Број 3594  среда, 01 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
��кономија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Можен ли е пресврт на изборите?

Главната битка ќе се води во Скопје

 Оливера Војновска

Наспроти сондажите на јавното мислење што предвидуваат дека на изборите в недела најмногу пратеници ќе освои ВМРО-ДПМНЕ, и тоа од 42 до 52, (освен институтот „Прогрес“ , според кој, владејачката партија ќе ги изгуби изборите), некои од политичките посматрачи очекуваат пресврт и не исклучуваат да се случат изненадувања. И експремиерот Љупчо Георгиевски прогнозира дека партијата на премиерот Никола Груевски нема да добие повеќе од 40 мандати. Георгиевски е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби изборите во Четвртата и во Петтата изборна единица, а во Првата, Втората и во Третата ќе се води тесна битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски е на мислење дека на овие избори опозицијата ќе се доближи до власта. „Очекувам СДСМ да направи подобар резултат од оној што се прикажува, но не можам да предвидам за колку. Никој нема точна прогноза поради големиот број неопределени граѓани и оние што воопшто не се изјаснуваат. Имаме над 300.000 колебливи гласачи, што е повеќе од гласовите на владејачката партија, така што анкетите ја потценуваат силата на опозицијата“, вели Арсовски. Правејќи споредби со досегашните изборни циклуси, тој смета дека опозициското расположение ќе се прекрши во главниот град. „Секогаш кога се менувала власта, опозицијата правела пресврт во Првата изборна единица. Во Скопје животот е подинамичен и наклонетоста на јавното мислење побрзо се менува отколку во другите градови“, смета Арсовски. Според него, во Четвртата изборна единица власта се' уште има силна поддршка. „Опозицијата е подобра во Струмица, но не знам дали е тоа доволно за да има влијание во целата изборна единица“, вели Арсовски.

Политикологот Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) очекува ВМРО-ДПМНЕ да има од 50 до 52 пратеници, а СДСМ од 33 до 36. Тој не може да предвиди како ќе бидат распределени мандатите по изборни реони. „Не сакам да зборувам напамет бидејќи нема истражување по изборни единици“, се оградува Божиновски.

И политикологот Владимир Мисев од Институтот за демократија не сака да влегува во прогнози за распределбата на пратеничките места во шесте изборни единици.

На неколку дена пред гласањето, македонската јавност е бомбардирана со анкети за исходот од вонредните парламентарни избори. Телефонската анкета на Институтот „Димитрие Чуповски“ покажа дека ВМРО-ДПМНЕ би освоила 58 пратеници, СДСМ 29, ДУИ 15, ДПА седум, НДП и ЛДП по четири, а другите партии три пратенички места. Според сондажа на ИПИС, ВМРО-ДПМНЕ би освоила 52 пратенички места, СДСМ - 34, ДУИ - 14, ДПА- осум, НДП - четири, додека ВМРО - Народна партија, ЛДП, Обединети за Македонија и НД би освоиле по две пратенички места. Агенцијата „Рејтинг“ за ВМРО-ДПМНЕ предвиде 48 пратеници, за СДСМ - 35,ОМ - 3, ВМРО-Народна - 4, ЛДП- 2, ДУИ -13, ДПА- 8, НДП- 4, НД-3. Институтот „Либерта“ прогнозира дека ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 42 пратеници, СДСМ 40, ДУИ и ДПА по 13, НДП 4, ВМРО-НП и ОМ по 3, а по еден пратеник ќе добијат НД и ЛДП.

Според последната анкета на Институтот за демократија, ВМРО-ДПМНЕ би добила 48, а СДСМ 37 пратеници, ДУИ - 16, ДПА - 9 пратеници, НДП - 3, Обединети за Македонија, Нова демократија и ВМРО-Народна по двајца пратеници, а ЛДП едно пратеничко место.

За разлика од овие анкети, Институтот „Прогрес“ (кој важи за близок на опозицијата) предвидува победа за СДСМ со 39 пратеници, ВМРО- ДПМНЕ - 37, ДУИ - 16, ДПА - 10, НД - 6, НДП - 6, НСДП - 1, ВМРО-Народна - 3, Обединети за Македонија - 2 пратенички мандата. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 5976 пати.

Испрати коментар

Од: Го знам резултатот од изборите
Датум: 01.06.2011 00:07:28
...... Ама не го кажувам.............
Од: jovan
Датум: 01.06.2011 00:10:02
Neka bidat PRESREKNI onie koj ke dobijat poveke od 50setina pratenika.Ne veruvam deka nekoj ke dobie ubedliva pobeda.Koj i da pobedi,ke pobedi so razlika 7-8 pratenika,eve i 10 neka bidat.Pred malku na feis buk, vo zivo gi sledev odgovorite sto Premierot gi davase na prasanja od gragani.Birani bea "levi" prasanja,po pola saat odgovarase i filozofirase na beznacajni prasanja povrzani so nekoj si rakometni klubovi,dodeka "nezgodnite prasanja"(gi procitav site)ne gi ni spomnaa.Seta taa fejs buk cirkuzijada ne e nisto drugo,osven ocaj i strav.Ni samite veke dlaboko vo sebe ne veruvaat deka ubedlivo ke pobedat.Naprotiv,gi obzema i strav od poraz.Najgolemo iznenaduvanje ke bidat malite partii koj site zaedno ke soberat dovolno glasovi za da potoa imaat nekakva"tezina"vo idniot Parlament.No tuka i najmnogu ke ima obidi za kradenje na glasovi.
Од: Kole
Датум: 01.06.2011 00:12:24
Јасно е веќе! Од 6 Јуни ќе имаме прва жена за премиер.
Од: Caki
Датум: 01.06.2011 00:28:33
Bash me interesira od tie 300 000 neopredeleni kolku se penzioneri.zemjodelci i studenti! ,Jas tipuvam 61 pratenik za N.G.
Од: ivo
Датум: 01.06.2011 00:34:22
da da mozen e samo vo nekoj drug svet imaginaren izmislen od sdsm...
Од: pola BT pola VE
Датум: 01.06.2011 00:34:29
Od ona sto go vidov vecerva vo Bitola - veruvajte veke se znae
Од: Трпе
Датум: 01.06.2011 00:35:30
Ако македонскиот народ сеуште се наоѓа во хипноза на илузионистичките способности на пропагандната власт,нека си гласа за нив и нека си трпи.Нема после каење и да велат не знаевме.
Од: P.
Датум: 01.06.2011 00:37:31
Nerealni pretska\uvanja. I od ednite i od drugite. Vo prviot slucaj bi imalo 91 pratenik makedonci zaedno so drugi etnosi i 28 albanski prateniuka. Do kolku ova prognoza se ostvari ke proizleze deka vo drzavava ima poveke od 25% albanci i za utvrduvanje na nivniot tocen broj ne e pneophoden popis!; vo drugiot slucaj bi imalo 81 pratenika makedonci i drugi, a 39 pratenika albanci, so sto bi se potvrdila nivnata teza deka gi ima poveke od 40-50 % vo drzavava! Prognozite se imaginativni no netocni.
Од: Кутлеш
Датум: 01.06.2011 00:48:45
Некако многу посериозни ми се бројките на телефонската анкета спроведена од Институтот „Димитрие Чуповски“, отколку она што го кажува еден Љубчо - кој не знае што зборува. Пред 2 месеци изјави дека се поизвесно е дека Никола Груевски трет пат по ред ќе освои повеќе од 50 пратеници! Имајќи предвид дека по сите анкети рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 2.3 - 3 пати поголем од Рејтингот на СДСМ, 58 наспроти 29 ми е дури оптимистички и за опозицијата!
Од: ljupco
Датум: 01.06.2011 00:57:42
Koga ke gi procitam ovie anketi na progres im se cudam na pametot.Nemozat bar malku da bidat poobjektivni, nema nikakva teorija sdsm da ima poveke pratenici
Од: jasko
Датум: 01.06.2011 01:07:52
Kakov presvrt zboruvate? Mozen e vmro-dpmne 65 pratenika, sigurna i ubedliva pobeda na VMRO-DPMNE, JAS I CELO MOE SEMEJSTVO!!!
Од: makesoski goran
Датум: 01.06.2011 01:09:54
vie samo nadevajtese deka ke bide taka hahahahah
Од: Johnny
Датум: 01.06.2011 01:41:38
Koj ke pobedi na izborite se cita od licata na Branko i na Grujo.Se gleda i od nivnite nastapi i govori.Grujo pocna da se gubi,pa tropa za manifesti od 903,asfaltira veke "asfaltirani" patista,se kara so kogo ke stigne,bara penzija za penzionirani politicari,se guska so Zingo i Amdi Bajram,lopatari kaj ke stigne,partiskite mu vojnici tepaat gragani,se pijancat i mocat vrz bilbordi na opozicijata,maltretiraat i ucenuvaat i sto lu uste ne i kakvi li uste ne necivilizarani maniri pokazuvaat.Ova ne ke da mi lici na kampanja na partija koja e sigurna deka ke osvoi 58 pratenika.Ova mi lici na partija koja e svesna deka gubi.A Branko?Brane ne odi vo kampanja ako ne e siguren deka ke pobedi.A za rejtinzite ne prasuvajte go Bozinovski.So telefon vo raka od kancelarija ne se pravi anketi,osobeno na na ovie izbori na koi pritisocite i zakanite na vlasta vrz graganite se sttrasni.Covekot ne e mrdnal od kabinetot pa zatoa najmalku relevantno e negovoto mislenje za vistinskite rejtinzi
