Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Кодошите не кодошеле гратис

Најпрво со „пациентот“ се правеле контакти на пониско ниво. Тој се скенирал подолго време

Оливера Војновска



Пари, станови, автомобили, викендички, дуќани, школување во странство... Со вакви подароци тајните безбедносни служби им искажувале благодарност за лојалноста на луѓето со кои долги години биле во сојузништво. Лицата кои во животот функционирале со кодошење, веројатно, немале спокојство и мирен сон. Но, затоа за себе и за своите семејства можеле да обезбедат квалитетен и богат живот. Се тврди дека нивната долгогодишна кооперативност со тајната полиција резултирала со екстра-добивка од неколку десетици илјади евра (гледано во денешни услови).

Напредувањето во кариерата не бил единствениот бенефит од кодошењето. Информациите со кои ја сервисирале тајната полиција не ги давале гратис, туку ги наплатувале. Во одредени случаи кодошката услуга само за една операција со „посебна специфична тежина“ одела во пакет со автомобил или стан. Поситните информатори, пак, добивале хонорари во висина на една плата.

За ова сведочат лица кои порано работеле во поранешните специјални служби. Велат дека оној што бил соработник на тајната полиција тоа го правел исклучиво од лукративни цели. И тоа врз основа на договор, писмена согласност (изјава ) и за надомест што се одредувал во зависност од природата и тежината на задачата.

Може ли да се препознаат и како изгледаат овие личности кои својата кариера ја граделе на сметка на туѓата несреќа и згора на тоа биле наградувани со огромни суми пари?. „Тоа се луѓе од нашето соседство. Сосема обични и со своето однесување не го привлекуваат вниманието на околината. Некои од нив станале соработници на службите уште во младоста, со првото вработување и сојузништвото траело со години. Вртоглаво ја ѕидаат кариерата во некое тело на општините, Извршниот совет, Собранието, потоа во судовите, банките, по разни комбинати... Буквално секаде, вклучувајќи ги и новинарските куќи. Паралелно со политичката или бизнис-кариера кодошеле за пари“, раскажуваат оние што ја познаваат добро организацијата и функционирањето на кодошничката мрежа. Тие сликовито го објаснуваат системот на кодошење и богатење. „Овие лица му се залепуваат на ’објектот‘. Се спријателуваат и со него градат семејни релации. Заедно одат на викенди, одмори, патувања... Ги знаат сите детали и интимните врски. Секогаш се до ’пријателот‘ во важните моменти. Да честитаат или да го утешат ако треба. И, токму ваквото, навидум, искрено другарување се користи како извор на многу квалитетни информации за СДБ. Со тек на време стекнуваат голема финансиска моќ. Прават тврдина која подоцна во животот им го штити грбот. Некои од овие крупни кодоши денеска се меѓу најбогатите во државата“, тврдат нашите соговорници. Појаснуваат дека терминот „кодош“ - кој стана многу популарен со лустрацијата, всушност, се однесува на најобичен ситен информатор, кој нема писмен договор со службите и инцидентно ги сервисира оперативците со иформации за мала сума пари.

Цената на вистинските соработници (оние што се битни за лустрацијата) била одредувана во зависност од тоа дали тие биле ангажирани на кратки патеки, или долгорочно, како и на која дејност биле фокусирани: во стопанството, општествено-политичките институции, образованието, научната дејност, културата, судството, верските заедници...

Познавачите велат дека во досиејата што беа отворени во 2000 година може да се препознаат имињата на некои од големите кодоши, но таму не може да се види колку пари земале. Тоа точно може да се открие од досиејата на самите соработници, кои љубоморно ги чува СДБ. Односно УБК, и таму ја има документација за целата соработничка мрежа и оперативните врски. „Но, независно која политичка гарнитура е на власт, УБК никогаш нема да ги обелодени. Може да се случи само селективно да вади предмети и за пари да уценува одредени ’угледни личности‘ дека јавно ќе им го извалка образот“, прогнозираат тие. Иронично додаваат дека соработник на СДБ не се станува „несвесно, непромислено и од невнимание“. „Напротив, тоа го правеле многу свесно и многу пресметано. А и службите знаеле кого да врбуваат и кој е подготвен да стори се' за пари и за позиција. Нема никаква случајност и не може секој да биде соработник на СДБ. Тоа е долг и сложен процес. Најпрво со ’пациентот‘ се прават контакти на пониско ниво. Тој се скенира подолго време. Му се даваат одредени задачи, се прават извештаи за неговите информации, па се дава мислење во службата и предлогот стигнува до потсекретарот. Последниот збор го кажува министерот за внатрешни работи, кој му го потпишува решението и тој се регистрира како соработник на СДБ“, објаснуваат поранешни агенти.

