Број 3644  сабота, 30 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Втора страница

Се' уште ли е Шекеринска во игра за премиер

И покрај тоа што нема висока функција во СДСМ, екслидерката останува една од клучните личности во партијата

Светлана Унковска



Со настапите што ги имаше на седницата за избор на новиот владин Кабинет, Радмила Шекеринска остава впечаток дека, и покрај тоа што нема висока партиска функција во СДСМ, и натаму е клучна личност во партијата. Случајно или не, Шекеринска, како еден од најжестоките критичари на новата Влада, беше последната говорничка од таборот на опозицијата, со што и' беше доделена улога да ја затвори дводневната дискусија.

Последните минути пред гласањето за новата Влада се термин што со внимание се следи и, секако, мора да биде искористен за да се постигне и главната поента. Социјалдемократите играа на сигурно и тоа и' го препуштија на Шекеринска. Дали таквиот потег укажува дека членството на СДСМ се' уште ја перцепира како кандидат за премиер по неодамнешните предвремени парламентарни избори.

„Не, не знам дали се' уште е така, но не би сакала сега да се занимавам со тоа. За мене тоа е нешто второстепено и ние сега се концентрираме на побитни работи што се од суштествена важност за граѓаните. Сега треба да бараме од Владата одговорност и поентата ни е да покажеме дека ја концентрираме нашата активност во Собранието. Сето друго е чиста политика од која на граѓаните им е преку глава“, ни изјави Шекеринска.

Таа, во својот завчерашен настап, само половина час пред полноќ, прецизно ги изнесе забелешките за владината програма, што ја опиша како текст на 60 страници во кои никаде нема одговор на клучните прашања што ја засегаат државата. За кадровските решенија, пак, забележа дека мислела оти кога премиерот Никола Груевски им се извини на граѓаните за направените грешки, мислел на погрешниот избор на министрите од претходната Влада. Но, тој повторно го предлага ист тим со исти лица.

„Ако Вашето извинување беше добронамерно и искрено, тогаш ќе значеше промени и во тимот и во програмата. Вашето извинување нема да му помогне никому, нема да им ги плати сметките на граѓаните и тие и натаму нема да можат да излезат на крај во месецот“, рече Шекеринска.

Таа го прашуваше премиерот: Зошто не кажува ниту збор што ќе направи да ја заживее демократијата? Зошто САД, како наш стратегиски партнер, почнаа да ни вртат грб? Што ќе направи за да го смени фактот дека Македонија е на најдолното скалило во Европа според сиромаштијата?...

На ваквите остри напади реплицираше Груевски, кој рече дека во нејзиниот говор имало единствено лаги и клевети. Тој ја нарече Шекеринска „дискутантка“ во која гледа само ароганција и самобендисаност.

„Тоа што јас бев избрана за последен говорник, сепак, е резултат на тоа што во партијата се води сметка тоа да биде некој со поголемо искуство и некој што знае повеќе да се носи и да упати такви напади. Од друга страна, пак, имаме и ретка можност да го најдеме Груевски за да почнеме некаква дискусија и да водиме дебати со него. И сега ни е јасно сосема зошто тој воопшто не прифаќа дуели. Се виде дека тој на ниедни прашања и критики не одговара со контрааргументи, туку само напаѓа лично“, ни изјави вчера Шекеринска.


