Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Бранителите бараат достоинство

Тие што ја бранеа Македонија во 2001 се револтирани од односот на државата

Здружението на бранители „Достоинство“ со протестен марш по скопските улици, кој започна од Универзалната сала преку Соборниот храм до Владата и Собранието, го изразија револтот од одлуката на пратениците да не го изгласаат Предлог-законот за правата на бранителите. Пред маршот, „Достоинство“ во Универзалната сала одржа вонреден конгрес, на кој се очекуваше одлука за понатамошните активности во „непопустливата борба за правата на припадниците на безбедносните сили“. Сепак, во преполната Универзална сала, вчера не беа донесени одлуки за натамошните мерки. Тоа ќе се случи на состанок што ќе се одржи наскоро, велат од „Достоинство“.

„Со конгресот и маршот, но и со масовноста, мислам дека упативме доволна порака до Собранието и до Владата дека сме сериозни во нашата намера да обезбедиме права за оние што ги ризикуваа своите животи за татковината“, вели претседателот на „Достоинство“, Стојанчо Ангелов.

На конгресот, кој траеше час и половина, беше кажано дека во неизгласувањето на Предлог-законот, прсти имаат вмешано и припадниците на т.н. ОНА.

Бранителите од кризната 2001 година и нивните семејства извисија во намерата да остварат одредени бенефиции од државата за учеството во воениот конфликт - предвремена пензија и парично обесштетување, откако Собранието пред десетина дена не го усвои нивниот закон за посебни права на припадниците на безбедносните сили. За ова законско решение позитивно се изјаснија само 20 пратеници, и тоа 18 од СДСМ, ЛДП, НСДП, Нова алтернатива и двајца пратеници од ВМРО- ДПМНЕ. Ангелов, тогаш од говорницата им порача на пратениците дека неизгласувањето на законот ќе ги повреди и понижи, но во никој случај нема да им го урне достоинството.


Од вонредниот конгрес на „Достоинство“

Бесплатни здравствени услуги, деновите поминати на борбените позиции да бидат внесени како двоен стаж и паричен надоместок за социјално најзагрозените бранители. Ова се трите елементарни барања на прилепските бранители кои се обидуваат, како што велат, веќе четири години да ги остварат низ институциите на системот, но засега безуспешно.

„Се обраќаме постојано до министерствата за одбрана, за труд и социјална политика, до Владата, но не ја губиме надежта дека нашите барања ќе се остварат“, изјави Кире Тодороски, претседателот на Здружението на резервни воени обврзници-учесници во воениот конфликт, на од��ележувањето на шестгодишнината од формирањето на здружението.

Социјалните барања се најбитни за бранителите зашто енормно голем број од 2.550 членови на Здружението имаат сериозни социјални проблеми. Затоа бранителите бараат конечно позитивен одговор од институциите на системот.

Прилепските бранители се' уште немаат свој став во однос на одбиениот Предлог-закон за правата на бранителите. Иако велат сите го ставиле својот потпис изразувајќи ја својата поддршка за донесување на оваа законска регулатива. (Г.А.-Мн.Т.)


Статијата е прочитана 1592 пати.

