Дали да се направат неколку теглички ајвар, колку огрев да се нарача, како да се помине месецот
Александрија Стевковска
Новите цени на храната пристигнаа со првите септемвриски денови. Храната поскапува, граѓаните ги пребројуваат денарите во недоумица колку да потрошат и колку да зачуваат за да го поминат месецот. Дали да се направат неколку теглички ајвар, колку огрев да се нарача, дали да се купи од поевтините или од поскапите тетратки, ранци, прибор.
Математиката е без крај, а сметката е иста, парите никако не стигнуваат за сите потреби. Каде е тука есенската гардероба? Се поставува прашањето дали зимата може да се помине со ста��ите фармерки и блузи, или ќе треба да се купат нови, бидејќи старата облека е израсната или искината. Сите не' заплисна бран поскапувања, а трговците тврдат дека тој не е толку силен и нема значајно да го истенчи стандардот. Граѓаните негодуваат. Ги фаќа уплав при секое влегување во маркет.
„Секое одење во п��одавница или на пазар е хорор. Цените се ненормално зголемени. Речиси е невозможно месецот да се преживее со просечни или со потпросечни примања. Пазарам речиси секој ден, бидејќи не сакам однапред да затворам повеќе пари, но сфаќам дека така губам. Имам впечаток дека цените пламнуваат преку ноќ, па од ден во ден непријатно ме изненадуваат“, вели скопјанката Марија Соколова.
Наголемо се тенчи домашниот буџет, кој веќе прилично е изеден од летните одмори.
„Ништо не останува. Немаме ни вода во очите, а не, пак, денари во паричникот. Се чудиме како да преживееме. Дали да платиме комуналии, дали друго. Се' е скапо. Претерано скапо“, се жали Томе Стефановски.
Септемвриските трошоци дополнително се зголемија и со стартот на учебната година. Тетратки, моливи, ранци, нова облека. Со ученик дома, а со тенки плати, невозможно е да се опстане.
„Ние само знаеме како преживуваме. Многу е тешко, бидејќи сме невработени. Претураме од шупливо во празно. Сепак, ќе мора да скратиме од нешто друго, но за училишните трошоци и за храна мора да се најде“, вели Соња Димитрова од Скопје.
Најсвеж пример за наглиот скок на цените е млекото, чија цена во маркетите КАМ, кои важат за едни од поевтините места за пазарење, преку ноќ порасна за 4 денари, па место 43 денари сега чини 47. И кесичка кафе деновиве се продава по нова цена, плус два-три денари за 100 грама.
Во високите цени не заостануваат ниту пазарите, кои малку се олабавија, но се' уште остануваат места каде што оди голем дел од семејниот буџет. Овошјето и зеленчукот се прескапи за овој период од годината, а правењето зимница е оставено за некои подобри времиња.
Цената на лебот, пак, е приказна за себе и создава вистинска рашомонијада на пазарот. Некои пекари ја зголемија цената, други ја задржаа старата. Има леб и со намалена тежина, што значи дека и тука цената е зголемена. Кај и да е, ќе поскапи и месото. Според првичните пресметки, цената може да се зголеми и до 20 проценти. Со свои пресметки излегоа и производителите на масло за јадење, кои еден литар го поскапеа до 76 денари. Тоа е најниската цена, а не се исклучува и нова нагорна корекција.
На прагот на грејната сезона парното доби нова цена, а има зголемувања и кај цените на огревното дрво, кое лани го достигна врвот. Сето ова е само почеток на одвртување на инфлационата спирала која нема да поштеди ниту еден производ. Дека се засилува трендот на поскапувања илустрираат и статистичките податоци, покажуваат дека трошоците за живот во август биле повисоки за речиси два процента во однос на истиот период лани. Најголем скок е регистриран кај цените на основните продукти за преживување, храната и пијалаците. Токму бранот поскапувања во последните месеци ја принуди Народна банка да изврши нагорна корекција на стапката на инфлација во земјава. Според новите прогнози, не се исклучува можноста инфлацијата да достигне и два процента до крајот на годинава. Во меѓувреме, светската организација за храна предвидува цените на прехранбените производи и натаму да растат.
da tocnoe makedonija e naj skapa drzava na balkanot
no zatoa nikoj ne bere griza.
Од: македонец
Датум: 13.09.2010 12:28:15
Се жалат дека нешто се поскапило, а биле на летен одмор???!?!?!?! „Наголемо се тенчи домашниот буџет, кој веќе прилично е изеден од летните одмори.“ АКО ЛУЃЕТО НЕМААТ ПАРИ; НЕМА ПОТРЕБА ДА ОДАТ НА ЛЕТЕН ОДМОР... нека прескокнат некоја година... не се умира ако не се замине... ја не сум бил три години на одмор... и така ќе си заштедат околу 400-500 евра.... Поздрав.
Од: Трпе
Датум: 13.09.2010 12:43:17
Секој домаќин нека земе компјутерот во рака и нека суи направи есап,дали треба да прави зимница и колку ке го чини.А таму ке си пронајде и рецепти.Овие кои немат пари и за најмала количина нека се спремат зимата да јадат компјутери или да се навртат на скулптурите.Ако немат заби за јадење бронза пред нив нека си стават по една кутија и да молат за милостиња.Живот на современ начин.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 13.09.2010 12:59:23
Денар ваму,3 таму...За оние непостоечки 50дени и да не зборувам („никој не им ги барал“,па го нема во промет,а ниту во НБМ),а цените на производите и електричната енергија со години завршуваат на 0,50!Заокружуваат на цел денар,ако не им ги дадете,тогаш следуваат намќорести погледи и лоши зборови!Замислете касиер во Европски супермаркет,кој нема да врати цент!На секој чекор нè крадат на ситно,но и на големо,па потоа нè тераат да се лечиме со надгробни монументални споменици и тапоглави проекти,кои служат за надополнување на нивните „празни“џебови!Производите поскапуваат заради покачувања на Светската берза,но никако да поевтинат,откако берзанската цена ќе падне!Недостатокот пари за исплата и зголемување на плати,секогаш го оправдуваат со некоја банална причина:непријателски блокади,виртуелни непријатели,војни во соседството,Далекиот и Блискиот Исток,или запад...Баш убаво си живеат!
Од: забеган.
Датум: 13.09.2010 13:22:05
А кај се тука невработените?.За социалците не прајме муабет,Тие си зимат по 800 денари на член.Па види мајката ГРУЈО солидарен ќе даел по 600 денари за струја.Ај мој предлог нека сиги задржи тие срества идет зима нека си купет ЧИЗМИЧКИ да немуе ладно.Како не муе срамсе топори пред камери да кажел за 600 денари.
Од: b
Датум: 13.09.2010 13:44:27
Нема, нема никакви закани. Само што секојдневно гинат луѓе!
Од: Ita Franko
Датум: 13.09.2010 13:59:34
150 iljadi administracija ima Srbija so 8 milioni ziteli.Nie so 2 milioni (od koi 1 milion se vo stranstvo na pecalba) imame 125 iljadi administracija.Srbija do 2014 ke mora da ja svede na 90 iljadi i ke ne pretrka na patot kon Evropa.Do Januari 2011 ke namali 15.000 administrativci i taka sekoja sledna godina. Kako nema da se namaluva standardot koga namesto avtopatista i infrastuktura Vladata samo vrabotuva i trupa administrativci.Abe koj ke gi plaka? Do koga ovaa drzava ke bide svetski rekorder po administracija.?Standardot se cuva na razni nacini po razno osnovi. Ke glasam zasekogas za onie koi ke ja namalat adminstracijata pod 45 iljadi iako tie ke gi izgubat izborite.Ne odi be veke vaka.Rudari, zemjodelci i pecalbari da ja odrzuvaat vo zivot drzavata. PARAZITI KOLKU SAKAS.BALONOT KE PUKNE I TOA MNOGU BRZO.Inaku ne ni gine inflacija i 1 evro nad 130 denari.Prasanje:kolku sega ke iznesuva evroto ako nie od Italija, Svajcarija i dr. zemji ne vnesuvame suvi pari od 1,3 milj/godis
Од: mimi
Датум: 13.09.2010 14:06:53
aman be litar mleko kosta 47dinari pa vo Germanija litar mleko kosta 50centa???lugeto si cutat ama ako za takvi ovci i malku e ...
Од: valdez
Датум: 13.09.2010 14:33:28
Nema gajle narodot ke izdrzi, ucen e
Од: Пинг
Датум: 13.09.2010 14:41:24
До МАКЕДОНЕЦ: Еве ти уште еден предлог да заштедиш некое евро, наместо да трчаш по автобус и така да штедиш по 30,оо ден, трчај по такси и ќе заштедиш и до 300,оо ден. А бе луѓево ептен забегаа, во бранење на нешто што не се брани.
Од: 100
Датум: 13.09.2010 15:08:48
Sto cekora kon ambis.
Од: Do NEMAKEDONEC
Датум: 13.09.2010 18:29:45
A zosto samo Makedoncite da ne odat na odmor i da trcaat po taxi za da zastedat.??? Neli nie kako najstara nacija bi trebalo i nekakov standard da imame, a ne vlada sto najmnogu potseca na mafiite od juzna Italija i eden milion goltari. I jas treba da kazam super , mozese i da e poloso. Golemi govna ste toa VMRO-vci ulicarski.