#
Статијата е прочитана 6093 пати.

Испрати коментар

Од: neopredelena
Датум: 30.07.2011 00:18:28
Sto ke kaze Gruevski na prasanjata i kritikite koga toj samo znae da CITA, covekot neznae da zbori i da vodi debata. Dokolku ne mu e napisano da procita ne ocekuvajte da vi kaze nesto ili moze da vi odgovori: posle ke vi kazam (denot na drvoto, imnogu drugi). Tresenje prazna slama i zamajuvanje na narodot koj sto "so svoja glava" ili "so tuga glava" mu veruva. Tuku nejsi - kakov narod takva vlada.
Од: илегалец
Датум: 30.07.2011 00:46:59
Многу е необично и тоа, што освен Груевски (во својот веќе типичен начин на водење политика), и самите негови приврзаници кои коментираат во овој весник ретко се служат со разумни аргументи во своите коментари, туку само редат папагалски повторувани фрази и навредувачки напади. Ретко гледам конкретен и аргументиран одговор на конкретно прашање Еве утре од нив ќе има напишано само навреди за Шеќеринска а ниедно аргументирано образложение на конкретните прашања и забелешки што му ги упати на Груевски. (Да додадам дека не гласав ни за ВМРО ни за СДСМ). Го коментирам само она што постојано го приметувам во коментарите на ВМРО-вците и дури не можам да прифатам дека со такви коментари упорно не прават будали а всушност себеси се прават будали.
Од: zelezara
Датум: 30.07.2011 00:56:27
Abe sto ste se fatile za Sekerinska kako slep za stap????Napisete zosto premierot molchi kako zalien???
Од: angela
Датум: 30.07.2011 01:16:52
Како што поминува времето најискрено ми е жал што ја пропуштивме шансата да добиеме европска жена за премиер, човек кој зборува со аргументи и зад кој нема ниту една црна дамка, а не премие кловн кој нема аргументи за ништо и единствено што го одржува на власт се огромните пари за кои се продаваат сиромашните Македонци! Тешко на Македонија!
Од: vasco beleski
Датум: 30.07.2011 01:18:45
se dodeka ke postoja takvi kako sekerinska i crvenkovski ne biduva nsito od SDSM steta sto nema edna vistinska opozicija konstruktivna koja sto go razbira zborot argument....arguemt ne e kelvetnje i g-g sekerinska.....
Од: Коста Стоименовски
Датум: 30.07.2011 01:55:07
Груевски очигледно има мошне развиено чувство за избегнување на сето она што „смрди“ во политиката и се однесува како тој да немаа ништо со тоа! Мошне е вешт во подметнувањето на „кукавичини јајца“ на оние соработници што решил да ги искористи како „крпи за еднократна употреба“ и да ги „откачи“ (Боцевски, Наумовски, а можеби и Милошоски). Зачудува тоа што постојано избегнува дуели со сите оние кои се критички расположени спрема неговата власт. Охрабрува тоа што Г-ѓа Шекеринска израснува во еминентен политичар на македонската политичка сцена.
Од: Zoran
Датум: 30.07.2011 01:58:39
Hmm, vas definitivno neshto vi fali
Од: bate Vane
Датум: 30.07.2011 02:12:34
Radmila te shetaat tie tvoite te igrat kako ping--pong!! Ti si pametna mlada i mnogu ambociozna ama vo senka na "orevot" za toa i ne napreduvash!! Se dodeka tooj "orev" ne go isechete do koren nema nishto od tvoite ambici,iako realno gledano si moderna Evropska educirana politicharka.Da ne ima zabuna ne se odnesuva na "orevot" vo Oreov lad,tuku na "orevot" koj ja drzi vo zaloznishtvo SDSM so svojata penzionerska senka i lucidna politika.Ili smenete me ili sledete me!!
Од: Lazo Stefanov
Датум: 30.07.2011 02:28:38
Togas joga Sekerinska ke stane premior na RM, togas rabotite ke trgnat na dobro.
Од: boki
Датум: 30.07.2011 02:41:16
