|
|
|
|
|
|
Топ-листа 25 на локални богаташи
Градоначалници и градежници се најголеми македонски моќници од повеќе градови
Татковците го почнале, а нивните синови, ќерки, браќа и братучеди го надградуваат богатството
Сами не ги кажуваат точните милиони со кои располагаат, „Утрински весник“ се обиде барем приближно да го долови нивното богатство
Маја-Томиќ Соња Маџовска
Градоначалници и градежници се најголеми македонски локални моќници. Иако сами не ги кажуваат точните милиони со кои располагаат, „Утрински весник“ се обиде барем приближно да го долови нивното богатство. Татковците го почнале, а нивните синови, ќерки, браќа и братучеди го надградуваат богатството. Со други зборови, во најголем број случаи станува збор за семејни бизниси, со кој управува најтесниот круг од семејството. Во нашата листа на локални богаташи фигурираат бизнисмени од Штип, Битола, Охрид, Гостивар, Тетово, Кавадарци, Крива Паланка, Прилеп, Струмица и од Кратово.
Штип располага со повеќе локални моќници.
Барзови
Барзови важат за едно од најбогатите семејства во Македонија. Еден од браќата, Констадин Барзов, е 90 отсто сопственик на фабриката за обувки, познатата „Баргала“, најголема на Балканот, со над 1.000 вработени и со годишно производство од 1,2 милиона пара чевли, кои се продаваат во разви��ните земји. Барзови ја поседуваат и фабриката за земјоделска механизација во Виница, нивна е и ТВ Ирис во Штип, трговската фирма „Балеко“ и штедилницата „Ал коса“. Имаат повеќе станови во Македонија, моментно градат мал мотел на Беровско Езеро, а на Абланица кај Берово имаат викенд-куќа. Во Штип се говори дека имаат куќа и на Флорида, а и дека поседуваат фабрика за чевли во Италија.
Мите - Брилијант
Мите Николов е сопственик на фабриката за масло „Брилијант“. Покрај неа, тој има и градежна фирма што гради станбени згради на просторот на поранешна Југославија, а најмногу во Белград. Неговото богатство се проценува на десетици милиони евра.
Славе Ивановски и Љупчо Манџуков
Славе Ивановски и Љупчо Манџуков се сопственици на „Оаза“, која вклучува повеќе хотелски и угостителски објекти. Нивни е централниот хотел „Оаза“ во центарот на градот (поранешен „Астибо“), ресторанот „Мал одмор“, „Црвено и црно“ и други ресторани. Тие се сопственици на оранжерии во Виница, Богданци, Валандово и во Штип. Имаат бизнис со откуп на кожи, јагниња, волна и друго. Моментално се инвеститори на голем станбено-деловен комплекс „Црвено и црно“ , на најпрометната трговска улица „Ванчо Прќе“ во центарот на Штип. За двајцата ортаци се говори дека имаат скапи јахти на Егејско Море и многу станови и вили во Македонија и надвор од неа.
Роберт Димитров
Роберт Димитров е сопственик на кабелската ТВ Роби. Има разгранет бизнис како кабелски оператор во дваесетина града во Македонија, меѓу кои и во Скопје. Негова сопственост е и поранешното големо трговско претпријатие „Елмар“, кое го има најдобриот деловен простор во трговскиот центар низ градот. И тој се занимава со инвестиции во градежништвото, моменто гради голем станбено-деловен комплекс во населбата Сењак. Го поседува најголемиот дел од тровскиот центар во Штип и рента голем број трговски дуќани во овој град.
Илија Бреслиски
Илија Бреслиски е газда на штипски „Бетон“. Беше директор на оваа фирма, а потоа стана и сопственик на околу 20 отсто од оваа градежна компанија. Посебно му се „позлати“ бизнисот со изградба на дел од објектите во проектот „Скопје 2014“, па оваа година гради насекаде во Скопје. „Бетон“ Штип забележа неверојатен раст на добивката од дури 1.700 проценти годинава. Ако лани фирмата остварила профит од само 107 илјади денари, или минорни 1.700 евра, годинава во првите три месеци добивката се искачила на 28.000 евра, или 1,7 милиони денари. Оваа компанија беше вклучена и во изградбата на ’Злетовица’- регионален хидросистем, а беше и партнер со пробиштипски „Стрмош“ во тамошната фабрика за зеолити.
Зоранчо Митревски
Зоранчо Митревски, сопственик на винарницата „Езимит“, важи за љубител на скапи, луксузни возила од типот на „ферари“ и „порше“, по што е познат во Штип. Се говори дека има винарници и во Италија. Тој е и почесен амбасадор на Литванија во Македонија, па на неговата деловна зграда покрај реката Отиња се вее и знамето на оваа држава.
Гостивар
Насер Идризи
Насер Идризи, директор на друштвото за промет на стоки и услуги „Гетро“ од Гостивар, гостиварската јавност го вбројува меѓу најбогатите во поширокото подрачје. Идризи долги години е на печалба во Загреб, каде што има трговски продавници, а се зборува дека во Италија имал фабрика и продавница за чевли. Во почетокот од осамостојувањето на Македонија ја купи стоковната куќа во центарот на Гостивар од скопски ИГМ, која целосно ја реконструира и во неа создаде 77 посебни локали. Потоа Идризи го купи и имотот на ТП „Гостиварска трговија“ со десетина локали во централното градско подрачје и со магацински простор во индустриската зона. Пред 6-7 години ја купи и зградата на Стопанска банка, која ја урна до темел и изгради современ трговски центар. Напоредно со изградбата на овој центар, се одвиваше и градбата на „Сити центар“. Во последниве години Идризи изгради две станбени згради со по неколку ката, а во приземјето се наоѓаат супермаркети.
Кавадарци
Илија Гечев
Илија Гечев, сопственик на „ИГМ трејд“ од Кавадарци, меѓу кавадарчани важи за еден од најбогатите. Постојано го проширува производниот процес од областа на црната металургија. Гечев честопати знае да повтори дека „ИГМ трејд“ денес е најголема г��инфилд-инвестиција во Македонија, а главни таргети се извозот, инвестициите, вработувањата и профитот. Годишното производство на „ИГМ трејд“ изнесува 120.000 тони заварени цевки профили, од чие производство само 10 отсто е за домашниот пазар, а другото се извезува. Компанијата брои 250 вработени, главно, луѓе од Тиквешијата.
Митко Јанчев
Митко Јанчев меѓу кавадарчани важи за успешен менаџер. Сопственик е на приватното претпријатие „Кожувчанка“’. Од 1995 година неговата фирма се занимава со производство на минерална вода, а веќе големи успеси забележа и во лиценцното производство на сокови од палетата на „Синалко“. Јанчев неодамна најави дека во соработка со германска компанија ќе инвестира и во изградба на пиварница во Кавадарци.
Охрид
Бошко Илоски
Вообичаено се вели дека е најтешко да се заработи и да се „испере“ првиот милион долари, а потоа се' оди лесно. Многу наши Македонци можат со својот пример да ја посведочат оваа максима. Ги има, пак, и такви, што навистина го „отсонуваа американскиот сон“. Од продавачи на весници - до мултимилионери. Еден од нив е и охриѓанецот Бошко Илоски, велат - на прво место според парите и капиталот во овој град. Илоски навистина е случај достоен за филмските ленти. Роден е во сиромашното планинско село Црвена Вода, на дваесетина километри од Охрид, во многудетно и многу сиромашно семејство од 9 деца. Уште од млад почнал самиот да си го заработува лебот. Еден од соселаните му ја дал првата хартиена торба со која почнал да продава весници на охридските плажи. Животот потоа го носи во Германија. Преку лето доаѓал во Охрид, организирал забави навечер, на заљубените им продавал цвеќе во охридските ресторани... Потоа се случи ТАТ кога на судскиот процес во Охрид, поранешниот градоначалник на Битола, Силјан Мицевски, докажа дека милион марки му биле позајмени токму од гастарбајтерот од Германија - Бошко Илоски. Заедно со популарниот битолчанец, Силјан Мицевски-Циле, ја подигна и градежната фирма „Пелистер“, преку која подоцна ја започнаа градежната експанзија во Охрид. Следуваше новиот бизнис-потфат.
Продавачот на весници ги купи двата хотела топтан, „Парк“ и „Горица“, заедно со големата Свадбарска сала, но и со земјиштето. Илоски има свој хотел во Цавтат што важи за едно од најубавите места на Јадранот. До „Инекс-Горица“ во Охрид имаше свој хотел - „Македонија“, веднаш до „Црвената вила“. На местото на хотелот „Парк“ Илоски, како сопственик на една од своите фирми, инвестира, а како сопственик на друга - гради станови за пазар. Официјално - туристички резиденции и апартмани во екстра елитната зона. Буквално под резиденциите на шефот на државата. Се зборува дека квадратен метар чини 3.000 евра. Во секој случај, на една поранешна хотелска зона од прва категорија, каде беше сместен еден од синонимите на охридското и македонско хотелиерство, се гради огромен објект, додека, пак, информациите до кои допираме велат дека до него ќе никнат барем уште два такви.
Битола
Силјан Мицевски
Првата асоцијација на битолчани за богатство, раскош и моќ се поврзува со името на ексградоначалникот на Битола, Силјан Мицевски-Циле. Циле, според познавачите на состојбите, е најкрупната риба во Битола, но и човек што може да го мери својот капитал со најбогатите бизнисмени во државата. Мицевски е првиот човек на градежното претпријатие „Пелистер“, неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еуро фарм“ низ цела Македонија. Поседува капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Мицевски и неговата сопруга своевремено одлежаа притвор осомничени дека се дел од аферата „ТАТ“. Инаку, важи за човек што со години помага во битолскиот спорт, културата, а им помогнал и на голем број битолчани.
Живко Радевски
Поранешните менаџери на битолската млекарница ИМБ по продажбата на фабриката станаа милионери. Еден од нив е и бившиот прв човек на млекарницата, Живко Радевски. Од продажбата на акции во ИМБ, Радевски се офајди со над 5 милиони евра. Сега се обидува да отвори друга млекарница и повторно да се зафати со работа во млечниот бизнис, но засега неуспешно.
Вангел Гагачев
Ретко некој од имотните битолчани ја посакуваат славата на богатите. Пример за тоа е Вангел Гагачев, поранешен генерален директор на ЗК „Пе��агонија“. Битолчани за Гагачев велат дека е еден од најбогатите пензионери, но во исто време и најскромен. Тој поседува голем дел од акциите, не само во ЗК „Пелегонија“, туку и на Стопанска банка - Битола.
Трајче Масалковски
Сопственикот на бензинската пумпа „Пелагонија петрол“ е исто така на списокот на најбогати битолчани. Тој поседува акции во Стопанска банка - Битола, а располага и со голем недвижен имот во градот. Во негова сопственост е и зградата на поранешниот хотел „Македонија“ на Широк сокак.
Спире Момирчевски
Поранешниот сопственик на битолската млекарница „Идеал шипка“, Спире Момирчевки, котира високо на списокот на богати битолчани. Од продажбата на млекарницата инкасираше неколку милиони евра. Сега е дел од бизнисот со градење станбени објекти низ Битола. Голем дел од објектите во центарот на градот се во негова сопственост, а работи и со фабрика за сувомесни производи.
Јорго Шундовски
За битолчани прв на списокот за најбогат политичар без конкуренција е поранешниот министер за транспорт и врски, Јорго Шундовски . Тој има проектантско биро и е главен кројач на урбанистичките планови во Битола без оглед која власт е во опција.
Прилеп
Благоја Самакоски
Благоја Самакоски е сопственик на компанијата „Микросан“ и татко на министерот без ресор, Веле Самак. „Микросан“ произведува високотехнолошки производи.
Кирил Самарџиоски
Кирил Самарџиоски е сопственик на 65,5 отсто од акциите на „Прилепска пиварница“, а неговиот син Сашо поседува 5,44 отсто акции во компанијата. Ги произведуваат македонските брендови „Златен даб“ и „Крали Марко“, како и најквалитетните светски пива „туборг“ и „царлсберг“.
Симон Наумоски
Симон Наумоски поседува 25,08 отсто од акциите на „Витаминка“, а неговиот син Сашо Наумоски го води бизнисот со производство на кондиторски производи.
Кратово
Во Кратово нема дилема дека семејството Иванови се главни локални моќници.
Според официјалните податоци што ги пополнил пратеникот Љубисав Иванов-Ѕинго во анкетниот лист за имотната состојба, стои дека неговиот имот вреди околу половина милион евра, во куќи, возила, акции...
Инаку, според податоци од Централниот депозит за хартии од вредност, тој поседува 54,26 отсто од обичните акции во Рударско-индустрискиот комбинат „Силекс“. Но, бидејќи оваа компанија не котира на Берзата, нема обврска да објавува податоци за тоа колку вкупно обични акции има издадено фирмата за да се пресмета колку вредат. Неговиот син Горан Иванов, исто така, има 8,9 отсто од акциите на „Силекс“, а е сопственик и прв човек на Сител телевизијата. Семејството Иванови се сопственици и на брендот „Добра вода“, се споменува дека некои од најтесното семејство има и фармацевтски бизнис, спортски клуб, а се поврзуваат и со други бизниси во Кратово и во Скопје.
Крива Паланка
Арсенчо Алексовски
Најбогат во Паланка е првиот човек на Општината, Арсенчо Алексовски. Неговиот вкупен имот објавен во анкетниот лист на Антикорупциска тежи ни помалку ни повеќе, туку над 5 милиони евра, или поконкретно, 5,4 милиони евра. Тој е сопственик на неколку фирми, меѓу кои „Траншпед трејд“, поседува и една третина од „Оптикал“ - Куманово, а е газда и на компанијата „Беверли ДОО“ од Крива Паланка. Во анкетниот лист се наведени и куќите што ги поседува колку вредат, возилата, акции и повеќе од десетина сметки во повеќе банки.
Кочани
Ратко Димитровски
Исто така, и во Кочани најбогат е првиот човек на Општината, Ратко Димитровски. Според анкетниот лист, тој поседува вкупен имот од речиси 3,5 милиони евра. Неговото семејство го води бизнисот во печатницата „Европа 92“.
Струмица
Зоран Заев
Уште еден градоначалник на врвот на топ-листите на локални моќници е првиот човек на Струмица, Зоран Заев. Според неговиот анкетен лист, неговото богатство вреди околу 760 илјади евра, но според струмичани, неговото семејство тежи многу повеќе. Тој ја започнал професионалната кариера во „Тргопродукт“, а бил и директор на истото претпријатие. Бил член на Управниот одбор на штедилницата „Пеон“, како и на Управниот одбор на индустријата за градежни материјали „Еленица“, како и претседател на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица.
Семејството Заеви се поврзува со повеќе фирми, меѓу кои „Пеон брокер“, „Тотал инженеринг“, „Тотал електрик“, „Пеон-трго продукт“, „ИГМ Еленица“, „Сара инженеринг“, „Омни градба“, „Делукс инженеринг“, на дел од овие фирми сопственици не се само членови од семејството Заеви, туку и негови бизнис-партнери.
Тетово
Глигорие Гоговски
Глигорие Гоговски е сопственик на 11,37 од акциите на тетовски „Тетекс“, а Иванка Гоговска поседува 6,79 проценти од капиталот на компанијата. Волнарскиот комбинат „Тодор Циповски-Мерџан - Тетекс“ поседува 40,67 од акциите на ТТК банка, а 25 отсто се акции на ЕБРД.
Љазим Дестани
Љазим Дестани важи за еден од најбогатите тетовци. Сопственик е на компанијата „Еколог“, која ја формирал пред околу 15 години. Основната определба била со работна сила да ги опслужува камповите за мировни операции во земјите со воени конфликти, како што се Ирак, Авганистан и други. За таа цел, остварува соработка со НАТО и армиите на повеќе земји што учествуваат во мировни операции. Има свои подружници во Германија, Турција, САД, Кувајт, а во последно време и Кина. Сопственик е и на фабрика за производство на џинс-облека со седиште во Приштина во Косово со околу 1.000 вработени. Во минатата година е прогласен за почесен граѓанин на Тетово.
(Во изготвувањето на текстот учествуваше и дописната мрежа на „Утрински весник“)
|
#
|
Статијата е прочитана 6957 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: B.G. |
Датум: 23.07.2011 00:20:53 |
|
SAMO OVIE LI SE POFALIJA (ni 10% ne e tocno),a drugite ne smeete da gi pipnete !!!???!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Загрижен |
Датум: 23.07.2011 01:32:35 |
|
Ајде сите да се запрашаме како дошле до овие богатства во ова наша жална држава која 20 години е во транзиција, со затварање на сите фабрики, не отварање на ниту една нова, со дуплирање на невработеноста, - значи со плачкање. Крајно време е држ��вата да си ги побара оплачканите пари назад, а ако незнае како нека побара совет од Путин. А овие бедни во душа фаци ако имаат грам совест одма треба да ја напуштат државата бар да не ги гледаме. |
|
|
|
|
|
|
Од: alekso maliot |
Датум: 23.07.2011 02:12:55 |
|
e sega ubavo e da objavite kolku danok dosega imaat plateno vo Mak, "silnive biznismeni" t.e. dali nekoja vlast do sega preku Upravata za Javni prihodi proverila kako go steknale pocetniot kapital -cesno ili so polu/kriminalni dejanija. Pa ako nemaat dokaz -prinudna naplata-isto kako sto im se zaknuvaat sekogas " bezobraznive i zbesnati gragjani" sto ne plakaat TV taksa- faktot so nekoi od gragjanite odvaj krpat kraj so kraj za gol zivot toa e dr prikazna). |
|
|
|
|
|
|
Од: Mile Fr |
Датум: 23.07.2011 03:56:02 |
|
Siljan Micevski bese i bogatas vo SFRJ sprema ovie drugite |
|
|
|
|
|
|
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevska |
Датум: 23.07.2011 04:31:27 |
|
Veruvam deka izumivte da go stavite za eden od najbogatite vo Makedonija nasiot premier Nikola Gruevski ili mozebi "nema" sirotiot,zasto majka mu ili nekoj od najbliskite mu go zede bogatstvoto,a isto taka i negoviot bratuced Mijalkov koj e naslednik na firmata sto negoviot pokoen tatko bese direktor vo toa vreme |
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan-Trade Name |
Датум: 23.07.2011 04:56:32 |
|
Edinstveni spas na Makedonija. e totalna Revizija na ovie Ajducista! Za ovie treba pak da dojde 1946 godina,pa site ,,UZA ZID". Eden Metak vo potiljkak i se e vo Red .Me interesira. samo kolku narodna Maka Ukradoa Ovie nakadrosani Lopuzine. Samo ne im Blazam.;Bog nee Vrana Oci ne im Vadi, ama samite ce si gi Izvadat! Site ovie pogore nakadrosani se RUGOBI od Lugje! Veruvajte mi, Gjavolot gi povede i go sledea,a sega se vo :Gjavolsko bunilo od: Familiarni problemi,Bolesti,Nesonica,Griza na Sovesta,ja nemaa,a sega im se vraca kako Bumerang,Starost,Drtavost.Klapsavost i zapostavenost i ignorisane od najbliskite! |
|
|
|
|
|
|
Од: Stojance |
Датум: 23.07.2011 06:06:42 |
|
Vo ova nase vreme uste polesno se stanuva
bogat i toa za samo 1 godina.Vrabotuva(proizveduva) 100 drzavni sluzbenici,im zema po
4.000 evra i zarabotuva cisti 400.000 evra.Em uspesen i sposoben vo sredinata, em neodanocen
i cist kako solza. |
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1 |
Датум: 23.07.2011 06:17:53 |
|
Samo ovie li se aramiite??? Za 20 godini so rabota ne se steknuva bogatstvo, tuku samo so aramilak. Treba da se vrati preispituvanjeto na imotot kako sto toa se pravese vo JU pa neko dokazat od kade im e bogatstvoto. |
|
|
|
|
|
|
Од: Od strana gledano |
Датум: 23.07.2011 07:50:13 |
|
A mene zoshto ne ste me napishale? Jas imam povece od ovoj direktorov na Beton Shtip !
