Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
08.08.2013, 16:12

УЕФА суспендира двајца судии за местење натпревар

Европската фудбалска федерација (УЕФА) соопшти дека суспендира двајца ерменски судии, откако тие признале дека учествувале во местење натпревар во квалификациите за Лига Европа.

Андраник Арсенјан, кој ја имал улогата на главен судија и неговиот помошник Ховханес Авагјан му признале на Фудбалскиот сојуз на Ерменија дека се обиделе да го наместат реванш-натпреварот од првото квалификациско коло меѓу Инте�� Турку (Финска) и Викинг (Фарски Острови) одигран на 11 јуни годинава.

Споменатиот дуел го доби тимот на Викинг со 1:0 и со вкупен резултат 2:1 обезбеди пласман во следната рунда.

Индикациите дека има сомнителни случувања ги потврдил и „системот на УЕФА за контрола на обложувањата“ преку кој се следат над 32.000 натпревари низ Европа, кој пак регистрирал сомнителни уплати за овој натпревар. Тоа дополнително ги поттикнало сомнежите на УЕФА, од каде што решија да спроведат и дополнителна истрага.

Случајот на суспендираните судии ќе го разгледува Дисциплинската комисија при УЕФА на 22 август.


Статијата е прочитана 368 пати.


Испрати коментар



Вести
Бурен преоден рок во Хоризонт
Вукоичиќ ќе прозива на 15 август
Пековиќ
Самарџиски ќе биде здрав за ЕП
Кадетите тргнаа триумфално
Сигурно враќање на Надал и Мари
Осигурувањето на Антиќ е средено
Роналдо со спектакуларни голови му возврати на Мурињо
Антиќ дебитира против Далас
Пораз од Хрватска на вториот дуел
Суарез одбива да игра за Ливерпул

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 18°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 18°C

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 18°C

Вторник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 20°C

Среда
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Гастроманија - Благи и мрзливи разладувања
На плус 40 Целзиусови ретко кој може да размислува како гурман па единствен спас наоѓа во лубениците и сладоледот...
„Ауди“ го претстави најштедливиот модел
Потрошувачката е само 3,2 литри на поминати 100 километри. Без дополнување гориво минува 1.500 километри: новиот „ауди А...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |