Број 3177  среда, 06 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Ќе има тужби за кошмарот со пасоши

Сите граѓани од Македонија за итни пасоши треба да доаѓаат во Скопје

Даниела Трпчевска


Жителка на скопската населба Тафталиџе ќе ја тужи државата доколку и' пропадне аранжманот од 600 евра, што го уплатила за зимување во Бугарија, доколку навреме не го добие пасошот за своето дете. Таа тврди дека семејните планови за зимување во Банско прераснале во вистински кошмар оној момент кога се обидела да им извади биометриски пасоши на децата. Како што тврди, на 17 декември аплицирала за нов пасош за детето, кое било и фотографирано и биле заведени сите податоци, но документот се' уште не може да го добие, иако и' било кажано дека ќе биде готов на 2 јануари.

„Со денови одев во Пасошко, проверувајќи до каде е постапката, за вчера да ми кажат дека пасошот на моето дете воопшто не е ни почнат да се изработува“, вели револтираната жена, која се јави во нашата редакција.

Во меѓувреме, бидејќи немала друго чаре, таа направила последен обид за да го спаси веќе аранжманот што им бил уплатен за зимување. Затоа го зела стариот пасош на синот и се обидела да му извади виза за патување во Бугарија. Арно ама, и тука се случил курцшлус, оти системот на амбасадата не ги прифаќа патните исправи што имаат помалку од три месеци важност. „Ако ми пропаднат парите и не успеам да заминам на платениот аранжман, ќе ја тужам државата“, вели револтираната скопјанка.

Ова е само од многубројните примери на граѓани кои секојдневно се јавуваат во нашата редакција, известувајќи за проблемите со кои се соочуваат околу аплицирањето и подигнувањето на новите лични карти и пасоши. Од МВР велат дека се свесни за проблемите што настануваат поради огромниот наплив на граѓани кои сакаат да ги заменат поскоро старите документи со нови. Тие уверуваат дека секојдневно преземаат мерки за да го растоварат метежот, за што е во план отворање нов пункт во Бит-пазар, а се бара чаре и за итните пасоши, кои место да се издаваат во Скопје, во план е да се дистрибуираат по градовите.

„Новиот пункт во полициската станица ’Бит-пазар‘ би требало да профункционира до крајот на месецов, откако ќе се обезбедат сите заштитни стандарди“, вели помошник-министерот за информирање во МВР, Иво Котевски. Хаосот, нервозите и турканиците во Пасошко е планирано да се средат и со воведување нов видеосистем за информирање на граѓаните.

„Информативните екрани и видеосистемот е планирано да бидат поставени во ходниците на Пасошко и на него ќе се објавуваат информации од Кол-центарот. Така граѓаните ќе добиваат точни податоци за закажаните термини, времето и шалтерот на кој треба да ги поднесат документите. Оваа новина би требала да профункционира од февруари“, информира Котевски.

На тој начин, надлежните се надеваат дека ќе воведат некаков ред, бидејќи голем дел од граѓаните, уплашени дека ќе ги пропуштат термините, доаѓаат неколку часа порано, создавајќи уште пого��ем метеж.

Проблем се јавува и кај иселениците, кои ограничено време престојуваат во земјава и кои често не можат навреме да ги заменат старите документи со нови.

„МВР се обидува да им излезе во пресрет на сите, но се случува поголемиот дел од иселениците воопшто да немаат закажано термини, а со цели семејства доаѓаат во службите и бараат да им се издадат нови документи. Бидејќи веќе имаат уплатено за итни пасоши, се обидуваме да им излеземе во пресрет. Тоа е една од причините зошто се создаваат метежи пред кабините“, велат во полицијата.

Покрај управните згради во Скопје, МВР има отворено повеќе пунктови во градовите, каде што граѓаните можат да аплицираат и да ги подигнуваат новите документи. Но, сепак, Пасошкото во МТВ е преплавено со граѓани од другите градови кои доаѓаат во Скопје да ги подигнат документите.

Постар жител на Дебар тврди дека по трет пат доаѓа во Скопје за да го подигне пасошот, но постојано добива ист одговор - дека документите не му се готови.

Проблемот, според Котевски, настанува само со итните пасоши, кои граѓаните од цела Македонија, согласно со процедурите, мора да дојдат лично и да ги подигнат од Пасошкото во МТВ.

„Се разгледуваат варијанти да може и итните пасоши да се испраќаат во градовите каде што ќе ги подигнуваат апликантите. На тој начин ќе се растоварат службите во Скопје и граѓаните нема да се изложуваат на трошоци да патуваат во главниот град. Во опција се неколку решенија – или да се испраќаат возила со обезбедување кои ќе ги транспортираат пасошите до градовите или тие да се доставуваат до неколку регионални центри“, објаснуваат надлежните.

Котевски е категоричен дека од моментот кога ќе се прифати барањето за итен пасош, на граѓаните им се излегува во пресрет во законски предвидениот рок од 48 часа. „Сепак, постојат и исклучоци, при што се потребни подолготрајни проверки на граѓаните пред да им се издаде патната исправа. Можно е пасошот да задоцни и доколку се направи некои грешки или пропусти во податоците што треба да се внесат“, вели тој.

Проблемите со Кол-центарот продолжуваат. Телефонската линија сега е растоварена, но граѓаните често се случува да бидат изоставени од списоците, иако чекале со месеци. Жителка на скопската населба Капиштец на 23 ноември закажала термин за вадење нов пасош. Документите требала да ги поднесе на 4 јануари и откако неколку часа чекала на ред, доживеала невиден шок кога и' кажале дека воопшто ја нема на списокот. „Вакво чувство на малтретирање и пониженост не сум почувствувала досега, а сум живеела во четири европски држави. Ова е срам за државата“, вели седумдесетгодишната Георгија Ч.. Според Котевски, досега се случило да имаат проблеми само еднаш, кога поради проблеми со системот, група граѓани биле изоставени од списоците. Доколку се јават проблеми, тој вели дека надлежните вршат проверки на снимките во Кол-центарот со цел да се утврди дали навистина се направени пропусти.

Други, пак, иако биле известени дека им се готови документите, исплашени од големите турканици се одлучуваат воопшто да не ги подигнат документите. „Кога појдов утринава по документите и кога видов толпа луѓе како се туркаат, имав чувство дека комплетно го губам човечкото достоинство и дека никој во државава не води сметка за своите граѓани“, вели Силвана Б. од населбата Центар.

Скопјани се жалат дека им е преку глава од ургенции и пикање преку ред, додека тие чекаат трпеливо со часови да се фотографираат. Од МВР апелираат до сите оние што ќе забележат неправилности во работењето или доколку видат некој да турка луѓе преку ред, да го пријават случајот со цел да се санкционира.

„Вработените во МВР можат да аплицираат за документи надвор од работното време, а се подготвуваат и посебни списоци, на кои им се закажуваат термини обично за време на викендот“, велат во МВР, но не ја исклучуваат можноста дека некој од нивните вработени би можел да ургира и да вметне свои роднини и пријатели преку ред за вадење нови документи. Но, за ваквите случаи досега не биле информирани.

До минатата недела, МВР има примено 17.200 барања за итни пасоши, а последниот термин за нивно закажување беше 29 јануари. Досега се издадени 65.000 пасоши по редовна постапка. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 6320 пати.

