Пари има. Се' што сме ветиле, ќе оствариме. Преку вакви и слични слогани македонските авторитети не престануваат да емитуваат огромни количини оптимизам во јавноста. Никако не сакаат да ја расипат идиличната економска слика што со години се обидуваат да ја сервираат пред своите граѓани, потценувајќи го до максимум нивниот ментален капацитет и, воопшто, способноста сами да проценат дека не живеат ништо подобро и побогато од претходниот период.
Веќе е здодевно и да се пишува колку е очајна состојбата со македонскиот буџет и колку големи кастрења ќе мора да претрпи за да се приспособи на реалноста. Факти дека во државната каса едноставно нема пари можете да сретнете на секој чекор, ама во Владата тоа никако да го видат. Или го гледаат многу добро, но не сакаат да го признаат.
Но, тука се поставува сосема легитимното прашање кого, всушност, го замајуваат. Дали ќе успеат да ја убедат мајката која доби детенце пред неколку месеци, но се' уште не ги примила заслужените пари од државата што се нарекуваат надоместок за породилно отсуство дека буџетското полнење е солидно. Истата таа мајка секој ден попусто го очекува поштарот да заѕвони и да и' го донесе плик, но затоа на телевизија секој ден го гледа и го слуша премиерот како повторува оти „Македонија најдобро од сите европски земји се изборила со економската криза“.
Или можеби бизнисмените ќе поверуваат дека буџетските приходи се прибираат со предвиденото темпо, иако заборавиле кога последен пат министерствата и државните агенции им платиле за продадените возила, за изградените објекти, за извршените услуги... Во последната анонимна анкета што им ја правеле, газдите на компаниите до последен се жалеле дека не само што државата доцни со плаќањето на своите обврски, туку се принудени да фаќаат и врски меѓу големите владини функционери за да си ги добијат со мака заработените пари. А за повратот на ДДВ не вреди ни да се зборува, бидејќи, според некои информации, долгот кон фирмите по оваа основа се наталожил до 32 милиона евра. Ама ни тоа не е доволно за првиот финансиер и првиот даночник да признаат дека има буџетски проблеми. Министерот Зоран Ставрески неодамна се обиде овој даночен долг да го оправда со контролите што инспекциите на Управата за јавни приходи ги прават во компаниите што бараат поврат. Но, оние што малку подобро ги знаат работите тврдат дека правото на проверки вообичаено се злоупотребува од фискалните власти во сушни буџетски времиња, така што контролите се оддолжуваат неоправдано колку што може повеќе, само со цел да се држат парите во буџетот и со нив да се покриваат основните државни потреби. Друго прашање е што нашите бизнисмени не сакаат јавно, со име и со презиме, да се пожалат дека државата доцни со враќањето на ДДВ. Исто како што и за кој било друг проблем што им го прави власта зборуваат само за тајните истражувања, никако не обелоденувајќи го својот идентитет.
Многу е веројатно дека во добрата буџетска кондиција нема да поверуваат ни работниците што беа ангажирани на археолошките локалитети во земјава, бидејќи тие запреа токму поради недостигот на пари во државната каса. Тоа сигурно нема да бидат ниту студентите, чии стипендии и кредити, исто така, некако бавно доаѓаат на студентските сметки, а уште помалку социјалците, кои се' потешко успеваат да им се израдуваат на државните надоместоци. И, конечно, ниту административците и пензионерите, чии плати и пензии веќе не можат ниту да се поделат ако претходно државата вонредно не се задолжи кај домашните банки.
Сега сите погледи се вперени кон Ставрески. Тој за неколку дена ќе мора да каже кој проект и за колку настрадал со ребалансот. Но, тешко дека ќе признае колку е сериозна состојбата со економијата.
И народот, и опозицијата и власта горенаведеново многу добро го знаат - но најчудно од се ми е што власта, и покрај сето ова дереџе, не ни помислува да подзапре со најнесуштествените трошоци за споменици, фонтана, црква, триумфална капија, фасади. Демек прават ребаланс на буџетот, а не можам да си објаснам зошто не сакаат да скратат на овие трошоци со кои можат комотно да се покријат барем некои ставки од буџетот за проекти кои во парламентарните избори им ги ветија на граѓаните..
