Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
На прво место

Со дрва го потпираат училиштето за да не падне

Дојде ли есен, учениците и наставниците во тетовско Мерово живеат во страв дека дотраената барака ќе се урне врз нив

Жаклина Ѓорѓевиќ

МЕРОВО - Куп дрва стојат потпрени на ѕидот од селското училиште во Мерово, општина Желино, кое спаѓа под централното основно училиште „Пашко Васа“ во Групчин. Кога ќе дојде есен, наставниците од ова училиште редат дрва во страв дека дотраената барака ќе се урне врз нив. Кога дува, дрвената барака се тресе, велат наставниците од ова училиште, на кои како и на учениците им е страв кога доаѓаат тука.

Парчиња од лесонит паѓаат од таванот, кој е дрвен и нема плоча што го држи кровот. „Најчесто паѓаат стакла. Ете, завчера падна стакло од прозорец, бидејќи имаше силен ветер и, за среќа, никој не беше повреден“, вели Ихмет Селими, одговорен наставник во училиштето, кое изгледа застрашувачки.

Цели пет години училиштето апелирало преку општината да се интервенира и да се спасат учениците од евентуална несреќа, но никој не реагирал. Екипи од Министерството за образование, кои пред извесно време го посетиле училиштето, се чуделе на условите во кои учат дури 140 ученици. „Им реков на надлежните дека одговорноста ќе биде нивна ако падне кровот врз учениците“, ни рече директорот Нуредин Исмаили.

Ова е само едно од трите училишта што се на листата на чекање за нови објекти во ресорното министерство.

Бараката во Мерово датира од 1977 година, како и другите две во Ново Село и Копачин Дол. Училиштето, кое е на половина пат од Скопје до Тетово и се води како планинско, личи на швајцарско сирење, со дупки и откорнати делови од надворешниот ѕид, а внатрешноста изгледа уште пострашно. Подните штици се нишаат кога газите по нив, а меѓу нив ѕиркаат и дупки. Тешка миризба се шири од влагата поради која надвиснале лесонитните плочи одделени со дрвени лајсни, за кои е прашање на време уште колку можат да ги држат. Поради тоа ,во опасност се и компјутерите, кои уште стојат нераспакувани во кутии во наставничката канцеларија. Клупите тука се стари исто колку и самото училиште, кое е предвидено да се урива идната година. Во целата оваа слика стрчи компјутерот, кој го постави Министерството како дел од проектот „Компјутер за секое дете“. „Прво дајте му на човек да јаде, а потоа нека пие ракија“, се шегуваат селаните од овој крај, коментирајќи ги компјутерите, кои станаа дел од инвентарот на овие бараки што се пред распаѓање.

„Во подот интервениравме со пур-пена со која ги пополнивме дупките, но ние не можеме да изградиме нов објект, туку само да крпиме“, објаснува директорот Исмаили. Тој тврди дека претходно не е инвестирано во училиштето до кое во зима велат дека е многу тешко да се дојде поради непроодноста на теренот и тесниот пат што води дотаму. Директорот тврди дека со свои средства интервенирале и ги уредиле тоалетите со плочки, кои се надвор од училиштето. Но, и тука има проблем, бидејќи немаат септичка јама.

Сепак, училиштето во Мерово не било на ред за уривање, туку она во Ново Село. Тоа веќе две години стои во Програмата на Министерството за изградба на нови училишта, а сега на негово место е ставено училиштето во Мерово како приоритет. За Ново Село одговорните побарале да се урне, бидејќи имале големи патни трошоци за наставниците и учениците, а и поради дотраената барака, која е стара четириесетина години, како онаа во Мерово. И оваа барака се тресе кога дува ветер, иако условите тука се подобри од оние во Мерово. Учениците и наставниците имаат проблем со вода, која ја носат со кофи од селскиот извор, но не ја користат за пиење. И тука надлежните донирале компјутер.

Дрвениот под „игра“ и во стариот објект на централното училиште, кое се наоѓа во Групчин, а датира од далечната 1933 година. Кога имаат приредби, претстави или хорско пеење, наставниците ги собираат децата на долниот кат, бидејќи се плашат дека ќе пропаднат низ дрвените штици. Но, затоа учат на нови клупи, кои се донирани за да се инсталираат училишните компјутери. „Седиме со страв. Внимаваме да не се групираме многу“, објаснува еден од наставниците во ова училиште во кое дрвените прозорци се затвораат со ш��јки, па затоа се внимава и со нив.

Неодамна постапките за изградба на нови училишта во Ново Село и во Струга беа поништени со образложение дека „поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган“. Од Министерството објаснуваат дека поради ребеланс на буџетот се намалени средствата за изградба на училишта, но нивни приоритет и натаму ќе биде инвестирање во образованието. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 2447 пати.

Испрати коментар

Од: Cacko
Датум: 04.12.2010 12:31:44
Pa sto im fali?!Ete naskoro i tie ke dobijat "svoi" spomenici.
Од: Трпе
Датум: 04.12.2010 12:41:07
Училишната зграда каква е ,тоа не е ни важно.Добро е што има компјутери во училниците.Само кој ке ја плати штетата ако дојде до уништување на компјутерите.Животот на учениците не е важен.Сигурно не ги пораснала владата.
Од: Od Zapad
Датум: 04.12.2010 13:42:21
Sakam da znam dali vo istite sela imaat ogromni, moderni djamii so visoki minarinja po 50 metri. Nemam namera nikogo da uvredam.
Од: Mizerija
Датум: 04.12.2010 14:56:16
Obrazovanieto i Zdravstvoto se klucni oblasti za razvoj na sekoja Drzava.Ova Uculiste e klasicen primer na trulata politika na segasnata i na site prethodni Vladi od osamostojuvanjeto. Nedostiga gradenje na infrastrukturni objekti, nema gradenje na fabriki .Toa se oblastite vo koi treba da se investira, a ne vo spomenici i jarboli. Popolusticka Vlada od ovaa nemalo.
Од: Б.
Датум: 04.12.2010 15:03:01
Да ја парафразираме песничката Бело млеко ,-Црни Грујо,црна Влада, и народот црно страда!...
Од: albanec od diaspora
Датум: 04.12.2010 15:52:09
lele kakva omraza od strana na makedoncite ...a barate prava za vashite vo allbanija koi ne se poveqe od edno sello kako shto e aracinovo...zarem i shkollite treba sami nie da gi gradime ..kako shto gi gradime nashite dzhamii ,patishta i shto vnesuvame ogromni pari od diasporata taka shto ja izdrzhuvame i makedonskata ekonomija ...dajte ednashka bidete reallni ...zarem ne gledate deka cell svet ne ve priznava i oti sakaat da ve izgubat sose temel .....najiskreno ve pozdravuvam so nadezh deka ne navrediv nikogo kako shto bara 2 komentator
Од: ismet
Датум: 04.12.2010 17:15:34
битно е да има пари за споменици-овој неписмен министер побрзо да си оди...
Од: deli
Датум: 04.12.2010 17:34:53
Makedonija - država na kontrasti. Opišanata rabota e absolutna tragedija i vistinska slika na Makedonija vo 21. vek. Batališite gi veke edneška starovremskite gluposti i najrazličnite bogovi (oti BOG e samo eden edinstven a samo toj znae, kakov e i kade e i sitnite čovečinja na malečka topka što pliva vo svemir vrska i poim nemaat za nego!) i obratete se kaj segašnosta i idninata - inaku stvarno ke bidete za smeanje na cel svet i nikoj nema da ve smatra za luge vredni vnimanie i pažnja.
Од: забеган.
Датум: 04.12.2010 18:03:35
Епа господа аХМЕТИ е дел од власта.Вие го избравте,Ако има авторитет нека мусе допре на Газдата еде на Груја.Нели некога и потчинетиот има право да се побуни????.
Од: srebre
Датум: 04.12.2010 18:14:46
samodoprinos moze da se dade i zaskola i za bolnici i za pat i za se ama cudno eden davakonetar dzamii moze dagradat ama ne i skoli e kao se gradi dzamija za 400dusi vo tie sela a ima po 50 kuci...
Од: Ајван Доктор®
Датум: 04.12.2010 22:10:21
Гнили учебници,трули училишта,болници во распаѓање,без апарати,без основни материјали,улици тротоари и патишта со кратери,испосечени шуми и касапница на дрва низ Скопје,масакр на дрвја на Водно... Дрвата си работат...Сè е ова нормално однесување за луѓе што ја прескокнале „Зоки Поки“!Па ова ми смрди на ренесанса,нели Феликс!
Од: Anonimen
Датум: 05.12.2010 00:20:19
Gospodine Albanec od dijasporata, znam deka sega kje bidam pogreshno svaten, ama sepak, jas vo ovaa drzhava site lugje gi gledam kako gragjani na R.M i ona shto mi smeta e koga nekoj koj shto ima makedonski pasosh kje mi se obrati mene kako na stranec, kako shto sega vie toa go napravivte aludirajkji na site Makednosci, se dodeka site ne se pochustvuvame kako pripadnioci na ovaa nasha drzhava, crno ni se pishuva na sitei @na vas@ i @na nas@.
Од: Makedonec od dijasporata
Датум: 05.12.2010 02:13:24
Pocituvani,najprvin Skoloto pod hitno da se popravi i decata da imaat bezbeden prostor kade sto ke ucat,kako sto gledam na slikata i ne e tolkava golem trosokl,kade se lokalnite vlasti koj sto go i rasporeduvaat bugetot koj im se dodeluva,ama mora da ima i nesto drugo oti sme rodeni za inat Makedonci ili Albanci,samo za vlast se borime a za partii i da ne pocnuvam,nemame razviena svest deka zaednicko ni e podmaladokot educiran i zdfrav.
Од: Од Исток до Запад
Датум: 05.12.2010 10:15:13
До Запад пршуваш дали има модерни џамии во истото село.Значи сугрираш ако има џамии школпто нека им остане такво какво е. Децата нека одат во модерни џамии. Сигурно исто така мислиш каде што има модерни цркви не треба и модерни школи. Само во центарот Скопје на 2 квадратни километри има 8 импознтни цркви и5 современи училишта. Абе Запад со ограничена мисла, кажи овие деца да одат во црква или на училиште.
Од: коле
Датум: 05.12.2010 16:42:02
Кој е “заслужен„ за ваквата состојба на училиштето,да одговара! Ме чуди што населението не се организирало порано за да протестира и да не ги праќа децата во вакво училиште? Не од прво искуство, но, се има протестирано и за многу “побеззначајни“ работи. Овдека протестот би бил сосема на место. Ми пречи што албанциве, наши сограѓани, се што не е доволно добро организирано кога се тие во прашање го прикажуваат како да е тоа само затоа што се албанци. Ми пречи и тоа што им е тешко да се поистоветат со државава, некако се полојални на Швајцарија, ЕУ и САД и ги почитуваат нивните закони. Време е да почн(еме)ат и со почитување на законите на Р.Македонија. Мислам, согласни сме сите дека сакаме демократија, либерализам, (мирен - просперитетен живот?)? Такво нешто без почитување на закони (донесени во соодветна процедура) нема. Второ, целосно ја поддржувам изградбата на Македонија (тука со се спомениците). Проблеми секогаш ќе има не може да се сопре со се додека не се решат сите.Тоа не
Од: Goran Makedonec
Датум: 05.12.2010 18:49:16
Ponekogas se sramam sto sum mkd. Sto ima veze dali e makedonsko ili albansko uciliste? Site drzavni ucilista vo mkd se katastrofa. Mozda nasata istorija e vo spomenicite no nasata idnina e vo tie deca!!! Kade gi ostavame sekoj den i na kogo? Crkvi i dzamii ne se gradat od drzavni pari ama ucilista se gradat. Prestanete so spomenici investirajde vo mkd idnina DECATA!!!!

Најди! во Утрински
На прво место
Полицајците не употребиле сила во бурната ноќ
Јанкулоска
Закажи-откажи расправа во Собранието за А1
 

Dutch clear path for Montenegro's EU candidacy
Bulgaria to issue up to €1.2b in sovereign debt
Macedonia makes controversial African and Middle Eastern links