Испрати коментар

Од: Samuil
Датум: 06.01.2010 00:23:44
A ne daj boze Makedonija da bese 200 miljoni. Kolku vreme ke ni trebase da izvadime pasos???
Од: братот на софре
Датум: 06.01.2010 01:18:52
bravo za mvr taka treba samo napred za vakov narod vakvi raboti treba d........nje do daska
Од: Vuko
Датум: 06.01.2010 01:39:54
Kako e mozno da ima star pasos,koga e zadolzitelno da se dade za da vleze vo procedura za nov biometriski pasos??
Од: Realist
Датум: 06.01.2010 01:52:32
Lele gospogava ke tuzi,a kade bese porano da izvadish pasosh jas kolku shto znam vo Makedonija veke 2 pa i poeke godini mozezshe da se izvadi biometriski pasosh,i sega navalile site ama takov ni e mentalitetot,vujko,bate chice site imaat po nekoj koj ke ja zavrshi rabotata ama sega izgleda i vrskata se plashi.Bidete srekni shto administracijata pokushava da vi go olesni problemot za koj sami ste krivi,aj neka vi e sreken Bozik.
Од: brane
Датум: 06.01.2010 02:36:20
mesto skulpturi niz gradov neka kupat uste edna masina tolku se parite da se zabrza procedurata.
Од: Еден од понижените граѓани
Датум: 06.01.2010 03:02:42
Можам само да замислам како изгледа вадењето пасош во вакви гужви, страшно е да има такви турканици таму каде што треба да има најмногу ред. Па никаде во државава нема такво туркање, влегување преку ред и понижување како што се случува при вадењето лични документи. Пред две години во Беко влегуваа посилните, а вработените велеа дека не можат или пак навистина не можеа да заведат ред, какви ти бројчиња со датум и час, влегуваа со сила луѓе што притоа и се закануваа. Па да се случуваше на некое друго место, ама не не е така, во повеќето клиники, па во банките и многу други места има ред. А во МВР да нема. Нека се погрижат малку наместо да даваат изјави. А до Realist госпоѓата има право што се лути ако платила за по итна постапка и треба да го добие пасошот за 48 часа, или тебе да си на нејзино место и ти пропаѓаат парите не би ти пречело? Секој најдобро знае кога ќе доживее нешто на своја кожа. Тој што ги добива документите со врски и преку ред нема да ги разбере тие што се измачиле.
Од: izi
Датум: 06.01.2010 04:38:55
imate nepsmena vlada i nepismeni vo milicija storabotat
Од: TRAJANKA
Датум: 06.01.2010 05:52:27
Poubavo bi bilo da uplatila arazman za zimuvanje na prekrasna Sar Planina ili Mavrovo . Vo Makedonija i onaka hotelite se pola prazni , i 600 Evra se dobro dojdeni na drzavata . Zivotot bez nervoza e mnogu poubav. Dali ima pismena potvrda deka na 2 Januari ke go zeme pasosot. Za utesuvanje jas mojata licna karta so godini ja cekam, birokrarija komedija ...
Од: bo
Датум: 06.01.2010 08:16:00
padna sengenskiot sid no se isdigna uste pogolem...kako do biometriski pasos!?
Од: za organizacija
Датум: 06.01.2010 08:35:07
Ne ne biva.
Од: dbreak - Haos in Laos
Датум: 06.01.2010 09:32:10
pa koa deca ni ja vodat drzavata.. taka e
Од: ma nemoj
Датум: 06.01.2010 11:47:02
zasramete se, vo posleden moment se vadat pasosi, sto ne izvadivte pred nekolku godini,a sega ke tuzite drzava, pa se prasuvam vrz koja osnova,pasosot go imam izvadeno vednas koga izleze ,rabotata se zavrsi za 5 minuti,s ami ste krivi za ovaa turkanica a ne drzavata
Од: mizi
Датум: 06.01.2010 11:48:46
do izi pa nee kriva vladata, znameme koj sega raboti vo administracijata pa zatoa i e ovaj cel haos, a za vakvi mesta treba stvarno strucen kadar a ne partiski vojnici i sto te znam koj i sto niv nema nikogash da gi naucish.
Од: doktorot
Датум: 06.01.2010 12:58:19
