Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Ќе има ли, конечно, консензус за европската приказна

Премиерот вчера имаше прва средба со Црвенковски откако тој се врати на кормилото на СДСМ

Оливера Војновска

Македонската политичка елита вчера се собра во Клубот на пратениците, под импресии од посетата на еврокомесарот, Оли Рен, кој замина со оптимизам дека во Македонија има политичка волја и способност да се исполнат препораките и во есенскиот извештај на Европската комисија земјата да добие датум за старт на преговорите.

Поканата на Груевски вчера ја прифатија лидерите на СДСМ, на ДУИ и на Нова демократија, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Имер Селмани, но со своето присуство не го удостои и фронтменот на ДПА, Мендух Тачи. Либералдемократите искажаа негодување од составот, бидејќи и покрај тоа што имаат пратеничка група, тие не беа поканети на средбата, за разлика од Нова демократија.

Груевски на вчерашната средба, која се развлече до доцните попладневни часови, побарал консензус за европската агенда. Партиски извори брифираа дека Груевски наводно рекол оти „нема фајде од декларативни заложби, туку треба сите да се фокусираме на конкретни теми“.

Премиерот Груевски вчера имаше прва средба со шефот на опозицијата откако тој се врати на кормилото на СДСМ. Според партиски извори, Црвенковски нагласил дека СДСМ ќе покаже максимална конструктивност и нема да опструира, но не е добро доколку Македонија по четврти пат добие негативен одговор. Тој побарал да се отвори прашањето за измена на Деловникот, според препораките на Венециската комисија, а Собранието да донесе заклучок и во рок од три месеци да се направат измените. Исто така, шефот на опозицијата предложил пратениците да не одат на одмор и да работат дури и во саботите. По ова Груевски даде пауза, за да го повика на состанокот и спикерот на парламентот, Трајко Велјановски.

Од владејачката партија брифираа дека ги прифаќаат измените на Деловникот, а одморот на пратениците најверојатно ќе биде скратен на половина. Лидерот на Нова демократија, Имер Селмани, пак, побарал да се отвори прашањето за Законот за употреба на јазиците, но одговорот на Груевски бил дека во разговорите со странците било договорено доимплементирање на овој Закон.

Но, нашите политичари уште пред да почне средбата која ја организираше премиерот и лидер на десницата, Никола Груевски, во веќе добропознатиот македонски манир, за малку ќе го стопеа оптимизмот дека сме способни да постигнеме политичко единство за европската приказна за Македонија, а претходно да не ги искомплицираме нештата.

Неколку часа пред почетокот на средбата лидерот на ДПА, Мендух Тачи, му испрати отворено писмо на премиерот, во кое го информира дека нема да присуствува на состанокот, бидејќи за него ваквите собири немаат никаква смисла и ги смета за бескорисни. Во писмото тој му пишува на Груевски дека идејата за вакви средби ја презел од експретседателот Киро Глигоров и жали што премиерот ја нема „дарбата на почитуваниот претседател на Македонија, Глигоров, за пријатни приказни“. Тачи, кој беше познат како жесток критичар на Глигоров, сега во писмото го претставува како стар, искусен и мудар политичар, кој знаел дека не треба да наметне некоја претенциозна идеја, туку се обидувал да создаде фамилијарна атмосфера. „Беше малку старомоден, но не се обидуваше да не' префрли жедни преку река“, му напиша Тачи на Груевски.

„Досега сме имале десетици вакви бескорисни средби. Никогаш не бевме консултирани за дневниот ред. Изгледа, кога ви опаѓа самодовербата, барате спас во вакви средби, за да ја делите одговорноста со нас“, стои во писмото на лидерот на ДПА.