tocno taka ...nema recnik sto moze d amu s esprotistavi na nieden od sdsm i zatoa crni grujo bega od duel i ako s enajde na takvo nesto samo napaga...niska intelegencija kaj site vmro-ovci!!!ama sto d a sepravi , narodot birase sega neka ofka pod jaremot na vlasta...mozebi eden den ke se osvesti samo d ane bide kasno (pr.srbija so diktatorot milosevic)
Од: jovan
Датум: 30.07.2011 03:42:23
sto odgovornost ne baravte od vladite sto gi vodese sdsm.koga tie bea na vlast odnosno vie vo makedonija nemase siromastija tuku bese mizerija.kako nemas sram da zboruvas za beda koga naj bedni bevme so vas na vlast.
Од: Pero od Australija
Датум: 30.07.2011 07:06:08
komunjarite vo svoe izdanie
Од: Трпе
Датум: 30.07.2011 07:18:00
Овој текст е слободно размислување на новинарката или е нарачан од Влатко или Илија.Прашањето е многу глупо поставено,сигурно заборавија дека ако СДСМ ги добиеше изборите госпогата Шекеринска требаше да биде мандатар.Па немала високи функци во СДСМ ,а кои се високите функци во партиите.Која е високата функција во партијата на Силванева Бонева,или на Ам,ди Бајрам тие да имат последни обрашања за избор на нова влада.А тоа што мистер мр Рејтинг,неговите способности и неспособности ги препишува на друг е друга работа.На најваажните прашања не даде одговор и се кјриеше како мандатар во сукња.А молчењето е одобрување.
Од: ferdi
Датум: 30.07.2011 07:33:41
Dodeka Grujo nas e na vlas nema vrakanje na komunivcinjata, neka odmorat i neka ucat od GRUJCETA .
Од: Rezzilov
Датум: 30.07.2011 07:41:51
Уште ли се занесува госпоѓава?Зарем не гледа што и’ прават нејзините?
Од: flying-monaco
Датум: 30.07.2011 08:15:57
Uste se vo dlabok son! Sekerinska premier? Lele majko! Dosta majtap so sdsm i so Radka.
Од: canko vaganar
Датум: 30.07.2011 08:43:09
Da,i treba da e.Edinstvena e koja vo 10 minuti ja iskomentira celosno programata na premierot.Im kaza se sto trebase da im se kaze.Im kaza deka toa ne e programa koja dava odgovori na prasanjata koi gi macat graganite .Im kaza deka povtorno prodolzuvat so ke...ke...a toa znaci lagi.Koja superiornost nad premierot pokaza so sekoj zbor,megutoa toa do usite na graganite tesko doaga.Premierot vo nemoznost da odgovori samo povtoruvase ..kleveti...lagi...konstrukcii...tri pati gubis na izbori...arogancija .i nisto poveke,Naprotiv arogancijata doagase od negovata stisnata usta,oti nemase odgovor na niedno prasanje.Se prasuvam kako bi izgledal tv duel megu niv,Verojatno nema da go doziveam.Uste nesto za nea, naj sposoben, naj dobar ,naj korekten ,naj pameten ,bez niedno crno petno so ostar um i jazik, politicar sto se pojavil na makedonskata politicka scena , spremna da odgovori na site prasanja vo sekoe vreme....
Од: Od strana gledano
Датум: 30.07.2011 09:06:00
Ako igraat na mali golcinja vo Bihacka!
Од: Prilepcanec
Датум: 30.07.2011 10:02:19
Кога нематен знаенје и солидни аргументи,тогас имате псости.Таму каде сто нема збор,има пцовка.А премиерот,на многу неста немаше одговор,па на едни им велеше дека се циркузанти.на г-гј Секеринска дискутантка Тој ми личи на улицна портарка,која сака кавга со соседите,им го турка сопственото ѓубре пред врата,и кога ке и забелезат им враќа со ваква,така,никаква и се крие во сопственото дувло.Г.Груевски доби гласови засто води кукавицка војна изненадува,главно непријатносо и се што прави е удар по глава на зител
Од: Проста маса
Датум: 30.07.2011 10:06:52
