srebre, 19.08.2013 10:47:41
zernovski poeka im udri kloca na tie sto perat drzavni pari a go zas... skopski centar sega istite se nafrlija na ohrid posto ohrid e polesen tamu nema koj da se buni gradonacalnikot e niv a siromastija vo ohr ce se potkupi su edna kartonska kutija so zejtin,brasno,secer,prasok,eden sapun i pasta za zabi i nikoj nema da izleze na ulica d aprotestira i fupti ohrid ce stane grd kasko centarot na skopje i nikoj povece nema da sakat da odit vo ohrid.
milan, 19.08.2013 10:52:04
Da navistina toa e maslo na BC. Toj BC. sorabotuva so Pasko, i so S.Roj, i plus namesto da se odmara ja izvestuva komisijata na UNESKO. POZDRAV.
Лазо Стефанов, 19.08.2013 11:43:44
Нападнатото ќе се одбрани само на предвремени избори.
Од никого, 19.08.2013 13:30:22
Во право е човеков. Почитуван Премиере ! Субрата да се избрише од програмата, а да се напише: Хари Костов нека им даде кредит на Штерјо, Свето, оној од Охис, Гоговски со Беличанец, Мите, Канал 77 и другите, па да инвестираат Тие во бисерот Охрид. Петревски може да биде рецепционер на хотелот или чувар на паркингот.
Кире, 19.08.2013 13:51:26
Каков Рој, каков Субрата. Да го заштитиме Охрид од градење. Да го заштитиме за идните генерации на чело со Бранко Црвенковски. Нека биде ист, онаков каков што тие го оставија и каков што го сакаат - НИКАКОВ. Само погледнете на што личи сега тој простор. Невидена мизерија.
Редовен читател, 19.08.2013 14:02:50
Така оди тоа. Во УНЕСКО се загрижени за она што се случува и гради и подготвува да се изгради во Охрид и на Охридското Езеро, а ние сме му лути на Ерол зошто тоа го кажува на јавноста. Класика.Не тоа што се случува и зошто ни се случува, туку зошто не се премолчува. Срамота, невиден примитивизам.
граѓанин, 19.08.2013 15:15:18
Опомената, дека Унеско може да го избрише Охрид од листата, не е од сега. Уште за времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, на Љубчо Георгиевски, министер за култура Ганка С. Цветанова, власта беше опомената (тогашен дир. на УНЕСКО, Мацура)да не гради ЦРКВА на Плаошник бидејќи според новите светски стандарди, археолошки наоѓалишта само се конзервираат и на нив не е дозволена градба! Ама неуките моќници си тераа по свое!Бидејќи не разбираат што е културно наследсво, власта и сега ја продолжува девастирачката приказна!
патриот, 19.08.2013 15:38:57
Се вратила администрација од Грција. Почнаа да го бранат водачот . А Охрид. Св. Климент нека му е напомош.
kaznet, 19.08.2013 15:44:07
Е народе македонски. Кој ќе се сети на датумот кога почна оваа бурлеска на власта, а ние сиго матиме умот демек ќего спасуваме езерото, од кого народецу , од кого од оној шарлатан или од нашиве државници. Од првиот чин на оваа бурлеска многу вода протече на изворите во Свети Наум, и многу Работи си поминаа по темната страна на преродбата. Глодаме голи коски, тоа смеси спечалиле.
Ајван Доктор®, 19.08.2013 15:45:22
Лудило е упропастувањето на Охрид и езерото заради профит,но како тоа може да им се објасни на малоумници кои се убедени дека само тие знаат и познаваат,а другите со поинакво мислење се „комуњари“!Во голем број места на светов старите куќи и градби опстојуваат со векови и токму тие се цел на многубројните туристи кои ги посетуваат!Нема да навлегувам во расправија дали е добро да се урне џамија (која е изградена на темелите на црква,но е постоечка)за да се стокми новоградба од црква (која не постои) само за да може да проповедаме дека е Св.Климентов храм,но знам дека новоградбата воопшто не претставува реставрирана,туку реконструирана (претпоставена)стара градба во која ретко што,или ништо не е оригинално!Слично се упропастени и Скопското Кале и Камениот Мост со иста нестручна реставрација!Наместо во Охрид да се финансира сочувување на стариот изглед на градот,имаме новоградби во кои единствено изгледот на фасадата е стар!Идиотската идеја Рој-остров е врв на глупоста на самобендисаниве!
NEE, 19.08.2013 16:24:24
Ma ostaj Ohrid i crkvi i srednovekovno, daj kravi i volovi od Subrata , ima da se napolnime so pari.Plus kazina i kockarnici, ima da go napravime Ohrid poubav i od Monte Karlo, Ova mozat samo maloumni luge da mu go storat na Ohrid, a Ohrigani da se nadevaat na nekakvi turisti od nekade.
Jon и Дамјан со поголемо значење од Охрид и охридското езеро, 19.08.2013 16:30:45
Можда Охрид и охридското езеро имаат значење за УНЕСКО,но за Македонија поголемо значење имаат Јон и Дамјан.Додека има Јоновци и Дамјановци, ВМРОто на Груевски ќе биде на власт,а Македонија ќе биде најмизерна земја во Европа.
Коста Стоименовски, 19.08.2013 17:04:24
Читателите мошне добро знаат дека од самиот почеток бев скептичен спрема мега-проектот на Субрата Рој. Укажував дека се работи за надмудрување на македонски и индсиски измамници и дека С. Рој ќе излезе како велемајстор за нашите дилетанти, кои секое ветување за инвестиции го земаат здраво за готово! Субрата си обезбеди МК пасоши за неговите синови, а можеби и за себе и најверојатно истите ќе бидат употребени за нивното дистанцирање од правдата во нивната земја, а нашите „махери“ си ги наполнија џепчињата! И тоа ќе биде финале на „соработката“ со Брата Субрата! Ако тоа опозицијата не зане да го искористи не заслужува да дојде на власт! А за Плаошник, вината ќе се префрли на јадниот Археолог со неколку часовници на рацете, кој веќе е ставен во куќен притвор!
bezanec, 19.08.2013 18:50:30
Бидејки повеќе пати сум престојувал во Швајцарија и сум ги разгледувал некои градови мегу тие е градот Шавхаузен. Во ценатарот на градот изградена една чешма со повеќе чепови за истек на водат, како ја видов во 1991 година така и во 2012 г. Продавниците од надворешен изглед се стари типови на градба соодветни за тамошните климатски услови, кои изглаедта како стара дотраена градба. Но кога ќе влезеш внатре, сам си го поставуваш прашањето, кај сум и каде влегов, размислувајки во потсвеста дека јас влегов на стара градба а не во извонредно ентериериски моделирани, продавници, на текстил,кондури,електрични апарати и што не. Само таму важат законите како за претеседателот така и за обиќниот граганин. Таму нема премиери или министер кој што сака да прави, сите се на удар на пишаните и електронски медиуми. А не како кај нас летаат тужби ако си речел различно од премиерот или било кој а нашите судии место да се водат од правото тие се водат од речта на премиерот-се знајко.
stevo, 19.08.2013 20:09:35
Изгледа и Охрид ќе го јаде врагот...... нарочито сега кога го устоличија Градоначалникот од нивниот табор, кој од врвен рибокрадец и кардиолог, сега е врвен поддржувач на квазипроектот на Шубрато Рој........
Naumce Srbinoski, 19.08.2013 21:30:44
Erol, imam vpecatok deka mu se obrakas na kamen ili na drvo, a odtuka ne cekaj nikakov odgovor. Se ke si odi kako sto e zacrtano vo Sto Cekori, toa ti e Programata i te molam se ti e zaludno. Za toa nema potreba da se pisuva poveke. A malku zamislise za ona sto pisuva komentatorot Jon, za Avtobuskata i za Gradskiot poligon. Prvo za toa nekoj treba da odi vo zatvor, da gi povrati parite sto gi lapnal. Ne letaj tolku visoko duri na kale, i dolu gradot e kasapopara. Za djamijata ne luti se sekomu, lugeto se nepismeni za da znaat sto e kulturno nasledstvo, i mnogu se zlonamerni.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 16°C

Недела
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |