Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Културни политики ќе се разгледуваат во Долна Нормандија

Од 12 до 16 септември, македонска делегација предводена од „Локомотива“ ќе ги посети градовите Каен и Шербур

Во официјална посета на градовите Каен и Шербур во Долна Нормандија, Франција,од 12 до 16 септември ќе престојува македонска делегација, предводена од Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“, а воедно ќе биде одржана и конференција на тема „Културни политики: Проблеми во децентрализацијата и територијални предизвици“.

Посетата е дел од актуелниот проект „Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија”, кој „Локомотива“ го реализира во соработка со Регионалниот совет на Долна Нормандија, како носители на проектната целина „Културна политика и културна размена“.

Во посета на францускиот регион ќе отпатуваат и на конференцијата ќе учествуваат: Емилија Ѓероска, раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион; Евгенија Бекташ - Јосифовска, советник за култура во Општина Битола;

Драгана Ќурчиоска, раководител на Сектор за нормативно - правни, управни и имотно - правни работи при Министерство за култура; градоначалниците на Велес и на Прилеп - Горан Петров и Марјан Ристески, директорот на битолскиот Центар за култура, Борче Димитровски, директорoт на Центар за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп, Тони Чатлески, Ирена Андреевска, директорка на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт поинт гумно“, Зоран Илиевски, директор на „Сега“ - Коалиција на младински организации, како и дел од тимот на „Локомотива“ - Биљана Тануровска- Ќулавковски, Виолета Качакова и Радмила Станојевска.

Со цел да се разменат практичните искуства во начините на раководење, организирање и програмско уредување на институциите и нивната улога во креирање на јавни (културни) политики, предвидена е посета на Центарот за фотографија во Шербур, на театарот „Тридент“ - Национална сцена на Шербур, на Меморијалниот институт на современо издаваштво и на Музејот на уметности во Каен, како и на општинските администрации на двата града. Средбите треба да бидат искористени и за согледување на можноста за воспоставување на идни соработки помеѓу општините, агломерациите и институциите од Македонија и Регионот Долна Нормандија, а при оваа посета ќе биде потпишан и меморандум на соработка меѓу градовите Велес и Шербур.

Конференцијата во Каен ќе се одржи на 15 септември во просториите на Регионалниот совет на Долна Нормандија, како продолжение на минатогодишната, одржана во Скопје. Годинава, таа треба да ги обедини претставниците на централната власт на регионите Долна Нормандија и Пелагонија, преставниците на локалната самоуправа, директорите на културните институции кои се под надлежност на државата и под надлежност на општините , како и претставниците на граѓанскиот сектор од двете територии. Ќе се говори на тема „Територијални културни политики: Можности и потреби за регионален развој на културата“, а се очекува да биде отворена и дискусија за постоечките и можни начини на имплементација на културните политики.

Конференцијата ќе ја отворат Ален Туре, заменик претседател на Регионалниот совет на Долна Нормандија ( кој воедно е и претседател на комисијата „Европа, соработка туризам, реунификација на Горна и Долна Нормандија, земјоделство и риболов“) и Муса Џафери, македонскиот министер за локална самоуправа. Со неа и ќе се заокружи првиот тригодишен циклус на проектната целина за „Културна политика и културна размена“, а вториот циклус што ќе се одвива од 2010-2013 година, ќе стартува во октомври.

Основната цел на проектната целина во новиот циклус е апликација на тригодишна проектна програма која треба да резултира со креирање на стратешки документ за регионален културен развој на Пелагонискиот регион, како и развој на професионалните капацитети на локалните културни актери кои ќе придонесат во понатамошен одржлив културен развој и континуирана соработка помеѓу локалните општини и регион од Македонија и регионот Долна Нормандија. Проектот го поддржуваат Регионот Долна Нормандија, француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 419 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Концерт на Александер Јаковлев во Битола
Филмскиот фонд поддржа српски, бугарски и словенечки филм
„Струшка музичка есен“ по 35. пат
Светска премиера на „Мајки“ во Торонто
„Неуспешен лет“ награден со бронза во Швајцарија






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma