Почна асфалтирањето на вториот дел на „Илинденска“
Започна асфалтирањето на „Илинденска“ на потегот од „Рузвелтова“ до улица „Никола Тесла“. Прво ќе се асфалтира десната коловозна лента, а потоа и левата. Трасата за двете нови ленти од „Рузвелтова“ до булеварот „8 Септември“ е веќе пробиена, на дел се изведуваат земјените работи, а дел е тампониран и се поставуваат рабници, сливници и се оформува нова раскрсница со „Никола Тесла“ и влезот во „Паркови и зеленило“. Се поставува инсталација и ново улично осветление. На потегот од фонтаната кон Влада, пак, земјените работи речиси се комплетно завршни, а потегот од „Наум Наумовски - Борче“ до „Ленинова“ е подготвен за прво асфалтирање. На останатите делови од улицата се работи на тампонирање, валање, поставување инфраструктура и уредување раскрсници. (С.Н.)
|