Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
13.11.2011, 15:49

И Владата со нова фасада

Целта не била објектот да добие стилски лик, туку нова лушпа, бидејќи прозорците не дихтувале

Деспина Трајковска


И објектот на владината зграда на „Илинденска“ бб ќе добие нова фасада. Дали ќе биде стилска, како оние од „Скопје 2014“ или, пак, модерна и стаклена каква што е сега, ќе зависи од понудените идејни решенија.

Надлежните тврдат дека во објавениот конкурс за избор на идејно решение за фасадата не се инсистира на одредени детали, ниту, пак, генерално на некој стилски изглед. Најбитно било објектот да добие нова лушпа, оти постојната веќе со години им создава проблеми на владините функционери. Застарените прозорци, со кои речиси 100 отсто е покриен објектот, биле главната причина поради која е во план нова фасада за зградата на „Илинденска“ бб.

„Дува од сите страни, прозорците не дихтуваат и се соочуваме со разни проблеми, губиме многу топлинска енергија. Стаклата немаат изолација, под нив има азбестни плочи, материјал што е отровен. Поради ваквата состојба, летно време внатрешноста на објектот тешко се разладува, а зиме, пак, едвај се стоплува и покрај централното греење. Од тие причини одлучивме да ја смениме фасадата“, објаснува Васе Доневски, директор на владината служба за општи и заеднички работи, која е носител на проектот за промена на фасадата и ќе го избере новото идејно решение за зградата.

Доневски објаснува дека во случајов не може да се изврши само промена на прозорците без да се менува целосната лушпа на објектот, оти такви веќе не се произведувале. Така, надлежните одлучиле комплетно да направат нова фасада. Тврдат дека изработката на ново идејно решение за надворешноста на зградата е комплетно оставена на заинтересираните сами да одлучат каков стил за фасадата ќе понудат.

„Дали ќе биде стилска, модерна, комбинација на модерно и рустично, ние не одлучивме. Апсолутно се' е оставено на понудувачите на идејните решенија, а потоа, во зависност од понуденото и од градбата, ќе одлучиме што најмногу ни одговара“, дополнува Доневски и додава дека иако објектот е изграден во 70-тите години на минатиот век, до сега не била извршена санација ма фасадата. Единствено имало „шминкања“ во внатрешноста на објектот и од неодамна биле реновирани тоалетите.

Со оглед на роковите за избор на новата фасадата, а потоа и времето потребно за изработка на изведбениот проект, надлежните проценуваат дека надворешниот изглед на зградата ќе почне да се менува најдоцна до почетокот на летото. Колку пари ќе чини менувањето на фасадата на препознатливиот стаклен владин објект, ќе се утврдело по завршување на сите постапки за избор на идејно решение, на проект, изведувач. Битно е, вели Доневски, што за оваа намена веќе се планираат пари во буџетот за наредната година.


Статијата е прочитана 3358 пати.

Испрати коментар



Пристигна првиот минибус
Кучињата ќе добијат свој парк
Искршена скала на фонтаната на Александар



gestarbajter, 14.11.2011 03:53:38
Se utepavte od rabota.
Тоше, 14.11.2011 11:35:59
И јас сум за барок на зградата на Владата! Барокот највеќе одговара на инквизиторската политика.
prof. georgi konstantinovski, 14.11.2011 11:37:42
za prerabotkata na fasadata so cel da se podobrat termickite i akusticni svojstva na objektot ne e potrebno da se raspisuva konkurs (tender), tuku vistinskiot pat za da se realizira ovaa pozitivna zamisla e da se dade direktno na avtorot na ovoj objekt da go izraboti proektot! Ne e korektno da se izbegnuvaat avtorite na objektite izgradeni vo duhot na sovremenata arhitektura i bez nivna soglasnost da se pravat bilo kakvi intervencii. Toa e vistinskiot pat vo edno kulturno opstestvo!
nade ljorovska petrovska, 14.11.2011 11:54:41
spored mene izgledot na novata fasada na vladata bi trebalo da bide vo moderen stil. toa go znaat arhitektite, moderno a sepak da odgovara za edna takva institucija.
od ostrijot, 14.11.2011 11:57:40
da fasadata mora dase obnovi novi prozorci a nebibilo loso i nekoja nova skluptura -spomenik a za pari nese sekirajte krediti keni dadat.
Леви, 14.11.2011 14:02:49
За изгедот на фасадата можат да одлучуваат исклучиво авторите на објектот, или постоечката да се замени со иста таква од модерни материали. Се друго е насилство кон авторството. Би го видел тој мајчин, што би се осмелил на запад, без согласност на авторот да му стави гротесктна ограда на мостот во Севиља, или постави канделабри во Бабур. Европски културни талибанци.
tina, 14.11.2011 17:29:27
neka odat na zelen pazar i neka kupat samoleolivi sungercinja sto se lepat oklu prozorite znaete kako dihtuvaat odlicno em mnogu eftino ke di cini samo 20 den. za parce ima i gumicki tie se malku poskapi ama se po trajni. znaete kolku ke zastedat ke imaat za drugo povece pari.
bravo, 14.11.2011 21:27:32
bravo Levi, se soglasuvam so tebe, ama ovi na vlast se desni i ke go napravat sprotivnoto pa posle i ako izgubat na sud povtorno nie ke plakame.Za zal tie se pravilata na igra kaj nas, ako voopsto postojat pravila.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Гајдаши стојат на воените гробишта на Коминвелтот во Рамл во близина на Тел Авив, пред комеморативната церемонија за паднатите борци
Најнови вести
Време
Скопје, -4°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: -1°C, Мин: -9°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: -2°C, Мин: -12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |