Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Вести

Извадени се петмина рудари од рудникот во Чиле 

Сантијаго, 13 октомври 2010 (МИА) - Извадени се уште двајца рудари од чилеанскиот рудник за злато и бакар Сан Хозе.

Четвртиот изваден рудар е Боливиецот Карлос Мамани, кој е единствениот странски државјанин меѓу рударите кои поминаа 69 дена заробени под земја.

Исто како и останатите тројца рудари и тој беше пречекан со голема радост и силна прегратка на својата сопруга и големиот број луѓе кои го следат извелкувањето на рударите.

По излегувањето на површината, Мамани ја покажа својата маица со чилеанското знаме на неа и извика „Ти благодарам Чиле“. Претседателот на Чиле и првата дама на државата држеа во рацете боливиски знаменца.

Петтиот изваден рудар е 19-годишниот Џими Санчес. Странските медиуми известуваат дека тој не изгледал дека е во толку добра здравствена состојба како и претходно извадените и оти бил изнесен на носилка.

Доколку се задржи досегашниот ритам на вадење, сите 33 рудари ќе може да се спасат во период од само 24 часа, посочуваат светските агенции

По само два часа од почетокот на спасувачката операција во чилеанскиот рудник за злато и бакар Сан Хозе, каде повеќе од два месеца под земја се наоѓаат 33-ца рудари, на површината на земјата веќе се извадени тројца од затрупани рудари, пренесоа светските агенции.

Вадењето на третиот рудар, 52-годишниот Хуан Илјанес, траеше прибли��но 15 минути.

Вадењето на секој од нив одзема околу еден час, вкучувајќи го и времето, неопходно за подготовка и повторно спуштање на специјалната капсула на длабочина од 622 метри.

Тоа значи дека, доколку се запаси досегашниот ритам на вадење, сите 33 рудари ќе може да се спасат во период од само 24 часа, посочуваат светските агенции


#
Статијата е прочитана 1067 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Вести
Српските хулигани дивееја во Џенова
Македонија поразена од Русија во Скопје
Интернетот најкористен медиум во светот
Цивилен товарен авион се урна кај Кабул






Serbia makes another u-turn on Europe
Human Rights Watch denounces Roma deportations to Kosovo
Bulgaria's financial watchdog sniffs around minister's property