Број 3047  вторник, 28 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Пензионерите, сепак, извисија за покачувањето

Место регуларните пет отсто, пензионерите ќе добијат покачување од едвај два отсто

Јасмина Јовановска

Пензионерите, сепак, извисија за редовното покачување на пензиите. Место регуларните околу пет отсто, со јулските пензии што треба да се исплатат по празникот пензионерите ќе добијат покачување од едвај два отсто. Редовното покачување пензионерите нема да го добијат, зашто усогласувањето на пензиите, наместо по редовната законска формула - 50 отсто од порастот на животните трошоци и 50 отсто од порастот на платите во јавниот сектор, ќе се врши според нова формула. Животните трошоци ќе учествуваат со 50 отсто, додека кај платите процентот од 50 отсто ќе се намали на 20. Оваа нова формула која Владата интервентно ја донесе е привремена и ќе трае до крајот на годинава, а измените се направени само поради преголемите финансиски импликации од воведувањето на бруто-платата.

Во Министерството за труд и социјална политика потврдија дека е донесена привремена формула за пресметување на пензиите. Пензиите, наместо за 50 отсто, според порастот на платите, ќе се усогласат само за 20 отсто, рече министерот за труд и социјална политика, Џелал Бајрами. На вакво усогласување на пензиите ресорното Министерство се одлучило затоа што покачувањето на платите не е реално за да се земе како реален параметар за покачување на пензиите. Со бруто-платите, вработените не добија покачување, туку само вметнување на хранарината и превозот во платата. Новата формула ќе важи до крајот на годината, додаде Бајрами, кој рече дека е добро што во услови на економска криза, сепак, има покачување на пензиите.

Во Сојузот на пензионерите не се многу изненадени од ваквиот процент на усогласување, зашто на скратувањето биле предупредени уште пред два месеца. Тогаш им било објаснето дека зголемувањето на просечната плата од 16.000 денари на 19.000 денари е нереално.

Но, пензионерите само се чудат како дошло до тоа од 50 отсто, процентот за усогласување од платите да се намали на 20 отсто.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека било пресметано реалното покачување на платите, кое во периодот од јануари до јуни не е поголемо од чети��и отсто, и затоа покачувањето на пензиите нема да биде поголемо од два отсто. Ова е и единствениот параметар за пораст на пензиите, зашто од Заводот за статистика добиените податоци не покажале пораст на животните трошоци за првите шест месеци од годината.

Пензионерите трипати добија покачување, со што вкупниот пораст на пензиите изнесува околу 21 отсто во 2008 година во споредба со 2007 година. Со овие покачувања, просечната пензија од 7.840 се искачи на 9.541 денар. И покрај ова, околу 30 отсто од пензионерите, кои ги има околу 270.000 во земјава, живеат со пензија под просекот, па дури и со пензии помали од 5.000 денари.


#
Статијата е прочитана 2411 пати.

Испрати коментар

Од: Vizioner
Датум: 28.07.2009 03:41:25
Pa normalno, nema skoro izbori!Ke pocekaat kutrite ni penzioneri do nekoi naredni izbori koga nekako "magionicarski" se naogjaat pari za da im se pokacat penziite.A voedno so toa i obekanje za idni pokacuvanja, za poubavo utre!!
Од: jimmy1
Датум: 28.07.2009 05:34:31
Dali ima nekoj koj ne izvisil od ovie nenasitni politicari, edino tie sto nemaat izviseno, si glasaat samo za niv za podobro utre, a drugite koj gi sisa. Toa e "prerodbata" na ovaa vlada, toa e "demokratijata" i dali za vakvo nesto baravme posebna drzava, da dojdime od drveno na kameno. Troseja nenormalno a sega ke kratat od onie koj edvam svrzuvaat kraj so kraj. Neka skratat od nivnite plati, ionaka se preplateni raboteki NISTO, a za ona sto go kradat i sto profitiraat od crni zdelki i da ne zboruvame, Amerika ne im e ravana.
Од: Petre
Датум: 28.07.2009 07:17:16
pa Normalno, vo Hrvatska gi Namaluvaat i odanocuvaat Penziite i platite...
Од: Ристе
Датум: 28.07.2009 07:26:14
Уа Груевски! Пензионерите добија покачување од едвај два отсто. Да беше Бранко,. пензионерите ќе добиеа покачување од едвај нула отсто! А можеби и од едвај минус осум отсто!
Од: Lilika
Датум: 28.07.2009 07:55:45
A zosto ednas da ne se proba cel Parlament da se otkazi od primanjata na 6 meseci? So toa bi se skratile davackite, ke se zastedi jadenje i pienje po bifinjata vo Sobranieto i nepotrebnoto setanje vo stranstvo. Zosto sekogas da se udira po dzepot na najsiromasniot del od narodot???? Da vidime dali i togas ke se tepaat za fotelji!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!. SRAMOTA. Duri sega izrekata KLATI VRATA ,ZEMAJ PLATA se preformulira vo KLATI VRATA ,ZEMAJ PLATA.
Од: Трпе.
Датум: 28.07.2009 08:01:00
Така е кога некој дозволува да биде лажен како мали деца.Резултатите се гледат сега а преродбата ќе биде видена покасно.На нашиот народ пари не му се потребни кога добро се храни со лажен патриотизам.Здравје ако опстане државичката нови обеќања ќе има пред избори.Нашиот народ многу лесно паѓа на ефтини трикови.Но важно е да имаме културни објекти ,споменици и да се копа ,за да може да се оди и понадолу од дното.А ако имат срека нашите пензионери ќе можат да се возат и на двоспратни автобуси.А сега за сега ги вози арогантното , момче кое живе само за својот рејтинг.
Од: NIKOLA-PUPKO-PUSTA REKA-MACEDONIA
Датум: 28.07.2009 09:11:26
Kolku ste site za greota. Kako ne vi e sram da zboruvate gluposti. Se vi e malce. Vie kako da ziveete na druga planeta. Gruevski da ne vi e kriv za krizata vo svetot. Gledate deka sekade ima razlicni merki koi se prevzemaat. Barem vo vremeto na Gruevski ima pokacuvanje. Da bea od Sdsm do dega i ke im skratea se. Kako mozete da imate tolku kratko pomnenje ne mi e jasno. CELO VREME SAMO INAET DA SE TERALO. VIE NA SE ODITE KONTRA. MAKAR I DA E SE DOBRO PAK KE SE BUNITE ZA SE I SESTO. SRAM DA VI E. Dosta rabotite protiv Makedonija. Aman eke od vas nenasitni i malodusni dusegriznici.DA ZIVEE MAKEDONIJA I BOG DA NE BLAGOSLOVI SITE
Од: Perica
Датум: 28.07.2009 09:56:36
На сите ни е јасно дека со лаги и лажни ветувања оваа гарнитура дијде на власт. Зошто не си кратат од сите додатоци кои ги примаат како членови на разни одбори, туку удираат по најзагрозените? жално и срамно е ова што се прави. Затоа не сме за никаде и не не сакаат во ЕУ, каде што ќе ги заразиме и нивните граѓани да лажат, крадат и да се богатат на туѓа сметка.
Од: tony
Датум: 28.07.2009 10:32:40
sramota, sramota, vakva vest na naslovna strana vo vrema na globalna svetska recesija i kriza
Од: iki
Датум: 28.07.2009 10:55:51
Pak veruvajte mu na lazovot Grujo samo napred vo novi lagi e makedonski narode koj ne vodi tesko nas
Од: St. Aleksandar
Датум: 28.07.2009 13:19:30
Abe komunjari dosta veke so vasite gluposti, pa cel svet gi namaluva penziite, platite, ukinuvaat besplatno skolstvo, zdravstvo samo kaj nas ima pakacuvanja i zgolemuvanja kako na primer zgolemuvanje na listata za lekovi, ovie dva posto sto na vas vi precat, pa da bea vasite do sega se ke ukinea, ke im zemea na penzionerite ne 8 tuku 16 posto, zasramete se plukaci
Од: gv
Датум: 28.07.2009 15:00:57
Grujo obecava a na izvrsuva toa pogolema sramota odkolku Branko ne obecava i ne dava.Ovoj e odgovor na Riste koj ne zivee vo ovaa zemja.
Од: k
Датум: 28.07.2009 15:28:44
Do NIKOLA-PUPKO Koj zanae koja drzavna fotelja ja grees, pa zatoa laes protiv onie koj si gi zasluzile svojte krvavo zaraboteno pari za da ziveat spokojno vo starosta.Ocigledno dosle tvojte 5 minuti za pecalba pa se okolu tebe e idealno. GREVCE, dobar poslusnik si na tvojte nalogodavaci!!!!!
Од: kristo
Датум: 28.07.2009 15:51:45
до gv. Грешка си дека Бранко не ветува и не дава. Ако слабо памтиш другите добро памтат, пример по еден вработен од семејство и др. Исполнува Бранко, каде што имаше двајца вадеше еден од работа па остануваше само еден, додека Груевски на кого вие би мѕ ја припишале вината и за светската криза ветува и остварува.
Од: plukac do Sveti Aleksandar
Датум: 28.07.2009 15:59:13
Sveti Aleksandre, ti kako svetec verojatno si seznajko i ne sakam da ti kontriram. Samo bi sakal da odgovoris kakva vrska ima setskata kriza so nas. Pa neli nie od krizata ke izvleceme golemi benifiti. I zosto taa kriza sekade doagase so meseci, a kaj nas do denot na izborite nemase kriza, a utredenta vo kriza do gusa. I uste nesto cudno! Koga onie drugite kratea po 8 posto, tatko mi i majka mi kako penzioneri odea sekoe leto ili vo Bugarija ili vo Crna Gora, a sega so site ovie pokacuvanja ne mozat ni vo Dojran!

Најди! во Утрински
На прво место
ДУИ со Бадентерово мнозинство „пука“ на европската агенда
Лустрацијата почнува од државниот врв