Додека во Македонија има 51% необразувано население,што госочинува гласачкото тело на дпмне,Груевски ќе добива на избори!Типичен пример е Ферди и останата багра,која со бугарски пасоши работи во Италија!Човекот пишува ВЛАС,место власт и сигурен сум дека има само осмо одделение;Со тек на време,со образување на младите и поради биологија,ќе ги снема полуписмените пензионери,ќе има и иднина за Македонија!
Од: Рада никогаш нема да биде премиер
Датум: 30.07.2011 11:04:56
Народот е секогаш во право и никогаш не греши!
Од: Од редовен читател
Датум: 30.07.2011 11:49:44
Никола Груевски не може да и достигне на Радмила Шекеринска ниту до петиците, затоа и само навредува, кажува пет-шест напамет научени фрази и толку. Таа убаво го праша и за програмата и за составот на „новата“ влада, ама одговорот ќе го почекаме малку подолго. Штета е што гласачите во Македонија се лесно поткупливи, инаку сега требаше да имаме еден навистина европски премиер, олицетворен токму во ликот на госпоѓата Шекеринска.
Од: Karokan
Датум: 30.07.2011 12:21:56
Па г-дине илегалец,како тоа ти бараш “да се служат со разумни аргументи“,ако такви не постојат.Го видовме обидот на пратеникот Николовски аргументирано да реплицира на дискусијата на пратеничката Данева и на крајот се сведе на тоа да го потврди нејзиното мислење.(Сега неговиот ал е никаков).Го видовме одговорот и на старо-новиот премиер на прашањата извлечени од дискусијата на пратеникот Петковски и испадна дека погрешно ги забележал,протолкувал прашањата,така што овој мораше да ги повтори,односно да укаже дека прашањата се поинакви од тие на кои истиот дава одговор.Ете,толку во врска со разумните аргументи.На иста бранова должина се и коментаторите од нивниот маштаб.Погледни ги само под овој текст и се ќе ти биде јасно!!!Од бедно,победно!!!Од никакво,поникакво!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: До„Pero od Australija„
Датум: 30.07.2011 12:42:56
Оди мети улици , не ни треба никој од надвор да не учи.
Од: jas
Датум: 30.07.2011 13:32:58
dzabe koj i da stane premier nema vise drzava
Од: Optimist
Датум: 30.07.2011 14:37:04
Taa ke bide premier koga jas ke dobijam dozvola da upravuvam Boing 797. Optimisti sme i dvajcata. Ha ha ha
Од: „Вистината е како шило..
Датум: 30.07.2011 14:50:32
„Дрш`те се браќа не се давајте, скоро ќе падне овој ТИРАН...“
Од: kiki
Датум: 30.07.2011 14:51:38
Ne mi se veruva.Posle CELI 5 godini na vlast na N.G. i tie okolu nego od tipot na Jankulovska i Janakievski seuste se odnesuvaat kako da se vo opozicija.Ne davaat odgovori na nisto i kazuvaat sto bilo pred 5 ili 8 godini.I toa ne bi bilo strasno,no ovoj narod ne gi isprati tamu kade sto trebase da bidat.Vo zaborav.E posle nekoj drug ke ni bide kriv
Од: Dimitar
Датум: 30.07.2011 14:55:06
Dama i politicarka za respekt.Sekogas so argumenti i svoj stav.Mudra i inteligentna.Kolku i da ja ocrnuvaat popusto...Zad Radmila nema nitu eden skandal,afera...Zad Radmila stojat uspesi koi se potvrdeni so kandidatski status i ogromna poddrska od megj.zaednica.Ne argumentirani se obvinuvanjata deka e vo senka na Crvenkovski...Sekogas znae da kaze sto misli,bezrazlika dali toa nekomu mu se dopagjalo ili ne...Vakva cesna,iskrena,mudra i evropska politicarka i treba na Makedonija.Radmila i e potrebna na Makedonija.
Од: Janakiev Nikola
Датум: 30.07.2011 15:00:58
Kole 30.7.2011god.Do prosta masa. Makedonskata prosta masa razbira i VLAST I VLAS, Znae da ora da kopa sirene da pravi crkvi niz cel svet da pravi. So site veri i nacii (Etnicki Grupi)oro da i sport da igraji i raka dasi daji.Babiteni nasi corapi da pletat da stirkat so uzareni pegli da pegla so salove na crkva daodat.Momiie nasi oris da pleva na gergev Makedonsko zname da vezat.Tova del od Domasno vaspitane na nekoj mu fale.