Испрати коментар

Од: Ljupco,Bitola
Датум: 01.12.2008 00:15:45
Кога ни требаа бранители се крстевме во нив а ВМРО-ДПМНЕ ги ставаше како перјаници на победата во 2001 сега кога треба да им се оддолжи им заврте грб.Срамота за власта и за ВМРО.
Од: Itar Pejo
Датум: 01.12.2008 00:26:46
Sekoja cest na branitelite, ama mene nesto ne mi e jasno. Kakov e zakonot, dali sekoe zdruzenie moze da podnese predlog zakon do sobranieto i da zahteva da se usvoi toj zakon? Mozat li i borcite na ONA? Mozat li studentite da podnesat predlog zakon za stipendiite? Ucitelite namesto da strajkuvaat da podnesat zakon za pokacuvanje na platite! Penzionerite?
Од: БРАНИТЕЛ
Датум: 01.12.2008 00:27:23
Кога беа во опозиција не убедуваа дека со терористи (ДУИ) никогаш нема да влезат во коалиција излажаа. Ни велеа дека ќе донесат закон за бранителите излажаа (гласаа воздржано). За музејот на ОНА велеа дека ќе го срушат излажаа. Досега на сите избори гласав за ВМРО но сега видов дека немат ништо со ВМРО. Од мене нема повеќе глас за вас. Најмногу од се боли ПРЕДАВСТВОТО. Срам да ви е.
Од: commanddevil
Датум: 01.12.2008 00:36:38
dobro be gospodo braniteli...? zarem sega najdovte da mu go remetite spokojot na imperatorot?ra site odednas mu se pustivte a sto ubavo si pocna kampanji kako ni bilo tolku ubao? a vidi cudo -sakase da vladee apsolutisticki? e sega nema vekje moznost da laze deka nekoj drug go koci --on saka ama eve drugite ne davaat.problem mu se samo ovie na koi im go dade gazeto pod kirija pa sega go cesaat-ee zatoa pamtete ide vreme na izbori,,praveta partija pa ke imate dosta nezadovolnici vo nea --pozdrav do branitelite i polna podrska
Од: kumanovec
Датум: 01.12.2008 01:09:21
pa sega im e gajle da go izglasaat zakonot a koga im gorese pod nozete ne molea aman dojdete za tatkovinata pa sto ni dade nas tatkovinata nisto samo ni go zedoa i toa dostoinstvo sto go imavme ama kako velat starite trkaloto se vrti ke se vrati pak na svoe mesto od kaj sto trgnalo pak ke dojde tamu , pa da vidam togas koj ke vi dojde prodadeni dusi ne mozam vece ni da razmisluvam po povod prasanje ako e zbor vladata
Од: Kalina
Датум: 01.12.2008 02:30:54
Kako ne i e sram na vladava, da dozvoli vakvi ponizuvanja za onie sto go stavija svojot zivot na kocka vo 2001, a istovremeno otvaraat MUZEJ na ONA, muzej na teroristi i nasilnici koi treba da skapuvaat po zatvorite. Kako li posle sakaat da opstane ovaa drzava - TRAGICNO !
Од: arben
Датум: 01.12.2008 05:36:08
DRAGI BRANITELI vie znaete deka Alija odlucuva za vas pa napisete mu molba podobro
Од: TRPE original
Датум: 01.12.2008 06:59:32
Секоја чест за бранителите.Само зошто никој не кажува дека Законот за Бранителите не помина поради негласање за истиот од страна на ВМРО-ДПМНЕ?Зошто се ваѓате дека ОНА имала вмешано прсти кога за законот беа потребни само уште 20-30 гласови од Вмровците?Треба секогаш да се знае дека ОД ПАМТИВЕКА МАКЕДОНЧЕТО СТРАДАЛО ОД СВОЈОТ НАЈБЛИЗОК А НЕ ОД НЕПРИЈАТЕЛОТ!!!
Од: zabegan
Датум: 01.12.2008 08:35:51
abre sto se macete da izleguvate na protesti i toa pa vo nedela.znaete deka treba vladata na mir da raboti 24/7. a parlamentot si nosi zakoni koi im se na niv vo koris da mozat da si primat apanaza.da si odat predvreme vo penzia da odat politicarite vo upravni odbori suma sumarum samo na niv da im e dobro.toa e realnosta v o makedonia.
Од: petar
Датум: 01.12.2008 08:41:43