do realist.izgleda ne si realist,tuku aktivist,i toa na vladeačkata partija.ako prašaš zošto,ke ti kažam,jas bev vo pasoško koga biometriskite pasoši stapija vo upotreba,i se prijaviv za vadenje na nov pasoš.Gospodata koj što ja primija molbata mi rekoja deka stariot pasoš mi e validen ušte 3 godini i nema potreba da vadam nov.otkako jas insistirav,mi rekoa deka moram da go prijavam stariot za ukraden,da platam kazna,i da podnesam molba za nov,po što normalno se otkažav od procedurata.pa sega kaži mi realistu koj e kriv za segašnata situacija,narodot ili mvr.pozz do utrinski
Од: Magyar
Датум: 06.01.2010 14:36:13
Kosmar sto trae dveset godini a " zaslugite" gi delat na ednakvi delovi SDSM i VMRO-DMPNE.
Од: pece
Датум: 06.01.2010 14:50:24
bev svedok koga eden graganin se prestavi deka e albanec i bez problem vleze i zavrsi rabota bez problem a negov komentar bese sto da vi pravam koga nemate pravna drzava avo koja drzava zivee toj????????????
Од: Daniela
Датум: 06.01.2010 15:03:45
Znaci da sublimirame, Gospgata e kriva shto saka da izvadi pasosh vo Nasite "Sovrsheno" funkcionalni institucii, a uste poveke treba da pati zatoa shto saka da zimuva vo Bugarija. Bravo
Од: patalec
Датум: 06.01.2010 16:17:46
vadam vencanica mi pisi maticarot 20 godini pomlad na moj prigovor ,mi veli ponovo podnesi novo baranje ako sakas da dobies nova vencanica so obrazlozenie koj mi ja izdal da go baram nego jas mu velam deka vencanica mi izdade mvr,odgovor ili plati ili nema vencanica.ako ponovo zgreci nema odgovor od sluzbenikot platen 200 denarcina
Од: cile
Датум: 06.01.2010 16:24:18
kade vo ev ima vakva glupost?znaci sme najglupi vo ev ne ne biva neznaeme da se organizirame kako narod pa koj budala od egej bi se zdruzil so nas apsolutno nisto ne funkcionira a pålus sto trpime i se mrzneme hahaha
Од: vasilka stefanovska
Датум: 06.01.2010 19:03:05
Срамота е во институција која треба да заведува ред, во сопствената кука да неможе да спроведе никаков ред. Дезаргонизација комплетна, претпоставувам дека и појма немаат што е тоа организација?????
Од: Ајван Доктор®
Датум: 06.01.2010 20:26:59
Ако оние кои платиле, за да го добијат пасошот во Итна процедура, Чекаат со месеци, Колку ли време ќе помине додека пасошот го добијат оние во Редовна постапка?! Децениии???
Од: Филип
Датум: 06.01.2010 20:36:19
Мене ми закажаа фотографирање за јануари 2о11, тоа и немаше да биде така лошо доколку мене пасошот не ми истекува, т.е. го менувам од потреба а не по желба. Како алтернатива ми понудија итна постапка која би требало да биде во ред доколку мене ми треба итно па поради моја неажурност не сум извадил на време. Мене пасошот ми треба за да одам на апсолвентска екскурзија 6 месеци по моментот во кој контактирав со јавувачкиот центар. Која е таа итна постапка која ми ја нудат?! Нека ми биде готов и по 4 месеци не ми е битно, но штом имаат термин за итна постапка кој го чуваат треба да имаат и за вакви случаи во спротивно сите ние поради нивната неажурност и неспремност ќе плаќаме многу повеќе. Постојат методи на симулација и системи за масовно опслужување со кои лесно можеа до сега да пресметаат колку канали наопслужување им се потребни и во зависност од видот а и обемот на посетеноста. Јас бесплатно ќе им пресметам ако не се способни тие!
Од: Kojco
Датум: 06.01.2010 20:39:31
Glup narod,Silna drzava! Makedoncinja moi pak so glava vo zid. Neli imase izbori
Од: Che Gi Varam
Датум: 06.01.2010 22:02:18