Од: vistina
Датум: 30.07.2011 15:58:54
Рада ја бива за баење а Груевски за знаење.Тој им покажа на СДС што можело да се направи со парите на народот.СДСМ не направија баш ништо а Рада неможат 10 адвокати да ја надзборат.За СРАМОВИ.Народот си го одбра тој што му одговара.
Од: vecerva
Датум: 30.07.2011 21:30:23
Свака му цас на сите пет први коментари,сите на место убаво искоментирано ,а што е најважно све е кажано како што ,нити е за инает пишувано,неопределена ,илегалец и сите други подолу секоја ви чест. Јас не сум определена но вистината е таа ,без ни една замерка.Поздрав до сите 5 души од првите коментари.
Од: do ilegalec
Датум: 30.07.2011 21:51:48
sosema se soglasuvam so tebe site provladini komentatori se isti kako nego sto bi rekle starite ima na kogo da licat :)
Од: maja
Датум: 30.07.2011 22:20:00
Sporedbata pomedju Radmila sekerinska i nikola Gruevski e neseriozna. Covekot nema kapacitet da sledi obracanja i da zapamti prasanja upateni licno kon nego. Ako nema odnapred napisani odgovori ednostavno se gubi i samo navreduva, a sto se odnesuva do negovoto vladeenje vo ovie 5 godini osetija site cesni gradjani, site onie koi ja nemaat kniskata na negovata partija, a ima i takvi so kniska. Nema nisto napraveno za drzavat osven sirenje na populizam. Covek sto se plasi od bilo kakva kritika upatena do nego e nesiguren covek, covek koj nema nikakvi vrednosti i koj e isfrustriran. Za Radmila ne zboruvam zatoa sto za nea zboruvaat nejzinite dela, covek so svoe jas, cesna, odgovorna i zrela politicarka i Makedonija zasluzuva da ja ima nejze za premier
Од: jimmy1
Датум: 30.07.2011 23:31:52
Do neopredelena: Totalno si vo pravo, eve veke se javija Vasko Beleski, Jovan, Rezzilov, flying Monako i Pero od Avstralija. Se gleda deka se stvarno kako sto velis. Toj Pero da go prasas sto znaci VMRO nema da znae, zosto od na rabota i doma neznae nisto. Takov e zivotot na makedoncite vo Avstralija, podeleni, omrazeno edni so drugi. Za Grujo sto da se kaze, nema odgovor za nisto, za sekoj sto go kritikuva veli deka toa se lagi, istoto go rece pred nekoj den, totalno zatucan kako ovie gore navedeni surtuci.
Од: marjan.pp
��атум: 31.07.2011 07:55:00
da se soberete site poziciski pratenici ,,bez amdi''ne mozete so seketinska, sahovski kazano moze simultanka da si igra so site vas
Од: gragjanin na EU
Датум: 31.07.2011 11:26:18
Dragi komentatori, tezata e dali g-gja Shekerinska ke ostane edna od vodechkite figuri vo partijta ili ne, a ne dali taa ili Gruevski e popameten ili podobar politichar.....Da, jas mislam deka taa ke ostsne vodechki politichar. Ne razbiram zoshto se postvi toa retorichko prashanje? Dali zatoa shto novinarite ne znaat shto e politicka kariera? Ili poradi nasheto neznaenje deka politichar se stanuva na pozreli godini a ne kako tuka bez nikakvo iskustvo?
Од: Daliborka
Датум: 31.07.2011 13:45:07
Radmila stom se spomene nejzinoto ime i bilo kade da se pojavi ona e sinonim za arogancija i preptentnost.Nikogas nema da ja podrzi ovoj narod.Ovoj narod saka covek od narodot covek so harizma a toa e Nikola Gruevski definitivno covek koj ke ja vodi ovaa drzava uste mnogu godini ke bide na celo na ovaa drzava.

Најди! во Утрински
Втора страница
Апсолутно романтично
5 свеќи и 5 приоритети
Вербатим
Заменици на министри
Новите министри влегоа во кабинетите

"""