Од: makedonecot
Датум: 01.06.2011 02:04:30
presvrt da moze da ima samo ako se sluci nekoe cudo na 5ti.. narodot ke go napravi vistinskiot izbor i ke izbere reformi !
Од: Mende
Датум: 01.06.2011 02:44:47
Диктатура во Македонија!!! А избори секои две години....Прости им ГОСПОДЕ.Не знаат што зборуваат!
Од: Реалист
Датум: 01.06.2011 03:38:01
Би сакал да им порачам на "аналитичариве" да пазат КАКО предвидуваат (нарачано или реално) затоа што сите нивни изјави остануваат запишани на Интернет, а после изборите ќе се потрудам да направам и објавам компилација на нивните предвидувања споредени со крајните резултати од изборите, па да видиме кои од нив се аналитичари а кои шалабајзери. Еднаш веќе конечно да понесат одговорност за нивната професионална работа, а не само да лапаат пари за тресење глупости.
Од: Шваба
Датум: 01.06.2011 07:49:37
не е можен пресврт, тимот што победува не се менува, реформите ќе продолжат
Од: kiki
Датум: 01.06.2011 09:05:28
pa luge bre pa sto ocekuvate vece od gruevski pa za toa li se pravat ovie izbori toj pak da bide pa toj vece viden i neka se trgne vece od pol.ne go biva za nisto pa iden premier na r.m ke bide sekerinska i tao e jasno.
Од: Јованка
Датум: 01.06.2011 09:41:36
Јас сум за Рада само затоа што е жена. Мислам дека жените се многу поодговорни од мажите. Затоа, ги повикувам жените во РМ да го дадеме својот глас за неа! Доста ни е и од Бранко, и од Никола.
Од: Milkshake
Датум: 01.06.2011 09:55:15
Mislam deka e jasno koj se grizi za narodot vo R Makedonija! Kolku subvencii za zemjodelstvoto, javniot sektor, penzionerite i iljada drugi investicii! Redno e da kazeme DA za reformite i DA za progresot na Republika Makedonija!
Од: Петроније Велики
Датум: 01.06.2011 10:02:27
Пресвртот не само што е можен, туку е и веројатен. Целата атмосфера наведува на тоа. Нема енергија во ДПМНЕ некако. Очајна посетеност на нивните митинзи (и тоа со сите сили е мобилизацијата), безидејност во настапите (Бранко, па Бранко... аман), избегнување на дебати (само Латас, Миленко и компанија, ама со прашања кои им ги дава Протуѓер), итн, итн... Нека се пакуваат, ќе имаме премиерКА...
Од: zoki
Датум: 01.06.2011 10:08:58
Pavel Satev bile stalno najrealni ! ama ja sum za nad 58 pratenici za VMRO
Од: Стефан Битола
Датум: 01.06.2011 10:10:17
За каков пресврт се зборува тука? Нема веќе изборни фалсификати, како што Бранко беше научен да ги прави во 90-тите години. ВМРО ДПМНЕ заслужува уште еден мандат за да ги спроведе сите реформи што ги започна. И конечно по пет години да застаниме на здрави нозе. Доста не уништуваше Бранко и неговите „гавази“.
Од: sandra
Датум: 01.06.2011 10:19:25
do realist: sekoj ima pravo na svoe mislenje. I ti nemaš popametna rabota tuku da broiš što koj rekol.Se nadevam deka na lugeto im se zdosadia lagite i deka ke se borat za promena i podobra idnina.Barem taka vi posakuvam
Од: flying-monaco
Датум: 01.06.2011 10:21:35
Se e mozno samo ne ovojpat... Ne pomaga nikakvo nagagjanje, SDSM so zdravje da si odat...
Од: b
Датум: 01.06.2011 10:36:14
Пресвртот веќе е случен. Не ги гледате митинзите? Луѓето подржувачи на власта се преморени и незаинтересирани, собирите им личат на издишан балон, а тек да не се автобусите. СДСМ не носи луѓе со автобуси, а митинзите преполни. Пријатно изненадување се Љубе и Љубчо, кој ако донесат неколку автобуси ке имаат поуспешни митинзи од владеачката партија. Втор доказ е смртната уплашеност на Груевски и тие околу него. Во очите им се гледа стравот, нервозата им расте, а нападите врз се и сешто, мислат им е сламка на спасот.
