Петнаесет загинати, пет повредени, тројца исчезнати и 50 преживеани по потонувањето на бродот „Илинден“ (16:35)
Охрид, 5 септември (МИА) - Петнаесет загинати, пет повредени, тројца исчезнати и 50 преживеани патници, е билансот од денешното потонување на бродот „Илинден“ во водите на Охридското Езеро во близина на автокампот „Елешац“, потврди министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. На бродот во моментот на несреќата имало 73 патници, повеќето бугарски туристи, иако тој имал дозвола за превоз на максимум 45 лица. Телата на 15-те загинати се пренесени во охридската болница каде што треба да биде извршена обдукција. Лекарите веднаш по несреќата успеале привремено да реанимираат една патничка од настраданите 15, но таа подоцна починала. Петмината повредени, меѓу кои и капетанот на „Илинден“ 23-годишниот Сотир Филев, се хоспитализирани, а по тројцата исчезнати се трага. Бродот „Илинден“ потонал за само четири минути, од 10:33 до 10:37 минути. Според првите изјави на преживеаните од несреќата, кои се сместени во хотелот метропол, „Илинден“ заедно со уште два брода на меѓусебна оддалеченост од стотина метри пловел на редовна линија од Охрид кон Свети Наум. Во еден момент слушнале како нешто пукнало во задниот дел на бродот, по што тој веднаш потонал. Очевидци тврдат дека бродот потонал за многу картко време, а први помош на патниците им пружиле бродовите „Александрија“ и „Кристина“ кои биле во близина и чија брза интервенција спречила уште поголема трагедија. - Несреќата се случи околу 11 часот. Ние бевме во глисер, сакавме да се паркираме во Елешец и тогаш од брегот ни викнаа дека има потонат брод. Само што се завртевме видовме како плутаат луѓе. Веднаш заминамвме кон нив, но најмалку десет веќе беа мртви. Неколку преживеани зeмавме во глисерот, а на тројца за кои мислевме дека можеме да ги спасиме, им пруживме прва помош, меѓутоа беше доцна, вели Гордана Рувческа од Кичево. Еден од преживеаните патници, бугарската државјанка Јорданка Димитрова изјави дека бродот откако се превртел потонал за една секунда. Според неа на бродот имало млади девојки и повозрасни, но не и деца. На местото на несреќата поладнево пристигнаа претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, а вечерва по повод несреќата Владата на Република Македонија ќе одржи вонредна седница. Утрешниот ден - 6 септември Владата одлучи да го прогласи за Ден на жалост во Република Македонија.
Na pocetokot iskreno zalenje za zrtvite i dlaboko socuvstvo do nivnite semejstva!
Poradi pretovareni brodovi vakvi tragedii se slucuvaat vo takvi zemji kako sto se Tajland, Indonezija...vo koi zivotot na covek e pomalku znacaen od cenata na biletot!!! Vo jagmata za profit, covekot se tretira kako golema nula!
Dali nekoj vo Makedonija voopsto vrsi kontrola na brojot na patnicite koi se vozat vo krntii ne samo na Ezeroto, tuku i po patistata vo drzavava?
Pokraj ministerot za transport, ostavki treba da si podnesat i site ostanati koi snosat vina za ovaa tragedija (od Kapetanijata, od Opstinata, od Ministerstvoto za soobracaj, MVR i tn.)!
Од: Леонардо Ди Охридија
Датум: 05.09.2009 21:48:41
Sega dobvme makedonski titanic. Ova mal titanic , zamislte koga treba da potone Vladata udarena od santa mraz od losa ekonomija i policiska drzava
Од: Ивайло
Датум: 05.09.2009 21:57:13
Бог да прости загиналите.
Поклон през тези, които помогнаха на другите да се спасят.
Од: skopjanec
Датум: 05.09.2009 22:28:36
Pocnuvajki od gradskite i megu gradskite avtobusi, se do vozovite i brodovite se e krsh. Premierot i ministrite samo ednas vo svojot mandat da se povozat so ovie krsh prevozni sredstva pa da vidat kako narodat pati. Na mesto da se kupat novi, vladata misli samo kade da izgradi crkva ili dzamija. A za bezbednosta na lugeto bas im je gajle.
Од: joro
Датум: 05.09.2009 23:10:51
losho
Од: Rim
Датум: 05.09.2009 23:52:50
Uste kolku luge treba da zaginat na ezerovo za da se svestat vlastite deka treba neshto da se napravi da se stavi red so plovnite objekti. Dali nekoj vrshi godishen pregled na plovnite objekti?Kako moze brod da se optovari so patnici, pa ova go slushame koga vo Africa ili Azija potonuvaat feri so pogolem broj na patnici od propishanoto.
Treba da letaat od rabotnite mesta site onie koi dovele so nivnata neazurnost do ovaa tragedija. Socuvstvo do pocinatite.
PS. Pred 2 godini kaj SV Naum me molea da ne kacat na kajce; jas samo go poglednav kajceto i si pomisliv, ni mrtov ne se kacuvam vo nego, izgledashe ocajno.
Од: Ивайло-българин
Датум: 06.09.2009 00:21:23
Загинатите-бог да ги прости ! На тези ,които помогнаха в трагедията -огромно Б л а г о д а р и м ! Господ да ви даде здраве на вас и вашите семейства !
Од: irena
Датум: 06.09.2009 00:59:53
pa zalosna situacija. toa oi pretpostavuvavme deka brodot e prenatrupan so patnici. pusti pari. se nadevam deka kapetanot ke ide vo zatvor, dozivotno. bez vrski. sramota. nase socustvo od, irena od usa.
Од: aleksandarmkd
Датум: 06.09.2009 02:36:58
Pod Hitno ne samo sto dal ovoj ministerov ostavka nego da se izbrka od rabota nacalnikot na policijata kapetanijata vo ohrid ,zs toj e toj koj trba da go cuva redot i da vrsi proverka kolku imalopatnici a ne da gleda seir.. Ovoj ministerot sto zna eu Skopje sto mu muta vrabotenite
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 06.09.2009 08:28:34
Totalna neodgovornost vo sekoj segment na opstestvoto vo Makedonija. Nesreki sekoj den, nikoj za nisto ne odgovara. Na covek da mu e strav da vozi po patistata vo drzavava, da se kaci na camec po ezerata, da odi pes po ulica. Bre, bre, sto se slucuva ? Dali gavolot mu go zema pametot na Makedonceto? Vo slucajov koj ke bide odgovoren za pretovar na stogodisnoto brodce? Aj da se klademe deka nikoj nema da odgovoara. Kako i za site minati nesreki. Makedonija denes e cekor poblisku do tretiot svet.
Од: kire petreski,prilep
Датум: 06.09.2009 11:26:33
во периодот кога се осамостојувавме како држава Киро Глигоров од говорницата на Собранието,покрај другото,рече дека ние не сме зрели за држава.Таа негова изјава ја примив со многу негодување и скептицизам.Меѓутоа, како што годините одминуваат гледам дека човекот бил во право.Вакви случаи на преоптоварување на превозни средства има само во ИНДИЈА,во Бангладеш,во Пакистан и во слични на нив држави,кои со сиот почит и респект се далеку од светската цивилизација.Жалосно е што многу аналитичари не сврстуваат со овие земји,но тоа е вистина од која тешко можеме да побегнеме.Во Охрид одам 40 години,а особено во Св. Наум и со свои очи ги гледам тие " ВЕЧНИ " бродови кои се возат додека не се распаднат и никој за тоа не се замислил.Многу ми е жал што сето ова брзо ќе се заборави,жртвите ќе си бидат жртви,а тој капетанот ќе најде некој кој " ЌЕ ГО ИЗВЛЕЧЕ " и заклучокот ќе биде дека тоа така требало да биде.