Лекар-колега ја уби директорката на Заводот, Лилјана Угриновска-Груевска
Горан Адамовски
Лекарите и убиваат наместо да спасуваат. Во Заводот за рехабилитација во Скопје директорката д-р Лилјана Угриновска-Груевска (64), беше искасапена со нож од нејзин колега во еден налудничав напад за кој се' уште не е утврден вистинскиот повод. Лекарката потоа беше итно однесена на Клинички центар, но и по шестчасовната операција нејзините колеги не можеа да и' го спасат животот. Драмата во Заводот за рехабилитација во Козле се случила во нејзината канцеларија кога 62-годишниот лекар М.Л. ја нападнал со нож. Со тешки повреди на главата и на телото, Угриновска била пренесена на КАРИЛ, а потоа и на операција во Клиниката за торакална хирургија.
Овој настан вчера го шокираше Скопје, а лекарите не можеа да поверуваат дека се случило такво нешто - белите мантили да употребат и ножеви за да расчистат некои недоразбирања.
Од МВР информираат дека нападот врз докторката се случил околу 10,30 часот. Докторот М.Л. влетал во канцеларијата на директорката и со нож ја нападнал, прободувајќи ја дваесетина пати во вратот, градниот кош и во стомакот. Во коматозна состојба жената ја одвеле во Клиничкиот центар, но поради тешките повреди, ја пренеле на операција на Клиниката за торакална хирургија.
Тим од дваесетина лекари се борел да и' го спасат животот. Болнички извори велат дека докторката била двапати реанимирана, но бидејќи изгубила многу крв, нејзиниот живот не можел да биде спасен.
Насилниот доктор е приведен. Полицијата го испитуваше за мотивите за нападот на претпоставената. Во МВР велат дека според првичните сознанија, станувало збор за недоразбирања што постоеле меѓу Угриновска и М.Л. подолго време. Пронајден е и ножот со кој бил извршен нападот. Против М.Л. ќе следува кривична пријава, велат од полицијата.
Во Заводот за рехабилитација вчера беше навидум мирно. Студентите од Факултетот за медицина, кои требаше да полагаат испит, и многубројните новинарски екипи чекаа пред зградата. Полицијата вршеше увид во канцеларијата на директорката. Лекарите и персоналот во Заводот се обидуваа без застој да ги услужат пациентите што доаѓаа за терапија. За докторка Угриновска имаат само пофа��ни зборови.
„Одличен доктор и многу кротка. Никогаш со никој не се скарала, не знаеше да подвикне. За сите имаше трпение и добар совет“, вели еден од вработените во Заводот.
За причините за инцидентот никој не сакаше да зборува јавно. Неофицијално се зборува дека докторот имал психички проблеми, според други гласишта, причина за инцидентот било доцнењето на платата. Што е вистина, ќе утврдува полициската истрага.
Инцидентот најостро беше осуден од Министерството за здравство, од каде што велат дека формирале специјален тим, кој ќе врши детално испитување на причините што довеле до овој настан.
ocigledno kaj nas ima mnogu so psihicki problemi koi prodolzuvaat da si rabotat se' duri ne nastane tragedija.
Од: ohrid
Датум: 20.05.2010 08:35:07
zosto inicijali ?koj e zastiten, koj se stiti so inicijalite,zarem uste robuvame na minatoto...........
Од: јован
Датум: 20.05.2010 09:34:13
Во нашата држава нема нема многу луге со психични проблеми има институции и лица со психички проблеми кои ги водат тие институции. Треба да се запраша нашето државно раководство до каде отидоа. Не боли сите нас кога секојдневно слушаме унапредени, поставени на високи функции луѓе кои не се за тоа. Ако нема прави и вистински квалитети, ако не се почитуваат прописите, знаењето, искуството и одговорностите. Неможе неодговорен човек, измамник, дилетан, без и еден ден искуство да води институција. Друг проблем е тој што го бива кога дијде на позиција под притисок од горе, несмее ништо да стори. Неможе да нема одговорност ако платата доцни или нема пари. Затоа ве избравме а вие по��тавувате луѓе да ги водат институциите правилно и да има на време она што треба. Неможе приватниот интерес да биде над интересот на вработените, институцијата и државата. А неможе и во интерес на државата да се кршат основните човекови права, право на исхрана и задоволување на сите потреби. Без пари не се живее....
Од: Vancho
Датум: 20.05.2010 10:08:12
Titulata ne kazuva za chovek koj je vo stvarnost.Chovek vo stvarnost moze da sluzi na eden od dvoca Gospodari.Vo Sluchajov Doktorov js sluga na GAVOLOT. Pa sekoj od nas sam se opredeluva na koj ke sluzi vo zivotot.A ti denes odberi da ti bide Bog gospodar na tvojeto SRCE.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.05.2010 10:49:14
Интересантно би било дали ќе му се одземе лиценцата за работа на лекарот-убиец,или ќе продолжи да лекува макар и во затвор.И така по затворите недостасува лекарски персонал.
Од: Jasmina
Датум: 20.05.2010 15:24:20
До Охрид. Законот ги штити. Целото име не смее по закон да се објави на било кој осомничен, тоа може само откако е обвинет.
Од: Boris-Iselenik od USA
Датум: 20.05.2010 17:20:31
Steta "Jasmina" sto zakonot ne sakaat se uste da go smenat, vo USA i pred da gi obvinat sekoja vecer na vesti gledam celi iminja i preziminja na uapseni lica..