Obrnete poveke vnimanie vo vasite komentari na neredot, t.e. anarhijata sto se slucuva tamu kade bi trebalo da e se kako pod konec. Ako MVR ne e sposoben da vovede red vo pasosko, mozete da zamislite kako funkcionira ovaa drzava. Se e haos, razlikata e vo toa koj kako umee da kamuflira i prikriva. Kako i da e, ova e uste eden dokaz deka ne zasluzuvame da dobieme datum za pocnuvanje na pregovori so EU. Znam deka koga togas, pred se od politicki pricini, ke go dobieme toj kandidatski status, no iskreno ne zasluzuvame ni da se sporedime so poveketo zemji od regionov
Од: Gox
Датум: 06.01.2010 23:28:18
Jas mojot pasos go izvadiv koga izlegoa biometriskite..I mozam da kazam deka procedurata se zavrsi za 15 minuti posto mi odredija tocno vreme i data,i se pridrzuvaa na toa...Samo ste nauceni da kukate i kenkate,a pogotovo vie sto ste antivladino nastroeni,ko da vi pisuva na celo deka ste za SDSM pa ve sikaniraat i ponizuvaat ...
Од: Goran Bitola
Датум: 06.01.2010 23:47:29
Treba da znaes, treba da mozes! FYROM drzava, Bramko drzavnik!
Од: zoran
Датум: 07.01.2010 00:28:09
na ovie ovca da im dades, nema da znaat kako se pase, duri ke im izbega, pa kamoli drzava da vodat. totalno nepismeni ni ja vodat drzavata.
Од: realen
Датум: 07.01.2010 03:11:17
Nemaj gajle gospodzo ti ko imas 600 evra za sin ti za zimuvanje ,nekoj nema ni za leb da kupi.Za tebe zima nema GOPODZO
Од: zapevropa
Датум: 07.01.2010 10:51:36
totalen haos i anarhija koga gledame ova(a i bezrabotica,kazni) koj budala bi se vratil vo makedonija koja fakticki nema ni pravo da se vika makedo........a sto po eventualnen dog so grcija za pridavka sto po potoa...pak li zakazuvanje koe togas ce trae 5god a ne 2god...dali nekoj cul vo eu ili evropa ili svet da se ceka za pasos i licna karta 2god.?...a vo srbija se ceka 1 nedela?????????
Од: Citatel
Датум: 07.01.2010 11:55:47
Срамота за државата! Да посака човек да се отсели. Сите "глави" во Владата биле во ЕУ и/или САД и сигурно виделе како се менаџираат гужви и kako достоинствено се чека ред во институциите. Ако не знаете да go пренесете iskustvo od site poseti i obuki (а се жалите за недостаток на капацитет), ангажирајте некоја фирма да го среди хаосот, бидејќи обичниот човек (читај: работник и гласачки субјект) страда губеjkji време, нерви и достоинство. Земја кандидат за ЕУ не смее да си дозволи ваков однос на институциите и своите вработени.
Од: Chainsaw
Датум: 07.01.2010 12:27:43
Jas biometriski pasosh izvadiv vo 2007 iako mi istekuvashe vo 2011. lichna karta izvadiv vo 2008 iako mi istekuvashe vo 2012. I za dvata dokumenti ne chekav poveke od 15 min, a izdavanjeto na pasoshot i lichnata karta beshe na denot koj shto mi kazaa deka ke bide. Isto taka i za pasoshite, i za lichnite karti imashe izvestuvanje deka treba da se smenat pred da dojde krajniot rok vo 2010 i viznata liberalizacija. Izvestuvanje na istata tema imashe i vo 2007 i 2008 i 2009. Toa shto site chekaat do posleden moment, vo koj sekogash ima, pagjanje na sistemot, guzvi, zbrki, nejasnosti, i najrazno razni problemi, e vina na samite gragjani i makedonskiot mentalitet na vrshenje raboti vo "5 do 12". A namesto da chekash pasoshot da go menuvash bash na 3 meseci pred rokot na istekuvanje toa da go napraveshe pred 12 meseci, tolku li teshko ke beshe? Epa plakajte si sega za itna postapka, polnete go budgetot so sopstvenata neazurnost.
Од: Ccitatel
Датум: 07.01.2010 14:25:34
Овие што го караат народот дека во последен момент вадат пасоши,а не пред 2 години се вмровските трубачи. Абе, тутурутки лугето вадат пасоши кога им треба и разбирливо е да чекаат 10- 20 дена, а не со години. Кому му продавтате м..да за бубрези.

Најди! во Утрински
На прво место
Попот од Стaравина должи 10.000 евра за персонален данок