Од: terezija -
Датум: 05.06.2010 01:25:20
Za zal bash tie (koi im "veruvaat") voopshto i ne chitaat shtampa-pogotovo ne Utrinski...Zarem e nekakva tajna deka ovaa vladeachka garnitura e olicetvorenie na PROSTATA masa -so koja lesno se manipulira ! A ne e ni tajna deka niedna dosegashna Vlada - od osamostojuvanjeto pa se' dosega, muva ne gi lazi koga e vo prashanje Narodot; zagrizeni se samo za lichnite interesi i sekako alchnoto bogatenje. No, sepak FAKT e deka vladata na N.Gruevski najmnogu pridonese za propasta na Makedonija kako Drzava ! Zatoa i ke ostane zapametena kako edinstvena KANIBALSKA vlada, koja opstojuva iskluchivo jadejki go sopstveniot Narod...i taka se' do SAMOISTREBUVANJE !!!
Од: Bobi 77
Датум: 05.06.2010 03:17:02
A koj vi veruva vam ( utrinski , dnevnik , vreme , a1tv , alfa tv ), najverojatno samo vasiot brance i negovite ogromni 8%.
Од: Mitre od dolnodupen-i
Датум: 05.06.2010 07:16:42
Кога излезе лагата за осумте милијарди од Премиерот што сакате повеќе.Очигледно дека владата со тактиката купи ден помини - ја развлекува вистината дека Македонија влегува во економска криза од големи размери.Сега уште поради притисокот на партиското членство ќе ги вработува своите партиски војници.А пари нема и за досега вработените?Во интерес на РЕЈТИНГОТ на вождот. вистината се затскрива но веќе нема да може а и позајмувањата на кус рок само ја зголемуваат задолженоста на државата.Оваа влада навистина прави глупост до глупост нема пари а Скопје 2014 ќе чини огромни пари како и куп други непотребни зафати како и последната плажа на вардар.Дали дел од овие средства се користат и надвор од државава или тоа ќе го дознаеме кога ќе си оди фамилијата?
Од: ne e bitno
Датум: 05.06.2010 09:25:02
Jas do sega tolku neuk i zaveden narod nemam videno. Nemam videno ni tolku samobendisani, a nesposobni "intelektualci". Tolku e se isprvrteno vo taa mala zemja, duri i nekoi raboti ne se i po zdrav razum, a nikoj voopsto nikoj ne pokrena nitu edna inicijativa, dvizenje, organizacija koja ke gi odstrani gruevci, brankovci i slicni, da zemte se vo svoi race, da vrsite pritisok, sami da barate pomos od EU da zastanete na noze i pocnete da funkcionirate kako NORMALNA drzava. Ne ste svesni kako seto ova izgleda od malku podaleku...Ne ve rzbiram, tolku pasivnost, tolku strav li, tolku neznaenje...najmnogu los mentalitet. Vo Mk. sekoj go uci svoeto dete na cuti-trpi,sto e mnogu pogresno, nema zosto ni da se cuti ni da se trpi, sekoj eden sto se rodil na planetata zemja ima pravo da se bori za svojot zivot. Koga ke pocnete vie?
Од: do bobi77
Датум: 05.06.2010 09:33:43
Ocigledno e deka si srkas krem i ne gledas sto se slucuva okolu tebe. ili se druzis samo so istomislenici i ne te zasega kako ziveat ostanatite tvoi sogragjani koi sekoj den se POVEKE TONAT VO SIROMASTIJA I BEDA? i na krajot, zosto se zamaras da citas utrinski vesnik, koga ne mu veruvas? Citaj ci vecer, gledaj si siteltv i uzivaj si vo porokaloviot svet!
Од: dedodimo
Датум: 05.06.2010 10:48:05
Pomalce kritikuvanje a poveke rabotanje pa podobar zivot .Shto mislite ,ako vlezite vo EU podobro ke ziveete ?Mislite deka Eu ke pravi pari i ke vi pushta vas bez rabota da ziveete .Ako taka mislite mnogu se lazite .Zapnete kako IZREAL ,tie od pudtina oazi napravija a kaj nas bogatite polinja lezat ,nikij de saka da raboti .Sram da vi e.
Од: olivera
Датум: 05.06.2010 14:48:58
za Bobi 77
Drag gospodine, ne se raboti za toa koj na kogo mu veruva, se raboti za toa koj kolku gleda, razbira, raboti, zarabotuva, saka, pocituva. Za toa se raboti
Од: сале
Датум: 05.06.2010 14:50:51
Изгледа само вие 8% во државата ни сте паметни а другите се глупи вмро-вчиња ама изгледа имате или кратко или селективно памтење. За потсетување олигархија е владеење на малцинството а демократија е владеење на народот односно мнозинството па вие што сте 8% размислете усте еднаш