Во досиејата на тројцата функционери на ДУИ, под псевдонимите „Вујко“, „Мама“ и „Стрелец“, со кои се прослави најпопуларниот професор во Тетово, има писма и потврди за парични награди во износ: од 2.500 германски марки, 4.500 швајцарски франци, 25.000 швајцарски франци, 40.000 австриски шилинзи, како и белешки за апанажа: од 5.000 , 6.000 и 8.000 германски марки.

Документите потекнуваат од Белград и треба да се испитува веродостојноста на печатите, карактерот на буквите и тежината на хартијата. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, деновиве се пофали дека „МВР располага со лабораторија за крим-техника, што е една од најсовремените во регионот и може да направи вештачење за кој било предмет“. Допрва ќе се види дали модерната технологија во МВР ќе ја расчисти мистеријата околу оригиналноста на досиејата или ќе се чека мачниот процес на сукцесија. А дотогаш македонската лустрација ќе фаќа прав во темните архиви на Безбедносната информативна агенција (БИА), каде што се наоѓаат досиејата на соработниците на некогашните сојузни тајни служби КОС и СДБ.




#
Статијата е прочитана 3066 пати.

Испрати коментар

Од: realen
Датум: 26.10.2010 12:19:46
Bitkata protiv lustracijata ne e bitka za segasnite generacii , tuku bitka za tatkovcite i dedovcite.Cao!
Од: Оливера
Датум: 26.10.2010 13:08:19
Сосема спротивно, битката за лустрација е битка за идните генерации: за да не се повторува во континуитет срамниот и безочен кодошлак и бесрамното рушење на дигнитетот на кодошените личности (без никаква причина и оправдување). Тоа, за жал, кај нас сеуште трае и трае и трае.... Кодошите се далеку од “истребување“.
Од: Itar Pejo
Датум: 26.10.2010 13:21:11
Bas vo vremeto na socijalizmot se prasuvav od kade im se tie besni koli na nekoi luge. Od kodosenje bile. Koj mozese da kupi Porche, Lamborjini ili Rols vo Makedonija ako ne bese kodos.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 26.10.2010 15:20:52
Да,тоа се луѓето кои живееа на државен трошок!Одамна ми е јасно кој може да има два општествени станови во иста зграда,поршеа,итно вработување,привилегии пред правдата,позитивни оценки без знаење...Обично,тоа што го замачкале е со Криминални почетоци,или се лица кои во војната и служеле на другата страна.При крајот на комунизмот им се приклучуваат и ситни џепароши,макроа,улични пропалици...Сега,сите раскажуваат бајки дека биле политички прогонувани!С�� саде патриоти!Неретко се случувало соседот и да не ви се приближи и воопшто да не ве познава,а да ги даде вашите „карактеристики“на СДБ!Често тоа беа етикети: „предавник“,разни „филства“ и „манства“ „пијаница“„наркоман“...Лага е дека во МК не постои документацијата,многумина воопшто и не беа дел од сојузна,туку од Локална истрага!Архивата е позамашна!Предмет на радозналост и болна суета на Локалните Шерифи!Она што останува е горкиот вкус дека,сега,Истите му Служат на новиот Префарбан господар!
Од: Marko
Датум: 26.10.2010 16:12:48
Во сите држави, сите агенции имаат соработници (кодоши) преку кои прибираат информации за државни интереси. Така работат и најпознатите разузнавачки агенции. А Доста и Гордана ги открија соработниците, па така ја уништија соработничката мрежа на МВР. Колку е тоа штетно ќе се види во иднина кога никој нема да сака да дава информации, па ќе ни се случуваат настани како во нашиот воен конфликт кој почна во Танушевци.
Од: Oliver
Датум: 26.10.2010 16:38:17
