Брoj 2746  петок, 25 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Дел од обиколницата на Скопје пуштена во сообраќај

Автопатот е дел од северниот прстен окoлу Скопје, кој целосно ќе биде завршен до крајот на годината

Сања Наумовска

Втората делница од обиколницата околу Скопје, на потегот од Оризари до Сарај, вчера беше пуштена во сообраќај. Автопатот е дел од северниот прстен околу Скопје, со должина од 25 километри, кој целосно ќе биде завршен до крајот на годината. Изградбата на делницата е финансирана со кредити во висина од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка. Потегот со должина од 12 километри, кој се градеше во изминатите три години, со главниот град ќе биде поврзан со четири клучки, Стенковец, Волково, Стопански Двор и Сарај. На оваа делница има и три вијадукти од кои најголем е вијадуктот кај селото Орман, кој е долг 630 метри, вијадуктот Кондово е со должина од 435 метри, а оној кај Волково 368 метри. Северната обиколница е дел од Коридорот 8, кој е комуникација на Македонија со Бугарија и Албанија.

На пуштањето на делницата кај клучката Стенковец, вчера присуствуваше и премиерот Никола Груевски. Тој истакна дека инвестирањето во инфраструктурата е инвестиција во подобра бизнис-клима, економски раст и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните.

„Автопатот е изграден според сите европски стандарди, вклучувајќи и звучни ѕидови“, истакна Груевски, подвлекувајќи дека со ставањето на делницата во сообраќај, транзитниот сообраќај во Скопје ќе се намали до 30 проценти. Груевски нагласи дека инвестициите во патната инфраструктура продолжуваат со проекти за рехабилитација на локалните и на регионалните патишта, кои треба да се реализираат до 2011 година.

Делницата која е отворена за сообраќај почнува северно од Шуто Оризари, поминува покрај Коњски Рид и продолжува во близина на гробиштата „Бутел“. Поминува покрај клучката Стенковец, која води кон Приштина, покрај реката Лепенец, низ населбата Вучидол и излегува кај Кондово, каде што се поврзува со автопатот Скопје - Тетово. Максимална дозволена брзина ќе биде 120 километри на час.

Обиколницата, која целосно ќе биде завршена до крајот на годината, е долга 25 километри има четири ленти, со широчина од 27,5 метри. Првата делница од Хиподром до Оризари е со должина од 14 километри и се' уште се гради. Северната обиколница ќе има вкупно девет приклучувања со Скопје, како и три моста кои ќе им го олеснат движењето на жителите на околните места. Таа го заобиколува северниот дел од Скопје, од Хиподром до Сарај. Вредноста на целата обиколница е околу 135 милиони евра.


Статијата е прочитана 1172 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Се поместува атмосферска канализација на „Сава Ковачевиќ“
Драчевци се противат повторно да си го откупат земјиштето
Нов тротоар на улицата „Втора македонска бригада“
Крводарителска акција во Домот на АРМ
Се гради канализација во Волково