Број 3446  среда, 01 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Енергија








Site Meter
На прво место

За името се зборува во телеграмите на „Викиликс“

Пред Самитот на НАТО во Букурешт Париз бил против да се притиска Грција за членство на Македонија

Според она што барем засега може да се открие во документите на „Викиликс“ за телеграмите на американската дипломатија, Македонија се спомнува само на неколку места и тоа е поврзано со прашањето за името. Според овие телеграми, пред една година помошникот државен секретар, Филип Гордон, во Берлин се сретнал со Кристоф Хојзген, советникот за национална безбедност на германската канцеларка и во многубројните теми за кои разговарале е и прашањето за името.

„Гордон го брифираше Хојзген за состојбата околу преговорите забележувајќи дека двете главни прашања се географската определба и меѓународната употреба. Хојзген забележа дека канцеларката го знае македонскиот премиер Груевски преку нивното заедничко членство во Европската народна партија и има расположение да го вклучи него во ова прашање ако тоа биде корисно“, е напишано во телеграмата од американската амбасада во Берлин.

Во јануари 2008 година Џозеф Вуд од канцеларијата за национална безбедност на потпретседателот на САД разговарал во Пари�� со Филип Ерера, советник за стратегиски прашања на министерот за надворешни работи Бернар Кушнер, и со Франсоа Ришие, советник за стратегиски прашања на претседателот Никола Саркози.

Разговорот за Македонија бил околу темата за проширувањето на НАТО пред очекуваниот самит во Букурешт. Ерера му рекол на Гордон дека Франција нема ништо против членството на Хрватска во НАТО, а дека Албанија треба да ги „исчисти“ корупциските досиеја. „Што се однесува до Македонија, Франција не ја потценува сериозноста на прашањето за името за Грција и дека САД не би требало да ја направат истата грешка“. Франција нема да ја притиска Грција околу ова прашање затоа што владата во Атина може да падне а следната влада би била непријателска кон ратификацијата на проширувањето на НАТО.

И тоа е приближно се', од она што досега се знае. Медиумите веќе објавија за разговорите на Филип Гордон со францускиот дипломат Жан Клод Левит околу Македонија. Нема ништо спектакуларно.

Но, „Викиликс“ објави 250.000 телеграми. Во таа густа шума на информации е многу тешко брзо да се најдат информации што се однесуваат на Македонија. Факт е само дека американските функционери разговараат на различни нивоа со своите европски сојузници за прашањето на името. (Љ.П.)


#
Статијата е прочитана 2090 пати.

Испрати коментар

Од: A za vojnata vo 2001?
Датум: 01.12.2010 15:39:23
A sto se zboruva za vmesanosta na SAD i NATO i EU vo vojnata vo 2001 godina, e tek ova e poslastica za nasite samouveruvanja za nasite prijateli i zagrizeni za Fuere i drugite stranski diplomati kaj nas.
Од: xxL from Prilep
Датум: 01.12.2010 16:39:38
do "A za vojnata vo 2001" : za da ti bidi pojasno ,edno ke ti kazam,a mozi i dve... Koga srbite(Milosevic) go zavzedoa Cupino Brdo,makedonska teritorija,Amerika mu se zakani preku mediumite deka ke go bombardira Belgrad,posle taa zakana ,tie se povlekoa od Cupino! Drugo:ako sakaat amerikancite nas da ne snema,toa ke go storat za dve sekundi!R Makedonija e pod postojana zastita na Amerika,voena i ekonomska... Samo slepec ova nemozi da go vidi.
Од: Миле
Датум: 02.12.2010 03:00:17
"Но, „Викиликс“ објави 250.000 телеграми. " Ова не е сосема точно. Wikileaks ЌЕ објави 250.000 телеграми (или барем така се заканува) :) Досега се објавени само неколку стотини. Останатите 99.9% ќе се објавуваат бавно и дозирано во текот на наредниве месеци. Терминот "Macedonia" во овие 250.000 документи се споменува преку 800 пати! Така да, допрва ќе има што да се прочита таму. Статистикава е достапна на сајтот, само треба да кликнете пар копчиња :)

Најди! во Утрински
На прво место
Европскиот парламент и' отвори фронт на Македонија
Став „мирно“ пред Груевски и Црвенковски
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society