Neznam zosto im trebase da se organiziraat izbori ?zarem ne se mnozinstvo vo parlamentot zaarem ne odlucuva mnozinstvoto zarem se uplasija da ne im se rasturi koalicijata lugeto baraat samo zakon za BRANITELITE a ne i za teroristite.
Од: 0d tetova
Датум: 01.12.2008 08:43:53
pari trazat sto ratuvale znaci za pari ja sakat makedonija bez pari ne im cuva za ova drzava bogami mie albancite i vo kosova i vo makedonija bez pari ratuvavmo i toa so sve srce podrav do fals braniteli
Од: tren
Датум: 01.12.2008 09:01:29
ako vo 2001 g.bea volku na broj ke zavrsevme rabota za 3 dena.mnogumina od ovie odea samo da zarabotat,da prosvercuvaat mleko,rakija,grav,cigari i dr.sekoja cest na onie sto vo taa karikatura od vojna se rakovodea od edna cel,da ja branat makedonija.seg sakaat uste milion privilegii...............
Од: da ziveat branitelite!!!!!
Датум: 01.12.2008 09:06:05
Za ova ne e kriva DUI, krivi se "nasite" IZRODI Makedonski - VMROVSKITE PREDAVNICI. Nikoj i ne ocekuvase DUI da glasa za ova, no SEKOJ ocekivase deka "PATRIOTITE" ke zastanat do branitelite no tie gi PREDADOA. - NAPRED BRANITELI - udrete po predavnicite. Ja odbranivte Drzavata a sega srusete ja Vladata - Vlada na PREDAVNICI IZRODI MAKEDONSKI. Pokazete im deka VIE ste PRAVITE PATRIOTI - PRAVITE MAKEDONCI - Megu vas ima (vidov) i VMROVCI i SDSMOVCI i od site partii i bas poradi toa ste najverni najgolemi PRAVI MAKEDONCI..
Од: Бранител Кичево
Датум: 01.12.2008 09:33:46
Тешко на народ и држава кога ја води ваква власт. Ние бранителите достоинствено ја браневме државата а оние кои беа неспособни и дезертерите се на раководни места. Ние што не се жалевме останавме и без работа. Голем е господ и ќе ги казни предавниците. Достоинствено Македонијо.
Од: makedonka
Датум: 01.12.2008 10:03:01
Секоја чест за бранителите, но зашто не си го бранеа достоинството и кога помеѓу нив имаше и грабители.Тие многу добро си знат кои се тие,оние кои беа на Попова Шапка и ја бранеа односно ја грабеа.Зошто против нив не се покрена ништо.Зошто целата работа се заташка.
Од: swiden
Датум: 01.12.2008 10:12:50
gi opravduvam branitelite potpolno vo sve
Од: Andon
Датум: 01.12.2008 10:13:19
Porano mislev deka branitelite preteruvaat, ama po sobraniskata sednica sfativ deka nivnite baranja ne se preterani, tuku realni. Da se potsetime deka od ovaa drzava borecki penzii cel zivot zemaa borci (uste gi ima) koi vo vreme na NOB imale 12 godini. Sega lugeto imaat skromni baranja, taka jas cenam. Sto storile partiskite vojnici za drzavata pa da dobijat vrabotuvanja koi se dobro plateni? Kolku li niv gi ima, ne mozat da se prebrojat...
Од: Kumanovo
Датум: 01.12.2008 10:17:41
Nemaat pari za branitelite a imaat pari uste sega da otavaraat stabovi za izborite, uste ne im se zanaat kandidatiote a tie otvorile stabovi da vodat predizborna kampanja SRAMOTA. Stabovite od kaj ke gi plakaat , lugeto sto sedat jadat i pijat vo niv koj ke gi plaka se razbira ovoj glupav narod a za toa nema stedenje ke stedime na paketcinja za deca za da moze ovaa vlada da se reklamira OD KAJ IM PARI ZA VODENJE KAMPANJA OD KAJ koga narodot nema pari leb da jade
Од: koco
Датум: 01.12.2008 10:26:07
Branitelite ako baraat dostoinstvo prvo treba da se obratat do Ali Ameti zatoa sto toj za niv odlucuva. A za Gruevski poleka se gleda vistinskoto lice na lazhgoto, ni go zede dostoinstvoto braka braniteli.
Од: ramadan
Датум: 01.12.2008 10:31:11