Analizava nema vrska so realnosta, ima ludje koi na godishno nivo prijavuvaat milioni evra zarabotuvacka, a koj znae kolku zarabotuvaat, nego im ostanal muabetot na ovie deka se bogati i toa ti e! |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 23.07.2011 08:28:22 |
|
Јас очекував да видам големи риби по насловот тоа ништо.Страв вие да брцнете а?. |
|
|
|
|
|
|
Од: cento |
Датум: 23.07.2011 08:37:10 |
|
Poveketo od ovie "mega bizmismeni" bea direktori na spomenatite firmi i im gi zedoja prisilno so zakani za odkaz akciite na vrabotenite za postozasto |
|
|
|
|
|
|
Од: kiro |
Датум: 23.07.2011 08:44:17 |
|
Kamo da ima vakvi uste iljada, pa malku standardot ra se pokaci vo MK.Inaku gledam od komentarive, deka lugevo ne go svakaat kapitalizmot, od kade im e bogatstvoto.Inaku za primer samo vo Minhen vo edna naselba ima nad sto vakvi bogatasi so stotisi milioni na smetkite,po tri miliona imaat firmicki so po 20 vraboteni a da ne zboruvame za tie po sto i do iljada.No takov narod sme nie so edna noga vo socijalizam seuste.Za sporedba so ovdesnite(germanskite) bogatasi ovie gorenavedenive se siromastija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Dame |
Датум: 23.07.2011 09:10:01 |
|
Se znae kako dosle do ovoj kapital za tolku kratko vreme a sto site nas ne cudi:" Kako toa da drzavata im dozvolila da ne go plakat danakot".?,sto znaci ja kradele drzavata koja im dozvoluvala tolku golemi profiti samo za sebe prijavuvajki minimalna zarabotka.Sto rabotele revizori i finansijska inspekcija?Zatoa propaga drzavata.Za zapad ovie luge se najgolemi kriminalci a ne bogatasi-JA KRADELE DRZAVATA!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Buntovnik |
Датум: 23.07.2011 09:10:45 |
|
Fala vi za spisokot ke si go pocuvame. |
|
|
|
|
|
|
Од: miki |
Датум: 23.07.2011 09:21:44 |
|
e,sega drzavata treba da gi pritisne site ovie bogatasi da vratyat del od odleaniot kapital so toa sto sekoj od niv ke otvori po dve tri novi fabriki so po sto dveste novi vraboteni.
Taka na primer PUTIN ja ottrgna Rusija od dnoto. Gi povika glavnite tranziciski bogatasi i im nalozi da investiraat vo rusija. |
|
|
|
|
|
|
Од: strumica |
Датум: 23.07.2011 10:04:52 |
|
Bre bre vednas site bile ajduci, barabi, kradaci... Ako nekoj poseduva firma so 1000vraboteni koj sto mu ostvaruvaat 10 evra od vraboten presmetajte kolku toj stava vo djebot mesecno kolku godisno i pomnozete so 20 godini. A veruvajte eden vraboten ostvaruva poveke od 10 evra profit mesecno. Toa dragi moi se vika eksploatacija na rabotnata sila, i mislam deka e osnova na kapitalizmot. Sega sakavme kapitalizam a ne sakame da bideme eksploatirani iskoristuvani e taka ne bivat :) |
|
|
|
|
|
|
Од: MKD - Boy |
Датум: 23.07.2011 10:05:34 |
|
Minco Jordanov Sveto pivara tie se vo siromasni? |
|
|
|
|
|
|
Од: xxL from PP |
Датум: 23.07.2011 10:31:47 |
|
a vmrovskite "biznismeni" Mijalkov,Grujo,Ljubco Gerogievski itn.. gi zaboravivte a? |
|
|
|
|
|
|
Од: Стец |
Датум: 23.07.2011 11:13:20 |
|
Каде се најбогатите во МК? Листата ви е смешки. Седнале и направиле листа на провинциски богаташи - а каде се големите скопски милионери??? |
|
|
|
|
|
|
Од: realist |
Датум: 23.07.2011 11:22:51 |
|
do Utrinski vesnik: koka pisuvate za nekoi firmi ili lica treba tie podatoci da bidaat verodostojni i tocni vo slucajot kaj Lazim Destani covekot e miliarder i e najbogat ne samo vo makedonija no jas bi rekol vo celiot balkan, kako vtoro taa slika sto ste ja postavile ne Lazim destani tuku slikata e na gradonacalnikot na Tetovo Sadi Bedzeti taka sto proverete gi tie raboti prvo pred da gi objavite |
|
|
|
|
|
|
Од: Некој си |
Датум: 23.07.2011 12:02:21 |
|
Штипјани најбогати луѓе во листата за штип недостасуваат уште 100 личноати со по едно мидлидонче! |
|
|
|
|
|
|
Од: Лидија |
Датум: 23.07.2011 12:08:57 |
|
Ѕинго многу малку пријавил. За жалење е човекот. Срамота!
П:С: А да знаете колку радост има во моето семејство. Живееме скромно, обично, само сметките и давачките да си ги платиме и за да не ни се смејат и ситат комшиите. Трошиме од заштеденото.
И да знаете колку е слатко јадењето кај нас!
|
|
|
|
|
|
|
Од: xtrodenary |
Датум: 23.07.2011 13:03:07 |
|
xxexexe, abe sto ste opasni novinarive ... dajte nekoe cedo na protokalovata revolucija stavite ne samo cepkajte po ostanatite subjekti. Dajte da vidime Vlatko Dgjorcev, Antonio Milosovski, Zoran Stavrevski, Gordana Jankulovska, cico Gruevski i skromniot Mijalkov pa da napravime edna sporedba so vasata lista na uspesni biznismeni 20 god. i uspesnive biznis politicari za samo 5 godini. |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 23.07.2011 13:07:40 |
|
,,Cenata,,za vrabotuvanje e aklamativno i prekutno
determinirana od 3 do 4.000 evra,se znae i onaa za
invalidska penzija, za koncesii,placevi,dukani,stano
vi i.t.n.kade se gradonacalnicite i drugite od ,koloto,.
Pred sednuvanjeto vo fotelja,vozea krsovi,sega letat
niz drumovite,ne znaeja sto e more,sega imaat svoi apartmani,jahti.Bea vitki,sega se stokilasi,se od narodni pari i na grb na graganinot ,ili od ,,cesno zarabotenite pari,,.Proceslajte gi gradonacalnicite,
oti golem broj od ovie bogatasi,koi ste gi naslikale
za niv se ,,paceri,,. |
|
|
|
|
|
|
Од: iden bogatas |
Датум: 23.07.2011 13:13:29 |
|
Se e dobro napisano samo naslovot ne treba da bide toj oti ovde gi nema najbogatite luge vo makedonija. Dali e strav vo prasanje ili nesto drugo sepak ste gi zaboravile i ste objavile carsiski muabeti. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tocno receno |
Датум: 23.07.2011 13:16:05 |
|
Bash tocno receno. Krupnite ne se opfateni od strav za represalii. A kolku danok ne platile - nema da se doznae? ? ? ? ? ? Zatoa sto danok se plaka i na imot i na se sto vredi pari. Vesnikov svrtuva radikalno vo tekstovite za da ne se najde na udar od moknicite. A drzavite potpishuvaat dogovori vo koi danocnicite ne moze da krijat bogatstva nadvor od zemjata kade se vodat kako ziteli. Hm smrdi |
|
|
|
|
|
|
Од: bitolcanec |
Датум: 23.07.2011 13:38:47 |
|
Se nadevam deka vo vasata lista sledniot pat ke go dopisete i bivsiot minister Zoran Konjanovski koj samo od ministerstvoto za narodna odbrana ima zaraboteno preku 4 milioni evra. Dodadete gi na predhodnite milioni od REK i ke vi bide jasno deka ste go ispustile najbogatiot bitolcanec. Se prasuvate od kade tolkava zarabotka? Prasajte gi vrabotenite vo odbrana, a i kupcite na stanovi vo ohrid a mozete i vrabotenite vo REK. |
|
|
|
|
|
|
Од: има уште |
Датум: 23.07.2011 13:43:05 |
|
а Штерјо, Свето,Стојменов, Минчо,Благоја-Зегин,Туџаров-Реплек, Живко-Алкалоид,Чифлиганец со градежништвото,Калеников и цела компанија на сопственици на Авто салони,Тодоровиќ-Тинекс,Зелениковски,Трифун,Орце Камчев......и многу, многу други за кои сега не ми текнува и многу многу други за кои појма немаме оти не се јавно декларирани никогаш. |
|
|
|
|
|
|
Од: М.С. |
Датум: 23.07.2011 13:49:34 |
|
-Трифун Костовски
-Минчо Јорданов
-Ристо Гуштеров
-Бајруш Сејдиу
-Благоја Механџиски
- и уште многу други |
|
|
|
|
|
|
Од: mimi |
Датум: 23.07.2011 13:52:27 |
|
Pa kako ovoj Samak ne moze da go nabrka nikoj od drzavni jasli pokraj tolku bogat tatko? I drugo, sosema da gi razbere covek politicarive na vlast. Pa zosto i tie da ne se nafatiraat kako i ovie koi veke prethodno zagrabale se sto moze da se zagraba, od fabrika do planina, razni koncari, razni zelezari i tn i tn. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vladimir Struga |
Датум: 23.07.2011 14:09:09 |
|
Paa kako bre go zaboravivte RAMIZ MERKO struskiot gradonacalnik za kogo garantiram deka se zbogati najbrzo od site ovie gore a siguren sum deka nitu edno evro ne mu e cisto -NAJOGLEM APAS na site vreminja - dojdete ,ispitajte malku pa ke se ugverite sami! |
|
|
|
|
|
|
Од: altin |
Датум: 23.07.2011 14:45:00 |
|
vo delot kade sto se opisuva bogatasot od TETOVO na slika e prikazuvan gradonacalnikot na Tetovo g-din Sadi Bexheti , no fala bogu i toj ne zaostanuva vo ovoj del. treba korekcija |
|
|
|
|
|
|
Од: Горан |
Датум: 23.07.2011 15:23:10 |
|
Милионерот Арсенчо Алексовски,Градоначалник на Крива Паланка цел град знае од каде и на каков начин се има збогатено |
|
|
|
|
|
|
Од: Jovanni |
Датум: 23.07.2011 17:10:19 |
|
A kade se sveto pivara,trifun kostovski,sterjo nakov ili pak risto gusterov,igleda se mnogu siromasni pa ne se na listata,a site znaeme deka se najbogatite vo makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: lena |
Датум: 23.07.2011 20:22:44 |
|
a be lugeto mnogu rabotele a malku leb jadele i si spe4alile pari4ki bravo!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Ivan |
Датум: 23.07.2011 22:50:43 |
|
Dobro bas ste nasle da go stavite Zaev.Pa negovata familija ne e celosen gazda na nivniot kapital,tuku nivnata familija po zetovci i snai od Srbija.Golem bivs durektor od Srbija so matno minato so koj se familijarno povrzani stoi zad niv.Znaci tie ziveat samo za procent obicen,znaci ne se pravi gazdi paravan se ok.Pola Zaevci vozat Ladi i Yugo.Zaev licno nosi Lacosta casovnik od 100 evra.I tie bogati Smesni ste.Objavete za vistinski da ja znae situacijata narodot. |
|
|
|
|
|
|
Од: tija |
Датум: 23.07.2011 23:42:23 |
|
Koja provinciska elita!:) Direktno za vo Forbs! Ha, ha, hahahahahahaha |
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 24.07.2011 07:27:13 |
|
Nemam nishtoprotiv za onie koj za 20 godini postanale so pot moljoneri, iako veruvam deka od ovie luge drzavata ima izgubeno milioni dolari vo neplateni porez ..Vo pochetotkot na 90godini vo Makedonija vladeeshe Mafijata koja zakonski im dade pravo na Direktorite da gi kupat site pretprijatija so kradeni pariiGo izvisija Makedonskiot narod koj so godini plakashe porezi i od toa nishto ne dobija a pogledajte ja dobro statistikata pogore i ke vidite skoro Site bogatashi se praneshni Direktori i Gradonachalnici .SRAMNA RABOTA .Po moe mislenje se poveketo KRIMINALCI. |
|
|
|
|
|
|
Од: elpaso |
Датум: 24.07.2011 12:35:55 |
|
mnogu licnosti nema sto svoite milioni gi zarabotile od prodazba na grozje,bostan,piperki,tutun,domati... vie novinarite treba da se raspitate kade se i kolku zarabotile direktorite na fabrika za kabli-Negotino, direktorite na tec-NEGOTINO,pa ex-gradonacalnicite i sovetnicite,pa ima privatni firmi i vinarii sto se nadevam ke ve zaintrigira od kade im se parite za toa sto go poseduvaaat....pozz... |
|
|
|
|
|
|
|
|