Број 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Црвенковски не смее да патува во Атина со владиниот авион

Грчките власти бараа претседателот „на друг начин“ да пристигне во Атина

Димитар Чулев

На повидок е ново заострување на односите на релација Атина - Скопје откако грчките власти му забранија на претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски, авионски да отпатува за Атина на самит што го организира УНЕСКО во главниот град на Грција идната недела. Грчките власти преку Канцеларијата за врски во Скопје ја известиле македонската страна дека не се согласни Црвенковски во Атина да патува со владиниот авион на кој пишува Република Македонија и попатно понудиле други алтернативни начини за пристигнување на Црвенковски на самитот во Атина, каде што беше поканет од грчкиот претседател Каролос Папуљас и од генералниот директор на УНЕСКО, Коичиро Мацура.

Кои се тие алтернативни патишта и начини на кој еден шеф на една држава треба да патува во друга, не е познато. Извори блиски до Канцеларијата за врски во Скопје вчера немаа детали на кој начин би се извел еден таков „потфат“ од страна на претседателот Црвенковски, меѓутоа, велат дека „треба да се има разбирање за Грција, која едноставно не може да прифати слетување на владиниот авион. Случајот е ист како и тој со приватната авиокомпанија МАТ, чии прелети се забранети во Грција“. Шефицата на Канцеларијата за врски, Александра Пападопулу, вчера не беше достапна, како што дознаваме, поради отсуство. Пападопулу завчеравечер, наводно, отпатувала итно во Атина. Истите извори тврдат дека нема никаква затскриена намера зад овој изненадувачки потег на Грција, но дека „во Скопје треба да имаат разбирање за грчката позиција и грчките емоции“.

Претседателот Бранко Црвенковски го откажа учеството на самитот на шефови на држави во Југоисточна Европа што ќе се одржи на 13 јуни во Атина, соопшти вчера Кабинетот на претседателот на државата. Според претседателот Црвенковски, како што стои во соопштението, ваквата постапка е спротивна на меѓународните норми и принципи и не придонесува во развојот на добрососедските односи и на заложбите за споделување на заеднички европски демократски вредности. Од Кабинетот соопштуваат дека одлуката да му се оневозможи на Црвенковски да патува во Атина била проследена преку Канцеларијата за врски на Грција во Скопје од каде што биле понудени „други начини“ за патување на претседателот.

Портпаролот на македонската Влада, Ивица Боцевски, вчера го оцени последниот грчки потег како уште една во низата провокации и уцени од Грција спрема Македонија. Целта, според Боцевски, е да се натера Македонија да попушти во спорот и за разликите околу името. „Очигледно е дека продолжуваат оние ситни провокации од грчка страна поврзани со нашето име, идентитет, притисоц, закани и уцени да се реши спорот на начин кој не и' одговара на Република Македонија. Таа тактика не беше, не е и нема да биде успешна“, рече Боцевски, додавајќи дека станува збор за срамен чин и однесување што не и' доликува на земја-членка на ЕУ и на НАТО, која претендира да биде лидер во регионот.

Боцевски во овој контекст уште додаде дека „согласно со сите конвенции на ОН, на Советот на Европа и на ЕУ и на сите глобални, морални и филозофски норми поврзани со правата на сопствениот идентитет, неговото изразување, никој не може да му спори на еден народ да се нарекува како што сака и така да ги нарекува својот јазик и култура“.

Инцидентот, кој очигледно е најава за ново влошување на односите меѓу Грција и Македонија, и досега најголем директен удар по ветото на Грција за приемот на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт, доаѓа само 48 часа по „случајот“ со грчкиот контингент војници на НАТО, кои во вторникот се обидоа без потребната документација да ја поминат територијата на Македонија. Грција жестоко изреагира, дури и преку шефицата на дипломатијата, Дора Бакојани, затоа што не им било дозволено на грчките мировници да поминат кон Косово иако тие, според СОФА договорот, со себе не ја имале комплетната документација од која може да се види колку војници, колку возила и какво оружје поминува низ Македонија. Грција го оквалификува однесувањето на македонските гранични служби како сериозна провокација.

Се очекуваше Црвенковски во Атина да има средба со својот домаќин, грчкиот претседател Каролос Папуљас, но и со премиерот на Грција, Константин Караманлис. Во 2006 година Црвенковски во Солун на маргините на самитот на земјите од Југоисточна Европа имаше средба со Караманлис. Според македонската страна, можноста на средби на највисоко ниво може само да придонесе за олеснување на преговори околу разликите за името на кои се упатени Македонија и Грција и кои се одвиваат под закрила на Обединетите нации.