Za vreme na NOV 1941-45 mojot cicko pogina,dobivme spomenica i orden Naroden Heroj. Togasnata drzava izglasa zakoni za privilegii na familiite na borcite(borcite ne baraa nitu imaa pravo vo toj sistem na predlagaat zakoni).Na mojata baba i ponudija penzija.Penzijata ja odbi so zborovite: Imam uste tri sina,ako ne se sposobni da me gledaat,neka me ostavat sama ce se snajdam.A mojot zagimat sin zivotot go dade za slododna Makedonija.Pari ne mi trebaat.Ova bese stavot na mojata baba.Dali postapi pravilno ili ne ,nikogas nie za toa ne razmisluvavme.Ponekogas mi bese krivo za odredeni privilegii na "borci" koi izlegle da se borat edenta 1944 godina. So vreme i na toa se naviknav i ne obrnuvav vnimanie.Citatelot od Tetovo kaza se.
Од: Krali Marko
Датум: 01.12.2008 10:35:25
Treba da se obestetat branitelite, ama od odstetata da im se skusi stetata sto ja napravija vo vikendicite na Popova Sapka
Од: Albanec od EU
Датум: 01.12.2008 11:28:59
Jas imam eden predlog do "branitelite". Koga veke se vo takva socialna polozba, a dolznosta ja gledaat samu preku pari, im predlagam da ja srusat vlada na FYROM. Plakam po 4,500 evra mesecno. Parite se plakaat odnapre. Ako uspeat da ja srusat vladata za 3 nedeli, sleduva nagrada: ministersko mesto... Koga veke se smetaat za platenici, togas barem neka si zarabotat nesto poveke.. Mojata adresa: OVM ( Osloboditelna Vojska na Makedonija), zgrada na Vladata na RM, vlez 1, II kat, br. 232
Од: Igor
Датум: 01.12.2008 11:30:47
Интересно е што Вечер (пропагадниот памплет на Владата) и Латас патриотот не пишуваат ништо за протестот на бранителите.
Од: N I K A !
Датум: 01.12.2008 12:01:35
ДОБРО Е,се исполнуваат сите желби на Јустинијан....се разбира и Вие сте дел од истите....па среќно,мислам дека не Ви верувам дека сте искрени и дека не е договор....Позз.инаку Ве подржувам целосно...пошто имаме и ние бранител....
Од: vanco
Датум: 01.12.2008 12:24:30
Nemozes Grujo da im pogodis.Za 2001 "vinovna" VMRO.Za koalicijata na Branko C. togas so DUI isto "vonovna" VMRO.Sega koga VMRO e so DUI i koristi oruzjeto kako SDSM pak V;MRO e "vinovna". SDSM se falese kako se oni mirotvorci i sega okolu branitelite ako VMRO e mirotvorna, bila predavnicka.Ovie komunjarive se mrdnati od umot.
Од: zap.ev.
Датум: 01.12.2008 12:26:06
na ovie sliki gledam mladi i zdravi ludje ne mi e jasno kakva penzija barat?pa na zapad po misija vo irak/avgfa ucesnicite prodolzuvat rabota vo opstestvo kako i drugi dokolku se invalidizirani gi imat site prava kako i site drugi gradjani ist zakon nema privilegii za nikoj,vo mak ova se komunisticki trtadicii kade barat samo zatoa sto ucestvuvale da krcmat za vakvo na zapad bi se smeele zatoa fatete se za lopata ili vila mak e bogata zemja i proizveduvajte preku leb sakata pogaca neranimajkovci.
Од: Zvonko,Prilep
Датум: 01.12.2008 12:51:02
Jas bev eden od tie sto go ja branea Makedonija vo Tetovo , koga samite tetovcani begaa. Jas go zatvoriv privatniot biznis vo Prilep i otidov, na povikot od MO,znaejki deka odam vo vojna , a ne kako sto site velea "vezba".Bevme okolu 35 dena vo Tetovsko i napravivme sto napravivme... MENE NI NA KRAJ NE MI PADNA NI TOGAS , A NI SEGA DA BARAM NEKAKVI PRIVILEGII OD DRZAVATA!!!!Tugjo i cudno mi e toa sto baraa nekakva si osteta za pretrpen strav moite sogragjani!!!Pa , lugje svestete se , toa Vi e patriotska dolznost , da ja branite MAkedonija, a ne da barate pari za toa .Vprocem, Vi bese uredno plateno za toa , togas .A ova sto sega go barate , go baraat PLATENICI , a ne rodoljubi. Za @0d tetova , ne e tocno deka Vie ste se borele vo Kosova i MK za bespari , Vie si imavte tarifa od okolu 2000 DM, togasni.I kaj vas imase lakomi za pari sto otidoa vo vojan i ne se vratija. I del od moite sogragjani ne se vratija, NEKA IM E VECNA SLAVA, zaginaa kako i mnogu drugi , vo odbrana na MK
Од: Sanja
Датум: 01.12.2008 13:23:36
Najverojatno,site onie koi udobno se smesteni vo foteljite vo Sobranie i Vlada,treba da izgubat nekoj svoj blizok,na nacin kako sto izgubija mnogu semejstva tatko,sin,soprug vo taa prokleta 2001-va,pa potoa da donesat barem Zakon,so koj na nekoj nacin ke se nadomesti taa nenadomestliva zaguba. Navistina sramota.
Од: ДимоАго
Датум: 01.12.2008 13:26:49
Спремен сум да и ги простам сите досегашни грешки на оваа влада ама ова не.Жално е кога ќе видите како Албанците од позиција на малцинство прават се да им излезат во пресрет на нивните така наречени борци за права(истите права ќе ги добиеа и по мирен пат),а Македонските политичари иако во позиција на мнозинство во државата не прават ама баш ништо за нашите бранители.Ги повикувам членовите на актуелната влада кои што имаат барем малку образ да застанат на страната на бранителите затоа што ова не е теснопартиски интерес.Ова е врвен национален интерес рамен на сочувувањето на името и националниот идентитет.
Од: commanddevil do ,,branitelot, tetova
Датум: 01.12.2008 14:03:15
of bre tetova?...ti si se borel bez pari.??hehehe kade be brate?...pod dimii na nuseto? pa vie edna puska pukna vo kosovo a milion i pol izbegavte preku granica vo m akedoniaj.lezevte i placevte na stenkovec ogradeni ko rezervat. daj ne tropaj-znaes koj stoese za ,,vasata,, borba. da bevte samo vie-veruvaj mnogu ste mali da se kocopercite.a za vasiot patriotizam bez pari-prasaj si go ali da ti kaze kolku drpna od svoite..za licni celi.zatoa ne se pravi tetova junak-veruvam deka ni j od junak ne si
Од: vladimir
Датум: 01.12.2008 14:43:44
i posle ni se krivi drugi srbite bugarite grcite albancite ne oni samo ja koristat nasata glupost nasata nesloga 80 posto sme makedonci mesto da se zdruzime nie se jademe megu nas a zasto ? sve e biznis pari profit i normlano kako ke kaze USA se prodadovme za sitni pari a mozevme da bideme svjacarija! za branitelite najgolema podrska i vo idnina ova ke im bide pamet za drug pat za kogo ke glasaat na izbori a najpametno ke bide za nikogo da ne glasaat!
Од: vernik
Датум: 01.12.2008 14:44:25
Veruvam vo vladata na R.Makedonija i veruvam deka i ovoj pat ke go resi problemot kako i site drugi. Vie od opozicijata uzivate vo gledanje seir i kodosenje.Problemot nee ednostaven sepak vladata ke go resi, poddrska do branitelite i do vladata na R.Makedonija!
Од: sasho-makedonec
Датум: 01.12.2008 15:20:31
sdsm gi stae pola pripadnici u zatvor posle 2001 sto ne im dade togas beneficii
Од: branitel kumanovo
Датум: 01.12.2008 17:21:58
ke istraeme,-podrska od zb 2001- kumanovo, do branitelite od site zdruzenija vo makedonija

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Петто спомен-обележје за бранителите на Карпалак
Oсум новозаболени случаи од сида
Велешки семејства чекаат стан со години
Нов изглед за запуштеното Тумбе-кафе
Не се знае колку деца се незапишани во матичните книги на родени
Македонија останува доследна за членство во НАТО