„Во досегашните средби се водеше расправа за проблемите, кои се важни за вас. Вашиот метод на работа ја има следната карактеристика: успесите ги присвојувате додека неуспесите благородно им ги припишувате на другите. ДПА ве обвинува дека вие сте виновен за срамотната, неодговорна модификација на Охридскиот рамковен договор. Од цела таа материја остана само една скапана рамка“, смета Тачи. Тој не може да сфати како Груевски одеднаш успеал да и' создаде толку проблеми и непријатели на Македонија. „ДПА знае дека бевте во Букурешт не за да се прими Македонија во НАТО, туку да се освети за неправдата која и' е направена во 1913 година. Вие како Тито им рековте НЕ за влез во НАТО, знаејќи дека со овој гест ќе ви се зголеми рејтингот. ДПА е сосема незадоволна со вашата намера Македонија да се претвори во кондомниум со кој ќе владеат демократски избраните претставници на народот заедно со верскиот фактор. ДПА никако не може да се согласи со идејата Македонија да се претвори во полусекуларна држава. Вашето додворување со врвот на МПЦ, ангажирањето на државата во градење цркви, не само што се судира со европските стандарди на секуларноста, но има и една мошне ризична скриена намера: поларизација на народот на христијани и муслимани“, стои во опширното писмо (на три страници) на Тачи.

Вицепремиерот за евроинтеграции, Васко Наумовски, вчера во Собранието каде што присуствуваше на Комисијата за европски прашања, повикувајќи се на изјавата на Рен, изрази надежи дека Македонија ќе ги заврши обврските до 15 септември и ќе добие препорака за датум за преговори, а на тој пат ќе ја има и поддршката од опозицијата. Сепак, Наумовски потоа ги брифираше новинарите дека Европа од нас бара консензус само за законот за парламент, а не и за законите за државни службеници и финансирање на политичките партии. Според него, овие закони сме требале само да ги донесеме, и не било значајно дали за нив ќе има широка политичка поддршка.

Наумовски, кој, исто така, присуствуваше на средбата, е сигурен дека комесарот во својата изјава ги имал предвид сите активности на Владата и на другите институции во изминатиот период. „Секако дека е направен одреден напредок во сите определби, а дел од нив се во завршна фаза. Сигурен сум дека конечната оцена на ЕК дали ќе препорача почеток на преговорите ќе се заснова на конкретните резултати што ќе ги постигне Македонија наредните седмици и дека на 15 септември ќе ги покаже тие резултати“, изјави Наумовски. Тој верува во искрените заложби на сите политички партии дека се подготвени да го дадат својот придонес во рамките на европската интеграција на Македонија.

Инаку, вчера беше одложена дебатата за законот за парламент во Комисијата за европски прашања, поради консултациите на пратеничките групи кои требаше да се одржат доцна попладнето по лидерската средба.


Статијата е прочитана 1602 пати.

Испрати коментар

Од: Mene do Vas
Датум: 25.07.2009 01:09:24
Lider so zaostanati svacanja kade najstariot mora da bide vodac i pocituvan i ne treba da prisustvuva. I bez nego ce se nadminat razlikite. Gubitnik e. Ostanatite ce iznajdat reshenija za podobro na Makedonija,
Од: zoran
Датум: 25.07.2009 01:40:40
Најдобро за спас на Македонија...коалиција на ВМРО и СДСМ.........
Од: Red Rose: Tachi i vistinata
Датум: 25.07.2009 01:55:30
Tachi treba da e vo opozicja,a Grujo na vlast pa da pisuva objektivni pisma.Duri ne e za veruvanje kolku dobro ja lociral vistinata za nachinot,metodite,sushtinata i celta na negovoto vladeenje(mozhebi poradi dolgogodishnata posvetena sorabotka na nashive desnichari ),no i lichnata analiza na likot i deloto na dovcherashniot mu drugar se realni pokazateli na karakternata i profesionalna slika na opserviraniot .Karikaturalnitre grimasi so koi ja manifestirashe,kobajagi nezainteresiranosta za komentar na temata,se dokaza deka tachi ja pogodil celta.Pravo vo centar(shto bi rekol V.Eftov).Samo zadocneto.Trebashe da ne mu dozvoli da ja dovede Makedonija do provalija koga beshe negov sorabotnik.Za pokajuvanje ne e docna dokolku e iskreno i vo funkcija na dobroto na drzhavata.Ako e ova primer za takov progres vo razotkrivanje na site zadni i shtetni politiki,neka se oznachi pochetokot na slobodniot otpor protiv zarobeniot duh na slobodata i mislata.Povelete,sledete go od site partii.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 25.07.2009 02:05:00
Dve godini otkako Bugarija i Romanija vlegoa vo EU, FYROM se raduva za bezvizniot rezim i vetuvanje za pocetok na pregovorite so EU. Ete toa e uspehot na patoloskata zelba za prepukuvanje pomegju DPMNE i SDSM.
Од: mitko sonuva za kaligula
Датум: 25.07.2009 02:28:12
Koga Brane i Grujo ke se zdruzat, i koga SDSM i VMRO ke se spojat abe tenk ne moze da gi sopre! Pri vakov sojuz mora da se prisetam na slavniot rimski car Kaligula koj zalel sto site Rimjani nemaat samo eden vrat koj lesno bi se presekol. E koga VMRO i SDSM bi imale eden vrat, lesno bi se resile mnogu problemi.
Од: don kihot
Датум: 25.07.2009 08:32:05
Vakvi odgovori, na pokanata od Premierot na Taci, samo uste ednas ja dokazuvaat negovata nestabilna politicka pozicija i vizija.Nekakvi zabeleski okolu toj ramkoven dogovor, i slicni seuste nekoj neispolneti prava na Albancite.Kolku zvuci staromodno i veke stopati poftoreno i videno, dodeka drugite Albanski Partii go svakaat momentot na sorabotka i konstruktivnost, zosto patot do uspehot treba da go izodime zaedno za nase dobro zaa site .A ovoj spomenuva Tito, Gligorof, i sto uste ne,,,, zaostanato ,staromodno i bezorjentirano... ili taka samo se grebe za nekoj glas poveke, kaj najniskiot sloj na Albanskiot glasac.No za dobroto na site, mislam deka takvi ima se pomalku.
Од: Etnicki partii golemo zlo za RM.
Датум: 25.07.2009 08:57:05
Etnicki partii koi gi nema vo Amerika, Germanija, Francija itn,kaj nas gi izmislija komunistite i so toa ne se sozdava opstomakedonsko opstestvo,sozivot, javnost, ami i se kopa grob na Makedonija. Samo mesani partii ke stvarat edinstvo, a etnickite treba da se unistat. Tie se golemo zlo.
Од: Mene
Датум: 25.07.2009 10:53:41
Koga Brane i Grujo ce se zdruzat, e togas pepel ce se stori Makedonija!
Од: ******
Датум: 25.07.2009 11:36:05
don kihot, postaromoden od tebe nema, koga se ušte se zanimavaš so toa da dokažeš deka na albancite site želbi im se ispolneti, se dodeka postojat takvi kako tebe makedonija nema što da bara megu evropskite zemji, prestanete veke ednaš da gi razlikuvajte lugeto po nacionalna pripadnost tuku po toa kako možat da doprinesat da izlezete od ova slepilo
Од: zabegan.
Датум: 25.07.2009 12:18:54
абе-Гвујо во КАЛ си до гуша.Го насамари твојот војвода Тачи,кој ставаше рака вогин за тебе додека бевте заедно.Што ти треба лидерски средби????Кога чеканот и наковалната ги бараше и ги имаш.Но најважното го немаш а тоа се вика ХРАБРОС (маж- со мустаки).
Од: Трпе.
Датум: 25.07.2009 12:28:54
Ова,лидерска средба многу ми наликува на свадба.Во неделата опа,опа,опапа а проблемите започнуват од понеделникот,кога невестата треба да ѓи покаже своите домаѓински способности.Види мајката,каков спортист(и тоа боксер)бил мистер Рејтинг,кога за носење одлуки се друг му тереба,позади кого ќе се крие.Владеачкото мнозинство (дпмне-овците) не сакат да си рушат комодитетот.На одмор мора да се оди па нека е и скратен.Недај боже и пожар да има.Од таксување куќа не се руши.А и со многу обеќање,лудо верување.
Од: zore
Датум: 25.07.2009 13:49:27
pa redno vreme bese opozicijata da pokaze malku konstruktivnost za interesite na drzavata

Најди! во Утрински
На прво место
Препорака за датум - со вето или без вето
Клановска пресметка во десницата