#
Статијата е прочитана 3086 пати.

Испрати коментар

Од: Sergej - http://www.otpor.net.tf
Датум: 06.06.2008 00:34:09
Grcive ke se zadovolni samo ako "skopskiot" pretsedatel kaj niv pristigne na vleckajki se na kolena...
Од: G Detroit
Датум: 06.06.2008 01:05:37
Ovdeka se doznava deka Crevenkovski im predlozhil na Grcive da dopatuva vo Atina so Magare no tie i toa go odbile oti pocnhuvalo so bukvata M. Nekoi chudni zivotini se ovie Grcive!!! Pozdrav od denes sonceviot DETROIT.
Од: dzingiskan
Датум: 06.06.2008 01:15:57
Brane, da bev ja sea na tvoe mesto ke otidev u grcka so tocak... Em zdravje, em ke se zezav... Neka puknat dusmanite! A ne ti shutrak, otkazal sredba... Pa toa sakaa tie be shutrak nieden! Idi tamu perci se be seljo! Pokazi deka te biva, deka MKD ima m_da
Од: mene
Датум: 06.06.2008 01:30:11
Dobro e. Grcistava gi fakja panika-paranoja cool
Од: joco
Датум: 06.06.2008 01:57:16
Uste malku ke treba da gi prasame dali mozeme i u WC za nuzna potreba da odime. Ako ne ni dozvolat da vrsime nuzda na nasi makedonski WC solji i togas jas ke se soglasam na WC soljite da pisuva GRCIJA mozda ke se zadovolni togas grcite.
Од: Antichki Makedonec
Датум: 06.06.2008 02:07:03
Kakva greshka napravi EU shto gi primi ovie ne kulturni taka narecheni grci vo EU ova e sramota za niv ama nema shto da pravat sega e kasno,patot e dolg i tezok ama morame da sne edno vo ovie teshki vreminja, pravot stalno pobeduva na krajot Makedonia.
Од: mitko gleda paralela
Датум: 06.06.2008 02:36:12
Znaci ovie Grci go plukaat Brane poveke otkolku clenovite na Vladata na RM. Jaden Brane. Em go pokanija em mu davaat na znanie da ne doaga.
Од: jimmy1
Датум: 06.06.2008 06:59:24
Samitot e organiziran od UNESKO i nasiot juzen sosed nema pravo da uslovuva, no toa se tie, fasisti vo tretiot milenium a se clenka vo NATO i EU kade sto ne im e mestoto a neznam pod koi kriteriume se primeni koga i den denes ne gi priznavaat malcinstvata kaj niv nitu pak gi pocituvaat najosnovnite covekovi prava. Odlukata na predsedatelot da ne patuva vo Atina e potpolno ispravna i samo taka mozeme da im dokazime deka ne prifakame nikakvi uslovuvanja.. Nasite pogranicni slusbi gi kritikuvaat sto ne gi propuistile nivnite vojnici iako gi nemale potrebnite dokumenti a dodeka nam ne maltretiraat so ispravnost na site dokumenti a za niv seto toa e opravdano. Ne treba da sedime so skrsteni race i da gledame seir, tuku treba sekoja nedela i ako e potrebno sekoj den da se organiziraat protesti pred nivnite predstavnista i pred site drugi evropski i svetski predstavnistva i da se protestira se dodeka EU, NATO i ON ne prezemat nekavi merki i da ne se mesaat poveke vo nasite raboti.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 06.06.2008 07:11:18
A sto koga bi pristignal so avtomobil i bi nosel masna so motivot od Makedonskoto zname, a na odeloto znacka so imeto na Makedonija? :)
Од: Mitre
Датум: 06.06.2008 07:29:17
Oko za oko zab za zab!! Da se sprecat site preleti na grcki avioni nad Makedonija,pominuvanje na bilo kakov soobrakaj ili osoba koja go nosi imeto Makedonija!! Ni ja ukradoa zemjata sega sakaat i identitetot..Dosta ste ponizni Makedoncinja i dosta im popustate pokazete zabi!!!
Од: smile
Датум: 06.06.2008 07:36:43
Makedonija e blokirana od grckata negatorska politika.Crvenkoski ne odese na privatna zabava tuku kako presedatel na R.Makedonija.Badijala se najavuvase nekolku dena deka Papuljas go kani boze zavrsena rabota samo sto ne stigna vo Grcija.Abre nepismeni novinari znaete li vie sto pisuvaat najprestiznite vesnici vo svetot za sporot pomegju Makedonija i Grcija pa aku neznaete sto da napisite prepisete pa mozebi koga ke procitate poveke pati ke razberete.
Од: DZJ
Датум: 06.06.2008 08:50:34
neverojatno!!
Од: Gospod
Датум: 06.06.2008 08:59:01
Ako se prifati bilo kakov "alternativen" prevoz da znaete deka sami si plukame na sebe. Nema mesto za kompromisi.
Од: Boshko
Датум: 06.06.2008 10:09:29
Odlukata da ne patuva pretsedatelot e pravilna,a sigurno i ochekuvana od strana na fashistite,aa da ne se pojavi nashiot pretsedatel kaj fashistite,za da ne uchestvuva na konferencijata. Mojot predlog e zabrana na se fashistichko za premin niz Makedonija.I kancelarijata da se izbrka i ambasadorot da se povlechi.A za imeto netreba nikakvi pregovori i za nishto.Toa e shto go sakaat Fashistite Atinski
Од: Anticki makedonec od US
Датум: 06.06.2008 10:30:59
A sega Branko treba na Megunaroden sud da rascisti za referencata PJRM, i da pokrene postapkata za vosp. Imeto RM vo OON. Ako ne rascisti, neprekidno ke se ponizuva.
Од: pogled
Датум: 06.06.2008 10:44:27
Da se nadevame deka se povece rasne dosieto od nasiot juzen sosed vo Brisel. Da se nadevame deka se sozdavaat uslovi vo evropskata politika da se prifati principot na KOSENZUS MINUS EDEN ili eventualno minus dva.
Од: Naum
Датум: 06.06.2008 11:30:08
Jas mislam deka treba da im se objavi vojna na grcija:) Ova veke ne se trpi!!!!
Од: golem ajvan
Датум: 06.06.2008 11:37:07
da ni go dadat moreto grcite nazad ,ke mozese brane da otpliva do atina ali ne ni go davaat ,ehhh more more
Од: muki
Датум: 06.06.2008 11:37:47
jas se prasuvam zosto makedonija ne im zabrani i na grckite avioni da letat nad makedonija isto taka na site kamioni kako tie gi napadjat nasite i nie treba da im vratime so isto pa da videme kade grcite posle da tranzitirat.
Од: Од Македонија
Датум: 06.06.2008 11:44:29
Зошто не испракаат Американциве авион да појде како Цар Македонски во Атина,така ке биде повеке кул.Одлуката е на нашиот претседател,дали ке оди или не па не не примале ни во антиката на олимпијада па не е голема штета,Македонија пак победила,само незнам дали има уште од тие борци останато,овие кои лево кои десно,кои центарот,никои за Македонија.Да живее Македонија.....
Од: Memet
Датум: 06.06.2008 12:14:43
Grcite se zasilija i pocnaa da udiraat necisto.Toa ne bi mozele da go storat ako sudiite(Evropa i svetot) ne zamizuvaat pred tie udari. Zatoa e potrebna energicna megjunaredna propaganda i lobiranje vo vrska so sporot so Grcija.No taa aktivnost treba da bide sistematksa i dobro organizirana,sto za zal dosega ja nemase dovolno
Од: Buntovnik
Датум: 06.06.2008 13:37:56
Za Makedonija Grcite ne vodat politika tuku apliciraat data-base programa. So edno pravilo. pravilo za glupiot. NE.
Од: evropa
Датум: 06.06.2008 13:39:42
Grcite predlozile da dojde so redovna linija preku drug grad no na Crvenkovski sakal ili licen avion ili voopsto ne odi demek toa ne dolikuvalo na eden pretsedatel....?Jas svoevremeno imam patuvano vo ist avion so Gligorov i toa na Gligorov voopsto nemu precelo i ne mu bilo ponoizuvanje da patuva so redovna linija i "medju" svoj narod.....da bidam iskren tolkava mala drzava ne ni ima pottreba od pretsedatel koj samo seta i dreme po Evropa...duri bivsiot pretsedatel Trajkovski otvoreno zborese vo mediite deka mu bilo dosadno nemal sto da pravi vo tekot na rabotniot den pa se javuval za raznorazni seminari(kursevi)po evropa nio i vo Mak(ucenje jazici).Luksuzot za pretsedateli e edno komunisticko nasledstvo no sepak toa bese golema drzava a od Toto do Crvenko ima razlika kako od goliat do David........
Од: razocaran
Датум: 06.06.2008 14:14:27
i Od instituciite i od novinarite. Dobro nisto novo ne ste napisale vo statijava, toa sto mene me interesira a i mozebi i drugi e: Sto drzavata prevzema za seto ova???????????????
Од: Benedict
Датум: 06.06.2008 15:21:56
Treba da se deklariraat veke ednash shto se Makedonci ili grci. A ne denes Makedonci utre grci. Treba das im se zabrani vlez vo Macedonija ako ne dokazat deka se directni potomci na antichkite grci. Ama nauchno so DNA. Hehe ke bide teshko site znaat deka se severno africanci hihi.

Најди! во Утрински
На прво место
Брисел не реагира на провокациите од Атина
Грција ги освојува европските институции со своите ставови за името

"""