Од: една бојка од списокот
Датум: 01.06.2011 10:37:41
Можен е пресврт,-единствено ако сите вмро-вци множено со 15 “сигурни“ гласачи од списоците кои нели, “не постојат“, на избирачките места се изјаснат како неписмени, па претседателите на месните или општинските партиски комитети им “помогнат“ позади параванот да си ја искажат својата “слободна“ волја. Единствено така. П.С. И немојте да мислите дека не се способни и за вакви гадотилаци. 1
Од: Jovanka
Датум: 01.06.2011 11:05:44
Se razbira deka site anketi ne se tocni, site si gi pravat vo nivna korist.. no komentatori bidete ednas realni i ne kazuvajte deka Rada ke bide prviot premier.. toa nema teorija da se sluci.. a i bidete srekni ako dobiete 29 pratenici
Од: ФЕЛИКС
Датум: 01.06.2011 11:20:33
Зошто бојазност зарем не им се верува на анкетарската-аналитичка ИФИМЕС,тие најповеќе ,,знаат,, дури и повеќе од овдешните анкетарски институти.Инаку анкетите добро што завршија вчера на полноќ,па така останува уште 3 дена митингашко тормозење на кое се палат единствено партиските воајери.Еве и јас да испрогнозирам власта 51 опозицијата 34,секој што ќе ми ја негира прогнозата нека каже кој колку мандати ќе освои,поинаку е доделување на себеси улогата на тркачка лисица.
Од: Do komentatori
Датум: 01.06.2011 12:03:00
Abe luge, se raboti zza narodot a toj strada. Zosto komentirate naprazno. Idninata treba da ja vodat politicari so um i talent. Taki ima mnogu poveke vo redovite na socijaldemokratskata leva strana. Vmro lkako partija mora da se reformira. Segasnite vodaci se protiv narodot., a za za ne se svesni.
Од: realen
Датум: 01.06.2011 12:05:14
VMRO-DPMNE ke osvoi 55 pratenici , no sepak novata vlada ke ja formira Radmila Sekerinska poradi pogolemiot koaliciski kapacitet.
Од: Кики
Датум: 01.06.2011 12:18:41
Во штабовите на ДПМНЕ веќе владее траорна атмосфера
Од: NIGHTMARE
Датум: 01.06.2011 12:19:42
си ги имаат и вмро нивните членови и сдсм, тие им се сигурни, но никогаш во оваа држава не би требало да се дозволи некоја од партиите да имаат повеке од 30 пратеници затоа што гледаме што се постигна во државата, само се фрлаат пари за глупости и со популизам ги поткупуваат пензионерите на кои реално не би требало ниту да им се дозволи да глаасат.
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.
Датум: 01.06.2011 12:29:58
Sto i da se sluci,sega za najteskiot problem sepak narodot ke odluci !! BaCe-Rada od koi G(r)ujo moze da nastrada ne pravat veke so imeto parada !! I tie vidoa deka predaleku otidoa koga G(r)ujo go mestea a svojot narod vo maloumni go smestija !! Sega sto i da odlucat ke moraat pred narodot da cucat i mudro da "mucat" !! Ako problemot se imeto otide potoa za site polesno ke bide !! Drugi pamet ke davaat vo nivni kalapi ke ne stavaat !! Edinstvena maka ke ima crni pari od budzet da se zima !! E tuka za BaCe-Rada ne ke ima nekoja golema "NADA" !! Zatoa S(D)SM moze za zemeniot kredit debelo da nastrada !!Ako sepak seto ova ne bese pak od BaCeto veke videna maskarada !! Kako i da e neka pobedi toj koj narodot go saka samo da ni se simne od vrat ovaa maka !!
Од: Mudrec
Датум: 01.06.2011 12:40:14
Gladni kokoski proso sonuvaat... Makedonskiot narod e mudar i ke glasa za tie sto go tretiraat ko lugje, a ne ko stoka. Mojot glas odi za tie sto se borat za zacuvuvanje na imeto namesto tie sto go prodadoa imeto, znameto, vojnata vo 2001i voopsto dostoinstvoto na Makedonskiot narod. DA, REFORMITE KE POBEDAT !!!
Од: Интелектуалец
Датум: 01.06.2011 13:12:00
@Стефан Битола, ти читаш ли што пишуваш : „После пет години да застанеме на здрави нозе“ Чии се тие пет години? Кој не донесе на тоа дереџе? За какви реформи зборите бре луѓе слепи? На овие 120 пратеника да им дадеш пак Бранко ќе им е крив. Багра бандитска....
Од: viktor
Датум: 01.06.2011 13:35:27
sdsm41,dpmne38,narodna9,om6,ldp1,dui12,dpa9,ndp4,nd3.
Од: igor
Датум: 01.06.2011 13:40:14
dosta ni e od takvi paraspuri kako branko. vreme da odi vo penzija i da si gi trosi negovite 90 000 den. penzija. neka go ostavi covekot da gi prodolzi reformite . jafkase za izbori eve mu gi. Reformite da pobedat. na 5 juni po datumot ednostavno 5
Од: Д.
Датум: 01.06.2011 14:31:03
Повеќето од анкетиве нарачани се нарачани од Бранко за да си го зајакне егото пред избори, но за жал тоа нема да му помогне! ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДУВА!
Од: Tetreb
Датум: 01.06.2011 15:40:52
Veke se znae, narodot si kaza, po brojkite na luge sto bea pred vlada, sto znaci VMRO 65 pratenika... DA zivee Makedonija
Од: Зебра
Датум: 01.06.2011 15:41:29
Реформите ќе победат, нема сомнение во тоа !
Од: Darko
Датум: 01.06.2011 16:26:03
Na Makedonija i e neophoden presvrt i toa go znaat graganite. Tie ke go napravt presvrtot i ke go ispratat Gruevski vo crniot del od istorijata.
Од: Був
Датум: 01.06.2011 16:38:00
Се знае кој ќе ги добие изборите. Не може партија со лидер како Бранко да оди напред. А кој не знае кој стои зад Институтот „Прогрес“, нека провери. Меѓу нив се високи членови на СДСМ. Јасно е се.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 01.06.2011 17:08:39
Пресвртот е можен,но и многу реален!Оние кои сè уште веруваат дека се работи за патриоти нека го погледаат сајтот на преродбеникот:http://nikolagruevski.com Внимание патриоти!Добро читајте!Сајтот е на распродажба,како и државава,само убаво погледајте ја адресата на живеење,долу,на дното!Ете,каде отидоа народните пари!Во мамини станови и „уметнички дела“!Демек,естета,Шерифов имал истенчен вкус.Најверојатно уметноста добро ја осознал на боксерските тренинзи!Видливо е и од партиската уметност која ја промовираше во сулудиот проект „Село Патјемкин 2014“,со единствена цел,живот во сончевата...(*проверете на сајтот)!Како и да е,ако народов поверува на неговите лаги веќе нема да ни се потребни наредните избори!Тие ќе се одржуваат на истово место,но во некоја друга земја!Секако,денот на одлука е близу и колку е поблизу,сè помалку се убедени дека може да ја освојат власта на мирен и фер начин!Тука се партиските тепачи кои плачат дека жените ги напуштиле заради Бане,Станко,Петко...!
Од: Violeta
Датум: 01.06.2011 18:19:33
prosekot na komentarite po tekstot samo ja dokazuva starata maxima deka sekoj narod dobiva vlada kakva sto zasluzuva, a Makedoncite dedfinitivno ne ja zasluzuvaat Makedonija!
Од: Внимателен читател
Датум: 01.06.2011 18:27:30
До Томе Стојановски дипл. инг 62 год. По овој потпис не треба да се чита текстот. Само човек со посебни потреби може вака да се потпише. Абе дипл инг на 62 год, да не си малку настинат среде лето, или по толку години не дозна што е важно за еден човек Господ да те чува. На ќораво пиле Господ му прави гнездо.
Од: z.a
Датум: 01.06.2011 19:13:35
Jas znam samo edno a toa e sdsm ke gi dobie ovie izbori no za potoa kako ke bide nee jasno dokolku ne se svestat i ne izbrkaat nadvor 50.000 administracija tie sto sega se mnogu samouvereni i go komentiraat tekstov zosto? ZATOA STO NA NARODOT MU E PREKU GLAVA DA RABOTI ZA TAKVI PARAZITI A ONI SAMO DA CICAAT KAKO KRLEZI do kolku sdsm ne go napravi toa nikogas poveke nema da dojde na vlast.

Најди! во Утрински
Политика
Шекеринска бара поддршка од неопределените
Груевски
Ќе разговараме и со СДСМ и со ДПМНЕ
Не дадовме донација за СДСМ, туку кредит
Власта го столчи малиот бизнис
Партиски потпис против притисоци

"""