Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-��о
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
11.06.2013, 16:06
Промовирана монографија за Кирил Ристоски



На МТФ „Војдан Чернодрински“ денеска беше промовирана книгата за починатиот актер од авторката Јелена Лужина

Прилеп - Во рамки на 48. издание на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, денеска напладне беше промовирана монографија за починатиот актер Кирил Ристоски, долгогодишен претседател на фестивалското Собрание. Монографијата е во издание на Македонски народен театар.

,,Кирил Ристоски е еден од ретките македонски актери кој им бил рамноправен партнер на најдобрите актери од сите генерации. Само тој играл со сите нив, со сите нас“, рече актерот Дејан Лилиќ, директор на МНТ. „Кога тргнавме да ја работиме, решивме книгата да биде мала, таква каква што сакаше Кире. Им благодарам на сите што се собраа околу неа. Добра, позитивна енергија се собра околу овој проект. Сите се откажавме од што било, сакавме да биде најубава на свет. Фала ти, Кире“, рече авторката на книгата, театрологот Јелена Лужина, во своето емотивно промовирање на делото посветено на животот на работата на Ристоски.

Според д-р Ана Стојаноска, оваа е уникатна книга, направена со максимална поддршка од сите учесници. „Ова е монографија што одговара на големиот актер Кирил Ристоски. Содржи над 300 страници, со стотина фотографии, кои ја полнат сликата за пријателот на македонскиот театар, Кирил Ристоски“, рече пред присутните Стојаноска.

Монографијата, според истакнатите театарски работници кои говореа на промоцијата, е прекрасно дело, кое комплетно го отсликува Ристоски, книга со висок стандард, која излезе од печат со поддршка на Министерство за култура, Фестивалот, локалната самоуправа и прилепска ,,Витаминка“.

А прилепската локална самоуправа во чест на Ристоски постави спомен-плоча со неговото име на „Патеката на славните“, што се наоѓа веднаш пред Центарот за култура „Марко Цепенков“. Оваа патека Ристоски ја минуваше со години, како актер-учесник на Фестивалот, но и како претседател на Собранието. Тој вложуваше максимални напори за подобра организација на овој реномиран фестивал и тогаш кога беше принуден да се обраќа до спонзорите, за да се соберат средства и Фестивалот да продолжи да се одржува во Прилеп, градот почитувач на театарската уметност, градот каде што и почна Фестивалот пред 48 години, скромно како театарски игри.














Статијата е прочитана 669 пати.


Испрати коментар



Филхармонијата гостува во Кичево и во Гевгелија
Новелата „Смртта на Ерусалим“ на Османли објавена во Брисел
„Миладиновци (три аналитички ретроспекции)“
Неделна кинопрограма
Медал за заслуги од Косово за академик Матеја Матевски
Современа македонска и австриска музика во Виена
Големите љубови на Кочо Рацин
Дуке Бојаџиев ќе соработува со оскаровецот Џонатан Деми

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 14°C

Недела
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 19°C

Среда
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Економски бум со кралското бебе
Среќните околности најчесто го поттикнуваат купувањето, така што се очекува сличен ефект и од доаѓањето на свет на подно...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |