Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Хроника

Пробиштип во тага: младите одат на печалба, а се враќаат во ковчези

За само десетина дена, тројца пробиштипјани загинаа во Србија и во Црна Гора

Иван Бојаџиски

ШТИП - Пробиштипјани вчера до доцна попладне го очекуваа телото на триесет и петгодишниот рудар Марјан Димовски, кој настрада на работното место во една од јамите на рудникот „Рудник“ во близина на Горни Милановац, Србија. Неговите сограѓани се во шок од смртта на младиот рудар, а градот постојано ја следеше програмата на српскиот јавен сервис, очекувајќи повеќе информации за трагедијата. Како што објавивме вчера, Димовски почина откако врз него паднала карпа тешка стотина килограми.

Пробиштипјани се прашуваат какво проклетство го снашло овој град, присетувајќи се дека за само десет дена тројца нивни сограѓани место живи и здрави да се вратат кај своите семејства, беа вратени во мртовечки ковчези.

Еден рудар, кој бил на печалба во рудникот „Љубовија“, починал од срцев удар надвор од работното место. Само три дена по веста за неговата смрт, Пробиштип го шокира нова трагедија: жител на градот, кој бил градежен работник во Црна Гора, исто така, починал од срцев удар. Пред околу осумнаесет месеци и друг рудар од Пробиштип беше затрупан во рудник во Србија, при што смртно настрада.

„Цел град жали по младиот Марјан, кој замина во туѓина на печалба, бидејќи дома не можеше да обезбеди егзистенција за семејството“, вели Донче Ефремов, кој неодамна се пензионирал во рудникот во овој град. Димовски бил женет и татко на едно дете. Како што велат неговите блиски, пред дваесетина години и неговиот чичко загинал во рударска несреќа.

Од источна Македонија заминале на работа во српските рудници околу 150 рудари. Речиси половината од нив се од Пробиштип. Тие нашле работа во рудниците „Рудник“ кај Горни Милановац, „Леце“ кај Лесковац, „Благодат“ кај Врање и во рудник во близина на Косовска Митровица.

Директорот на рудникот кај Горни Милановац, Александар Илиќ, во изјава за српските медиуми тврди дека во јамите биле преземени сите мерки на обезбедување. За Димовски вели дека дошол да работи пред пет години.

„Рударите веднаш не' известија за несреќата. Кога лекарите се симнаа во јамите, Марјан се' уште беше жив, разговараше со нив, а потоа падна во несвест. По укажаната помош, тие тргнаа за Горни Милановац, но потоа ни се јавија дека починал“, вели Илиќ.

Како што пишуваат колегите од Србија, во „Рудник“ работат околу педесетина рудари од Македонија, чија плата се движи меѓу 350 и 400 евра.

„Се' што заработуваме, главно, праќаме за Македонија, бидејќи тука и нема каде да потрошиме, бидејќи сме сместени во хотел за самци, каде што ни е обезбедена и храна“, велат рударите за српските весници.

Пробиштипјани велат дека нивниот град никогаш не важел за печалбарски, но дека луѓето, рударите, пред се', масовно почнале да одат во странски рудници, бидејќи тоа им било единствениот начин да обезбедат егзистенција за семејството.

„Тоа масовно одење на печалба започна пред пет години кога нашиот рудник ‘Злетово‘ беше во стечај и не работеше. Во рудниците се гинело, се гине и ќе се гине, бидејќи се работи за најризичната професија во светот, а нашата држава недоволно ги цени своите рудари, иако тие, со својот труд, носат значаен девизен прилив“, укажува Апостол В., кој до пред одењето на рудникот во стечај, работел како надзорник во него.


#
Статијата е прочитана 2903 пати.

Испрати коментар

Од: SPIRIDON
Датум: 18.12.2010 14:05:56
Zašo?Do kuga?Za kolku?Ima li nekoj od piunčinjata na Bane i Grujo da im objasne na decata na počinatio šo majka tražil u jabana,na gurbet,po samski hoteli.Da im ja objasne ekonomskata programa za prosperitet na Makedonija,triumfalnata kapija,tenkovskite delovi,spomenicite,školstvoto,zdravstvoto,stanovete,500.000,00 evra na Sašo,ne možam poveke ...Moeto iskreno sočuvstvo do semejstvoto na počinatio.
Од: riste20
Датум: 18.12.2010 18:18:17
Браво СПИРИДОН, во ПОТПОЛНОСТ се согласувам со тебе!!!!!! Мајмуни едни - сите се исти - СИТЕ!!!! Какво ВМРО, какво СДСМ, каква политика...
Од: deli
Датум: 18.12.2010 21:05:08
Sočustvo do familijata i prijateli na počinatite. Neka im e Gospod na pomoš i neka najdat podadeni race, mnogu e tažno čovek da zagine vo tugina. No toa se dešava - za žal. Ako ne vo stranstvo, togaš doma... sekogaš nekoj strada, umira mlad, a nekoj živee solidno do dlaboka starost. Toa se sudbini - da ostanaa lugevo doma, možda ke gi udreše infarkt od nervoza, što nema pari, za da ja hranat familija. Tuka e mnogu teško da se kaže što bilo - ednostavno, se desi toa, lugevo si otidoa. Mnogu mi e žal. Pozdrav i sočustvo.
Од: esnaf turcin
Датум: 18.12.2010 21:13:57
За жал и јас се согласувам. Велам за жал, бидејки повеќе би сакал тука да се создадат услови за живот за да луѓето не мораат “за мали пари“ да одат далеку од дома. За “големи пари“ некако но, од мака, е жално. Да ли ова го читаат тие што не доведоа до “ова дереџе“ (дозволете ми малку турцизам).
Од: od posten covek
Датум: 19.12.2010 12:57:02
socuvstvo do familijata na zaginatiot,ali ne ste vo pravo ni spiridon ni riste 20, za ovaa tragedija ,pa i za drugite tragedii sto se desavaat ,nikoj kriv ne gi ubil ni vmro ni sdsm,kakva vrska ima politika so toa ai drzavata ne e kriva.

Најди! во Утрински
Хроника
Апелација му го продолжи притворот на Бајруш Сејдији
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks