Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
23.04.2013, 18:37

Не ти се плашиме, Ахмети!

Тројца албански интелектуалци, Зеколи, Мехмети и Рамадани, со отворено писмо до лидерот на ДУИ

Тројца албански интелектуалци Арсим Зеколи, Ким Мехмети и Рамадан Рамадани вчера упатија отворено писмо до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во кое му порачаа дека не му се плашат. Директен повод за писмото се пораките што Ахмети ги упатил до албанските интелектуалци, аналитичари и публицисти на славеничкиот концерт на ДУИ, кој се оддржа на денот кога во Македонија се врати Јохан Тарчуловски.

„Јас имам една порака до сите оние кои мислеле и ќе помислат во иднина дека ДУИ е сила која му наликува на жар а таа е - ако ја допреш ќе те изгори“, рекол Ахмети.

Што стои, пак, во писмото на тројцата албански интелектуалци?

„Забележувајќи дека два пати по ред, за кратко време, јавно ги спомнувате аналитичарите и публицистите, и не сакајќи ова да ви се случи и по трет пат, и уште помалку да ви прерасне во навика, сакаме да Ве потсетиме на едно основно правило кое го знае мнозинството луѓе кои имаат формално редовно образование: коментаторите на јавното мислење и на општеството се набљудувачи и не се странка во процесите и појавите. Исто така сакаме да ви кажеме дека ’јагленот’ е изгаснат жар, и дека доколку во иднина посакате да ни се заканите преку метафори, треба да внимавате како ги употребувате, бидејќи кога ги употребува некој што не го знае нивното значење, тогаш говорот може да заличи на лаење “, велат тие во писмото.

Понатаму додаваат: „Ние сите ги знаеме вашите пропаднати набљудувања и аналитички тентативи: во геополитиката, во литературата, во верата и во општеството во минатото, додека во овој момент сме фокусирани на разоткривањето на сегашната шема на вашето политичко вазалство, која продолжувате да ја практикувате со страв и недостаток на знаење и личен лидерски капацитет. Ние исто така го знаеме и нашиот грев, кој, и доколку ни го простат другите, ние нема да си го простиме на самите себе: со нашата маленкост Ви помогнавме во времето кога не смеевте да дојдете во Скопје, надевајќи се дека нема да се ’јагленисувате’ и ќе останете жар кој ќе го држи запален пламенот на демократизацијата на албанското општество и на слободното албанско мислење. И кој би можел тогаш да предвиди дека вие ќе се занимавате со тоа што го правите денес - со тоа што со векови го правеле другите на овие простори и за што немавме потреба за вас: со раздорот на Албанците на добри и лоши“.

„Затоа, не се замислувајте дека вашите закани ќе не' присилат да се откажеме од нашите убедувања и начинот на кој ја согледуваме и оценуваме оние кои си замислуваат дека гласот на мнозинството од народот е подеднаков со колективната мудрост на еден народ. Или пак го немааат разбрано фактот што имало политичари кои никогаш не ги изгубиле изборите, кои биле најгласани од сите, за на крајот да бидат толку обезличени што не можеле да разберат дека е полесно да владееш со другите, отколку да владееш над себеси “.

Понатаму тие велат: „Паднаа сите Албанци на српските кралеви, сите Албанци на Пашиќ, Тито, Ранковиќ, Колишевски, Глигоров, Георгиевски, Црвенковски, сите оние кои по своето вазалство многу наликуваа на вашето параполитичко однесување во сенка на Мијалков и Груевски. На овие простори минувале и поминувале многу владетели, но она што секогаш останувало е постојаната и бесмртна идеа за слобода и албанство. А таа идеа опстојувала и живеела и пред да се вратите од Швајцарија, и ќе опстои и откога вие конечно ќе се вратите во вашиот Зајаз, каде како пензионер, на мира ќе ви се разјасни дека во времињата кога вие си ја браневте фотелјата дадена од Груевски, ние сме се бореле да го сочуваме своето достоинство, чест и совест“.

На крајот во писмото тие велат: „Ние не можеме, ниту пак имаме намера, да ја сопреме Вашата страст за прикривање на вашата интригантска природа и вашата потреба за маскирање на потполната капитулација пред палката на Груевски. Потполно свесни за вашето политичко потекло и вашиот подмолен модус операнди, вие би можеле дури и физички да ни затворите устите. Свесни за вашите образовни хендикепи и симплистичкиот начин на размислување, го завршуваме ова писмо со една јасна и кратка порака: ’Не ти се плашиме’!


Статија��а е прочитана 6720 пати.


Испрати коментар



Се спасивме од државен удар
Мртов маж пронајден во депонија во Скопје
Прилепчани пијат исправна вода
Изборите и' донесоа на Битола нов мост и нов асфалт по улиците



Od mene, 24.04.2013 01:58:14
Epa kako za intelektualci imate edna mnogu golema geografska, a Boga mi i istoriska greska. Tesko deka na ovie prostori vasite predci se borele za sloboda i za albanstvoto. Ke da e deka granicata na takvoto nivno dejstvovanje bila zapadno od Kicevo, Struga, Debar, Gostivar i Tetovo. Fino sto ne mu se plasite na Ahmeti. Posebno Kim Mehmeti koj sto taka srcno go branese celoto UCK dvizenje vo 2001 god.
violeta, 24.04.2013 03:07:11
GLAS NA RAZUM, PRISTOJNOST I KULTIVIRANOST
ФЕЛИКС, 24.04.2013 06:56:43
Овој изблик на ,,храброст,, се добива впечаток дека потекнува од ,,аналитичкото,, согледување дека Ахмети е премек политичар,кој види богати не ги задоволува апетитите на салонските интелектуалци.По овој интелектуален трио треба постојано, секаде и секогаш да се има приказ дека Албанците никако да ги добијат своите права.Овие истите не чувме ниту прочитавме збор кога кај западниот сосед имаше фашистички истап во Пустец од црвено-црната алијанса.По форма секогаш интелектуалците треба да се згрозуваат од вакви истапи,независно од каде доаѓаат.Но тука имаме само едносмерна аналитика од еден ист национален настап.Се молчи за етнички шовинизам,дури и се вложуваат напори да тој се оправда.Но затоа постојано се ,,надобудни,, кога се бараат правата а за обврските ,,мало сутра,,
STRAHIJA.GORNI POLOG, 24.04.2013 07:27:42
Uvazena Gospodo Albanski intelektualci nemozem da ja sporim vasata borba i borbata na vasite DEDOVCI sto so vekovi se borele za vasata-nivnata zamislena TATKOVINA siguren sum deka vasite DEDOVCI se borele za nivna TATKOVINA a vie deneska se borite za istata TATKOVINA vo podruga forma . Istinata Je sto vie deneska sve ARNAUTI i vasi DEDOVCI po poreklo se VLASI.SLAVJANI-SRBI i GRCI METAFORICNO PROBRAZENI vo denesni Albanci. Jas licno mozam so prst da pokazem nekoi od moite DRUGARI I KUMOVI denesni golemi ALBANCI vo detinstvo so mojt pokon DEDO sum isol na GOSTI vo nivni kuki kaj negovite BRATUCEDI I KUMOVI a nazalost deneska se plasim za mojot zivot moram namerno da gi izbegavam da ne im vlagam u oci da se pravim tose deka sum gi zabrael stravuvajki od moite BRATUCEDI I KUMOVI da ne gi OTKRIJEM GOLEMITE JUNACI ALBANCI.Site vas trojca bi ve zamolel ako bi sakale da mi pokazete TAPIJA od KATASTER za vasiot imot da bide postar barem 100 godini.A sto se odnesuva za ahmeti prost neciviliz
Човек со пантуфли, 24.04.2013 08:21:05
Еве како се одржува жив пламенот на „Револуцијата која тече“, секогаш повеќе и секогаш подобро...
Гостиварчанец, 24.04.2013 08:49:31
Не знам по кои критериуми Утрински ги сместува ликовиве во интелектуалци ?! Повеќе ми личат на големоалбански шовинисти за кои „сите Албанци се добри“ бидејќи поделбата од Ахмети „на добри и лоши“ создавала неопростлив раздор. Да ги потсетам ликовиве дека фотељите на Ахмети му ги дадоа гласачите на избори а не Груевски оти да беше до него, Ахмети немаше да добие ни триножно столче на какви се тие растени...
Александар М., 24.04.2013 08:51:43
Виолета, Виолета....уште да успееше нешто да прочиташ меѓу редовите.....
Одамна се прочитани, 24.04.2013 09:21:30
Се работи за жестоки националисти кои се обидувааат да ни се продадат како демократи. Се заложуваат исклучиво за албанските интереси и се спремни да премолчат преку секакво кршење на законите и уставот, доколку е во интерес на албанската кауза.
Miki, 24.04.2013 09:37:48
Eve rezimskite ,,trubi,, skoknaa protiv Albanskite intelektualci! Aj sekoj so IQ pogolem od 60 neka si ,,dokuci,, zosto,,??
riki, 24.04.2013 10:06:08
A bre luge ne sum znael deka Ahmeti ima tolku simpatii kaj makedonskiot narod...sekogas koga nie gi kritikuvame nasite predavnici drugite ni gi zalat...
ко беаги демек таков,интелектуалец, 24.04.2013 10:06:13
Интелектуалецот по природа не остава големи траги.Со својот навидум екцесивен настап,настојува да биде смерничар на токовите без јасно видливо заземање страна.Најважното негово делување се содржи во зачувувањето на засебноста,настојувајќи таа засебност постепено да се артикулира во општите интереси.Поаѓајќи од овие премиси пренагласеното дури и форсирано повикување на минатото и вршењето споредба,понекогаш го фрла интелектуалецот во скутот на некое си време,простор,општествен ток,за да постепено тој,истиот,интелектуалецот несвесно иако громогласен,но по принципот на жабата во котелот,кога ќе осамне ќе се најде и тој,самиот на нечија барикада.Човековото битисување било,е и ќе биде,секогаш релитивен поим,во рамките на постојаната апсолутна божја вистина.
Nekoj od nadvor, 24.04.2013 10:08:52
Redakcijo, dali ovie nasi sogragani se ziteli na R.Albanija ili R.Makeodnija??? Eve neka dojdat tuka vo zapadna Evropa i neka stavat vo grafata za drzavjanstvo koja se poistovetuva so nacionalnost-albanec a vo isto vreme se na tovar na drzavta Makedonija! So seta pochit kon ovie individui, megutoa ne se pravete so sila glupavi, ova kolku sto znam jas se MAKEDONCI!!!! so albanski nacionalni chuvstva! Chuvstvoto ne se regulira so pravni akti, ama drzavjanstvoto i te kako! E zatoa nemame drzava! nikade ama nikade vo Evropa nikoj ne se deklarira oficijalno za nesto drugo osven kako zitel na zemjata cie drzavjanstvo nosi. MEgutoa ova ne e novo, sega jasno vi e zosto imase ramkoven a ako ne pochnete da se odnesuvate poinaku ke ima i drugi dogovori...
Џони Вокер, 24.04.2013 10:15:15
Конечно да чуеме еден храбар глас од докажани интелектуалци. А како одговор се јавуваат уплашените „патриотски“ Македончиња со шовинистички коментари. Многумина сè уште не разбрале дека Македонија е земја коа подеднакво ѝ припаѓа на сите кои живеат на ова тло. Штета што од македонска страна нема интелектуалци од ваков калибар.
demiri, 24.04.2013 11:04:11
navistina ahmeti mnogu go saka svojot narod ,cel vek pominal vo svajcarija so toa dokazal golem patriot bil, a nie koi rabotevme tuka za 200 marki nie sme predavnici.
JAS, 24.04.2013 11:14:40
Sekoja cest
xamo, 24.04.2013 11:52:18
kritika na mesto aman od pogresni lugje,zatoa sto mu go izele rucekot pa sega nema veke za niv
jean, 24.04.2013 11:59:01
do nekoj od nadvor -ovie intelektualci se makedonski drzavjani no od albanska nacionalnost a biti preporacal da nese brzas mnogu zosto mnogu brzo i nie ke bideme makedonci so nekoe dolno makedonsko drzavjanstvo ili gorno mak.i neznam kako uste taka da nese brzaj so komentari i napadi na ludjeto.sekade vo svetot imeto na drzavata i nacionalnosta nese kako vo makedonia vo belgija se flamani i valonci no drzavjani se na belgija.
Kiro, 24.04.2013 12:30:39
Prvo kako i prethodnite vie ne ste nekoi intelektualci . Sto vi e kriv Ahmeti da upotrebuvate paroli kako Zakakni,Bilo i ke bide Ne ti se plasime toa ne e zborot na eden intelektualec. Albanecot nema dostoinstvo vo Makedonija !!!! Pa eve da vi ja dademe cela sto ke barate bre posle . Za 10 tina godini imate parii vo vlada ,minister za odbrana dvojazicnost ....Za samo 10 tian godini pa vie za 20 30 godini ke go imate cel Balkan pa i poveke .Barate takovina ?? Kaj se Makedoncite tuka ? Blagodarenie na ovaa vlast imate moznosti i da gi skazete ovie raboti . Borete se za Makedonija sozivot skolo se sto dolikuva na eden intelektualec taka ne samo albancite tuku i drugi ke bidat na vasa strana A vaka vie ne ste za EU ili za napredok kako ovie na Vlast.
До Џони Вокер, 24.04.2013 13:30:36
Дека господата се албански националисти е докажано.Но,дека се албански интелектуалци е знак на прашање.Ако се школовани не значи дека се интелектуалци.Вистински интелектуалци би го кренале гласот против Вејце,мавровските работници,Карпалак,Бриони,киднапираните Македонци и Албанци на кои не им се знае трагата,....Вистински интелектуалци не би ликувале на вакви злосторства.
istok, 24.04.2013 14:14:07
ova mi lici svestuvajte se albanci barajte avtonomija
x, 24.04.2013 15:07:30
Ako se ovie intelektualci, jas sum Hegel.
jovan, 24.04.2013 15:18:15
Ova se prvi nagovestuvanja deka Albancite vo Makedonija ke baraat *Avtonomija*. Ne se ni ovie intelektualci tolku protiv Ahmeti, a nitu pa Ahmeti ima nesto protiv niv, ova e samo stvaranje nov teren i preduslovi za da se bara ona sto ke se bara, po uzorot Beograd-Prishtina. Od Albanska gledna tocka, odlicen pocetok za otpocnuvanje na ostvaruvanje na celta, od Makedonska gledna tocka osven komentari ZA ili PROTIV, drugo i nemoze da se naseti sto mislat Makedoncite, bidejki i ne svakaat kon kade trgnaa rabotite. Falese uste nekoj komentar od Makedonski *heroj* koj ke barase nova 2001va vo koja ke gi proteral Albancite se do Jadran.
BitolaHamiltonCanada, 24.04.2013 15:22:52
So zamena na imeto i mala redakcija na pismoto,istoto mozhi da glasi: Ne ti se plashime Gruevski.Nemame mnogu takvi shto bi go napishale toa,edinstven e Erol.Edno cveke prolet nepravi,ama ja najavuva proletta.
Ermina, 24.04.2013 15:32:01
Citajki go ovoj tekst, koj e mnogu realen, dlaboko promislen, no so razbirlivo pismo napisan, mi se nametnuva edna misla postojano. Koj sega na ,,daskalot,, ke mu ja protolkuva sodrzinata ?
milicioner, 24.04.2013 15:47:25
Да не беше овој од лево прв на фотографијата ке помислев навистина дека е писмо од интелектуалци.Ама неговата фаца и ставови им е јасна и на оние кои најмалку разбираат што е политичка демагогија.Божемните интелектуалци ова требаше да му го соопштат на лидерот Ахмети малку порано.Од се искажаното точно е само дека борбата за албанствотто не престанала ,а тоа подразбира не само територијални претензии туку и геноцид.Е ако ова е борбата на нивните дедовци и на дедовците вцнуците тогаш не ке биде лесно.Дали Ахмети ттреба да оди во Зајас и да чека пензија е негово лично прашање,а овие акоим стиска газот нека покренат сеалбанско незадоволство и нека го сменат Барем тоа е лесно.!
Знам , господа интелектуалци!, 24.04.2013 17:10:54
Верувам дека вие не се плашите од Ављчо.Но , Пастирот наш веднаш фаќа магла во Америките, ако Аљчо малку се намурти! Но , господа интелектуалци , вие не му можете ништо! Видете само како бурно и жестоко го бранат дпмневчињата! Тој е попопуларен кај нив , отколку кај Албанците!Грујо го даваат , Аљчо не го даваат!
Маркос, 24.04.2013 17:47:38
Најблаго речено: разочаран сум од отвореното писмо на господата – веќе со оглед на тоа колку ги запознав преку нивните текстови во медиумите. Ни јас не сум задоволен со г. Ахмети и ДУИ, која со години ја сметам за клиентелистичка и штеточинска како и нејзиниот коалиционен партнер ДПМНЕ. Али, нивниот вокабулар е непримерен („лаење„), како и спомнување опасност за нив („физичко затворање на устите„). Жалам што се впуштија во дискредитација на личноста на г. Ахмети, со што си наштетија и на себеси. Најсетне, нивното „јуначење„ со порака до Ахмети („Не ти се плашиме„), на ниво е на кафански кавгаџии.
Daut, 24.04.2013 18:34:23
Sekoj citatel moze da go proceni nivoto na obrazovanie, intelektualnost i tn... na ovie golemi analisti. Ve molam golemi patrioti napravete si politicka partija izlezete na megdan kazete mu na narodot da ve glasa i zavrsete ja rabotata. A vaka navistina ispagate bedni koga se zadskrivate zad poimot *albanski intelektualci*. Ajde vi se molam otreznete se poglednete se, analizirajte se, sto napravivte za da ve smetame za intelektualci.
do jean, 24.04.2013 18:34:36
Nema da ima gorna,dolna,severna,nova,Skopje vo zagrada ili crticka...nisto od toa nema da ima.Nema da ima menuvanje na imeto.Ti jean manipuliras so toa sto napisa deka vo drugi drzavi imeto na drzavata i nacionalnosta i drzavjanstvoto ne se pisuvaat isto.Pa vo Germanija imeto na drzavata so drzavjanstvoto e isto.Germanija i germansko drzavjanstvo i nacionalnost.Isto i vo Francija,Italija,Svedska...Ne sporeduvaj so Belgija koja e vestacka tvorba.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C

Среда
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Политичарите не сакаат да бидат во „кожата“ на Бен Афлек
Холивудскиот актер деновиве ја тестира издржливоста на човекот кога е во прашање сиромаштијата, па наредните денови ќе ж...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |