Ако датумот за преговори не дојде во декември, дефинитивно, ќе биде во март
Од нашиот дописник Тони Гламчевски
Стразбур - Со високо подигната рака и широко мнозинство на гласови, Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за стратегијата за проширување на Европската унија. Европскиот парламент не предложи датум за почеток на преговори на Македонија, туку побара од Советот на ЕУ на декемврискиот самит да дејствува во согласност со препораките на Комисијата, која предвидува преговорите со Македонија да започнат наскоро, со надеж дека ќе бидат изнајдени задоволувачки решенија за сите страни, за прашањата кои се' уште не се решени со соседните земји.
Од Стразбур доаѓаат пораки да се подготви јавноста дека ако не биде донесена одлука за почеток на преговорите во декември, таа ќе биде конечно донесена во март.
Претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за соработка со Македонија, Јорго Шацимаркакис, предупредува да не се очекува многу од кратката средба на двајцата премиери, иако се надева дека Папандреу и Груевски можат да го решат проблемот со името. Затоа, според него, потребно е да се подготви јавноста дека „ако не биде донесена одлука во декември, одлуката дефинитивно ќе биде донесена на самитот во март“.
Шацимаркакис е убеден во ова по неговите средби со високи претставници на двете земји.
Со амандманот што беше поднесен од групата на народните партии и усвоен со 331 глас „за“, 291 „против“ и седум воздржани, европратениците го изменија делот на резолуцијата за стратегијата за проширување на ЕУ, посветен на Македонија. Амандманот внесе блага измена на текстот, нешто поповолна за Македонија. Во документот се поздравува напредокот што е постигнат во последните месеци, што е потврдено и од Европската комисија, која препорача отворање на пристапните преговори со ЕУ.
Европарламентот потсетува на важноста на добрососедските односи и ја повикува македонската Влада да биде чувствителна на прашањата што се однесуваат на соседите. Во првата верзија се велеше да се воздржи од потези и изјави што негативно можат да се одразат на добрососедските односи. Тука посебно е истакнат проблемот со името што ја спроти��ставува Македонија и Грција. Европарламентот ги повика владите на двете земји да ги зголемат напорите за да се постигне решение за името.
На завчерашната дебата бевме сведоци на мал парламентарен инцидент и жестока реплика околу употребата на името Македонија. Грчкиот европратеник Николаос Салавракос бараше од европратениците да не го употребуваат името Македонија, туку да се служат со привремената референца, на што остро му се спротивстави германскиот европратеник Берндт Поселт.
„Македонија е Македонија и Македонија ќе си остане. Да се дискутира за ова сигурно дека нема да и' се помогне во ништо на соседната земја, како што овде има речено лидерот на европските зелени Даниел Кон-Бендит“. Неговата реакција личеше на последен бунт во ЕП, пред решението за името кое сите го очекуваат.
Инаку, во Европскиот парламент никој не се осмелува да дава предвидување дали на декемврискиот самит ќе биде следена препораката на Европската комисија за да биде утврден датумот за преговори. „Нема да кажам ни дека сум оптимист ни песимист. Како Гркинка која ја познава историјата на проблемот на двете земји, би му советувала на Советот да му остави шанса на решението. Дали тоа ќе биде до 10 декември или до идната пролет, тоа нема никаква разлика“, ни рече Ани Подимата, грчка европратеничка од редовите на ПАСОК. Според неа, важно е да се создадат услови за трајно решение.
Европратениците како позитивен придонес за регионалната стабилност го оценија неодамнешното воспоставување дипломатски односи меѓу Македонија и Косово, како и склучувањето на договорот за физичка демаркација на границата.
Во резолуцијата, покрај другото, се повикуваат македонските власти да продолжат со реформските процеси. Особено во јавната администрација и правосудството, борбата против корупцијата, женските права и меѓуетничките односи, вклучувајќи гаранции за правата на припадниците на сите етнички заедници и зголемување на нивното учество во јавната администрација.
Доцната попладневна расправа за проширувањето траеше два часа, што сведочи за интересот на европратениците за овој процес. Претседавачот со Европската унија, шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, и еврокомесарот за проширување Оли Рен, говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, побараа вратите за членство во ЕУ да останат отворени за земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд, и да не се отстапува од политиката на проширување која досега се покажала како многу успешна. Претстојното укинување на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора во дебатата во Европскиот парламент е издвоено како „голем чекор напред“ со очекување дека Албанија и БиХ ќе успеат да го надоместат своето сегашно доцнење.
Карл Билт нагласи дека „проширувањето се покажа како најуспешна политика од сите потфати што ги презела ЕУ досега. Приклучувањето на земјите од Југоисточна Европа кон Унијата нема да биде ниту брзо ниту лесно. Сите сме свесни дека меѓу нас постојат такви што мислат дека треба да им се затвори вратата“. Билт е уверен дека тоа би било грешка со историски пропорции што би ја прогонувале Унија доста долго. Во тој случај, според него, „би се отвориле други врати кои земјите од регионот би ги одвеле во правец што би бил многу лош“.
Оли Рен, на кого оваа му беше, најверојатно, последна дебата во Европскиот парламент во својство на европски комесар за проширување, ги повика европратениците да ги охрабрат своите влади да донесат храбра одлука, која ќе биде во насока на стратегиските интереси на ЕУ, во кои спаѓа и проширувањето.
Говорејќи за конкретната ситуација за секоја земја, Рен рече дека Македонија направи направи голем напредок и дека постојано напредува во приоритетните реформи и дека таа доволно ги исполнила критериумите од Копенхаген. „Мислам дека Владата во Скопје ќе гледа на овој процес како охрабрување, конечно да го реши прашањето за името со Грција. Тоа ќе ги зголеми шансите земјата да добие датум за преговори“.
Словенечкиот европратеник Јелко Кацин за „Утрински“ изјави: „Ако в петок го дочекаме она што сите очекуваме, мислам дека тоа би била фантастична вест за сите држави од Западен Балкан, и не само за Македонија. Тоа би било јасен знак, што би можел да ја ослободи огромната позитивна енергија, која овие години се има насобрано во Македонија за да може побрзо и поквалитетно да го одработи патот за членство во ЕУ“.
Во заклучокот од дебатата Карл Билт беше јасен: „Не верувам дека сме ја завршиле изградбата на Европа. Мораме да продолжиме да ја градиме и да ја прошируваме. Тоа е од клучно значење и за земјите што сакаат членство и за ЕУ“. (Т.Г.)
Se dodeka Evropa ocekuva, ima sansi, ke bide opasno ako Gruevski zafrkne i pak igra na kartata nacionalizam lazejki gi lugeto deka ime na drzava e identitet i razni gluposti, so edna cel, da ne odaleci sto poveke od EU, za da moze da prodolzi da si krade i da azdisuva.
Imeto se menuvalo nekolku pati, a odkako postoime kako drzava 3 pati. 19 godini nisto ne pravea nikoj i sega kriva e Grcija, kriv e cel svet samo ne nie! Da ne kradese tuga istorija i da ne se glupirase u veliko, ke si ostanese imeto!!! Sega niti ime, niti NATO, niti ekonomija, niti diplomatija, niti prijateli, samo sopki i karanici, statui, korupcija, politizacija, mizerija.
Од: damyan gruev
Датум: 27.11.2009 01:20:14
Da go bea prochitale makedonskite pretstaviteli memorandumot na BKKS http://www.bkks.org/node/17 sto prakticno e predlog konecno samite pred sebe da si ja priznaeme istoriskata vistina deka pred 1945 na site karti vo svetot se vodi deka mnozinskoto naselenie vo Makedonija e bolgarsko, ke go izbiese adutot na grcite deka go monopolizirame celiot region Makedonija i ke imase sansa i da si go socuvame imeto na drzavata. No so antichkite teorii, Gruevski stana pogolem grchki patriot i od Papandreu i ja nalea vodata na grcka vodenica.
Од: Sovetnik vo Vlada na RM
Датум: 27.11.2009 01:28:58
Samo po sudski pat mozhe da se reshi prasanjeto za imeto. Sega sledi srpskoto scenario: prvo Sobranie na ON donesuva rezolucijata-prasanje za Sud (MSP) za legalitet na referencata FYROM, potoa dobivanje Mislenjeto od Sud vo Hag za legalitet na pregovorite i refencata FYROM. Treto, prifakanje na ova mislenje vo Sobranieto na ON, zamena na nelegana referenca i ukinuvanje nelegalnite pregovori, t.e. vospostavuvanje ustavnoto ime vo ON, namesto referencata BJRM!
Од: nacional-patriot
Датум: 27.11.2009 03:07:03
Vie novinarcinja od ovoj vesnik mnogu sakate da gi slusate izjavite na onoj Jorgos Saci...what ever, koj e samo individua bez vlijanie.Onie sto se poistaknati se realni i svesni se deka Makedonija nikogas nema da prifati uceni,bez razlika od kade doagaat.Iako onie birokratski evropski vozdovi Ren i Solana zboruvaat za optimizam,spored nivnoto odnesuvanje i nivnite izjavi vo oblandi i tie svakaat deka pritisocite i morkovite se nedelotvorni.Pocnuvaat da se frustriraat stom Bild arogantno i drsko nenajaveno dojde vo Makedonija.
Од: köln
Датум: 27.11.2009 05:55:27
se e ociglrdno sto ke bide so pritisok sto ke se izvrsi .sam edno da vi kazam .ne lazete se za EU,od toa nema nisto ,vas tamu vi e mnogu pubavo samo sto ste nauceni da kukate i ne rabotite ,i vamu mislite za dzabe se dobivaat pari ,plus koga ke platite stan 500 euro,mislam 50 kv ,pa ke vidite ,toa sto go slusate tamu od nasite ,laga e ,pomina vremeto koga bese EU so golem standard ,sega i pred 40 god ne e isto ,a vie so niski plati mislam ne obrazovani koj ke ve primi i kade ,a vamu bogami nema slavi ,svadbi ,po celi noki vo kafici vo raboten den zatoa razmislete i ne zboruvaj te protiv vladata nego podrzite ja
Од: Mene do Vas
Датум: 27.11.2009 07:35:15
Kakvi vesti? Odzemanje novi teritorii od M i ponatamoshno nepriznavanje na Makedoncite vo Egejska Makedonija? Severnopljukacite i severnobednite ponataka pljukaat po sé sto nosi ime Makedonija no nema da uspeat. vo namerata da ja omalovazat Makedonija i Makedonija ce ostane so nepromeneto ime a i Makedoncite mora da se priznaat i vo Bugarija i vo Grcija. Tie se pred sé ludje - ne robovi i ne predmet za podsmevanje. EU mizi pred domasniot teror kako vo svoite sopstveni zemji taka i EU zemji kon drugi drzavi. Edinstveno se gleda svetla tocka vo poedincite koi se sprotivstavuvaat na Grckiot teror i embargo nad upotreba na imeto. So nadez deka nivnata hrabrost ce pridonese vo osvestuvanjeto na tie koi "ne gi zasega tudj problem" Macedonia 4-ever!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.11.2009 09:09:15
Гледам во ЕУ парламентот како да предвреме да стигнал Божиќ,секидневно фрчат дарови во форма на признанија за нашиот напредок,кој предизвикуваат ,,јад и чемер,,кај помодрените а посебно кај коњаникот со рејбан наочари.Дали намерно или не не ги опсервирате изјавите на преседателот на соседната земја во кое дебело ги негира идентитетот и јазикот,да беше обратно ќе гледавме канонади од критики.Вака го презентирате помодрениот синдром да не се ,,таласа,, за да не ги лутиме соседите.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 27.11.2009 09:45:50
Најновата вест од Стразбур гласи дека јавноста треба да се подготви дека, ако не биде донесена одлука ниту во март, таа се очекува на Куково Лето! :)Р Од „Македонија може“, стигнавме до Македонија - Можеше! Очигледно е и дека од Macedonia 4-ever ќе стигнеме до Macedonia never!
Од: Goce Delcev
Датум: 27.11.2009 10:01:50
Do Dame Gluev...Te molam nemoj da shirish lazna bugarska propaganda i rasna omraza, citaj si go vesnikot, poshto izgleda nemate u taa vasata zema kvalitetni internet stranici i portali, ama nemoj da shirish fashizam mi ja vredjas nacijata, pogotovo takvi tatari kako vas! Dobro znaeme koj sme bile i pred i posle 1945!!! Procitaj kniga "Makedonskiot Jazol" za neshtata da ti stanat pojasni...se razbira ko imash kapaitet hihihi!!! aj sega Sikter!!!
A vo vrska so sredbata pozeluvam da pomine vo najdobar red i pozitivno za Makedonija!!! Pozz
Од: zapad
Датум: 27.11.2009 10:16:40
vlada motra da e maloumna ako propusti vakva sansa ova e eu na tavce zbogum trpenje zbogum siromastvo za 20god nema da veruvame deka vo mak nekogas nekoj nemal da plati struja ili trpel ili deka nekogas se greele na drva ce bide kako vo eu site kuci ce imat parno a samo zaradi romantija ponekogas ce zapalete drvja.
Од: Kerpen
Датум: 27.11.2009 11:20:58
Do Köln
Sekoja ti cast drugarce se imas kazano so tvojot Komentar... Bravo
Од: Minhen
Датум: 27.11.2009 13:36:38
Bi se nadovrzal na g-dinot od Köln.. Se kaza i se e taka i jas razmisluvam da ja napustam evropskata unija..vamu nema veke zivot...Evropa bila nekogas za nekoi no sega e mnogu bedna taa Evropa...Visoki davacki, golemi stanarini ...i otide cela plata...Veruvajte a ako ne veruvate posle 19-dekemvri ke se uverite.. I da ne ne primat vo EU ne treba da zalime.. Eve Turcija se vrti kon Istocnite zemji..Pravilno i mudro..Tamu se parite, zlatoto i naftata...Ne smeeme da si ja prodavame cesta..Makedonija i samo Makedonija
Од: mirjana
Датум: 27.11.2009 14:21:05
Dali evropejcive znaat za sto stanuva zbor? Citaat li po nesto od etno-istoriski kontekst??!! Vladata trebala da ima razbiranje za cuvstvitelnosta na prasanjata sto se odnesuvaat na sosedite!!! Dali Makedonija zavleguva vo imeto i etnickiot idenytitet na Grcite, Bugarite,Srbite ili nekoi drugi drzavi i entiteti. Neli jas imam pravo da kazam sto sakam za svojot identitet??? Neli e toa evopsko pravilo? Gospoda, tesko deka nekoj za sebe ke kaze deka e nesto drugo, ako dosega se cuvstvuval za Makedonec, pomegju drugite identiteti koi gi ima!
Pocituvani evropejci - Citajte poveke pred da dojdete ili rabotite nesto za/vo Makedonija! Ne otposle . . . .
Од: mimi
Датум: 27.11.2009 15:12:20
eve i jas ke se pridruzam kon komentarite od dijasporata .... ke dojde i toj den koga ke vleze Mk vo Eu , 20% od naselenieto ke se snajdat mozebi ke imaat povise pari , ama lesen udoben zivot poln so zabavi i bez nervozi nikogas veke ... drugiot del ke go pomine ostatokot od svojot zivot stedejki so cel da stavi nesto od mizernata plata na strana koja sto na kraj na godinata ionaka ke mora da ja predade na gradot radi plakanje trosoci za struja, voda , danoci, itd...