Olivera zlato, ima li sistem i drzava vo svetot kade nema kodosenje, tajni policii, mesteni sudenja i tn?? Nema. Sakas zemi za primer Rusija so KGB, sakas Amerika so CIA (najgolem primer ti e vo Trumanovo vreme koga komunistite bile progonuvani, seti se samo na ubistvoto na Kenedi), sakas vo Izrael so Mosad (pred nepolna godina istite pratija lugje i vo Dubai otstrelaa neistomislenici), sakas Sigurimi, Sakas M 5........ i da ne nabrojuvam do bezsoznanie.... A bi mozela li da mi objasnis kako toa ovie ne se "za otstrel" i na Istok i na Zapad?????? Nekako gi "mesame brzinite" ili "lovime vesterki"?! "Kodosi" imalo i ke ima vo sekoj sistem, a zavisno od toa koj e na vlast ke se pravat bauci, raskazi, preraskazuvanja (za toa kako nacija sme PREtalentirani), i taka ke se "zamajuvame" so minatoto, a segasnosta i idninata ke ja zanemaruvame.......
Од: Zoran
Датум: 26.10.2010 17:03:44
Navistina ne mozam da sfatam zosto tolku se palite na ovie gluposti i podelbi, predavnici - patrioti - kodosi i drugo. Pa sekoja drzava go ima toa. Sto ima tuka cudno ?! Sekoj sto e na vlast saka da ostane sto poveke i pritoa ne bira sredstva vo ime na zastita na drzavnite interesi, za da znae sto sprema protivnikot so razlicni mislenja.. Linijata medju drzavnite i privatnite interesi e mnogu tenka. Vlasta si e vlast i ima golemo psihicko vlijanie na sekoj sto ke dojde na vlast, toa e droga ili poblago receno - hormonalno poremetuvanje. Pa poglednete samo kolkavi se zgradite na CIA, FBI i NSA i kolku ludje rabotat vo niv ! Koi se tie ludje i sto se, sto mislite vie ? Kako ke gi narecete niv ? Kodosi, spiuni, predavnici, patrioti ? Sto vikaat amerive, ALL OF THE ABOVE !
Од: 888
Датум: 26.10.2010 18:53:30
gratis..? nemale miren son ..? haha, go tesite narodot..? kakov gratis se bilo na steta na drugite. na steta na drzavata.. poslednite kriminalci i paraziti ziveele kako kralevi, duri i nekoi se 'narodni heroi'.. koj nim bi im dal i metla po ulica za da metat.. za zal toa prodolzuva i sega pod zastita na brabkovci i grujovci.. ali ne za dolgo..
Од: Ја
Датум: 27.10.2010 00:24:36
Мојот коментар е едноставен и гласи: ДЕФОКУСИРАЊЕ на јавноста од стварните проблеми на народот со сиромаштијата,невработеноста,проблемот со ЕУ и НАТО интеграциите,бесперспективноста на државава,недомаќинско трошење на народни пари (читај грабежи) и се што е поврзано со лошото владеење на оваа ненародна вмровска власт.Но за власта на вмровците најголемата придобивка во целава прикаска е СЕДНУВАЊЕТО ВО СКУТ на ДУИ со помош на војводата Тачи.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 27.10.2010 03:07:07
Interesantno,bar Jas znam ,edno desetina kodosi ,sto sum informiran, od tamu kaj kogo kodosea! ,Onaa ;,Kade Svrdelot ne moze parite Mozat.Za,po nekolku Gozbi i Alhohol,vo potpianeto Kodosite ce ti kazat se! P.S Kodosite i den deneska se Istite. Kodosite imaat dol zivot,nivniot raboten staz moze da bide i 60 godini!
Од: Anastasios
Датум: 27.10.2010 08:11:24
Segasnive politicari gi lustriraat prethodnite politicki garnituri. Posle nekoe vreme koga ke dojdat novi politicari so novi idei ke gi lustriraat ovie segasnive... Ma kakva lustracija. Zelba za mok i nejzina kontrola.
Од: goran
Датум: 27.10.2010 09:25:17
i jasmislam deka ovaa bitka e bitka za dobroto vo idninata sto treba konecno da go dobija graganite na ovaa Drzava,e sega e klucniot moment da vidime koi se za dobroto na ovaa Drzava ili politickikazano koi se patrioti a koi predavnici,site onie sto vo momentov ke go zabosotat ova koga togas ke vlezat vo Makedonskata istorija kako PREDAVNICI ako ne od nas no sigurno od nasite deca ili vnuci

Најди! во Утрински
На прво место
Кој ќе седне на жешкото столче во Уставен суд?
Некој во Бангладеш, некој во Шведска!






Belgian court awards €15,000 to asylum seeker
Croatian government survives no-confidence vote
Serbia makes another u-turn on Europe